8 август — 220-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (221-и во престапна година). Остануваат 145 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024
Слика од комплексот и околината за време на истрагата по повод Аферата Вотергејт

Настани:

1786  Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан.
1918  Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната.
1938  Започнала изградбата на концентрациониот логор Матхаузен во Австрија, тогаш анектирана од Нацистичка Германија.
1945  Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх. Овој суд ќе го спроведе познатиот Нирнбершки процес.
1966  Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music.
1969  Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.
1974  Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд.
1976  Американската рок-групаБостон“ го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата.
2001  Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.

Родени:

1748  Јохан Фридрих Гмелин — германски природонаучник.
1790  Ференц Келчеи — унгарски поет.
1809  Људевит Гај — хрватски јазичар.
1879  Емилијано Запатамексикански револуционер.
1901  Ернест О. Лоренсамерикански физичар и Нобелов лауреат.
1918  Никола Бадев — македонски пејач на народни песни.
1919  Дино де Лаурентиситалијански филмски продуцент.
1925  Алија Изетбеговиќпретседател на Босна и Херцеговина.
1936  Илхами Емин — македонски писател.
1937  Дастин Хофман — американски глумец.
1943  Есма Реџепова — македонска пејачка.
1944  Борис Апостолов — македонски писател.
1950  Кемал Комина — македонски поет и раскажувач.
1950  Димитрије Бужаровски — македонски композитор и музиколог.
1953  Најџел Мансел — британски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“.
1955  Херберт Прохаска — австриски фудбалер.
1956  Милош Шестиќ — српски и југословенски фудбалер.
1964  Клаус Ебнер — австриски писател.
1961  Неџмедин Сулејмани — член на ОНА.
1967  Бранко Брновиќ — црногорски и југословенски фудбалер.
1979  Стипе Плетикоса — хрватски фудбалски голман.
1980  Борут Божич — словенечки велосипедист.
1981  Роџер Федерершвајцарски тенисер.
1983  Џонатан Тафра — чилеански спринт-кануист.
1987  Питер Стетина — американски велосипедист.
1991  Жоел Матип — камерунски фудбалер.
1998  Шон Мендез — канадски поп-музичар.

Починале:

117  Марко Улпиј Трајанримски цар.
1171  Хенри Блоаепископ на Винчестер.
1295  Отоне Висконти — архиепископ на Милано.
1879  Имануел Херман Фихтегермански филозоф.
1919  Руџеро Леонкавалоиталијански композитор.
1944  Хаим Сутинруски експресионистички сликар.
1973  Никос Захаријадис — генерален секретар на Комунистичката партија на Грција.
1974  Кирил Манчевски — македонски музичар.
1975  Кенонбол Адерли — американски џез-музичар.
1993  Димитар Кондовски — македонски сликар, член на МАНУ.
1994  Леонид Леонов — руски и советски писател.
1996  Невил Мотбритански физичар, добитник на Нобеловата награда.
2007  Душко Малевски — македонски новинар.
2015  Шон Прајс — американски рапер.
2022  Оливија Њутн-Џон — австралиска глумица и пејачка.