Флорида е држава која што се наоѓа во југоисточниот дел на САД. Се граничи со Алабамa на северозапад и Џорџија на север. Голем дел од пространството на државата е голем полуостров, од Мексиканскиот Залив на запад, Атлантскиот Океан на исток до Карибите на југ. Во 1845 година, по период од триста години од европското владеење, Флорида е признаена како 27-ма држава во САД.

Флорида
State of Florida
Знаме на Флорида Печат на Флорида
Знаме Печат
Прекар(и): The Sunshine State (Сончевата Држава)
Гесло: In God We Trust
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиНово МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајоминг
Службен јазик англиски
Говорени јазици англиски и шпански
Главен град Талахеси
Најголем град Џексонвил
Површина  22. место
 - Вкупно 170 304 км²
 - Широчина 582 км
 - Должина 721 км
 - % вода 17,9
 - Гео. ширина 24°27′ N to 31° N
 - Гео. должина 80°02′ W to 87°38′ W
Население  4. место
 - Вкупно 18 801 310
 - Густина 155,18/км² (8. место)
Надм. вис.  
 - Највисока точка Бритон Хил
1 629 м
 - Најниска точка Атлантски Океан[1]
0 м
Влез во сојузот  3 март 1845 (27)
Гувернер Рик Скот
Сенатори Бил Нелсон (Д)
Марко Рубио (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки FL Fla. US-FL
Портал www.myflorida.com
Оваа статија е за сојузната држава во САД, Флорида. За други значења, видете Флорида (појаснување).

Со површина од 65755 квадратни милји (170 305км2), Флорида е рангирана на 22-то место по големина помеѓу 50-те држави на САД. Флорида има најдолга крајбрежна линија во границите на САД, опфаќајќи околу 1350 милји (2 170км). Државата има четири големи урбани средини, голем број на помали индустриски градови и многу мали градови.

Флорида е наречена „сончевата држава“ најмногу поради нејзината топла клима-суптропска во северните и централните региони на државата и вистинска тропска клима во јужниот дел. Во 2009 година бирото за попис на САД потврдило дека населението на државата изнесува 18.537.969 со кое што Флорида се рангира како четврта најнаселена држава во САД. Талахеси е главниот град на државата, Џексонвил е најголемиот град и Јужна Флорида е најголемата метрополитенска област.

Историја

уреди
Главна статија: Историја на Флорида.

Археолошките истражувања покажуваат дека Флорида најпрво била населена од Палеоиндијанците, првите жители на Америка, пред околу 14 илјади години. Регионот континуирано се населувал низ архаичниот период (околу 2000 години п.н.е). По околу 500 години, претходната релативно еднообразна архаична култура почнува да се спојува со карактеристичните локални култури. До 16-от век, најраното време за кое постојат историски записи, големи групи од северноамериканските индијанци кои ја населувале биле: Апалачи (од тесниот појас на Флорида), Тимукуа (од северна и Средна Америка), Аис (од централниот атлантски брег), Токобага (од областа на заливот на Тампа), Калуза (од југозападна Флорида) и Текеста (од југоисточниот брег).

 
Знамињата на петте држави кои владееле со Флорида.

Флорида е првата територија од она што денес се континенталните САД која била посетена од Европејците. Најраните познати европски истражувачи се појавиле со шпанскиот конквистадор Хуан Понсе де Леон кој го забележал полуостровот на 2 април 1513 година. Според неговите хроничари, Понсе де Леон го именува регионот Ла Флорида („цветна земја“), бидејќи тогаш била велигденската сезона, позната на шпански како Паскуа Флорида (приближно „цветен Велигден“), затоа што растителноста била во цут. Можно е Хуан Понсе де Леон да не е првиот Европеец што стигнал до Флорида. Од 1513 година па наваму, државата станува позната како „Ла Флорида“, иако по 1630 година и во текот на 18 век, Текеста (по племето Текеста) билаалтернативно име за полуостровот Флорида по објавувањето на картата од страна на холандискиот картограф Хесел Геритс во Историјата на Новиот Свет на Јоанес де Лает.

Во текот на следниот век, Шпанците и Французите основале населби во Флорида со различен степен на успех. Во 1559 година, Дон Тристан де Луна и Арелано формира колонија во денешна Пенсакола, еден од првите обиди за европска колонизација на континенталната САД. Напуштена е од 1561 година поради урагани, глад и завојувани племиња и не е населена повторно сè до 1690-тите години. Во 1564 година француските хугеноти ја основале Форт Керолајн во денешен Џексонвил, но во наредната година тврдината била освоена од страна на силите на новата шпанска колонија Сент Аугустин (наречена Сан Агустин на шпански). Шпанците одржувале слаба контрола над регионот покрстувајќи ги локалните племиња, накратко со Језуитите, а подоцна и со францисканските монаси. Локалните водачи (касики) ја покажале својата лојалност кон Шпанците со преминување во римокатолицизам и со добредојденоста на францисканските свештеници во нивните села.

 
Бернар Пикар изгравирана чинија со Индијанците од Флорида, Circa 1721 "Cérémonies et Coutumes Religieuses de tous les Peuples du Monde"

Површината на шпанска Флорида се намалила со основањето на англиските колонии на север и француските колонии на запад. Англичаните ја ослабнале шпанската моќ во областа преку снабдување на нивните сојузници, Крик и Јамаси, со огнено оружје и поттикнувајќи ги да ги нападнат Тимуку и Апалачи, сојузничките племиња на Шпанците. Англичаните го нападначе Св. Августин, запалувајќи го градот и нивната катедрала неколкупати, додека граѓаните се криеле зад ѕидовите на Кастиљо де Сан Маркос.

Флорида привлекувала голем број на Африканци и Афроамериканци од, окупираната од Британците, Северна Америка, кои сакале слобода од ропство. Штом влегувале во Флорида, шпанската круна ги примала во римокатолицизмот и им давала слобода. Овие поранешни робови се населиле во една заедница северно од Св. Августин, наречена Грациа Реал де Санта Тереза де Мосе, првата основана населба од ваков вид во она што денес се нарекува САД. Многу од овие робови, исто така се добредојдени од страна на домородните американски племиња, Крик и Семинол, кои на покана на шпанската влада ималеосновано населба.

 
Поделбата на Источна и Западна Флорида во 1810 година

Во 1763 година, Велика Британија дипломатски добива контрола врз Флорида и други територии преку договорот во Париз. Британците ги поделиле своите нови освојувања на Источна Флорида со свој главен град Св. Августин и Западна Флорида со свој главен град Пенсакола. Британија се обидела да ја развие Флорида преку увозот на имигранти за работна сила, но овој проект на крајот пропаднач. Шпанија ги добива и двете Флориди по поразот на Велика Британија од страна на американските колонии и по договорот од Версај во 1783 година, продолжувајќи ја поделбата на источна и западна Флорида. Тие нуделе земјиште за секој којшто ќе се насели во колониите и голем број Американци се преселиле во нив.

По нападите од колонистите врз индијанските градови, индијанците Семинол со седиште во Источна Флорида почнале да вршат рации во населбите во Џорџија, наводно по налог на Шпанците. Армијата на САД предводи почести упади во шпанската територија вклучувајќи го походот против семинолските индијанци од страна на Ендру Џексон од 1817-1818 година, која стана позната како првата Семинолска војна. По војната, САД делотворно ја контролирале Источна Флорида. Во 1819 година, според условите на Адамс-Онис спогодбата, Шпанија ја отстапува Флорида на САД во замена на американското одрекување од сите барања за Тексас што би можеле да ги имаат по набавката на Луизијана и 5 милиони долари.

 
Св. Августин е најстариот град во САД основан во 1565 од Шпанците.

