30 јуни
датум
30 јуни — 181-виот ден во годината според грегоријанскиот календар (182-ри во престапна година). Остануваат 184 дена до крајот на годината.
<< | јуни | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
2023 |
Настани Уреди
1905 | Алберт Ајнштајн го издава своето дело За електродинамиката на движечките тела во кое ја предложува специјалната теорија на релативноста. |
1908 | Во Сибир, во областа Тунгузија се случува познатата Тунгуска експлозија со јачина 1000 пати поголема од атомските бомби фрлени врз Јапонија. |
1934 | „Ноќта на долгите ножеви“ - започнува насилното елиминирање на политичките соперници на Адолф Хитлер во Германија. |
2002 | Бразил ја освојува својата петта светска фудбалска титула. |
Родени Уреди
1470 | Шарл VIII — француски крал. |
1685 | Доминикус Цимерман — германски рококо архитект. |
1879 | Димитар Попов — бугарски револуционер. |
1906 | Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер. |
1911 | Чеслав Милош — полски писател. |
1931 | Ендрју Хил — американски џез-музичар. |
1933 | Томислав Ивиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1938 | Мирко Новосел — хрватски и југословенски кошаркарски тренер. |
1939 | Павле Кузмановски — македонски академски сликар. |
1963 | Ингви Малмстин — шведски гитарист, композитор и еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал. |
1966 | Мајк Тајсон — американски боксер. |
1970 | Елизабета Канческа Милевска — министер за култура на Македонија. |
1975 | Ралф Шумахер — германски Формула 1 возач. |
1979 | Силвен Шаванел — француски велосипедист. |
1983 | Маркус Бургхарт — германски велосипедист. |
1983 | Шерил — англиска пејачка. |
1985 | Мајкл Фелпс — американски пливач. |
1990 | Јака Блажич — словенечки кошаркар. |
1990 | Душан Лајовиќ — српски тенисер. |
Починале Уреди
1579 | Мехмед-паша Соколовиќ — османлиски државник. |
1938 | Милан Ракиќ — српски поет. |
1953 | Чарлс Вилијам Милер — неофицијалниот татко на фудбалот во Бразил. |
1961 | Ли ди Форест — американски пронаоѓач. |
2001 | Џо Хендерсон — американски џез-музичар. |
2002 | Николај Хајтов — бугарски писател. |