Пит Сампрас
Петрос „Пит“ Сампрас (на англиски: Petros Pete Sampras, 12 август 1971, Вашингтон) е бивши професионален американски тенисер со грчко-еврејско потекло. Во текот на неговата 15 годишна кариера освоил 14 Гренд Слем турнири од 52 обида (две на Отвореното тениско првенство на Австралија, седум на Вимблдон и пет на Отвореното тениско првенство на САД). Сампрас на АТП листата бил светски број 1 тенисер скоро шест години или вкупно 286 недели, што е рекорд во машка сингл конкуренција.

Сампрас на Вимблонд освоил седум титули (рекорд на сите времиња кој го дели со Вилијам Реншав) и 5 титули на Отвореното тениско првенство на САД (рекорд кој го дели со Џими Конорс и Роџер Федерер). Бад Колинс го прогласил за еден од петте најдобри тенисери на сите времиња,[1] а тенискиот магазин „Tennis Magazine“ го именувал за најдобар тенисер од 1965 до 2005 година.[2] На 17 јули 2007 Сампрас бил вклуен во „Меѓународната тениска сала на славните“.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Bud Collins: Top five men's stars of all-time“. MSNBC. Посетено на 14 февруари 2007.
- ↑ „40 Greatest Players of the Tennis Era“. Tennis magazine. Посетено на 14 февруари 2007.
- ↑ „Hall of Famers. Home to the Legends of Tennis“. International Tennis Hall of Fame. 2006. Посетено на 25 февруари 2008.