Формула 1
Формула 1, скратено Ф1, е највисоката класа на автотрки според Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) — врховниот светски орган за автоспорт. Името „формула“ доаѓа од низата одредби и правила кои сите учесници и возила мора да ги задоволат за да учествуваат во натпреварувањето. Првенството на Ф1 се состои од низа трки познати како Голема награда кои се одржуваат во текот на секоја година, обично од март до ноември, на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици. Резултатите од сите трки се комбинираат за да се добие вкупниот победник на првенството за возачи и за конструктори.
![]() | |
Категорија | болиди |
---|---|
Земја | меѓународно |
Прва сезона | 1950[1] |
Возачи | 22 |
Екипи | 11 |
Конструктори | 11 |
Изработувачи на моторите | Косворт · Ферари · Мерцедес · Рено |
Добавувачи на гуми | Пирели |
Првопласиран возач | ![]() (Ред Бул Рејсинг) |
Првопласиран конструктор | ![]() |
Портал | formula1.com |
![]() |
Возилата се тркаат со големи брзини на мошне сложени виулести патеки. Постигнуваат брзини над 350 км/ч. Дизајнот на возилата постојано се менува и напредува во поглед на електрониката, аеродинамиката, амортизацијата и пневматиците.
Иако Ф1-трките и најголемиот дел од конструкторите потекнуваат од Европа, Големи награди се одржуваат низ целиот свет. Некои од трките во Европа и Америка се заменети со Бахреин, Кина, Сингапур, Обидинети Арапски Емирати и Јапонија, а од 2021 г. и Саудиска Арабија.
Ф1-трките се голем телевизиски настан следен од милиони луѓе во двесте земји.
Натпреварувањето е регулирано од ФИА, а комерцијалните права за Ф1 се пренесени на Групата Формула Еден.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Уредбите за формулата се направени во 1946 г. Првата трка се одржала во 1947 г, а првата сезона (светско првенство) била во 1950 г.
Надворешни врскиУреди
- Формула 1 - официјална страница (англиски)
- Регулатива на ФИА за Формула 1 (англиски)
- Голема награда - вести за Ф1 и енциклопедија (англиски)