Како што се појачувал процесот на населување, се зголемувал и притисокот врз американската влада, да се отстранат Индијанците од нивните земји во Флорида. На разочарување на сопствениците од Џорџија, Семинолите ги прифаќале пребеганите црнци, познато како Црни Семиноли. Се зголемиле судирите помеѓу белците и Индијанците со приливот на новите доселеници. Во 1832 година, владата на САД го потпишува Пејновиот договор за земјиште со некои од поглавиците на Семинолите, ветувајќи им земја западно од Мисисипи ако тие се согласат доброволно да ја напуштат Флорида. Многу од Семинолците заминале во тоа време, додека оние коишто останале биле подготвени да ги бранат своите имотни права. Во 1835 година, пристигнала армијата на САД, за да го спроведе договорот под притисок на белите доселеници. На крајот на годината се случил "Дајд масакрот", кога Семнолите нападнале од заседа и раниле или смртно убиле речиси цела една група од 110 американски војници, заедно со мајорот Дејд и седум офицери кои марширале до Форт Брук (Тампа) за да се зајакне Форт Кинг (Окала). Со тоа започнала Втората Семинолска војна. За седум години до 1842 година, помеѓу 900 и 1500 семинолски индијанци употребувале герилски тактики против американските војници. Владата на САД проценила дека за војната има потрошено помеѓу 20 милиони и 40 милиони долари, во тоа време една астрономска сума.

 
Битката на Олуст за време на Американската граѓанска војна во 1864 година

На 3 март 1845 година, Флорида стана 27-ма земја-членка на Соединетите Американски Држави, иако нејзиното население од почеток полека се зголемуваше. Белите доселеници продолжија да посегнуваат по земјата користена од семинолците и владата на САД реши да се обиде уште еднаш да ги придвижи останатите семинолци на запад. Третата семинолска војна траеше од 1855-1858 година и заврши со отстранување на голем дел од останатите семинолци. Дури и по три крвави војни, армијата на САД не успеа да ги принуди сите семинолци да се преселат во Западна Флорида. Иако повеќето од семинолците беа насилно прогонети до Крик земјите западно од Мисисипи, стотици, вклучувајќи го и семинолскиот водач на Арипека (Сем Џонс) останаа во Еверглејдс одбијаа да ја напуштат својата татковина на своите предци. Нивните потомци останаа таму до ден денешен.

Белите доселеници почнаа да основаат плантажи со памук во Флорида каде што се бара голем број работници. До 1860 година, Флорида имала само 140 424 луѓе од кои 44% биле поробени. Имало помалку од 1 000 слободни афроамериканци пред граѓанската војна.

На 10 јануари 1861 година, пред почетокот на американската граѓанска војна, Флорида го прогласи нејзиното отцепување од унијата. Десет дена подоцна, државата стана основачки член на конфедеративните американски држави. Војната заврши во 1865 година. На 25 јуни 1868 година, конгресната репрезентација на Флорида беше вратена. По обновата, белите демократи упееа да ја повратат моќта на државното законодавство. Во 1885 година тие создадоа нов устав, проследено со статутите низ 1889 година, кои ефектно ги лишеа од граѓанските права повеќето црнци и многу сиромашни белци во текот на следните неколку години. Одредбите вклучуваат анкетни даноци, тестови за писменост и услови за живеење. Лишувањето од граѓанските права за повеќето афроамериканци во државата истраја сè до движењето на граѓанските права од 1960 година кога се здобијаа со федералното законодавство за заштита на своето право на глас.

До средината на 20 век, Флорида беше најмалку населена држава. Во 1900 година, нејзиното население беше само 528 542 од кои речиси 44% беа афроамериканци. Во 1920-тите години, националниот економски просперитет го стимулираше туризмот во Флорида. Комбинирано со своето ненадејно воздигнување во профил Флорида беше бум земја во 1920-тите која што во краток период донесе интензивен напредок на земјата. Уништувачките урагани во 1926 и 1928 година донесоа период проследен со уништување на пазарот на берзата и задржување на големата депресија.

 
Војници и толпи во центарот на Мајами 20 минути пред завршувањето на Втората светска војна.

Економијата на Флорида нема целосно да закрепне сè додека не се изгради по втората светска војна. Климата, зацврстена со растечката достапност на климатизација и ниските трошоци за живеење ја направи државата рај. Миграцијата од Руст Белт и североистокот нагло го зголемија населението по војната. Во последните декади, повеќе доселеници дошле за работни места во развојот на економијата. Денес со проценета популација од повеќе од 18 милиони жители, Флорида е најнаселена држава во југоисточниот дел на САД, втората најанселена држава во Јужна САД зад Тексас, и четврта најнаселена држава во САД. Бирото за попис процени дека Флорида, сега четвртата најнаселена држава е на работ да го премине Њујорк на третото место во вкупната популација до 2011 година.

Поврзано: Семинолски војни и Флорида во Американската граѓанска војна.

Географија

уреди
 
Топографска карта на Флорида
Дополнителни информации: Список на окрузи во Флорида.
Поврзано Список на државни паркови во Флорида.

Голем дел од државата Флорида се наоѓа на полуостровот помеѓу Мексиканскиот Залив, Атлантскиот Океан и протоците на Флорида. Опфаќа две часовни појаси, таа се протега на северозапад до тесниот појас продолжувајќи по должината на северниот дел на Мексиканскиот Залив. Се граничи на север со земјите на Џорџија и Алабама, а на запад, на крајот на полуостровот, со Алабама. Во близина е на неколку карипски земји, особено на Бахамите и Куба. Пространото крајбрежје на Флорида беше означена мета за време на Втората светска војна, така што владата изгради писти низ целата држава, а денес, околу 400 аеродроми сè уште се во употреба. Според националниот центар за разузнавање дрога, Флорида има 131 јавни аеродроми и повеќе од 700 приватни аеродроми, писти, места за слетување на хеликоптери и хидроплан бази. Флорида е една од најголемите држави источно од реката Мисисипи и само Алјаска и Мичиген се поголеми во водената област.

 
Национален парк Еверглејдс во Јужна Флорида
 
Крадон парк во Ки Бискејн
 
Карта на Флорида со имиња и граници
 
Плажата Бахиа Хонда во Флорида Ки

На 345 стапки (105 метри), над нивото на морето, Брајтон Хил е највисоката точка во Флорида, а најниска кулминација на која било држава во САД. Голем дел од државата, јужно од Орландо, поставен е на прилично ниско ниво, сепак, некои места како што е Клиарвотер, карактеристични панорами се покачуваат за 50-100 стапки (15-30 метри) над водата. Голем дел од централна и северна Флорида, околу 25 милји (40км) или подалеку од крајбрежјето, е карактеристичен со брановидни ридови со надморска височина која се движи од 100-250стапки (30-76 метри). Нјависоката точка во полуостровот Флорида, Сугарлоф планината е врв во Округот Лејк на 312 стапки (95 метри).

Областите под контрола на службата на националниот парк се:

Области под контрола на службата на шумите во САД се:

Граници

уреди

Државната линија започнува од Атлантскиот Океан патувајќи на запад, југ и север до реката на Свети Марија. Од почетокот на таа река, потоа следува права линија до запад и малку на север до точката каде што слевањето на реката Флинт (од Џорџија) и реката Катахочи (долу линијата Алабама/Џорџија) се користи за да се формира реката Апалачикола во Флорида. (Од кога Вудроф браната беше изградена, оваа точка беше под езерото Семинол). Границата со Џорџија продолжува на север преку езерото на кратко растојание кон поранешната притока на Апалачикола, а потоа со Алабама продолжува на запад по должината на географската широчина од 31° на север до реката Пердидо потоа на југ по должината на притоката до Мексиканскиот Залив преку Пердидо заливот. Голем дел од државата е на или во близина на нивото на морето.

Клима

уреди
 
Кралска поинкана во цут на флорида Кис, препознатливо за тропската клима на Флорида.
Главна статија: Клима на Флорида.
Поврзано Список на ураганите во Флорида и список на високите и ниските температури во државата во сите времиња.

Климата на Флорида е доста зацврстена со фактот дека ниту еден дел од државата не е многу оддалечен од океанот. Северно од езерото Окичоби, распространетата клима е влажна суптропска, додека крајбрежните области јужно од езерото (вклучувајќи ги Флорида Киис) имаат вистинска тропска клима. Високите температури во крајот на јули се во ниските 90-тите фаренхајти (32-34°С). Ниските температури од почетокот до средината на јануари се движат од ниските 40-тите фаренхајти (4-7°С) во северна Флорида до средината на 50-тите (13°С) во јужна Флорида.

