Немања Матиќ

српски фудбалер

Немања Матиќ (Врело, 1 август 1988) — српски фудбалер, играч од средниот ред на Лион и на српската репрезентација.

Немања Матиќ
Лични податоци
Полно име Немања Матиќ[1]
Роден на 24 ноември 1989(1989-11-24)(35 г.)
Роден во Шабац, СФР Југославија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001940000001,94 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Олимпик Лион Олимпик Лион
Број 31
Младинска кариера
Раднички Обреновац Раднички Обреновац
Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
Партизан Партизан
Јединство Уб Јединство Уб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2007 Колубара Колубара ? (?)
2007-2009 Кошице Кошице 70 (4)
2009-2011 Челси Челси 2 (0)
2010-2011Витесе Витесе 27 (2)
2011-2014 Бенфика Бенфика 56 (6)
2014-2017 Челси Челси 116 (3)
2017-2022 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 128 (2)
2022-2023 Рома Рома 35 (2)
2023-2024 Рен Рен 13 (0)
2024- Олимпик Лион Олимпик Лион 7 (7)
Репрезентација
2008-2010 Србија Србија 21 11 (2)
2008- Србија Србија 46 (2)
* Ажурирано на: 3 јули 2012
** Ажурирано на: 3 јули 2012

Кариера

уреди

Почетоци

уреди

Првите почетоци Немања Матиќ ги направил во локалниот ФК Обреновац 1905 од Обреновац, а во пионирските денови играл за лазаревачка Колубара и Јединство од Уб. Во младите категории наступувал за Црвена звезда и Партизан.[3]

Колубара и Кошице

уреди

Сениорската кариера ја започнал со 18 години во лазаревачка Колубара, пред да замине во 2007 година во Словачка во редовите на Кошице. Импресионирал со своите настапи во Кошице, каде што станал стандарден првотимец, и му помогнал на тимот да дојде до Купот на Словачка во 2009 година и четвртото место во првенството.

Челси

уреди

На 18 август 2009 година потпишал четригодишен договор со Челси. Обесштетувањето на Кошице изнесувало околу 1,5 милиони фунти. За Челси во Премиер лигата дебитирал на 21 ноември 2009 во натпреварот против Вулверхемптон, каде влегол како замена во 69-тата минута.[4] Вториот натпревар во Премиер лигата го одиграл во последното коло во сезоната 2009-2010 против Виган Атлетик.

Витесе

уреди

На 23 август 2010 година Матиќ бил испратен на позајмица во холандскиот Витесе.[5] Во сезоната 2010/11 за Витесе вкупно одиграл 27 првенствени натпревари при што постигнал два гола.

Бенфика

уреди
 
Матиќ во дресот на Бенфика.

Матиќ на 31 јануари 2011 година, се преселил во португалскиот тим Бенфика, како дел од трансферот на Давид Луис во Челси, за 25 милиони евра обесштетување, плус Немања Матиќ. Меѓутоа, и покрај трансферот во Португалија тој останал во Витесе каде бил на позајмица за да ја заврши сезоната со овој клуб.

Официјално Матиќ и се придружил на Бенфика во сезоната 2011-2012. Првиот гол во дресот на Бенфика го постигнал на 14 јануари 2012, против Виториа Сетубал. После заминувањето на Хави Гарсија во Манчестер сити во август 2012, Матиќ станал незаменлив во средниот ред на Бенфика.

После голот против Порто на 13 јануари 2013 година, веќе следниот ден Матиќ бил награден со продолжување на договорот до 2018 година, и поставена откупна клаузула од 45 милиони евра.[6]

Враќање во Челси

уреди
 
Матиќ во дресот на Челси во 2015 година

На 15 јануари 2014 Немања Матиќ потпишал договор со Челси на пет и пол години.[7] Матиќ дебитирал за Челси против Манчестер Јунајтед.[8] Тој влегол во игра во 86. минута на местото на Бразилцот Вилијан во победата на Челси од 3-1 на Стамфорд бриџ. Во сезони 2013/14, Матиќ за Челси одиграл вкупно 19 натпревари и забележил 4 асистенции.

На 30 август 2014 Матиќ го постигнал својот прв гол во дресот на Челси, против Евертон на Гудисон парк во победета на Челси од 3-6. Месец дана подоцна, Матиќ го постигнал победоносниот гол против лисабонски Спортинг во Лигата на шампионите во победата на Челси од 0-1.[9] Во ноември 2014, Матиќ го постигнал својот втор гол во сезоната 2014/15 во Лигата на шампионите и донел бод на Челси на гостувањето против Марибор.[10] Матиќ во анкетата на „Вечерњи новости“ е изабран за најдобар српски фудбалер во странство за 2014 година бидејќи за него гласало најголемото мнозинство на капитените од учесниците во Суперлигата на Србија.[11]

Манчестер Јунајтед

уреди

На 31 јуни 2017 година, Матиќ потпишал 3 годишен договор со Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 48 милиони евра и со тоа станал најскапиот српски фудбалер во историјата.[12]

Рома

уреди

На 14 јуни 2022, Матиќ се согласил на едногодишен договор со италијанската екипа Рома, доаѓајќи во Рим како слободен играч по истекот на неговиот договор со Манчестер Јунајтед.

Репрезентација

уреди

После само три натпревари и два гола во дресот на младата селекција на Србија, селекторот Радомир Антиќ веднаш го прекомандувал во сениорската репрезентација за пријателскиот натпревар против Полска. На тој натпревар одигран на 14 декември 2008 Матиќ дебитирал за најдобрата селекција на Србија.[3]

Трофеи

уреди

Клупски

уреди

  Кошице

уреди

  Челси

уреди

  Бенфика

уреди

Поединечни

уреди

Наводи

уреди
  1. Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 282. ISBN 978-1-84596-601-0.
  2. „Player Profile: Nemanja Matić“. chelseafc.com.
  3. 3,0 3,1 Немања Матић Архивирано на 24 септември 2015 г., www.reprezentacija.rs
  4. Lyon, Sam (21 ноември 2009). „Chelsea 4–0 Wolves“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 21 ноември 2009.
  5. „Vitesse huurt drietal van Chelsea“. nos.nl. 23 August 2010.
  6. PortuGOAL: Matic handed new Benfica deal Архивирано на 27 април 2014 г. 14 јануари 2013.
  7. Matić potpisao za Čelsi, Murinjo oduševljen njegovim angažmanom blic. 15 January 2014. Retrieved 20 January 2014.
  8. "Chelsea 3–1 Manchester United" BBC Sport. 19 January 2014. Retrieved 20 January 2014.
  9. „Sporting 0–1 Chelsea“. BBC Sport. 30 September 2014. Посетено на 30 September 2014.
  10. Sever, Grega (5 November 2014). „Handanovič helps Maribor to Chelsea draw“. UEFA. Посетено на 5 November 2014.
  11. Вечерње новости: Капитени бирају: Шкулетић и Матић шампиони за 2014. годину (29. децембар 2014)
  12. „ODUŠEVLJENJE NA TEATRU SNOVA Junajted: Stigao Matić!“. Blic.rs (српски). 2017-07-31. Посетено на 2017-07-31.

Надворешни врски

уреди