<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024

21 август — 233-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (234-и во престапна година). Остануваат 132 денови до крајот на годината.

Знаме на Обединетите Нации
Лав Троцки, руски комунистички водач и марксистички теоретичар

Настани:

1897  Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
1911  Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
1944  Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати.
1968  Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги зазеле сите значајни пунктови во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија за осамостојување на ЧСР со Александар Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји.
1983  Филипинскиот опозиционен водач Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
1990  На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за првпат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
2000  Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 км. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.
2006  Во Нов Зеланд крунисан маорскиот крал Тухеитиа Паки.

Родени:

1165  Филип II Август — фрацуски крал.
1725  Жан Батист Грез — фрацуски класицистички сликар.
1780  Јернеј Копитар — словенечки преродбеник.
1789  Огистен-Луј Коши — фрацуски математичар.
1904  Каунт Бејзи — американски џез-музичар.
1936  Вилт Чемберлен — американски кошаркар.
1938  Кени Роџерс — американски кантри-музичар и глумец.
1943  Стеван Ацевски - Стевче — македонски филмски работник.
1944  Питер Вир — австралиски филмски режисер.
1952  Џо Страмер — англиски музичар.
1956  Ким Катрал — британска глумица.
1961  Небојша Зоркиќ — српски и југословенски кошаркар.
1967  Серж Танкијан — ерменско-американски музичар.
1973  Сергеј Брин — основач на Google.
1985  Николас Алмагро — шпански тенисер.
1986  Јусејн Болт — јамајски атлетичар.
1988  Роберт Левандовски — полски фудбалер.
1992  Боби Мојсоски — македонски пејач.

Починале:

1940  Лав Троцкируски комунистички водач и марксистички теоретичар.
1964  Палмиро Тољати — италијански политичар, претседател на Комунистичката партија на Италија.
1978  Чарлс Имс — американски дизајнер и архитект.
1979  Џузепе Меаца — италијански фудбалер.
1988  Реј Имс — американска дизајнерка и архитектка.
1995  Нани Лој — италијански режисер.
1999  Јежи Харасимович — полски поет.
2007  Миладин Пештерац — југословенски и српски фудбалер.