Димко Најдов
Димко Најдов - Џандарот (Велес, 1 август 1919 – Петрово, Сува Гора, 14 октомври 1944) — македонски револуционер и синдикален водач пред Втората светска војна, херој од борбите што VIII бригада ги водела со балистите во Западна Македонија во 1944 година[1].
Животопис
уредиНајдов е роден во Велес на 1 август 1919 година. Бил член на СКОЈ од 1940 и на КПМ од 1943 година. Поради неговата револуционерна и партиска активност, особено на планот на омасовувањето на оружената борба, бил осуден и затворен во Скопје во април 1944 година, од каде што успеал да избега и се вклучил во VIII велешка бригада[2]. Во една од борбите бил заробен и масакриран од балистите[3].