Ричард Хенри Дана
Ричард Хенри Дана (1 август 1815-6 јануари 1882) бил американски писател и адвокат.
Ричард Хенри Дана | ||
Роден | Ричард Хенри Дана 1 август 1815 Кембриџ, Масачусетс, САД | |
---|---|---|
Починал | 6 јануари 1882 Рим, Италија | |
Националност | Американец | |
Познат | автобиографското дело „Две години пред катарката“ (Two years before Mast) (1840) | |
Занимање | писател, адвокат | |
Татко | Ричард Хенри Дана |
Животопис
уредиТој е роден на 1 август 1882 во Кембриџ, Масачусетс, САД. Поради слабиот вид решил да го напушти колеџот Харвард, а потоа испловил како обичен морнар; по заздравувањето повторно се вратил и станал адвокат. Бил запомнет по своето автобиографско дело, „Две години пред катарката“ (Two years before Mast) (1840) каде што зборува за маките на морнарите. „Пријателот на морепловците“ (The Seaman's Friend) (1841) прераснала во авторитативен прирачник во врска со легалните права и обврски на морнарите. Исто така, тој бил автор на учебното издание на Витоновите основи за меѓународното право (1866) давајќи бесплатна правна помош за робовите-бегалци. Ја извршувал функцијата на државен адвокат за територијата на Масачусетс.[1]
Наводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 3, стр. 33