Сашо Пижевски - Пиже
Сашо Пижевски - Пиже (11 август 1964, Скопје, Република Македонија) — познат скопски шоумен, пејач и угостител. Роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и денеска живее. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес[се бара извор].
Сашо Пижевски - Пиже | ||
![]() | ||
Роден | 11 август 1964 Скопје, Македонија |
---|
Заедно со Горан Атанасов - Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис - угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.
Пижевски е исто така менаџер, директор, ко-сопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните се Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката Парк во Градскиот стадион, како и француската пекарница Boulangerie francaise во Градскиот трговски центар.
Во последно време актуелен со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.
Надворешни врскиУреди
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |