Ахмед І (османски турски: احمد اول; турски: I. Ahmed; роден на 18 април 1590 година - починал на 22 ноември 1617 година) — четиринаесеттиот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1603 до 1617 година. Владеењето на Ахмед е значајно поради тоа што тој ставил крај на отоманската традиција на братоубиство, и османлиските владетели повеќе не ги убивале своите браќа по пристапувањето во престолот. Тој е добро познат по неговата изградба на Сината џамија, една од најпознатите џамии во Турција.

Ахмед I
احمد اول
Султан на Отоманското Царство
Кајсери-Рум
Чувар на Двете Свети Џамии
Отомански калиф
Падишах
14-ти Отомански султан (Падишах)
На престол22 декември 1603 – 22 ноември 1617
Крунисување23 декември 1603
ПретходникМехмед III
НаследникМустафа I
Роден(а)18 април 1590(1590-04-18)
Маниса Сарај, Маниса, Отоманско Царство
Починал(а)22 ноември 1617(1617-11-22) (возр. 27)
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
Сина џамија, Истанбул
ConsortsМахфирузе Хатиџе султан
Косем султан
ДецаПогледни подолу
Полно име
Шах Ахмед бин Мехмед Хан[1]
ДинастијаОсманлиска династија
ТаткоМехмед III
МајкаХандан султан
Вероисповедислам
ТуграАхмед I احمد اول's signature

Први години

уреди

Ахмед најверојатно е роден во април 1590 година[2][3] во Маниса кога неговиот татко Мехмед сè уште бил принц и гувернер на санџакот Маниса. Мајка му била Хандан султан. По смртта на неговиот дедо Мурат III во 1595 година, неговиот татко дошол во Цариград и го искачил на престолот како султан Мехмед III. Мехмед наредил погубување на деветнаесет свои браќа и полубраќа. Постариот брат на Ахмед, Шехзаде Махмуд бил погубен од неговиот татко Мехмед на 7 јуни 1603 година, непосредно пред смртта на Мехмед, на 22 декември 1603 година. Махмуд бил погребан заедно со својата мајка во посебен мавзолеј, изграден од Ахмед во џамијата Шехзаде, Цариград.

Владеење

уреди

Ахмед на султанскиот престол застанал кога имал само 14 години, по смртта на татко му во 1603 година, кога неговата баба Сафије султан била сè уште жива. Далеку од дворецот живеел неговиот „изгубен“ чичко Јахја, кој се навредил на неговиот пристап кон престолот и го поминал својот живот смислувајќи како да стане султан. Ахмед го прекинал традиционалното братоубиство и не наредил погубување на неговиот брат Мустафа. Наместо тоа, Мустафа бил испратен да живее во Ески-сарај на Бајазид заедно со неговата баба Сафије. Ова најверојатно се должи на младоста на Ахмед - тој сè уште не ја покажал својата способност да убива деца, а Мустафа тогаш бил единствениот друг кандидат за османлискиот престол. Погубувањето на неговиот брат би ја загрозилo династијата и можеби поради тоа бил поштеден[4].

Договор од Житваторок

уреди

Во ноември 1604 на Ахмед му се родиле двајца синови Осман и Мехмед. Во Анадолија продолжиле побуните на спахиите. Во периодот од 1604 до 1606 година се воделе преговори за мир со Австријците. Завршиле со потпишување на договор од Житваторок на 11 ноември 1606 година. Со овој мир бил укинат годишниот данок од 30.000 златници, австрискиот цар и османлискиот султан станале рамноправни, Османлиите ја признале царската титула на Хабсбурговците, се престанало со упаѓањата и ограбувањата, селата кои претходно ја признавале османската власт и плаќале даноци и натаму ја признавале. Освен тоа, Унгарија останала слободна но морала да им плаќа данок на Османлиите. Мировниот договор претставувал почеток на опаѓање на силата на Османлиското Царство.

Отоманско-персиска војна (1604–1606)

уреди

Отоманско-персиската војна започнала непосредно пред смртта на таткото на Ахмед, Мехмед III. По искачувањето на престолот, Ахмед I го назначи Џигалазаде Јусуф Синан-паша за командант на источната армија. Армијата заминала од Цариград на 15 јуни 1604 година, што било предоцна, и до моментот кога пристигнала на источниот фронт на 8 ноември 1604 година, сафавидската војска веќе го имала освоено Ереван, кој бил под опсада шест месеци и влегла во Карскиот вилает освојувајќи ги Шамахи, Ширван, Акџекала и Карс. И покрај тоа што условите биле поволни, Синан-паша решил да ја помине зимата во Ван, но потоа се упатил кон Ерзурум за да го запре нападот на Персија.