Во лето, високите температури во државата ретко надминуваат 100 °F (38°С). Во текот на доцните есенски и зимски месеци Флорида доживеа повремени ладни фронтови кои можат да донесат силни ветрови и реалтивно пониски температури за целата држава, со високи температури кои можат да останат во 40-тите и 50-тите (4-15°С) и во ниските 20-тите и 30-тите (-7-4С). Неколку максимално ладни рекорди се во 30-тите°F (-1-4°С) и рекордните падови беа во 10-тите (-12—7°С). Овие температури обично се прошируваат најмногу на неколку дена во времето во северните и централните делови на Флорида. Јужна Флорида сепак, ретко се срќава под ниски температури.

 
Листопад во Северна Флорида.
 
Својствен летен пладневен дожд во центарот на Мајами.
 
Снег што е многу несвојствено за Флорида но сепак имало во секој од поголемите градови. Снегот почесто паѓа во Северна Флорида.

Најжешката температура што некогаш е евидентирана во Флорида е 109 °F (43°) која што беше формирана на 29 јуни 1931 година во Монтичело. Најладната температура беше -2 °F (-19 °C), на 13 февруари 1899 година, на само 25 милји (40км) подалеку од Талахесе.

Годишните времиња во Флорида се утврдени со врнежи отколку со жешка температура, со жешка, влажна пролет и лето правејќи ја сезоната влажна и умерено разладување и релатувно сувата зима и есен, правејќи ја сезоната сува. Паѓањето на лисијата се појавува во централна и северна Флорида почнувајќи околу крајот на ноември и во зима.

Флорида Киис, бидејќи тие целосно се опкружени со вода, имаат помала варијабилност во температурите. Во Ки Вест температурите ретко надминуваат 95 °F (35 °C) во текот на летото или да падне под 55 °F (13 °C) во текот на зимата и никогаш не бил пријавен мраз на Ки.

Прекарот на Флорида е „сончевата држава“, но лоште временски услови се честа појава во државата. Централна Флорида е позната како молскавичен главен град на САД кој има доживеано удари од громови како ниедно друго место во земјата. Флорида има највисок просек на врнежи од која било друга држава, во голем дел поради попладневните грмотевици кои се честа појава во поголемиот дел од државата од доцна пролет до рана есен. Јасното време може да биде прекинато со невреме. Овие грмотевици предизвикани од копнените судири на влажната маса на воздухот на Mексиканскиот Залив и Атлантскиот Океан коишто се појавуваат во раните попладневни часови, можат да донесат силен пороен дожд, силни ветрови а понекогаш и торнада. Флорида ја води САД во торнада по квадратен километар (вклучувајќи ги циклоните), но тие обично не достигнуваат интезитет на оние во Среден Запад и големите рамнини. Паѓањето град често ги придружуваат најтешките грмотевици.

Снег во Флорида е ретка појава, а особено на полуостровот. За големата снежна вејавица во 1899 година, Флорида доживеа снежни услови; областа на заливот на Тампа имаше „залив ефект“ снег, слично на езеро ефект снег во регионот на Големите Езера. Во текот на 1899 година, снежната вејавица беше единствената температура во Флорида што е запомната под нулата степени фаренхајти (-18 °C). Најраспространетите снежни врнежи во историјата на Флорида се случиле на 19 јануари 1977 година кога снегот паднал над поголемиот дел од државата. Краткотрајните снежни врнежи во историјата на Флорида исто така паднаа на Мајами Бич за последен пат во запишаната историја. Тешкото замрзнување во 2003 година донесе „океан ефект“ на краткотрајните снежни врнежи до атлантското крајбрежје на југ сè до Кејп Канаверал. Во 1993 година големото невреме донесе услови за снежна вејавица на полуостровот додека поројните дождови и торнадата го напаѓаа полуостровот. Се верува дека невремето имало таква конструкција слична на ураган каде што во некои заливи може да се видат големи бранови од 6 стапки или повеќе. Во поново време траги на снег и лапавица паѓаат врз централна и јужна Флорида а во текот на јануари во 2010 година се случи цврсто замрзнување. Имаше некои мали натрупувања на север на I-4 коридор, претежно во форма на лапавица.

Ураганите претставуваат сериозна закана за време на сезоната на урагани, која трае од 1 јуни до 30 ноември иако некои бури можат да се формираат и надвор од сезоната. Флорида е држава во САД што најмногу подлежи на урагани со суптропска или тропска вода на долгото крајбрежје. Од 1851 година до 2006 година, Флорида беше погодена од 114 урагани, главно 37 од нив биле третта категорија и повеќе. Ретко е за сезоната на урагани да помине без никакво влијание врз државата со најмалку тропско невреме. Бурите од 4-та или повисока категорија, 84% ги погодува Флорида и Тексас. Од август до октомври е најпогоден период за урагани во Флорида.

 
Ураганот Ендру кој се појави во Флорида на 23 август 1992 година.

Во 2004 година, Флорида беше погодена од рекордни четири урагани. Ураганите Чарли (13 август), Френсис (4-5 септември), Иван (16 септември) и Жан (25-26 септември), кумулативно ја чини економијата во државата 42 милјарди долари. Дополнително, четири бури предизвикаа околу 45 милјарди долари штета. Во 2005 година, ураганот Денис (10 јули), е петтата бура што ја погоди Флорида во период од 11 месеци. Подоцна, ураганот Катрина (25 август) помина преку Јужна Флорида и ураганот Рита (20 септември) дојде преку Флорида Киис. Ураганот Вилма (24 октомври) направи одронување на земјата во близина на Кејп Романо, јужно од островот Марко, завршувајќи друга многу активна сезона на урагани. Вилма е вториот најскап ураган во историјата на Флорида.

Флорида беше на страна на втората најскапа временска катастрофа во историјата на САД, ураганот Ендрју, којшто предизвика повеќе од 25 милјарди долари штета ја погоди на 24 август 1992 година. Во долгиот список на други фамозни напади од урагани се ураганот Мајами во 1926 година, ураганот Окичоби во 1928 година, ураганот Денот на трудот во 1935 година, ураганот Дона во 1960 година и ураганот Опал во 1995 година. Неодамнешни истражувања укажуваат на бурите кои се дел од природниот циклус и не се резултат од глобалното затоплување.

Просечни високи и ниски температури за различни градови во Флорида
Град Јан Фев Мар Апр Mај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек
Џексонвил 65/43 68/45 74/50 80/56 86/64 90/70 92/73 91/73 87/70 80/61 73/51 66/44
Ки Вест 75/65 76/66 79/69 82/72 85/76 88/78 89/80 90/80 88/78 85/76 80/71 76/67
Мелбурн 72/51 73/53 77/57 81/61 85/67 88/71 90/73 90/73 88/72 83/67 78/60 73/53
Мајами 76/60 77/61 80/64 83/68 86/72 88/75 90/77 90/77 88/76 85/72 81/67 77/62
Пенсакола 61/43 64/46 70/51 76/58 84/66 89/72 90/74 90/74 87/70 80/60 70/50 63/45
Талахесе 64/40 67/42 73/48 80/53 87/62 91/69 91/72 91/72 88/68 81/57 72/47 66/41
Тампа 71/51 72/52 77/57 82/62 88/68 90/73 90/75 90/75 89/73 84/66 77/58 72/52

Фауна

уреди
 
Алигатор
 
[Кејов Елен
 
Перјеста сојка.

Флорида е домаќин на многу типови на диви животни, вклучувајќи

Единствена калвинистичка област за црниот кит со скратени перки е заливот на Флорида и Џорџија. Од нивниот случаен увоз од Јужна во Северна Америка, популацијата на црвените увезени огнени мравки се зголеми и ги покри териториите на скоро цел југ на Северна Америка, вклучувајќи ја и Флорида. Тие се најагресивните и најдомородните мравки кои имаат болно каснување. Дел од недомашни змии беа ослободени во дивините. Во 2010 година државата оформи ловна сезона за бурманскиот и индискиот питон, африканскиот камен питон, зелената анаконда и големите нилски гуштери.

