11 август
датум
11 август — 223-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (224-и во престапна година). Остануваат 142 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2023 |
Настани:
480 п.н.е. | Персијците под водство на Ксеркс извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка. |
1918 | Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен. |
1929 | Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања. |
1934 | Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија. |
1941 | Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата. |
1960 | Чад прогласува независност. |
1966 | Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус. |
1972 | Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам. |
1999 | Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија. |
2003 | НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО. |
Родени:
1814 | Иван Мажураниќ — хрватски писател. |
1858 | Кристијан Ејкман — холандски доктор и Нобелов лауреат. |
1883 | Ернст Штадлер — германски поет. |
1902 | Норма Ширер — канадско-американска филмска глумица. |
1926 | Арон Клуг — британски хемичар. |
1928 | Риза Идризи — учесник во НОВ. |
1931 | Фимчо Муратовски — македонски диригент. |
1933 | Божидар Тодоровски - Бодле — македонски поет. |
1934 | Данило Бата Стојковиќ — српски глумец. |
1946 | Милан Гутовиќ — српски глумец. |
1947 | Јоргос Караџаферис — грчки политичар. |
1949 | Ѓорѓи Спасов — македонски политичар. |
1950 | Стив Возњак — информатички пионер и основач на фирмата „Apple“ заедно со Стив Џобс. |
1954 | Џо Џексон — англиски музичар и композитор. |
1957 | Жарко Башески — македонски вајар. |
1960 | Томислав Ивковиќ — хрватски фудбалски голман и тренер. |
1964 | Сашо Пижевски - Пиже — македонски шоумен. |
1967 | Масимилијано Алегри — италијански фудбалер и тренер. |
1971 | Лидија Димковска — македонска поетеса. |
1976 | Иван Кордоба — колумбиски фудбалер. |
Починале:
1578 | Педро Нуњес — португалски математичар. |
1844 | Јернеј Копитар — словенечки преродбеник. |
1898 | Никола Филипчев — македонски револуционер. |
1919 | Ендрју Карнеги — шкотски индустријалец и филантроп. |
1939 | Џаноберто Бугати — италијански конструктор на автомобили. |
1956 | Џексон Полок — американски уметник, претставник на апстрактниот експресионизам. |
1987 | Живко Чинго — истакнат македонски прозаист и драмски писател. |
1996 | Баба Ванѓа — македонско-бугарска јасновитка. |
2010 | Хорас Лант — американски славист и македонист. |
2014 | Владимир Беара — југословенски фудбалер и тренер. |
2014 | Робин Вилијамс — американски глумец. |
2019 | Гордан Михиќ — српски и југословенски сценарист. |