24 август
датум
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
24 август — 236-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (237-и во престапна година). Остануваат 129 денови до крајот на годината.
Настани:
79 | Катастрофална ерупција на Везув - вулкан во Италија. Затрупани се градовите Помпеја и Херкуланеум. |
1572 | Бартоломејска ноќ во Франција: по наредба на Катерина Медичи, започнал масакрот на хугенотите во кој за неколку недели се убиени помеѓу 5.000 и 30.000 протестанти. |
1814 | Британските војски го нападнале Вашингтон и ја запалиле Белата куќа и неколку други јавни објекти. |
1821 | Потпишан е Договорот од Кордоба - денешен Веракрус, со кој Мексико се стекнало со независност од Шпанија. |
1891 | Томас Едисон ја патентирал камерата за подвижни слики. |
1899 | Група загрепски научници откриле коски, заби и орудиja на пралуѓето на подрачјето на Крапина, наодите биле значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата. |
1912 | Алјаска е официјално прогласена за американска територија. |
1939 | Потпишан е договорот Молотов-Рибентроп за ненапаѓање помеѓу СССР и Нацистичка Германија. |
1960 | Во Восток на Антарктикот е измерена рекордно најниската температура: −88 °C . |
2006 | Дефиниран поимот „планета“ од страна на МАС во Прага, Чешка, според кој Плутон е џуџеста планета, а Сончевиот Систем има 8 планети. |
2016 | Откриена планетата Проксима Кентаур b — најблиската вонсончева планета до нашиот Сончев Систем. |
Родени:
1113 | Џефри Плантагенет — гроф на Анжу. |
1669 | Алесандро Марчело — италијански благородник, поет, филозоф, математичар и композитор. |
1899 | Хорхе Луис Борхес — аргентински писател. |
1922 | Хауард Зин — американски историчар. |
1927 | Хари Марковиц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1990 година. |
1936 | Љубка Рондова — бугарска пејачка. |
1946 | Горан Марковиќ — српски и југословенски режисер. |
1947 | Пауло Коелјо — бразилски писател. |
1948 | Жан Мишел Жар — француски композитор и музичар. |
1954 | Елвис Костело — англиски рок-музичар. |
1964 | Дарјан Петрич — словенечки и југословенски пливач. |
1964 | Сузана Спасовска — македонска фолк пејачка. |
1964 | Лилјана Николовска — југословенска и хрватска пејачка. |
1965 | Реџи Милер — американски кошаркар. |
1968 | Андреас Кисер — бразилски рок-музичар. |
1982 | Жозе Бозингва — португалски фудбалер. |
1977 | Денилсон — бразилски фудбалер. |
1989 | Росио Игарзабал — аргентинска глумица и пејачка. |
1990 | Хуан Питер Ланзани — аргентински глумец. |
Починале:
1838 | Ференц Келчеи — унгарски поет. |
1883 | Анри V — крал на Франција. |
1906 | Константинос Гарефис — андартски капетан. |
1912 | Лазар Дојамов — андартски капетан. |
1990 | Сергеј Довлатов — руски писател. |
2003 | Вилфред Тесиџер — британски истражувач и арабист. |
2014 | Ричард Атенборо — англиски глумец. |
2021 | Чарли Вотс — англиски рок-музичар, член на групата Ролинг стоунс. |