Исламабад
Исламабад (урду: اسلام آباد) — главен град на Пакистан. Има население од 805.000 жители. Градот се наоѓа на западниот дел од Хималаите.
Панорамски поглед кон градот | |||
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Координати |
| ||
Општи податоци | |||
Име |
Исламабад арапски : اسلام آبا англиски: Islamabad | ||
Прво доселување | 1960 | ||
Управа | |||
Градоначалник | Хамид Али Кан | ||
Географија | |||
Површина | 457 m km² | ||
Население | |||
Население | 805 000 жители година: |
Историја
уредиГрадот Исламабад бил посетуван од туристи или трговци многу години наназад. Според некои, овој град е местото каде се појавил првиот човек во Азија. Градот е реон кој има голема историја со постоење на древна цивилизација по долионата на реката Инд. Во градот се употребувале премногу јазици, а некои од нив и ден денеска се зборуваат. Тоа е и резултатот и на различните раси кои постојат на овие простори, посебно во северозападниот дел на градот. Градот на некои места сѐ уште е свидетел на древните крвни напаѓања уште во времето на Александар Македонски.
Утврдено е дека низ историјата овој град бил дел од крстоносните војни кои се случувале во изминатите векови. Градот бил изграден во текот на шеесеттите години на минатиот век за да го замени Карачи како главен град дотогаш. Градот започнал да се гради во 1961 година на околу 14 километри од привремениот главен град. Градот се градел многу плански, со современа архитектура во која се застапени елементи на исламот.
Географија
уредиСамиот град лежи на северозападниот дел од Хималаите, на висина од 450 до 600 метри. Климата во градот, а и самиот реон воопшто е многу топла, исполнета со многу долги лета со помали врнежи од дожд од Јули до Август. Обично, најниската температура е околу -4 °C во Јануарскиот период, а во јунскиот може да достигне и до 45 °C .
Демографија
уредиВо градот се застапени повеќе религии од кои 98% отпаѓаат на муслиманското население, по 1% индуисти, а има и неколку христијани.