Во тоа време починал големиот везир Јавуз Али-паша, а на негово место бил поставен Лала Мехмед-паша. Во Каиро бил убиен Мактул Хаџи Ибрахим-паша поради побуна а на негово место бил поставен Хадим Мехмед-паша.

Отоманско-хабсбуршка војна (1604–1606)

уреди

Долгата турска војна меѓу Османлиите и Хабсбуршката Монархија траела повеќе од една деценија во времето кога Ахмед се искачил на престолот. Големиот везир Малкоч Јавуз Али-паша марширал кон западниот фронт од Цариград на 3 јуни 1604 година и пристигнал во Белград, но таму починал, па Соколузаде Лала Мехмед-паша бил назначен за Голем везир и командант на западната војска. Под негово водство, западната војска ги поврати Пешта и Вац, но не успеал да го заземе Естергом, бидејќи опсадата била подигната поради неповолното време и приговорите на војниците. Во меѓувреме, принцот од Трансилванија, Стефан Бочкај, кој се борел за независност на регионот и порано ги поддржувал Хабсбурговците, испратил гласник во Цариград, барајќи помош. По ветувањето за помош, неговите сили се приклучиле и на османлиските сили во Белград. Со оваа помош, османлиската војска го опколила Естергом и го освоила на 4 ноември 1605 година. Боскај, со османлиска помош, го освоил Нове Замки а силите под Тиријаки Хасан-паша ги освоиле Веспрем и Варпалота. Сархош Ибрахим-паша, Бејлербеј од Велика Канижа, го нападнал австрискиот регион Истра[5]

 
Отоманска минијатура на Ахмед I

Меѓутоа, поради бунтовите Џелали во Анадолија поопасни и можност од пораз на источниот фронт, Мехмед-паша бил повикан во Цариград, но починал додека се подготвувач да замине на исток. Кујуџу Мурат-паша преговарал за мир во Житваторок.

Џелали револти

уреди

Огорченоста од војната со Хабсбуршката Монархија и тешкото оданочување, заедно со слабоста на османлиската воена реакција, довеле да немирите во Анадолија го достигнат својот зенит. Тавил Ахмед започнал револт веднаш по крунисувањето на Ахмед и ги победил Насух-паша и бејлербегот на Анадолија, Кеџдехан Али-паша. Во 1605 година, на Тавил Ахмед му била понудена позицијата на Бејлербеј на Шахризор за да го прекине неговото востание, но набргу потоа продолжил кон нови походи, освојувајќи го Харпут. Неговиот син, Мехмед, го добил владеењето на Багдад и ги победил силите на Насух-паша испратени да го поразат[5].

Во меѓувреме, Еден од бунтовниците, Џанбулотоглу Али-паша ги обединил своите сили со Маноглу Фахредин за да го порази емирот на Триполи Сејфоглу Јусуф. Тој продолжил да ја презема контролата над областа Адана, формирајќи армија и барал да му се признае право да кова монети како и молитва во негово име и склучил сојуз со тосканскиот голем војвода Фердинанд. Неговите сили ја насочиле војската кон новоназначениот бејлербеј на Алеп, Хусеин-паша. Големиот везир Дервиш Мехмед-паша бил погубен за слабоста што ја покажал против востаниците. Тој бил заменет со Кујуџу Мурат-паша, кој со своите сили се упатил кон Сирија каде со голема тешкотија, иако со одлучувачки резултат, на 24 октомври 1607 година успеал во тоа. Во меѓувреме, тој се преправал дека им простува на бунтовниците во Анадолија и го назначи бунтовникот Календероглу, кој бил активен во Маниса и Бурса, како санџакбеј на Анкара. Џанбулатоглу Али-паша побегнал во Цариград и побарал прошка од Ахмед, кој го назначил во Тимишвар и подоцна во Белград, но потоа го егзекутирал заради неговата лоша состојба таму. Во меѓувреме, Календероглу не бил задоволен од Анкара и повторно се побунил. Тој ги проширил границите на Ајдинско-саруханскиот санџак до границите на Хамид и Караманија. Добил засилување од 1000 луѓе кои му ги довел Агачген Пири од Анатлија. Тој со својата војска стигнал во Измир и испратил пратеници во Цариград со барање за примирје. Календроглу се проширил кон југ. Голмиот везир Мурат трганал со војска кон Анкара. Дошло до битка во која победиле силите на Мурат. Приврзаниците на Календроглу по ова започнале да се повлекуваат, а Календероглу завршил во бегство во Персија. Мурат-паша потоа ги потиснал некои помали револти во Централна Анадолија и ги поразил другите водачи на Џелали со тоа што ги повикал да влезат во неговата војска[5].

