Олег Табаков
Олег Табаков (руски: Олег Павлович Табаков, роден на 17 август 1935 во Саратов − починал на 12 март 2018 во Москва) — советски и руски филмски глумец, директор на Московскиот уметнички театар.
Олег Табаков | |
---|---|
Роден(а) | 17 август 1935 Саратов, СССР |
Починал(а) | 12 март 2018 Москва, Русија | (возр. 82)
Занимање | актер |
Сопружник | Лудмила Крилова(1960–1994) Марина Зудина (1994–денес) |
Страница http://www.tabakov.ru/ |
Табаков студирал на Московскиот уметнички театар. По завршувањето на училиштето, тој станал еден од основоположниците на т.н. театар Современик или современиот театар. По дваесет години поминати таму, тој се преселил во Московскиот уметнички театар, каде одиграл голем број на улоги.
Во 1986 година, тој го основал студиото Табаков во состав повторно на Московскиот уметнички театар. Во рамките на ова студио поминале голем број на познати руски глумци, како: Евгениј Миронов, Сергеј Безруков, Владимир Машков и други. Табаков исто така работел и во странство.
Филмската кариера на Табаков започнала истоивремено со театарската. Во 1956 година учествувал за првпат во филмот Саша навлегува во животот.
Табаков се оженил за глумицата Лудмила Крилова, со која имаат еден син и една ќерка. Од 1995 година е оженет за Марина Зудина.