Прашања за животната средина

уреди
Главна статија:Животната средина на Флорида

Флорида е рангирана за 45-та држава од 50-тите држави во вкупната потрошувачка на енергија по глава на жител, и покрај големата важност на климатизери и базен пумпи. Ова вклучува јаглен, природен гас, нафта и малопродажба на електрична енергија. Се проценува дека околу 4% од енергијата во државата е генерирана преку обновливи извори. Производството на енергија во Флорида е 6% од вкупната произведена енергија на нацијата, додека вкупното производство на загадувачи е на пониско ниво со илустрација од 5,6% за азот оксид, 5,1% за јаглерод диоксид и 3,5% за сулфур диоксид.

Се верува дека значајни енергетски извори се прелоцирани од западниот брег на Флорида во Мексиканскиот Залив, но тој регион е затворен уште од 1981 година за истражување. Гувернерот Чарли Крист и двајцата американски сенатори на Флорида Бил Нелсон и Мел Мартинес, се противат на приморското ископување и истражување. Поранешниот гувернер Џеб Буш , кој во почетокот беше против целото тоа дупчење, го промени својот став во 2005 година кога тој го поддржи предлог законот воведен во претставничкиот дом со кое е дозволено неограничено дупчење, 125 милји (201км) или повеќе од брегот. Крист, Мартинес и Нелсон се противеа на тоа дупчење, но Мартинес и Нелсон гласаа за алтернативата на сенатот кој го забранува дупчењето во рамките на 125 милји (201км) од брегот на теснецот и 235 милји (378км) од брегот на полуостровот.

Во јули 2007 година, гувернерот на Флорида Чарли Крист најви дека планира да потпише извршна наредба што ќе наметне нови строги стандарди на загадувањето на воздухот во државата, со цел да се намалат испуштањата на стакленичките гасови до 80% од нивоата во 1990 година до 2050 година. Наредбите на Крист ќе постават нови цели на испуштање за енергетски компании, автомобили, камиони и зацврстување одржливи цели за државните агенции и бараат возилата на државната сопственост да користат алтернативни горива.

Црвената плима е прашање на југозападниот брег на Флорида како и на другите области. И покрај тоа што има голема доза на претпоставки за отровните цветови од алгите, нема докази дека тоа е предизвикано од загадувањето или дека има зголемување во времетраењето или честотата на црвената плима.

Флоридскиот пантер е блиску до истребување. Рекордни 23 беа убиени во 2009 година од страна на ловци и во сообраќајни несреќи што останаа само околу 100 единки во дивината. Центарот за биолошка разновидност и други според тоа повикуваат на специјална заштитна област за пантерот да се утврди. Манатис исто така умираат со брзина поголема од нивното репродуцирање.

Геологија

уреди

Полуостровот Флорида е порозна висорамнина која седи на врвот на карстниот варовнички темел познат како платформата на Флорида. Итниот дел од платформата е создаден за време на еоценот до олигоценот како залив корито исполнет со мил, глина и песок. Флора и Фауна почнаа да се појавуваат за време на миоценот. Пред миоценот во Флорида не биле присутни копнените животни.

Најголемите депозити на поташа во земјата се основани во Флорида.

Напреднати системи на подводни пештери и извори се наоѓаат во целата држава и повеќе снабдуваат вода што се користи од жителите. Варовникот е натрупан со песочна почва депонирана како антички плажи преку милион години како што глобалното ниво на морето се зголемува и паѓа. За време на ледничкиот период, пониските нивоа на морето и посувата клима откри многу поширок полуостров, во голема мера савана. Еверглајдовите, огромно пространи, многу бавна река го зафаќа јужниот дел од полуостровот.

Флорида е врзана за последното место како и поседувањето на најмалку земјотреси од било која земја во САД. Бидејќи Флорида не е сместена блиску до границите на некоја тектонска плоча, земјотресите се многу ретки, но не сосема непознати. Во јануари 1879 година, се случи потрес во близина на Св. Августин. Имаше извештаи за бурно тресење од кое што паѓал малтер и статии од полиците. Слични ефекти биле забележани и во Дејтона Бич 50 милји (80км) на југ. Земјотресот бил почувствуван на југ до Тампа и исто толку далеку на север до Савана, Џорџија. Во јануари 1880 година, Куба беше центар на два силни земјотреси кои испратија неколку ударни бранови преку градовите Ки Вест, Флорида. Уште еден земјотрес е регистриран надвор од Флорида во 1886 година, земјотресот на Чарли. Ударот беше почувствуван преку Северна Флорида, ѕвонењето на црковните ѕвона во Св. Августин и неколку ппотресувања во другите градови по должината на тој дел на источниот брег на Флорида. Жителите на Џексонвил почувствуаа многу од силните потреси што се случија во септември, октомври и ноември 1886 година. Неодамна во 2006 година, со магнитуда 6,0 се регистрираше земјотрес 260 милји (420км) југозападно од Тампа во Мексиканскиот Залив кој испраќаше ударни бранови преку југозападна и централна Флорида. Земјотресот беше премногу мал за да предизвика цунами и немаше пријавено штети.

Демографија

уреди

Население

уреди

Флорида е 4-та најголема држава во САД по население. Центарот на населението на Флорида е сместено во Округот Полк, во градот Лејк Велс. Од 2009 година, населението на Флорида се проценува на 18 537 969. Од 2007 година, државата се зголеми за 128 814 или 0,7%. Користејќи ги најновите проценки на населениеàто, Флорида е триесеттата најбрзо растечка држава по нација. За време на врвното зголемување на Флорида во 2005 година беше петта најбрзо растечка држава по нација и растеше со годишна стапка од 2,2%.

Околу две третини од населението беше родено во друга држава.

Земјата е на трето место по населението по најмногу нелегални имигранти во САД во 2009 година. Во 2010 година,нелегалните имигранти се проценети на 5,7% од населението. Ова беше шести највисок процент на која било држава во земјата.

Во 2008 година имаше 186 102 воени пензионери кои живеат во државата.

Расна и наследничка слика

уреди

Во пописот на население од 2000 година најголемиот извештај на потомци беше: англичани (16,9%), Германци (11,8%),ирци (10,30%), италијанци (6,3%), французи (2,7%) и шкоти(1,8%). Во пописот на население во 2000 година, 62 919 луѓе во Флорида се самоидентификуваа дека имаат американско потекло, повеќето од овие луѓе се од англиско потекло, а некои се од шкотско-ирско потекло меѓутоа имаат семејства што биле во државата долго време, во многу случаи уште од колонијалниот период и тие едноставно избираат да се декларират дали имаат американско потекло или не, всушност тие си го знаат своето потекло.

 
Карта на населеност на Флорида

Пред Американската граѓанска војна, кога ропството беше легално и за време на обновувањето на ерата која следеше, црнците станаа половина од населението на државата. Нивниот број се намали во текот на наредниот век, многу се преселија во големата миграција, додека голем број на белци се прселија на север во државата. Неодамна, бројот на црните жители во државата повторно започна да се зголемува. Денес, големата концетрација на црни жители може да се најде во Северна Флорида (особено во Џексонвил, Геинсвил, Талахесе и Пенсакола) областа на заливот на Тампа, областа на Орландо, особено во Орландо и Снафорд. Исто така, има голем пораст на црни американци од шпанско потекло во Јужна Флорида каде што нивниот број беше потпомогнат од значителната имиграција од Куба, Доминиканската Република и мал број од земјите во Јужна Америка со шпанско јазично подрачје.