Поради широко распространето насилство од бунтовниците во Џелали, голем број луѓе ги напуштиле своите села и биле уништени многу села, поради кое значително бил намален данокот на доход и на 30 септември 1609 година, Ахмед I издал писмо со кое се гарантирало правата на селаните. Потоа работел на населување на напуштените села[5]. Големиот везир тргнал со војската кон Токат каде што добил писмо во кое пишувало:„Таму каде што ова благородно писмо ќе пристигне таму ќе презимиш“. Мустафа-паша и Хаџи Ахмет го известиле големиот везир дека во Азија нема повеќе бунтовници, меѓутоа се влошила состојбата на персиската граница. Големиот везир им одговорил „заповед на мојот падишах е да презимам во Ерзурум и потоа да тргнам против шахот“. Во меѓувреме дошло до повторно влошување на односите со Австријците. Турците сакале да постават свој кнез во Ердељ, а Австријците ги барале назад Гран, Каниз и Ерлау. Бил потпишан мир со кој Австријците им исплатиле на Турците сума од 200.000 гулдени. Потоа дошло до нов договор во врска со некои села во близина на Гран.

1608-1617

уреди

Во 1608 година бил склучен и мировен договор со Полска сличен на договорот од Житваторок, со кој Османлиите се обврзувале да ги спречат Татарите да ја вознемируваат Полска, а Полјаците се обврзале да ги спречат Козаците да ја вознемируваат Молдавија. Во 1610 година дошло до бунт во Египет. Намесникот на Египет Мехмед успеал да воведе ред и дисциплина. Во пролетта 1610 година везирот Мурат тргнал со војска против Персија. Успеал да го освои Тебриз. Персискиот шах побарал преговори за мир. Биле испратени 40.000 златници за прехрана на војската. Во 1612 година дошло до нови преговори за мир со Персија. На 20 ноември 1612 година бил потпишан Договорот на Насух ​​Паша. Според договорот, Османлиското Царство се согласило да ги врати сите територии кои ги добиле со договорот од Цариград во 1590, граничната линија станала линијата според договорот од Амасија од 1555 година а за возврат Персија се согласила да плаќа годишен данок 59.000 килограми свила[6].

Во 1614 година повторно доошло до заострување на односите со Персија. Мирот завршил во 1615 година кога шахот не ја испорачил свилата. Окуз Мехмед-паша бил назначен да организира напад врз Персија. Мехмед-паша го одложил нападот до следната година, сè додека Сафавидите не ги направиле своите подготовки и ја нападналеа Гања. Во април 1616 година, Мехмед со голема војска го напуштил Алеп и се упатил кон Ереван заедно со бејлербегот на Дијабеќир Дилавер-паша и бејлербегот на Ван Телели Мехмед-паша. Ереван бил опседнат четириесет и четири дена, а Персијците побарале преговори за мир. Мехмеед не успеал да го заземе градот и се повлекол во Ерзурум. Тој бил отстранет од функцијата и бил заменет со Дамат Халил-паша. Халил-паша заминал во Дијабеќир, додека кримскиот хан ги нападнал областите Гања, Нахчиван.

Трговија

уреди

Ахмед I ги обновил трговските договори со Англија, Франција и Венеција. Во јули 1612 година, бил потпишан првиот трговски договор со Холандската Република. Тој ги проширил капитулациите дадени на Франција, прецизирајќи дека трговците од Шпанија, Рагуза, Џенва, Анкона и Фиренца би можеле да тргуваат под француското знаме[5].

Архитект и ислам

уреди
 
Султан Ахмедова џамија

Султанот Ахмед ја конструирал џамијата Султан Ахмед, веднаш до Аја Софија. Кога бројот на минариња бил обелоденет, султанот бил критикуван дека е многу самоуверен и дрзок, бидејќи во тоа време, ист број на минариња во тоа време имала само џамијата Масџид ал-Харам во Мека. Овој проблем бил надминат кога во џамијата во Мека било изградено уште едно, седмо минаре

Ахмед бил вклучен во сеопфатното реновирање на Ќаба, која штотуку била оштетена од поплавување. Тој испратил занаетчии од Цариград. Повторно за време на ерата на султанот Ахмед, била поставена железна мрежа во внатрешноста на бунарот Земзем во Мека. Поставувањето на оваа мрежа на околу три метри под нивото на водата било одговор на оние кои скокале во бунарот, замислувајќи ветување за херојска смрт.

