Полина Астахова
Полина Астахова (30 октомври 1936 – 5 август 2005) — советска и украинска гимнастичарка. Натпреварувајќи се за Советскиот Сојуз таа освоила десет олимписки медали на игрите во 1956, 1960 и 1964.[1]
Полина Астахова на Летните олимписки игри 1964 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Полно име | Полина Григорјевна Астахова | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 30 октомври 1936 Запорожје, СССР | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 5 август 2005 Киев, Украина | (возр. 68)|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,66|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 56 kg (123 lb) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | СССР | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Гимнастика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | • Шахтјор Донецк • Авангард Киев • ЦСКА Киев | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Животопис
уредиАстахова започнала да се интересира за спортска гимнастика на 13-годишна возраст, откако го гледала гимнастичкото првенство во Донецк, град во кој нејзиното семејство се преселило кратко време пред тоа. Таа започнала да тренира во локалниот гимнастички клуб Шахтјор, а нејзин прв тренер бил Владимир Алиександрович Смирнов.
Астахова го добила прекарот Руската бреза во западните земји поради нејзината исклучителна елеганција, и на Летните олимписки игри 1960 таа дури била наречена Мадона од италијанските новинари. Помеѓу 1956 и 1966 година, Астахова била на врвот на многу меѓународни и државни натпреварувања, посебно во дисциплината двовисински разбој. Таа била член на гимнастичката екипа на СССР од 1955 до 1968 година.
Во 1954 година Астахова за првпат се натпреварувала на државното првенство на СССР и за една година успеала да стане член на екипата на СССР која се натпреварувала на Летните олимписки игри 1956. Таа била најмладиот член на екипата и придонела екипата да го освои златниот медал. На игрите во 1960 во Рим, таа била во водство во повеќебојот, но загубил цел бод поради пад од гредата, која била седма дисциплина од осумте одржани. Таа била многу разочарана од инцидентот и поради тоа по игрите не се натпреварувала, иако во Рим ги освоила златните медали во екипниот повеќебој и двовисинскиот разбој, сребрен медал во дисциплината партер и бронзен медал во повеќебој. На Европското првенство во 1961 година, таа ги освоила златните медали во дисциплините двовисински разбој и греда.[2] Натпреварувајќи се на игрите во 1964 во Токио, Астахова помогнала екипата на СССР да го освои златниот медал во екипниот повеќебој, го освоила златниот медал во двовисински разбој, сребрениот медал во партер и бронзениот медал во повеќебој.[3]
Откако ја завршила својата спортска кариера, од 1972 година Астахова работела како тренер во Украина. Во 2002 година таа била примена во Меѓународната гимнастичка куќа на славни.[4] Астахова ги поминала своите последни години од животот во Киев, каде починала на 68-годишна возраст од пнеумонија.
Наводи
уреди- ^ „Polina Astakhova“. Sports-reference. Архивирано од изворникот на 2015-06-21. Посетено на 2015-11-23.
- ^ „Polina Ghrighorievna Astakhova“. Legends of the Soviet sports (руски). Посетено на 2 May 2006.
- ^ „Polina Ghrighorievna Astakhova“. International Gymnastics Hall of Fame. Посетено на 12 May 2007.
Надворешни врски
уреди„Полина Астахова“ на Ризницата ? |
- Профил на Меѓународната гимнастичка куќа на славни
- Биографија и достигнувања