Елвис Костело
Деклан Патрик Мекманус, (англ. Declan Patrick MacManus; роден на 25 август 1954) професионално познат како Елвис Костело ― англиски пејач, текстописец, музички продуцент, писател и телевизиски презентер. Неговиот прв албум, My Aim Is True (1977), се смета за еден од најдобрите деби-албуми во историјата на популарната музика. Следните два албума на Костело, This Year's Model (1978) и Armed Forces (1979), снимени со неговата придружна група Attractions, помогнале во дефинирањето на новиот бран како нов музички жанр. Неговиот најголем хит-сингл „Oliver's Army“ (1979) бил продаден во над 400 000 примероци во Британија.
Елвис Костело | |
---|---|
Елвис Костело на настап на Riot Fest во Чикаго во 2012 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Деклан Патрик Мекманус |
Познат(а) и како |
|
Роден(а) | 25 август 1954 Лондон, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1970–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | elviscostello.com |
Костело освоил: две Греми награди, две награди Ајвор Новело, четири награди„Едисон“, една MTV видео музичка награда, награда БАФТА, награда од основачите на ASCAP и награда „Gemini“. Во 2003 година, тој бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Во 2016 година бил примен во Куќата на славните на текстописците. Во 2015 година ги објавил неговите мемоари, Unfaithful Music & Disappearing Ink.
Животопис
уредиДеклан Патрик Мекманус бил роден на 25 август 1954 година, во во Западен Лондон, како единствено дете на работник во продавница за плочи и џез-музичар.[5] Неговите родители биле од околината на Ливерпул и заедно се преселиле во Лондон неколку години претходно.[6]
Костело поголемиот дел од детството го поминал во Твикенхем (во Западен Лондон), а во 1970 година со мајка му се преселил во Ливерпул.[6] Родителите на Костело се развеле кога Костело имал десет години, по што тој останал со неговата мајка.[7][8]
Костело го завршил неговото формално образование во 1972 година и сè уште живеел со неговата мајка.[9] Се вработил како компјутерски оператор во градот Бутл.[10] Според Костело, тоа било рачна работа,[9] а бидејќи имало чести периоди на чекање за главните компјутери да ги завршат своите задачи пред да ги започнат следните, Костело имал време да пишува песни додека бил на работа.[9] Тој работел како компјутерски оператор со полно работно време до издавањето на неговиот прв албум во јули 1977 година.[10][6]
Музичка кариера
уреди1969–1976: Пред започнување на професионалната кариера
уредиКостело на 14-годишна возраст почнал да пишува песни и да учи да свири гитара.[11][10] Тој бесплатно ги изведувал неговите песни во месни фолк-клубови.[9] Таквата практика ја продолжил и кога на 16-годишна возраст се преселил во Ливерпул.[10] До објавувањето на неговиот прв албум во 1977 година, Костело рекол дека веќе напишал стотици песни.[12]
На почетокот на 1972 година, Костело се приклучил на фолк-рок групата Rusty.[6] Групата редовно свирела во мали места како пабови, клубови, училишта и културни центри во и околу Ливерпул.[6]
На почетокот од 1973 година, Костело сватил дека музичката сцена во Ливерпул е премала за неговата амбиција за музичка кариера и затоа побарал да биде преместен како компјутерски оператор од Ливерпул во Лондон.[13][14] Откако се вратил во Лондон, Костело живеел во истиот стан во Твикенхам каде што живеел со неговата мајка неколку години претходно, а дотогаш таму живеел неговиот татко (Рос) со неговата втората сопруга и нивното новороденче.[10] Кога настапувал по лондонските клубови, тој почнал да го користи името Деклан Костело.[10][15]
Во втората половина од 1973 година, Костело основал група и ја нарекол наречен Flip City. Членовите на Flip City, како и Костело биле обожаватели на The Band, The Grateful Dead и Clover.[6] Настапите на Флип Сити се состоеле од мешавина на оригинални песни напишани од Костело и преработки на рок, R&B и кантри песни.
