Радомир Ивановиќ (Смошча, 28 август 1936 - Белград, 20 ноември 2022) — српски и црногорски есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар и истакнат македонист.

Животопис уреди

Ивановиќ е роден во с. Смошча, Црна Гора на 28 август 1936 година. Дипломирал Југословенска литература и јужнословенски јазици на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Доктор по филолошки науки. Професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Член на МАНУ надвор од работниот состав (1991). Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите од областа на книжевната и театарска историја, теоријата и критиката: Милутин Ускоковиќ (1968), Огледи (1969), Книжевното творештво на Косово на српскохрватски јазик (1971), Искушенија на книжевната анализа (1972), Романите на Михаило Лалиќ (1974), Критички методи (1975), Толкувања на современиот југословенски роман (1976), Убавината на пишувањето (1978), Тешкотиии на толкувањето на книжевното дело (1979), Писатели и проблеми (1984). Последниве три децении посебно внимание му посвети на проучувањето на македонската книжевност на 19. и 20. век и на македонски јазик ги објавил делата: Современиот роман (1977), Портрети на македонски писатели (1979), Поетиката на Коста Рацин (1979), Огледи за македонската книжевност (1982), Поетиката на Блаже Конески (1982), Македонски писатели и дела (1984), Книжевни паралели (1986), Поетиката на Ацо Шопов (1986), Поезијата на Блаже Конески (1988), Дијалог со делото (1989), Григор Прличев во светлината на романтизмот (1990). Добитник на наградата: Почесно Рациново признание.

Починал на 20 ноември 2022 година во Белград.[1]

Наводи уреди