Во Медина, градот на пророкот Мухамед, нов проповеднички подиум бил направен од бел мермер и испратен од Истанбул во џамијата на пророкот, заменувајќи го стариот. Исто така е познато дека султанот Ахмед подигнал уште две џамии во Усќудар од азиската страна на Истанбул; сепак, ниту еден од нив не преживеала.

Карактер

уреди

Владеењето на Ахмед било обележено со пораст на корупцијата и самоволието на локалните владетели. Ахмед на крајот се повлекол од јавниот живот, а големо влијание врз него имала неговата сакана сопруга Косем султан. Ахмед бил познат по своите вештини во мечување, пишување поезија, јавање коњи и познавање на неколку јазици. Во текот на својот живот се оженил двапати, со Махфирузе Хатиџе султан која станала мајка на идниот Осман II и со Косем султан која станала мајка на Мурат IV и Ибрахим I.

Ахмед бил поет кој напишал голем број политички и лирски дела под името Бахти. Но, додека ја поддржувал поезијата, тој покажал аверзија кон уметноста и продолжил со занемарувањето од татко му на минијатурното сликарство. Според тоа, Ахмед бил покровител на учениците, калиграфиите и побожните луѓе. Тој, исто така се обидел да спроведе усогласеност со исламските закони и традиции, обновувајќи ги старите прописи со кои се забранува алкохол и се обидел да го принуди присуството на петочните молитви и на правилен начин да плати милостина на сиромашните.

Тој бил одговорен за уништувањето на музичкиот часовник што Елизабета го испратила за време на владеењето на неговиот татко. Причината за ова може да биде религиозниот приговор на Ахмед за фигуративната уметност.

Смрт

уреди

Ахмед I починал од тифус и желудно крварење на 22 ноември 1617 година во палатата Топкапи, Истанбул. Тој бил погребан во Мавзолејот Ахмед I, во џамијата Султан Ахмед. Него го наследил неговиот помлад брат Мустафа. Подоцна тројцата синови на Ахмед се искачиле на престолот: Осман (р. 1618–22), Мурат (р. 1623–40) и Ибрахим (р. 1640– 48).

Семејство

уреди
Сопруги
Синови
  • Султан Осман II (3 ноември 1604, Цариград, Топкапи-сарај– убиен од јаничарите и од Кара Давуд-паша, 20 мај 1622 година, погребан во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Махфирузе Хатиџе султан,[7][8] Sultan of the Ottoman Empire;
  • Шехзаде Мехмед (1605, Цариград, Топкапи-сарај – убиен од Осман II, 12 јануари 1621, погребан во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед) со Косем;[9]
  • Султан Мурат IV (27 јули 1612, Цариград, Топкапи-сарај – 8 февруари 1640, Цариград, Топкапи-сарај, погребан во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Косем;[7][10][11][12] султан на Отоманското Царство;
  • Шехзаде Бајазит (ноември 1612 – убиен од Мурат IV, 27 јули 1635, Цариград, Топкапи-сарај, погребан во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Махфирузе Хатиџе султан;[7][8]
  • Шехзаде Сулејман (1613, Истанбул – убиен од Мурат IV, 27 јули 1635, Цариград, Топкапи-сарај, погребан во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Косем;[7][8][11]
  • Шехзаде Селим (1613, Истанбул – убиен од Мурат IV, 27 јули 1635, Цариград, Топкапи-сарај, погребан во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Косем;[13]
  • *Шехзаде Хусеин (ноември 1614, Истанбул – по 1622, Истанбул, погребан во мавзолејот на Мехмед III Аја Софија); со Махфирузе Хатиџе султан;[7][8]
  • Шехзаде Ќазим (1614, Истанбул – убиен од Мурат IV, 17 февруари 1638, Цариград, Топкапи-сарај, погребан во Мавзолејот на Мурат III, Аја Софија), со Косем;[7][10][11][12]
  • Султан Ибрахим I (5 ноември 1615, Цариград – убиен од јаничарите, 18 август 1648, Истанбул, погребан во мавзолејот на Ибрахим I во Аја Софија), со Косем,[7][10][11][12] Султан на Отоманското Царство.
Ќерки
  • Гевхерхан султан (околу 1608 - 1660, погребана во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Косем ,[14][15]
  • Ајше султан (1605/08 – 1657, Цариград, погребана во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Косем ,[14]
  • Фатма султан (околу 1606 – 1670, Цариград, погребана во Мавзолејот Ахмед I, џамијата Султан Ахмед), со Косем ;[11][16]
  • Ханзаде султан (1607 – 23 септември 1650, Цариград, погребана во Мавзолејот на Ибрахим I, Аја Софија), со Косем;[16]
  • Атике султан (1613 – 1674, Цариград, погребана во Мавзолејот на Ибрахим I, Аја Софија);[17][18]