Костело се свршил со негова школска другарка кон крајот на 1973 година.[10] Тој нашол работа како компјутерски оператор во фабрика за козметика во Северозападен Лондон, слична на таа што ја имал во Бутл и со подеднакво ниска плата.[10] На почетокот од 1975 година, Костело бил сопруг и татко и напорно се трудел да го издржува неговото семејство.[6] Приходите од настапите во живо со Флип Сити не биле доволни и најчесто ги покривале само трошоците за групата.[16] [6]
Дури и пред да ја распушти групата Флип Сити кон крајот од 1975 година, Костело пишувал песни што не ги вклучувал во репертоарот на групата.[6] Во февруари 1976 година, Костело почнал сам да резервира настапи во клубовите како соло-изведувач под името Ди-Пи Костело.[17][18]
Во 1976 година, поради недостаток на парични средства, Костело ги преселил неговата сопруга и синот кај негови роднините во близина на аеродромот Хитроу.[10] Во тоа време, тој се запознал со панк-движењето кое било во зародиш, иако не слушал ниту еден од британските панк бендови додека не почнале да објавуваат плочи.[10] [9] Во претходниот период, тој се обидувал да ги имитира текстописците Ренди Њуман и Џон Прајн.[10] Следна песна која ја напишал била „Radio Sweetheart“,[10] која се нашла на Б-страната од неговиот прв сингл.[6]
1976–1979: Прв албум и врв на популарноста
уредиВо средината на август 1976 година, Костело им подарил демо-снимка со песните „Mystery Dance“ и „Radio Sweetheart“ на на Stiff Records, нова независна издавачка куќа која штотуку го издала првиот сингл.[19] [10]
По успешната тест-сесија во средината на септември,[10] [10] Стиф се согласиле да финансираа повеќе сесии за Костело со Clover, американска кантри-рок-група[19][10] како придружна група.[10] Снимањето на албумот My Aim Is True било завршено кон крајот на јануари 1977 година.[19]
Во февруари 1977 година, менаџерите на Костело му дале ново уметничко име, Елвис.[20] Името се однесувало од Елвис Присли, кој во тоа време бил жив и едноставно имало за цел да привлече внимание.[6]
Првиот сингл на Костело, „Less than Zero“, бил објавен на крајот од март 1977 година,[6] а на 22 јули бил објавен и неговиот прв албум, My Aim Is True.[21] На албумот му претходеле три синглови кои не успеале да се најдат на топ-листите. И покрај умерениот комерцијален успех (14 место во Обединетото Кралство), албумот, со оригиналните аранжмани и духовитите стихови, го привлекол вниманието на рок-критичарите. Елвис Костело бил прогласен за „прв поет во панк-рокот“. Костело на албумот бил придружуван од рок-ансамблот Clover (со Хјуи Луис на хармоника), поради што многу песни (особено „Алисон“) имаат кантри и фолк рок-мотиви.
Во децениите кои следуваат, критичарите го навеле албумот за едно од најдобрите дела на Костело и еден од најдобрите деби албуми во музичката историја. Албумот бил реиздаден во 1993 и 2001 година.