Шпанското население во Флорида вклучува големи заедници на кубански американци во Мајами и заливот на Тампа, порториканци во Орландо и Тампа и централно американски печалбари во внатрешноста на западно централната и јужна Флорида. Шпанската заедница продолжува да се зголемува се пообемно и се помобилно. Помеѓу 2000 и 2004 година, Округот Ли во југозападна Флорида, во голема мера е преградска по карактер, ја има најбрзата растечка стапка на шпанското население од која било друга држава во САД. Белите американци од сите европски средини се присутни во сите области во државата. Оние од англиско и ирско потекло се присутни во голем број во сите урбански и приградски области низ целата држава. Постои големо германско население во југозападна Флорида, големо грчко население во областа Тарпон Спрингс, значителни италијански, шпански и руски населби во Мајами и бели флориданци на подолго сегашните генерации во културно јужните области во внатрешниот и северниот дел на Флорида. Родените бели флориданци, особено оние кои имаат потекло од семејствата од подолго време во Флорида, чувствително се сметаат себеси како Флорида крекери. Како и сите други јужни држави, тие потекнуваат главно од англичанските и шкотско-ирските доселеници, како и некои други британски доселеници.

Метрополски области

уреди
 
Статистичка распределеност на метрополските области во Флорида
  • Поврзано список на урбанизирани области во Флорида (по население) и пописот на население на Флорида по статистичи области.
  • Поврзано список на градови во Флорида и локации на Флорида по приход по жител.
Најголеми градови во Флорида
Градско население> 500.000
Град Население Метрополска област

Џексонвил

813,518

Џексонвил

Градско население > 200.000
Град Население Метрополска област

Мајами
Тампа
Сент Питерсбург
Орландо
Хиалеа

433,136
343,890
244,324
235,860
218,896

Јужна Флорида
Залив на Тампа
Залив на Тампа
Орландо
Јужна Флорида

Градско население > 150.000
Град Население Метрополска област

Форт Лаудердејл
Талахесе
Порт Санта Лучија
Кејп Корал

184,892
172,574
154,410
154,202

Јужна Флорида
Талахесе
Порт Санта Лучија
Кејп Корал, Форт Мајерс

Градско население > 100.000
Град Население Метрополска област

Пембрук Пајнс
Корал Спрингс
Геинсвил
Мајами Гарденс
Мирамар
Клеарвотер
Помпано Бич
Палм Беј

146.600
126.518
116.616
109.332
109.176
106.081
102.609
100.999

Јужна Флорида
Јужна Флорида
Геинсвил
Јужна Флорида
Јужна Флорида
Залив на Тампа
Јужна Флорида
Палм Беј-Мелбурн

Најголеми метрополски области на Флорида
Позиција Метрополска област Население
1 Јужна Флорида 5.463.857
2 Залив на Тампа 2.733.761
3 Орландо 2.082.421
4 Џексонвил 1.313.228
5 Бредентон-Сарасота 688.126

Најголемата метрополска област во државата како и во целата југоисточна САД е метрополската област Јужна Флорида со околу 5,5 милиони жители. Областа на заливот на Тампа со над 2,7 милиони жители е втора најголема метро област и големиот Орландо со над два милиони жители е на трето место. Флорида има дваесет метрополски статистички области (МСО) дефинирани од страна на американската канцеларија за менаџмент и буџет (КМБ). Во МСО спаѓаат 39 од 67 окрузи на Флорида. Одразот на распределбата на населението во Флорида, метрополските одрази во државата се концентрирани околу брегот на полуостровот. Тие формираа еден континуиран јазол на источниот брег на Флорида, кој се протега од Џексонвил МСО до Мајами Форт Лаудердејл -Помпано Бич МСО вклучувајќи ја секоја област од источниот брег со исклучок на Онро Оринџ. Исто така постапи континуиран јазол на МСО на западниот брег на полуостровот од Тампа-Сент Питербург-Клиарвотер МСО до Наполи-Мароко МСО вклучувајќи ги сите крајбрежни земји од Округот Ернандо до Округот Колиер. Внатрешноста на северната половина и полуостровот исто така има неколку МСО што ги поврзува источниот и западниот брег на МСО. Неколку МСО се расфрлени низ полуостровот Флорида.

Јазици

уреди

Почнувајќи од 2000 година, 76,91% од жителите на Флорида на 5 години и постари, дома говорат на англиски како прв јазик додека 16,46% говорат шпански и француски креолски (претежно хаитски креолски) кој е говорен од страна на 1,38% од населението. Францускиот е зборуван од страна на 0,83 %, германскиот од 0,59% и италијанскиот од 0,44% од сите жители. Исто така португалскиот вклучува 0,36% додека тагалскиот вклучува 0,25% од говорниците, арапскиот до 0,21% и виетнамскиот до 0,20%. Во сите 23,80% од населението на Флорида на 5 години и постари, дома говорат други јазици отколку англиски јазик.

Заклучно со 2005 година, 74,54% од жителите на Флорида на 5 години и постари дома говорат англиски јазик како прв јазик додека 18,65% говорат шпански, француски креолскиот (претежно хаитскиот креолски) е говорен од страна на 1,73% од населението. Францускиот е говорен од страна на 0,63%, германскиот од 0,45% и португалскиот од 0,44% од сите жители. Исто така италијанскиот вклучува 0,32% додека тагалскиот вклучува 0,30% од говорниците, виетнамскиот 0,25% и арабскиот од 0,23%. Во сите 25,45% од населението на Флорида на 5 години и постари говорат други јазици отколку англиски.

Ова значи дека англискиот е намален за 2,37%, шпанскиот е зголемен за 2,21% француски креолскиот (вклучувајќи го хитански креолскиот) е зголемен за 0,35%, францускиот е намален за 0,12%, португалскиот е зголемен за 0,08%, тагалскиот е зголемен за 0,05%, арапскиот е зголемен за 0,2% и виетнамскиот е зголемен за 0,05% од јазиците што се говорат.

Климата на Флорида ја прави популарна државата за имигрантите. Јавниот образовен систем на Флорида идентификува преку 200 јазици што се зборуваат дома кај студентите отколку англиски. Во 1990 година, Лигата на обединетите латиноамерикански граѓани (ЛОЛАГ) ја освои парницата против Министерството за образование во Флорида кое бара наставниците да бидат обучувани во предавањето на англичаните што зборуваат други јазици.

Член 2, став 9, од уставот на Флорида овозможува англискиот да биде службен јазик во Флорида. Оваа одредба е донесена во 1988 година од страна на гласањето по иницијатива на петиција.

Религија

уреди

Почнувајќи од 2000 година,трите најголеми рски групи во Флорида се католици, евангелиските протестани, Мејнлајн протестани. Католичката црква има најголем број на следбеници во Флорида проследена со јужно баптистичка конвенција со 1 292 097 пријавени членови и јудизмите изнесуваат 628 485 следбеници. Флорида претежно е протестантска земја, но римокатолиците се најголема вероисповед во државата. Исто така постои и бројната еврејска заедница, која главно се наоѓа во Јужна Флорида, нема друга јужна држава што има толку многу еврејско население. Тековната верска припадност во Флорида е прикажана во табелата подолу:

Влада

уреди
Главна статија: Влада на Флорида
Поврзано Список на гувернери во Флорида и САД конгресните делегации од Флорида.
 
Зградата на Собранието на Флорида.

Основната структура, должностите, функциите и работењето на Флорида се дефинирани и утврдени со уставот на Флорида, кој го одредува основниот закон во државата и гаранции на различни права и слободи на луѓето. Владата на земјата се состои од три одделни гранки: судска, извршна и законодавна. Законодавната власт донесува закони кои ако се потпишани од страна на гувернерот стануваат статути на Флорида.

Законодавството на Флорида се состои од сенатот на Флорида кој има 40 членови и претставничкиот дом на Флорида кој има 120 членови. Сегашниот гувернер на Флорида е Чарли Крист. Врховниот суд на Флорида се состои од главен судија и шест судии. Постојат 67 жупани во Флорида, но некои извештаи покажаа само 66 поради Округот Дувал, кој е консолидиран со градот Џексонвил. Постојат 379 градови во Флорида (од 411) кои редовно даваат извештај до одделот за приходи на Флорида, но постојат други овластени општини кои не даваат. Примарниот извор на приход за владата на државата е данокот на приходот, но основниот извор на приход за градовите и регионите е данокот на имот.

