Слободан Милошевиќ

Слободан Милошевиќ (20 август 1941, Пожаревац11 март 2006, Хаг) — југословенски и српски политичар и правник, претседател на Република Србија во периодот 1989–1997 и подоцна претседател на Србија и Црна Гора во периодот 1997–2000. Бил основач и претседател на Социјалистичката партија на Србија од нејзиното основање во 1990 година. Се стекнал со политичка моќ поради неговото залагање за измени на југословенскиот устав од 1974 поради маргинализацијата на Србите и немоќта да се справи со барањата за отцепување на Албанците на Косово. Ја предводел таканаречената „јогурт револуција“ со која преку масовни протести ги срушил владите на југословенските покраини Косово, Војводина, и Црна Гора, и ги заменил со свои послушници.

Слободан Милошевиќ
Претседател на Србија и Црна Гора
На должноста
23 јули 1997 – 7 октомври 2000
Премиер Радое Контиќ
Момир Булатовиќ
Претходник Зоран Лилиќ
Наследник Воислав Коштуница
Претседател на Србија
На должноста
11 јануари 1991 – 23 јули 1997
Премиер Драгутин Зеленовиќ
Радоман Божовиќ
Никола Шаиновиќ
Мирко Марјановиќ
Наследник Милан Милутиновиќ
Лични податоци
Роден(а) 20 август 1941(1941-08-20)
Пожаревац, Србија
Починал(а) 11 март 2006(2006-03-11) (возр. 64)
Хаг, Холандија
Националност Србин
Партија Сојуз на комунистите на Југославија (1959–1990)
Социјалистичка партија на Србија (1990–2006)
Сопружник Мирјана Марковиќ (1971–2006)
Деца Марко и Марија
Установа правен факултет во Белград
Потпис

За време на неговото претседателствување со Србија во 1980-тите и 1990-тите уставот и законите биле променети така што им се намалила автономијата на покраините како Косово и Војводина, а политичкиот систем од еднопартиски бил заменет со повеќепартиски. По распадот на СФРЈ, српската армија, чиј врховен командант бил Милошевиќ, учествувала во војните во Хрватска, Босна и Херцеговина, и Косово. Во име на босанските Срби го потпишал Дејтонскиот договор од 1995, со кој бил ставен крај на војната во Босна. За време на бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО во 1999, Милошевиќ бил обвинет од меѓународниот суд во Хаг за воени злосторства, геноцид, и злосторство против човештвото за време на војните во поранешна Југославија.[1]

Милошевиќ се повлекол по протестите од 5 октомври 2000 година, кога демострантите го обвиниле за лажирање на претседателските избори. Бил уапсен на 31 март 2001 поради сомневање за корупција, злоупотреба на службената должност, и изборен фалсификат.[2][3] Поради недостиг на докази, српскиот премиер Зоран Гинѓиќ потоа го предал на Хашкиот трибунал да му се суди за воени злосторства.[4] Процесот траел пет години, но немало пресуда бидејќи Милошевиќ починал во затворската ќелија на 11 март 2006 поради срцев удар.[5] Оженет бил со Мирјана Марковиќ со која имал две деца, Марија и Марко.

Наводи

уреди
  1. „Milosevic charged with Bosnia genocide“. BBC. 23 November 2001. Посетено на 20 June 2011.
  2. „Slobodan Milosevic to Stand Trial in Serbia“. CNN. 31 March 2001. Архивирано од изворникот (transcript) на 2016-10-02. Посетено на 21 January 2012.
  3. „Milosevic arrested“. BBC. 1 April 2001. Посетено на 23 May 2010.
  4. Gall, Carlotta (1 July 2001). „Serbian Tells of Spiriting Milošević Away“. The New York Times. Посетено на 24 July 2008.
  5. „Icty – Tpiy“. United Nations. 5 March 2007. Посетено на 21 January 2012.

Надворешни врски

уреди