Кон средината на јуни 1977 година, Костело одржал аудиции за басист и клавијатурист за придружна група за турнеја за промоција на албумот My Aim Is True.[12] Групата која ја составил наскоро била наречена Attractions и била придружна група на Костело во следните седум години.[22][23]
Песната „Watching The Detectives“ (снимена со Attractions) станала нивен прв голем хит во Британија. Песната била објавена како не-албумски сингл во Обединетото Кралство и како песна на американската верзија на албумот My Aim Is True.[16]
Костело потпишал договор со Columbia Records, која на почетокот од ноември го објавила My Aim Is True во САД.[24] Албумот постепено се искачил на 32-то место на американската Билборд 200 топ-листа, а американските музички критичари го прогласиле за еден од најдобрите албуми на годината.[25] Во средината на декември, Costello and the Attractions се појавиле во Saturday Night Live, каде што го налутиле продуцентот на серијата со неочекувано изведување на тогаш неснимената песна „Radio Radio“ за време на преносот во живо.[26]
Кон крајот на 1977 година, Костело се преселил од Stiff Records во Radar Records, нова издавачка куќа основана од соработник на Џејк Ривиера.[19][6] Ривиера се разделил од Дејв Робинсон и станал единствен менаџер на Костело.[19]
Костело го снимил неговиот втор студиски албум и прв албум со Attractions, This Year's Model, за време на кратки паузи од турнеите, од ноември 1977 до јануари 1978 година.[10] Албумот бил инспириран од бит-групите од 1960-тите како Who, The Kinks и Small Faces, како и Talking Heads,[27][28] но најголемото влијание имаl албумот od Ролинг Стоунс, Aftermath (1966).[29]
This Year's Model бil многу пофален од критичарите во Британија и САД. Анкетата на критичарите на Village Voice Pazz & Jop го изгласаla за најдобар албум во 1978 година.[30] Ролинг Стоун го ставил меѓу најдобрите пет албуми од 1978 година.[31]
Третиот студиски албум, Armed Forces, бил објавен на 5 јануари 1979 година. Повторно бил продуциран од Ник Лоу, но Костело имал поголема контрола во продукцијата за разлика од неговиот претходен албум.[6] Албумот бил инспириран од музиката која Костело и неговата придружна група ја слушале за време на турнејата: од Дејвид Боуви преку Иги Поп до АББА и Крафтверк.[32] Албумот бил поддржан со два сингла: „Oliver's Army“ (кој се искачил на второ место во Британија и е најуспешен сингл на Костело) и "Accidents Will Happen". Неколку недели по објавувањето на албумот тие започнале шестмесечна турнеја: за прв пат во Јапонија и Австралија, како и Велика Британија, Европа, Канада и САД. [6]
Концертната турнеја за промоција на Armed Forces била пропратена со лош публицитет. [6] Costello and the Attractions на некои концерти според публиката свиреле премногу кратко и одбиле да се вратат на бис.[6] По концертот во Колумбус (Охајо) на 15 март, Костело во пијана состојба се расправал со членовите на бендот од Стивен Стилс што кулминирало со расни навреди за Џејмс Браун и Реј Чарлс. Костело се извинил следниот ден и рекол дека тоа што го кажал е „сосема спротивно од моите вистински чувства“.[33] Откако неколку недели подоцна печатот ги објавил навредливите зборови кои вечерта ги рекол Костело, лошиот публицитет бил доволно силен и широко распространет за да стане причина што Костело никогаш не го постигнал комерцијалниот успех на највисоко ниво во САД, кој му бил предвидуван.[6][34][10]
1980-ти
уредиМузиката од албумот од Костело од 1980, Get Happy!!, била претежно заснована на традиционалната американска соул-музика.[35] Стиховите во песните изобилувале со препознатливата игра на зборови на Костело.
Во јануари 1981 година, Костело го издал албумот Trust, а за време на снимањето имало сѐ понагласени несогласувања со Attractions.[6] Овој албум, како и албумот Imperial Bedroom (1982) бил пофален од критичарите.
Во октомври бил објавен Almost Blue, албум со преработки на кантри-песни, меѓу кои имало песни напишани од: Хенк Вилијамс („Why Don't You Love Me (Like You Used to Do?)“), Мерл Хагард („Tonight the Bottle Let Me Down “), Грам Парсонс („How Much I Lied“) и Џорџ Џонс („Brown to Blue“). Албумот добил мешани критики.[36]
Во 1983 година, го издал албумот Punch the Clock, во кој пратечки вокали обезбедило женското вокално дуо Afrodiziak. Од Punch the Clock, произлегол меѓународен хит-синглот „Everyday I Write the Book“, чија популарност била потпомогната од музичкото видео во кое се појавуваат ликови кои личат на принцот Чарлс и принцезата Дијана кои се караат во нивниот дом.
