Симеон Гугуловски
Симеон Гугуловски (1 јуни 1941 - 13 август 1995) — истакнат македонски оперски тенор и пејач на македонски родољубиви и револуционерни песни. Изведувал и разни забавни мелодии.
Симеон Гугуловски | |
---|---|
Албумски портрет на Гугуловски | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 1 јуни 1941 Солун, Егејска Македонија |
Потекло | Галичник |
Починал(а) | 13 август 1995 Софија, Бугарија | (возр. 54)
Жанрови | опера, родољубива и забавна музика |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1950-ти - 1995 |
Издавачи | разни |
Рана младост и образование
уредиРоден е во 1941 г. во Солун, Егејска Македонија во галичко печалбарско семејство, кое потоа се сели во Скопје. Основното по завршувањето на основното образование, се запишал на Средното музичко улилиште, а навечер настапувал во познатата кафеана „Кермес“[1].
Студии и кариера во Словенија
уредиПо третата година музичко образование, Гугуловски заминал во Љубљана, каде го завшршил одделот за пеење кај проф. Ксенија Новшак-Ховшка. Студирал на Педагошкиот факултет во Љубљана и работел како професор по музичко образование. Потоа, се запишал на Музичката академија во истиот град, магистрирајќи кај професорките Ксенија Новшак и Ондина Ота – Класинц.
Од 1973 до 1977 г. бил солист во Љубљанската опера.[2]
Работа во Македонија
уредиВо 1978 г. преминува во Операта при МНТ во Скопје и таму работи до крајот на животот.
Улоги
уредиГугуловски исполнил преку 20 главни и многу споредни улоги во својата кариера од светското и домашното оперско творештво. Покрај настапите на разни места во Југославија, гостуваал во повеќе странски земји како Бугарија, Чешка, Италија, Германија, Полска и Словачка.
Ова е поопширен список на улогите кои ги толкувал:[1]
Странски
уреди- Дон Хосе во Кармен од Ж. Бизе
- Радамес во Аида од Џ. Верди
- Исмаел во Набуко од Џ. Верди
- Манрико во Трубадур од Џ. Верди
- Рикардо во Бал под маски од Џ. Верди
- Алфред Жермон во Травијата од Џ. Верди
- Дон Карлос во Дон Карлос од Џ. Верди
- Д-р Кајус во Фалстаф од Џ. Верди
- Туриду во Селска чест од П. Маскањи
- ? во Плашт од Џ. Пучини
- Филипето во Четири грубијани Е. Волф-Ферари
- Лоренцо Фра Дијаволо од Д. Обер
- Канио во Палјачи Р. Леонкавало
- Марио Каварадоси во Тоска од Џ. Пучини
- Пинкертон во Мадам Батерфлај од Џ. Пучини
- ? во Крунисувањето на Попеја од К. Монтеверди
- Полион во Норма од В. Белини
- Артур Бакло Лучија де Ламермур од Г. Доницети
- Вакула во Ноќ пред Божиќ од Н. Римски-Корсаков
- Иво во Рамноденица од М. Козина
- Д-р Франце Прешерн во Збогување од младоста од Д. Швара
- Фрањо во Горењски славчек од А. Форстер
- Миќа Еро во Еро од оној свет од Ј. Готовац
- Херман во Пикова дама од П.И. Чајковски
- Ленски во Евгениј Онегин П.И. Чајковски
- Вашек во Продадената невеста Б. Сметана
Македонски
уреди- Никола Карев во Илинден од К. Македонски
- Василиј II во Цар Самуил од К. Македонски
- Дамјан во Бразда од Б. Трајков
- Кузман Капидан во Кузман Капидан од Т. Прокопиев
- Митре Поморјанче во Болен Дојчин од Р. Аврамовски
Вокалистички настапи
уредиГугуловски настапувал и како вокалист на разни ораториуми:
- Катули Кармина од К. Орф
- Реквием од Џ. Верди
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Симеон Гугулоски“. Македонска нација. 7 април 2010. Посетено на 27 август 2015.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гугуловски, Симеон“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 414. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Дискографија на Симеон Гугуловски Архивирано на 5 ноември 2021 г. — ВБУ Музички регистар