Политичка историја

уреди

По преструктурирањето бело-елитните демократи се бореа за власт сè додека не ја вратија во 1877 година, делумно преку насилни паравоини тактики целејќи фреемен и сојузници за да се намали нивното гласање. Од 1885 година до 1889 година, државното законодавство донесе статути со одредби за намалување на гласање од страна на црнците и сиромашните белци, кои белите демократи се заканија со популистичка коалиција. Како овие групи беа одземени од избирачкиот круг, белите демократи основаа власт во еднопартиска држава, како што се случи на југот. Во 1900 година афроамериканците сочинуваа 44% од државното население, истиот сооднос како и пред граѓанската војна, но тие беа ефикасно онеправдани. Од 1877 година до 1948 година гласаа за демократскиот кандидат за претседател на сите извори, освен на изборите во 1928 година.

 
Врховен суд на Флорида

Како одговор на одделување, лишувањето од право на глас и земјоделската депресија, многу афроамериканци мигирираа од Флорида во северните градови во големата миграција, во брановите од 1910 година до 1940 година и повторно почнаа во 1940-тите години. Тие се преселија за работни места, за подобро образование на нивните деца и шансата да гласаат и учествуваат во општеството. Со оглед на миграцијата на други групи во Флорида (како што е заабележано во другите делови од овој член) од 1960 година соодносот на афроамериканците во државата се намали на 18%. Дополнителни информации: Политичката партија сила во Флорида. Од 1952 година, и покрај мнозинството на регистрирани демократи, државата гласа за републиканскиот претседателски кандидат на сите избори освен на изборите во 1964, 1976 и 1996 година, кога демократите беа од југот и изборите во 2008 година беше првпат Флорида да гласа за северните демократи. Првата пост преконструкција на републиканскиот конгресен претставник беше избран во 1954 година. Републиканскиот сенатор беше избран во 1968 година, две години по првата пост преконструкција на републикански гувернер.

Во 1998 година, демократите беа опишани како најдоминантни во областите во државата со висок процент на расни малцинства, како и преселувањето на белите либерали кои доаѓаа главно од југоисточна САД. Метрополската ареа Јужна Флорида беше добар пример за особено високото ниво на двете расни малцинства и белите либерали. Поради ова, областа е една од најдемократските области на државата. Метрополската област Дејтона, во помала мера, донекаде демографски е слична на Јужна Флорида и градот Орландо има голема шпанска популација, што честопати се фаворизирани демократите. Републиканците останаа доминантни во поголемиот дел од остатокот на Флорида особено во повеќето рурални средини и приградски средини, како што е случајот во Дип Саут. Брзорастечкиот I-4 коридор областа, која тече низ централна Флорида и ги поврзува градовите Дејтона Бич , Орландо и Тампа/Сент Питерсбург, имаше доста сличен број на гласачи и за републиканците и за демократите. Областа најчесто се гледа како соединувачка точка на конзервативниот северен дел и либералниот јужен дел правејќи ја најголема област нишалка во државата. Во последно време, во зависност од начинот I-4 коридор областа содржи 40% од гласачите на Флорида, гласањето честопати утврдува кој ќе победи во Флорида на претседателските избори. Демократската партија ја одржува предноста во регистрацијата на гласачите, низ САД и во 40 од 67 региони вклучувајќи ги Округот Мајами-Дејд, Округот Бровар и Округот Палм Бич, трите најнаселени региони на државата.

Последните избори

уреди
Главна статија: претседателски избори во САД, 2000 година.

Во 2000 година, Џорџ В. Буш победи на американските претседателски избори со граници на можност од 271-266 во изборниот колеџ. Од 271 избирачки гласа за Буш, 25 беа отфрлени од избирачите од Флорида. Прераспределбата во 2000 година, пописот на САД и даде на државата уште две пратенички места во претставничкиот дом.

Резултати од претседателските избори
Година Републиканци Демократи
2008 48,22% 4.045.624 50,96% 4.282.074
2004 52,10% 3.964.522 47,09% 3.583.544
2000 48,85% 2.912.790 48,84% 2.912.253
1996 42,32% 2.244.536 48,02% 2.546.870
1992 40,89% 2.173.310 39,00% 2.072.698
1988 60,87% 2.618.885 38,51% 1.656.701
1984 65,32% 2.730.350 34,66% 1.448.816
1980 55,52% 2.046.951 38,50% 1.419.475
1976 46,64% 1.469.531 51,93% 1.636.000
1972 71,91% 1.857.759 27,80% 718.117
1968]] 40,53% 886.804 30,93% 676.794
1964 48,85% 905.941 51,15% 948.540
1960 51,51% 795.476 48,49% 748.700

И покрај демократската предност во регистрацијата, почнувакќи од 2008 година, републиканците ја контролираа должноста на гувернерот и повеќето други избирачки канцеларии низ САД двата дома на државното законодавство и 15 од 25 места во државата во претставничкиот дом. Флорида се наоѓа на списокот на нишалки земји на претседателските избори од 1950 година, гласајќи за кандидатот кој изгуби уште во тој период. Во 2000 година, тесно спорните избори на државата одиграа значајна улога. Во 2008 година, делегатите на двете флоридските републикански основни избори и флоридските демократски основни избори половина од нивните гласови беа одземени кога конвенциите се состанаа во август поради повреда на националните правила на двете страни. На изборите во 2010 година, републиканците ја зацврстија својата доминација низ САД со освојување на палатата на гувернерот, одржувајќи го непопустливото мнозинство во двата дома на државното законодавство. Тие освоија четири претходно одржани демократски места за да се создаде 19-6 делегација на мнозинството на републиканците претставувајќи ја Флорида во претставничкиот дом. Како резултат на пописот на САД во 2010 година, Флорида во 2011 година ќе се здобие со две места во претставничкиот дом.

Статути

уреди

Од 1972 година, сите ресурси за вода за пиење се контролирани од страна на државната влада преку пет регионални надлежности за водата. Во 1981 година, државата ја укина задолжителната авто инспекција.

Здравство и јавна безбедност

уреди

Во 2009 година, Флорида беше рангирана за најопасна држава. Пласманот е врз основа на евиденцијата на сериозни кривични дела извршени во 2008 година. Во 2009 година, 44% од жртвите на автопатите ги доведува алкохолот. Во 2009 година, во Флорида имаше 2,7 медијекд пациенти. Гувернерот предложи додавајќи 2,6 милјарди долари за грижа за очекуваните 300 000 дополнителни пациенти во 2011 година. Во 2009 година, медикејд плати 60% од сите раѓања во Флорода. Државата има програма за оние кои не се опфатени со медикејд. Некои луѓе страдаат од различни алергии од растенија во различни сезони, вклучувајќи го поленот од дабови дрвја и грмушки од смрека.

Архитектура

уреди

Додека голем број на куќи и деловни згради изгледаат слично како на оние на другите места во земјата, државата има одземено некои уникатни стилови во некои делови од државата, вклучувајќи ја шпанската преродба, народот на Флорида и средоземниот преродбен стил.

Стопанство

уреди
 
Лансирање на вслелеснкиот шатл Колумбија од вселенскиот центар Кенеди
 
Пристаништето на Мајами е најголемото пристаниште за товарни бродови и е седиште на најголемите светски транспортни компании.
 
Финансиската област Бриквил во Мајами, каде има најмногу странски банки на едно место
 
Јужна Флорида има идеална клима за одгледување на шеќерна трска.

Бруто-домашниот производ (БДП) на Флорида во 2007 година беше 734,5 милјарди долари. Нејзиниот БДП е четврти по големина во економијата во САД. Главните соработници на излезното бруто производство на државата во 2007 година беа општите услуги, финансиските услуги, трговијата, транспортот и комуналните услуги, преработката и градежништвото. Во 2009 година, државната влада имаше буџет од 66,5 милјарди долари.