Под псевдонимот The Imposter (на македонски: Измамник), Костело го објавил „Pills and Soap“, во кој се критикувале промените во британското општество предизвикани од тачеризмот, а бил објавен пред општите избори во Обединетото Кралство во 1983 година.[6] [37] [38]
Несогласувањата во групата, а најмногу меѓу Костело и басистот Брус Томас, веќе станале очигледни и Костело, непосредно пред снимањето на Goodbye Cruel World (1984), најавил дека се повлекува од музиката и дека групата ќе се распадне.[6] [38] По објавувањето, албумот добил лоши критики. Повлекувањето на Костело, иако краткотрајно, било придружено со две компилации: Elvis Costello: The Man (објавена во Велика Британија, Европа и Австралија) и The Best of Elvis Costello & The Attractions (објавена во САД).
Во 1985 година, учествувал на добротворниот концерт „Live Aid“ во Англија, каде како соло-изведувач ја испеал „All You Need Is Love“ од Битлси. Во 1985 година Костело се развел од неговата сопруга и следната година се оженил со Кејт О'Риордан, басистка од британскиот бенд Pogues.
Во 1986 година го објавил албумот King of America. Албумот бил радикално стилско отстапување од неговите претходни албуми и содржел аранжмани на акустична гитара со кантри-звук и подиректни стихови.
Договорот со Columbia Records му завршил по издавњето на Blood & Chocolate. Тој потпишал нов договор со Ворнер Брос и на почетокот од 1989 година го издал Spike, на кој се наоѓал и меѓународниот хит „Veronica“,[39] една од неколкуте песни кои Костело ги напишал со Пол Макартни. На доделувањето на MTV видео наградите во 1989 година, „Veronica“ освоила „MTV награда за најдобро машко видео“.
1990-ти
уредиВо 1990-тите, Костело објавувал албуми со музика од различни жанрови. Овој целосно инструментален, и претежно оркестарски, саундтрак (за мини-серијата G.B.H. од Алан Блесдејл) добил БАФТА за најдобра музика за ТВ серија.
Во 1993 година, Костело експериментирал со класична музика со критички пофалената соработка со Brodsky Quartet [40] за албумот The Juliet Letters. Во 1994 година се вратил на рокенролот со албум за кој повторно се составиле The Attractions, Brutal Youth. Потоа ги издал Kojak Variety (1995), албум со преработки снимен пет години претходно; и All This Useless Beauty (1996), албум со песни оригинално напишани за други изведувачи. All This Useless Beauty бил последниот албум со оригинален материјал кој Костело го издал според договорот со Warner Bros, а исто така и негов последен албум со Attractions.
Во 1998 година, Костело потпишал договор со Polygram Records, издавачка куќа која таа година станала дел од Universal Music Group. Неговото прво ново издание со оваа издавачка куќа бил албумот во соработка со Бурт Бачарах, Painted From Memory. Албумот бил пофален од критичарите.[41] Песните во голема мера биле инспирирани од раскинувањето на неговата врска со Кејт О'Риордан. Вториот сингл од овој албум, „I Still Have That Other Girl“, на Бачарах и Костело им донел Греми награда во 1998 година во категоријата „Најдобра поп-соработка со вокал“.
Истата година, тој соработувал со Педи Молони од The Chieftains на „The Long Journey Home“, саундтрак од мини-серијата The Irish in America: Long Journey Home кој во 1999 година освоил Греми награда.[42]
2000-денес
уредиКостело продолжил музички и лирски да се развива и останал еден од најпочитуваните рок-текстописци и во 21 век. Тој и О'Риордан се развеле во 2002 година, а следната година се оженил со џез музичарката Дијана Крал откако присуствувал на нејзиниот концерт и потоа ја запознал зад сцената во Сиднејската опера во Австралија. Подоцнежниот неговиот опус ги вклучува и албумите: When I Was Cruel (2002); Il Sogno (2004), балет базиран на Шекспировото дело Сон на летната ноќ; Momofuku (2008); National Ransom (2010); Wise Up Ghost, and Other Songs (2013), во соработка со групата Roots; Look Now (2018), кој освоил „Греми за најдобар традиционален поп вокален албум“; и Hey Clockface (2020). Во 2021 година го објавил албумот Spanish Model, верзија на шпански јазик од албумот This Year’s Model.
