Анжу
Анжу (француски изговор: [ɑ̃ʒu]) е поранешна земја (c. 880), грофовија (1360) и провинција кај градот Анже во долниот дел на долината на Лоара во западниот дел на Франција. Во голем дел одговара на денешниот департман Мен и Лоара. Неговото старо латинско име е Андегавија.
Анжу | |||
---|---|---|---|
Земја | Франција | ||
Час. појас | CET | ||
Владетели | 870–98, Ингелгер 1480–81, Карло IV Анжујски |
Анжу како грофовство во историјата се појавува во 10 век, како последица на дислокација на каролиншкото кралство. За време на Каролинзите било под управа на гроф кој го застапувал францускиот крал. Ова грофовство било едно од најзначајните француски центри на моќ во текот на 11 и 12 век.
Областа потпаднала под контрола на англискиот крал Хенри II во 1152 кога тој се оженил со Еленор Аквитанска со што била формирана династијата Плантагенети и Анжујското царство.[1]
Во 1204, кралот на Франција Филип Август го зел под своја власт. Областа стекнала извесна независност за време на владеењето на кралот Свети Луј а потоа официјално се споила со кралството на Франција во 1481. На почетокот на Стогодишната војна, грофовијата Анжу прераснала во војводство.
Иако грофовијата повеќе не постои, терминот « Анжу » сè уште се користи за да се означи Мен и Лоара [2] ·[3].
Историја
уредиАнжу како територијален ентитет се појавува во античко време со народот Андекави. Нивната територија, центрирана врз градот Анже (тогашен Андегавум) согласно границите делумно одговарала на денешната Мен и Лоара. Заземена од Римјаните, подоцна ќе се најде во центарот на повеќе влијанија и соперништва, особено меѓу Франките и Бретонците.
Како грофовија, ќе стане срцето на Плантагенетската империја, односно «анжујска империја» во 13 век. Ќе прерасне во војводство.
Анжу ќе ја зачува својата независност во однос на кралската моќ сè до 1259, датата на Парискиот договор, кој ќе го врзе за круната на Франција. Дадено во апанажа за смртта на Луј VIII од Франција, Анжу дефинитивно ќе стане дел од кралството на Франција во 1481.
Во тек на создавањето на департманите во 1790 за време на Француската револуција, старата провинција на Анжу ќе биде поделена меѓу повеќе департмани.
Географија
уредиАрхитектура
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски речник 1-10 (книга 1), стр. 78, Топер МПМ, Скопје 2005
- ↑ Anjou Tourisme
- ↑ Anjou.org CEE49