1959
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1959 (MCMLIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1959 година од новата ера, 959. од вториот милениум, 59. од XX век и последна од 1950-тите.
Грегоријански календар | 1959 MCMLIX |
Ab urbe condita | 2712 |
Ерменски календар | 1408 ԹՎ ՌՆԸ |
Асирски календар | 6709 |
Бахајски календар | 115–116 |
Балиски календар | 1880–1881 |
Бенгалски календар | 1366 |
Берберски календар | 2909 |
Будистички календар | 2503 |
Бурмански календар | 1321 |
Византиски календар | 7467–7468 |
Кинески календар | 戊戌年 (зем. куче) 4655 или 4595 — до — 己亥年 (зем. свиња) 4656 или 4596 |
Коптски календар | 1675–1676 |
Етиопски календар | 1951–1952 |
Еврејски календар | 5719–5720 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2015–2016 |
- Сачка ера | 1880–1881 |
- Кали-југа | 5059–5060 |
Холоценски календар | 11959 |
Игбоански календар | 959–960 |
Ирански календар | 1337–1338 |
Исламски календар | 1378–1379 |
Јапонски календар | Шова 34 (昭和34年) |
Јавански календар | 1890–1891 |
Џуче-календар | 48 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4292 |
Мингуо-календар | Тајван 48 民國48年 |
Нанакшахи | 491 |
Тајландски сончев календар | 2502 |
Тибетски календар | 阳土狗年 (машка земја-куче) 2085 или 1704 или 932 — до — 阴土猪年 (женска земја-свиња) 2086 или 1705 или 933 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7467 и 7468 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6709 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5719 и 5720 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2712.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1959 година се протега во 4595 и 4596, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4655 и 4656 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2502. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1378 и 1379 исламска година.
Настани
уреди- 1 јануари – Фулгенсио Батиста ја напушта Хавана.
- 3 јануари – Алјаска станува 49-та држава на САД.
- 4 јануари – Кубанските бунтовници на чело со Че Гевара и Камило Сиенфуегос влегуваат во Хавана.
- 7 јануари – САД ја признава новата кубанска влада на чело со Фидел Кастро.
- 8 јануари – Шарл де Гол е инаугуриран за прв претседател на Петтата француска република.
- 1 февруари – На референдум во Швајцарија е отфрлен предлогот за давање право на глас на жените.
- 19 февруари – Британија решава да му даде независност на Кипар.
- 10 март – Во Ласа избувнуваат протести против 10-годишната кинеска окупација на Тибет.
- 31 март – Тенцин Ѓацо, 14-от тибетски далај-лама, пребегнува во Индија.
- 21-23 мај – Во Скопје е одржан Третиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија.
- 16 август – Макариос Трети станува прв претседател на Кипар.
- 21 август - Хаваи станува 50-та држава на САД.
- 1 декември – Дванаесет земји меѓу кои и САД и СССР го потпишуваат Договорот за Антарктикот со кои се забрануваат воени активности на Антарктикот.
Родени
уреди- 4 јануари - Али Ахмети, македонски политичар
- 9 јануари – Ригоберта Менчу, гватемалска активистка, Нобеловец
- 24 јануари – Настасија Кински, германска глумица
- 26 јануари - Александар Станковски, македонски уметник
- 12 март – Милорад Додик, босански политичар
- 16 март – Јенс Столтенберг, премиер на Норвешка
- 22 март – Жан Виденов, премиер на Бугарија
- 27 април – Шина Истон, шкотска пејачка
- 30 април – Стивен Харпер, премиер на Канада
- 11 јули – Ричи Самбора, американски музичар
- 23 октомври – Откачениот Ал Јанковиќ, американски пејач и пародичар
- 26 октомври – Ево Моралес, претседател на Боливија
- 5 ноември – Брајан Адамс, канадски пејач
- 13 ноември - Хари Костов, премиер на Македонија и банкар
Починале
уреди- 3 февруари - Ричи Валенс, американски пејач
- 3 февруари – Бади Холи, американски пејач
- 24 мај – Џон Фостер Далс, американски политичар
- 17 јули - Били Холидеј, американскa пејачка
- 17 јули – Александар Цанков, бугарски премиер
- 25 септември – Соломон Бандаранаике, премиер на Шри Ланка
- 7 октомври - Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда
- 16 октомври – Џорџ Маршал, американски генерал и политичар, Нобеловец
- 28 октомври – Камило Сиенфуегос, кубански револуционер
- 28 декември – Анте Павелиќ, хрватски усташки водач