Во март 2003 година, Елвис Костело и the Attractions биле примени во Куќата на славните на рокенролот.[43]
Песната „Scarlet Tide“ (која ја напишале Костело и Т-Боун Барнет и која била користена во филмот „Студена планина“) била номинирана за Оскар во 2004 година.
Во 2015 година, Костело ги објавил неговите мемоари, „Неверна музика и исчезнување на мастилото“.[44] Во оваа книга, Костело раскажува за неговиот живот во музиката и ставил паралели помеѓу неговите лични искуства и искуствата на неговиот татко и дедо, кои исто така биле музичари.[45] Книгата стигнала до 7-мо место на списокот на најпродавани книги од New York Times.[46] Таа била во потесен избор за наградата за музичка книга „Пендерин“, британска награда за извонредност во пишувањето за музиката.[47] Аудио книгата, во која наратор бил Костело, била номинирана за награда „Греми“.[48]
Костело, за неговиот придонес во музиката, на роденденските почести во 2019 година бил прогласен за офицер од Редот на Британската империја.[49]
Дискографија
уредиАлбуми како соло-изведувач и со неговата придружна група
уреди- My Aim Is True (1977)
- This Year's Model (1978)
- Armed Forces (1979)
- Get Happy!! (1980)
- Trust (1981)
- Almost Blue (1981)
- Imperial Bedroom (1982)
- Punch the Clock (1983)
- Goodbye Cruel World (1984)
- King of America (1986)
- Blood & Chocolate (1986)
- Spike (1989)
- Mighty Like a Rose (1991)
- Brutal Youth (1994)
- Kojak Variety (1995)
- All This Useless Beauty (1996)
- When I Was Cruel (2002)
- North (2003)
- The Delivery Man (2004)
- Momofuku (2008)
- Secret, Profane & Sugarcane (2009)
- National Ransom (2010)
- Look Now (2018)
- Hey Clockface (2020)
- The Boy Named If (2022)
Албуми во соработка со други музичари
уреди- The Juliet Letters, со Brodsky Quartet (1993)
- Painted from Memory, со Барт Бакарак (1998)
- For the Stars, со Ане Софи фон Отер (2001)
- Piano Jazz, со Маријан Мекпартланд (2005)
- My Flame Burns Blue, со Metropole Orkest (2006)
- The River in Reverse, со Ален Тусант (2006)
- Wise Up Ghost, со the Roots (2013)
- Lost on the River, како член на The New Basement Tapes (2014)
- The Resurrection of Rust, со Алан Мајес (2022)
Наводи
уреди- ↑ Upchurch, Michael (17 April 2014). „Diana Krall takes fresh twist on forgotten tunes | Concert review“. The Seattle Times. Архивирано од изворникот 10 May 2020. Посетено на 10 May 2020.
- ↑ Michael Uslan; Bruce Solomon (November 1981). Dick Clark's First 25 Years of Rock and Roll. Dell Books. стр. 433. ISBN 978-0-440-51763-4. Архивирано од изворникот 21 July 2020. Посетено на 28 May 2017.
- ↑ Barsky, Alice (11 September 2015). „Elvis Costello to Release Soundtrack Album to His Upcoming Memoir“. Paste. Архивирано од изворникот 22 December 2015. Посетено на 19 December 2015.
- ↑ Carr, Roy. "Pub Rock" Архивирано на 9 април 2010 г.. NME. 29 October 1977.