Наводи

уреди
  1. Garo Kürkman, (1996), Ottoman Silver Marks, p. 31
  2. Börekçi, Günhan. İnkırâzın Eşiğinde Bir Hanedan: III. Mehmed, I. Ahmed, I. Mustafa ve 17. Yüzyıl Osmanlı Siyasî Krizi - A Dynasty at the Threshold of Extinction: Mehmed III, Ahmed I, Mustafa I and the 17th-Century Ottoman Political Crisis. стр. 81 n. 75.
  3. Börekçi, Günhan (2010). Factions And Favorites At The Courts Of Sultan Ahmed I (r. 1603-17) And His Immediate Predexessors. стр. 85 n. 17.
  4. Peirce, Leslie (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 99. ISBN 0-19-508677-5.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име islamans.
  6. Shah Abbas however, committed himself to sent 59000 kilograms raw silk annually to the Ottoman King ... lifesciencesite.com
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Şefika Şule Erçetin (November 28, 2016). Women Leaders in Chaotic Environments:Examinations of Leadership Using Complexity Theory. Springer. стр. 77. ISBN 978-3-319-44758-2.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Mustafa Çağatay Uluçay (2011). Padışahların Kadınları ve Kızları. Ötüken, Ankara. стр. 78. ISBN 978-9-754-37840-5.
  9. Tezcan, Baki (2007). „The Debut of Kösem Sultan's Political Career“. Turcica. Éditions Klincksieck. 39–40: 350–351.
  10. 10,0 10,1 10,2 Mustafa Naima (1832). Annals of the Turkish Empire: From 1591 to 1659 ..., Volume 1. Oriental Translation Fund, & sold by J. Murray. стр. 452–3.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Singh, Nagendra Kr (2000). International encyclopaedia of Islamic dynasties (reproduction of the article by M. Cavid Baysun "Kösem Walide or Kösem Sultan" in The Encyclopaedia of Islam vol V). Anmol Publications PVT. стр. 423–424. ISBN 81-261-0403-1. Through her beauty and intelligence, Kösem Walide was especially attractive to Ahmed I, and drew ahead of more senior wives in the palace. She bore the sultan four sons – Murad, Süleyman, Ibrahim and Kasim – and three daughters – 'Ayşe, Fatma and Djawharkhan. These daughters she subsequently used to consolidate her political influence by strategic marriages to different viziers.
  12. 12,0 12,1 12,2 Peirce, Leslie P. (1993), The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire, Oxford University Press, стр. 232, ISBN 0195086775
  13. Gülru Neci̇poğlu, Julia Bailey (2008). Frontiers of Islamic Art and Architecture: Essays in Celebration of Oleg Grabar's Eightieth Birthday ; the Aga Khan Program for Islamic Architecture Thirtieth Anniversary Special Volume. BRILL. p. 324. ISBN 978-9-004-17327-9.
  14. 14,0 14,1 Singh, Nagendra Kr (2000). International encyclopaedia of Islamic dynasties (reproduction of the article by M. Cavid Baysun "Kösem Walide or Kösem Sultan" in The Encyclopaedia of Islam vol V). Anmol Publications PVT. pp. 423–424. ISBN 81-261-0403-1. "Through her beauty and intelligence, Kösem Walide was especially attractive to Ahmed I, and drew ahead of more senior wives in the palace. She bore the sultan four sons – Murad, Süleyman, Ibrahim and Kasim – and three daughters – 'Ayşe, Fatma and Djawharkhan. These daughters she subsequently used to consolidate her political influence by strategic marriages to different viziers."
  15. Peirce, Leslie P. (1993), The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire, Oxford University Press, p. 365, ISBN 0195086775
  16. 16,0 16,1 Peirce, Leslie P. (1993), The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire, Oxford University Press, стр. 365, ISBN 0195086775
  17. Uluçay 2011, стр. 52.
  18. Sakaoğlu, Necdet (2008). Bu mülkün kadın sultanları: Vâlide sultanlar, hâtunlar, hasekiler, kadınefendiler, sultanefendiler. Oğlak Yayıncılık. стр. 235.

Надворешни врски

уреди
Ахмед I
Роден(а): 18 април 1590 Починал(а): 22 ноември 1617[27 години]
Владејачки титули
Претходник
Мехмед III
Султан на Отоманското Царство
22 декември 1603 – 22 ноември 1617
Наследник
Мустафа I
Духовни титули
Претходник
Мехмед III
Калиф на Отоманскиот Калифат
22 декември 1603 – 22 ноември 1617
Наследник
Мустафа I