Личен данок

уреди

Во 2009 година, личниот данок по глава на жител беше 37 780 долари, со кое што се пласираше на 24-то место во нацијата. Државата беше една од ретките држави да нема закон за минимална плата до 2004 година, кога гласачите го изгласаа уставниот амандман, се формира минимална плата и (единствен меѓу законите за минимална плата) налага таа да биде прилагодена со инфлација на годишно ниво. За 2010 година, пресметаната минимална плата во Флорида беше пониска од федералната стапка од 7,25 долари, па федералната стпака беше контролирана. Флорида е една од седумте држави што не наметнува данок на личниот доход. Имаше 2,4 милиони флориданци што живееа во сиромаштија во 2008 година. Живееа во сиромаштија 18,4% од децата на 18 години и помлади. Мајами е шести најсиромашен град во САД. Државата исто така ја има највисоката стапка на престапна кредитна картичка со 1,45% поседувачи на картички во државата подолго од 90 дена престапници од една или повеќе креидтни картички. Во 2010 година, преку 2,5 милиони флориданци беа на фоод стампс, за разлика од 1,2 милиони во 2007 година. За да се квалификуваат флориданците мора да направат помалку од 133% од нивото на федералната сиромаштија, која што ќе биде под 29 000 доалри за едно четири члено семејство.

Недвижности

уреди

Во почетокот на 20-от век, шпекулаторите во земјата ја разоткријаа Флорида и стопанствениците како што се Хенри Плент и Хенри Флагер развијаа железнички систем што ќе ги води луѓето да се движаат привлечени од времето и локалните економии. Од тогаш, туризмот напредува со брзо темпо, забрзувајќи еден циклус на развој што завладеа еден голем дел од обработливото земјиште. Поради колективниот ефект на осигурувањето на индустријата од урагани, во 2004 година побарувањето од сопсвениците на куќи за осигурување се зголеми од 40% до 60%. На крајот на третата четвртина во 2008 година, Флорида имаше највисока стапка на престапи со хипотеки во државата, со 7,8% на престапи со хипотеки во најмалку 60 дена. Во 2009 година, списокот на националните пазари на недвижен имот кои беа погодени од несреќата на агенциите за недвижности вклучија непропорционален број во Флорида. На почетокот на 21 век, бумот со зградите ја оставија Флорида со 300 000 празни домови во 2009 година според државните фигури. Во 2009 година, бирото за попис во САД процени дека флориданците во просек потрошиле 49,1% од личниот доход за домување на трошоци, третиот највисок процент во државата. Во третата четвртина на 2009 година, имаше 278 189 заостанати кредити, 80 327 запленувања. Во февруари 2009 година, продажбата на постоечките домови во Флорида беше 11 890 , до 21% од истиот месец во 2009 година. Само две метрополски области покажаа намалување во продажбата на домовите Панама Сити и Бревард Оринџ. Просечната цена на продажба на постоечките куќи беше 131 000долари, 7% намалување од претходната година.

Труд

уреди

Почнувајќи од јануари 2010 година стапката на невработеност во државата изнесуваше 11,9%.

Туризам

уреди

Туризмот е најголемиот сектор во економијата на државата. Топлото време и стотиците милји плажа привлекува околу 60 милиони посетители во државата секоја година. Забавни паркови особено во областа на Орландо се значителни делови на туризмот. На Волт Дизни Ворлд Ресорт е најголемиот туристички ресорт во светот кој се состои од четири тематски паркови и повеќе од 20 хотели во Лејк Буена Виста, Флорида Универсла Орландо Ресорт, Буш Гарденс , Си Ворлд и други огромни паркови. Многу градови на плажа се исто така популарни туристички одредишта особено во зимските месеци. Во 2000 година, 23,2 милиони туристи ги посетија плажите на Флорида, потрошувајќи 21,9 милјарди долари. Јавноста има право на пристап до плажите под доверба на јавната доктрина. Сепак, некои области имаа пристапи кои делотворно се блокирани од страна на приватни сопственици на долга оддалеченост.

Индустрија

уреди

Рудникот за фосфат, концентриран во Бон Валеј е трета најголема индустрија во земјата. Државата произведува околу 75% фосфат потребен за фармерите во САД и 25% од светските набавки, со околу 95% се користат за земјоделството (90% за вештачко ѓубриво и 5% за додаток во добиточна храна) и 5% се користат за други производи. Од доаѓањето на НАСА, во 1962 година Мерит Ајланд лансираше сајтови до Кејп Канаверал (особено Кенеди вселенскиот центар), Флорида разви прилично голема воздушна индустрија. Уште еден голем економски мотор во Флорида е војската на САД. Моментално има 24 воени бази во државата, домуваат со три унифицирани боеви команди: американска централна команда во Тампа, американска јужна команда во Дорал и американска команда за специјални команди во Тампа. Постојат 109 390 американски воен персонал кој моментално е стациониран во Флорида и придонесува директно или индиректно 52 милјарди долари годишно за економијата во државата.

Земјоделство

уреди

Историски, економијата на Флорида беше заснована врз добитокот, фармерството и земјоделството (особено шеќерна трска, цитрон, домати и јагоди). Втората најголема индустрија е земјоделството. Овошјето цитрон, особено портокали се голем дел од економијата и во Флорида се произведува поголемиот дел од плодовите на цитрон одгледувани во САД во 2006 година 67% од сите цитрони, 74% од портокали, 58% од мандарини и 54% од грејпфрут. Околу 95% од комерцијалното производство на портокали во државата е наменето за обработка (најмногу како сок од портокал, официјалниот државен пијалак). Нагризувањето од цитрусите продолжува да биде причина за загриженост. Другите производи вклучуваат шеќерна трска, јагоди, домати и целер. Еверглајдската земјоделска област е главен центар за земјоделството. Влијанието на земјоделството од животната средина, особено загадувањето на водата е голем проблем во Флорида денес.

Риболов

уреди

Во 2009 година, риболовството беше индустрија од 6 милјарди долари , вработувајќи 60 000 работници за спорт и комерцијални цели.

Образование

уреди
Главна статија: Образование во Флорда

Јавните сновни и средни училишта на Флорида се администрираат на одделението за образование на Флорида.

Државниот универзитетен систем

уреди

Државниот универзитетен систем на Флорида е основан во 1905 година и е управуван од страна на одборот на гувернери на Флорида. Во текот на академската 2008 година 301 570 ученици присуствуваа на еден од овие институции-членки.

Приватни универзитети

уреди

Првиот приватен универзитет во Флорида е основан во 1883 година. Независните колеџи и универзитетите на Флорида е здружение од 28 приватни образовни институции во државата. Ова здружение даде извештај дека нивните членови-институции служат над 121 000 студенти во есента 2006 година.

 
Универзитетот на Мајами во Корал Гејблс
 
Универзитетот во Тампа

Сообраќај

уреди
Главна статија: Транспортот во Флорида

Автопати

уреди
Главна статија: државни патишта во Флорда
 
Карта на Флорида со главните патишта

Меѓународните патишта во Флорида, автопатите во државата и автопатите во САД се одржуваат од страна на министерството за транспорт на Флорида. Системот на меѓународни автопати на Флорида содржи 1473 милји (2371км) на автопат а тука се и 9 934 милји (15 987км) на немеѓународни автопати во државата, како што се автопатите во државата на Флорида и автопатите во САД. Основните меѓународни правци на Флорида вклучуваат:

  •  I-4 којшто ја дели државата, ги поврзува Тампа, Лејкленд, Орландо и Дајтона Бич поврзувајќи се со I-95 во Дејтона Бич и I-75 во Тампа.
  •  I-10 којшто поминува преку теснецот, поврзувајќи ги Џексонвил, Лејк Сити, Талахесе и Пенсакола со вкрстување со I-95 во Џексонвил и I-75 во Лејк Сити.
  •  I-75 којшто влегува во државата блиску до Лејк Сити (45милји западно од Џексонвил) и продолжува на југ преку Геинсвил Окала, источните предградија на Тампа, Брадентон, Сарасота, Форт Маерс и Неапол каде што ја поминува Алигатор Алејата како патарина кон Форт Лаудардале пред да свртат кон југ и терминираат кај езерата на Хелакеа/Мајами кои имаат вкрстување со I-10 во Лејк Сити и I-4 во Тампа.
  •  I-95 којшто влегува во државата блиски до Џексонвил и продолжува по должината на Атлантскиот брег преку Дејтона Бич, Мелбурн/Титусвил, Палм Бич, Веро Бич, Форт Пирс, Порт Сент Луси, Стјуарт, Вест Палм Бич и Форт Лаудардејл пред да терминираат во центарот на Мајами со вкрстувањето со I-10 во Џексонвил и I-4 во Дејтона Бич.
 