- ↑ Chalmers, Robert (October 2009). „Men of the year, 2009; Elvis Costello, outstanding acheivement“. British GQ. Посетено на 28 June 2018.
- ↑ 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 6,20 Thomson 2004.
- ↑ Chalmers, Robert (October 2009). „Men of the year, 2009; Elvis Costello, outstanding acheivement“. British GQ. Посетено на 28 June 2018.
- ↑ Costello 2015, стр. 537.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 . New York. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) Грешка во наводот: Неважечка ознака<ref>
; називот „Marcus1982“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 Costello 2015.
- ↑ . United Kingdom. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ 12,0 12,1 Jones, Allan (25 June 1977). „The Elvis (Costello, that is) interview“. Melody Maker.
- ↑ Irwin, Colin (July 1989). „Floor singer's revenge“. Folk Roots. том 73.
- ↑ Costello 2015, стр. 142.
- ↑ . London. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ 16,0 16,1 St. Michael 1986.
- ↑ Gimarc 1994, стр. 24.
- ↑ Norris, Chris (December 2008). „[Elvis Costello] The Spin Interview“. Spin.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 Balls 2014.
- ↑ „Island gets Stiff in deal allowing dual sales plan“. Billboard. 26 February 1977.
- ↑ Thomson 2004, стр. 95.
- ↑ Предлошка:Cite AV media notes
- ↑ Thomson 2004, стр. 206, 208.
- ↑ „RIAA Gold and Platinum [database search on Elvis Costello, show details]“. Recording Industry Association of America. Посетено на 14 June 2018.
- ↑ Christgau, Robert (23 January 1978). „The 1977 Pazz & Jop Critics Poll“. The Village Voice. Посетено на 4 August 2018.
- ↑ Saturday Night Live: The First Twenty Years. Houghton Mifflin Harcourt. 1994. стр. 124–127. ISBN 0-395-70895-8.
- ↑ Flanagan, Bill (March 1986). „The Last Elvis Costello Interview You'll Ever Need to Read“. Musician.
- ↑ Costello 2015, стр. 316, 317.
- ↑ Elvis Costello BBC Radio One documentary.
- ↑ Christgau, Robert (22 January 1979). „The 1978 Pazz & Jop Critics Poll“. The Village Voice. Посетено на 28 May 2018.
- ↑ „1978 Critics Awards“. Rolling Stone. том 281, 282. 11 January 1978.
- ↑ Предлошка:Cite AV media notes
- ↑ Предлошка:Cite AV media notes
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Anderson, Rick. „'King Horse' – Elvis Costello & the Attractions“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 14 June 2022. Посетено на 19 June 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Hinton 1999.
- ↑ 38,0 38,1 Clayton-Lea 1999.
- ↑ [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] "Veronica" – Elvis Costello – Chart History] Billboard.com; Retrieved 14 August 2023
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ McEvoy, Colin (9 February 2023). „What It Was Like to Work with Burt Bacharach, in the Words of his Collaborators“. Biography. Посетено на 11 February 2023.
- ↑ „1999 Grammy Awards“. Billboard. 6 March 1999.
- ↑ „Elvis Costello and the Attractions“. Rock and Roll Hall of Fame. Посетено на 24 July 2023.
- ↑ Vaziri, Aidin (19 October 2015). „Elvis Costello is everywhere in new memoir“. San Francisco Chronicle. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ Bonomo, Joe (11 October 2014). „Pop Music, Not Confession“. Los Angeles Review of Books. Посетено на 28 June 2018.
- ↑ „Hardcover nonfiction“. The New York Times. 8 November 2018. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ Onwuemezi, Natasha (16 March 2016). „Costello and Smith shortlisted for Penderyn Music Prize“. The Bookseller. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „Elvis Costello“. Grammy Awards. Посетено на 12 June 2018.
- ↑ „No. 62666“. The London Gazette (Supplement). 8 June 2019. стр. B11.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Елвис Костело на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Елвис Костело — AllMusic (англиски)