Автопатот Палмето кој е еден од најзафатените автопати во Мајами

Пред изградбата на патиштата под федералниот акт за помош на автопатите од 1956 година, Флорида започна изградба на долг прекудржавен платен пат, пат со наплата на Флорида. Во првиот дел, Форт Пирс на југ до Голден Глејдс беше завршена во 1957 година. По вториот дел на север преку Орландо до Вилвуд и блиску до сегашните села и на југ продолжуваат околу Мајами до Хомстид, тоа е завршено во 1974 година. Државните автопати се нумерирани според специфична конвенција. Првите цифри од државните автопати, со некои исклучоци (како што државниот пат 112 кој се поврзува со меѓународниот автопат 95 до меѓународниот аеродром Мајами ) се нумерирани со првите цифри која ја означува областа во државата во која се наоѓа патот од 1 за север и исток до 9 за југ и запад. Големите север-југ државни патишта главно имаат една или две непарни цифри на патишта што се зголемуваат од исток кон запад, додека исток-запад државните патишта главно имаат една или две парни цифри дури и броеви кои се зголемуваат од север кон југ. Патиштата од второстепено значење обично имаат три цифри. Првата цифра х од неговиот број на патека е ист како и првата цифра на патот со две цифри х0 директно до север. Трицифрениот број на патеката исто така се зголемува од север кон југ со парни броеви и од исток кон запад со непарни броеви. По оваа конвенција, државниот пат 907 или Алтон Рут на Мајами Бич е поодалечено на исток од државниот пат 907, што е Кром Аве или поодалечено за запад север-југ пат во Мајами-Даде Оринџ. Еден голем исклучок на конвенцијата е државниот пат 826 или Палмето автопатот (на сликата од десно) којшто, иако е нумериран е потпишан север-југ. Државните патишта може да ги има насекаде од еден до четири цифри зависно од значајноста и локацијата на патот. Регионалните патишта честопати го следат истиот овој систем.

Меѓуградски железници

уреди

Флорида служи од страна на Амтрак Снафорд, во големиот Орландо е на јужниот терминал на автовозот Амтрак кој потекнува од Лортон, Вирџинија, јужно од Вашингтон. Орландо е исто така источниот терминал на Сансет Лимитед кој патува низ јужниот дел на САД преку Њу Орлеанс, Хјустон и Сан Антонио до западните терминали на Лос Анџелес. Флорида служи од страна на три дополнителни Амтрак возови (сребрена ѕвезда и сребрениот метеор) кои работат меѓу Њујорк и Мајами. Министерството за транспорт на Флорида се подготвува да изгради железничка со голема брзина помеѓу Тампа, Лејкленд и Орландо.Ова е првата фаза од системот за железничка со голема брзина на Флорида. Земјината работа започна на 10 јули 2010 година и изградбата на линијата е предвидена да започне во 2011 година со почетна фаза Орландо-Тампа и да заврши во 2014 година.

Аеродроми

уреди
Поврзано Список на аеродроми во Флорида

Големи меѓународни аеродроми кои обработуваат повеќе од 15 милиони патници во 2006 година се меѓународниот аеродром во Орландо , меѓународниот аеродром во Мајами, меѓународниот аеродром во Форт Лаудардејл-Холивуд и меѓународниот аеродром во Тампа. Второстепени аеродроми со годишен патнички сообраќај кој надминува 5 милиони се меѓународниот аеродром во југозападна Флорида (Форт Маерс), меѓународниот аеродром во Палм Бич (западна Палм Бич) и меѓународниот аеродром во Џексонвил. Регионални аеродроми кои обработуваат преку еден милион патници во 2006 година се Пенсакола и Сарасота-Брадентон. Снафорд кој првенствено служи со меѓународни чартер авиокомпании обработи 1 649 565 патници во 2006 година.

Спортови

уреди
 
Американ Еирлајнс Арена, дом на тимот Мајами Хит.
Податотека:AmwayCenterFirstGame.JPG
Ем веј центарот, дом на тимот Орландо Меџик.
 
Банкатлантик центарот, во Санрајс, дом на тимот Флорида Пантерс.
 
Сан Лајф Стадион, во Мајами Гарденс, дом на тимовите на Делфините, Ураганите и Рибите од Мајами.
Податотека:Civicers.jpg
Доналд Такер центарот, во Талахесе дом на тимовите Флорида Стејт Семиноли и Талахесе тигрести ајкули.
 
Ст. Пит Тајмс Форум во Тампа, дом на Светкавиците од заливот на Тампа и Громовите од заливот на Тампа.
 
Теренот Тропикана во Сент Питерсбург дом на Зраците од заливот Тампа.
 
Меѓународна тркачка патека на Дејтона, во Дејтона.
Поврзано Спортската сала на славните во Флорида и список на спортски тимови во Флорида

Најголемата бејзбол лига на спринг тренинг и скоро 2/3 од сите НБЛ тимови имаат присуство на спринг тренинг во државата. Сепак Флорида немаше постојани професионални спортски тимови на високо лигашко ниво сè додека лигата на американскиот фудбал не ги додаде во 1966 година Мајами делфините. Сега државата има три тима на НФЛ, два тима на НБЛ, два тима на НБА и два тима на НХЛ.

Три тима од аренската фудбалска лига се од Флорида.

Голф, тенис и авто трки се многу популарни.

Мала лига на бејзбол, фудбал, кошарка, хокеј на мраз и мал фудбал тимови се со седиште во Флорида. Универзитетите на Флорида имаат голем број на колегиумски спортски тимови.

Клуб Лига Место Првенство
Мајами Делфини НФЛ СанЛајф Стадион (Мајами) 2 (1972,1973)
Мајами Хит НБА Американ Аирлајнс Арена (Мајами) 1 (2006)
Флорида Маринали МЛБ Сун Лајф Стадион (Мајами) 2 (1997,2003)
Флорида Пантери НХЛ Бенкатлантик Центар (Санрајс) 0
Tampa Bay Buccaneers National Football League Raymond James Stadium (Tampa) 1 (2003)
Тампа Беј Зраци МЛБ Тропикана Стадион (Сент Питерсбург) 0
Тампа Беј Грмотевици НХЛ Ст. Пит Тајмс Форум (Тампа) 1 (2004)
Орландо Меџик НБА Амвеј Центар (Орландо) 0
Џексонвил Јагуари НФЛ Евербенк Стадион (Џексонвил) 0

Спринг тренинг

уреди
Дополнителни информации: спринг тренинг

Флорида е традиционалниот дом за најголемата бејзбол лига на спринг тренинг со тимови неформално организирани во Грејпфрут Лигата во 2010 година Флорида ќе биде домаќин на следните лигашки тимови за спринг тренинг.

Клуб Место
Аталанта Брејвс Волт Дизни Ворлд
Балтимор Ореоли Сарасота
Бостон Ред Сокс Форт Мајерс
Детроит Тигри Лејкленд
Флорида Маринали Јупитер
Хјустон Астрос Кисиме
Минесота Близнаци Форт Мајерс
Њујорк Метс Порт Ст. Лучија
Њујорк Јенки Тампа
Филаделфија, Филис Клиарвотер
Питсбург Пирати Брадентон
Сент Луис Кардинали Јупитер
Тампа Беј Зраци Порт Шарлот
Торонто Блу Џејс Дунедин
Вашингтон Нешналс Виера

Земји Сестри

уреди
Надлежност во земјите сестри Земја Година
Киноги Јужна Кореја 2000
Лангдок-Русилион Франција 1989
Нуева Еспарта Vенецуела 1999
Провинција Тајван Тајван 1992
Вакајама Началство Јапонија 1995
Вестерн Кејп Јужна Африка 1995

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име usgs.