Винченцо Скамоци
Винченцо Скамоци (итал. Vincenzo Scamozzi; 2 септември 1548 - 7 август 1616) — италијански архитект и архитектонски писател, главно активен во Виченца и Венеција во втората половина на XVI век. Тој е најважната фигура во регионот, заедно со Андреја Паладио и Балдасаре Лонгена (единствениот ученик на Скамоци).
Скамоци е роден во Виченца. Татко му, Џан Доменико Скамоци, бил геометар и градежен изведувач; тој бил воедно и неговиот прв учител, задојувајќи го со принципите на Себастијано Серлио. Во периодот од 1579-1580, Винченцо го посетил Рим, а потоа во 1581 се преселил во Венеција. Во 1600 ја посетил и Франција и таму оставил книга на скици со неговите впечатоци од француската архитектура, откриена дури во 1960 г.[1]
Влијанието на Скамоци земало огромен замав, многу поширок и подалечен од самите нарачки во Италија кои го добивал преку неговото дело „Идејата за универзална архитектура“ (L'Idea della Architettura Universale), која претставува последно ренесансно дело во полето на теоријата на архитектурата. Делото било издадено во 1615 во Венеција, и содржело гравурни илустрации. За делови од неговиот осврт кон Витрувиј, Скамоци се потпирал на коментарите на Даниеле Барбаро, објавени во 1556 со илустрации од Паладио;[2] тој исто така расправал и за градежната практика. Ваквите дела станаленачин на самопромовиање, па затоа Скамоци во своето дело вклучил и многубројни свои планови и елевации, како што биле изградени, како што требало да бидат изградени, и како идеализирани проекти. На Скамоци му била јасна користа од ширење на публицитет низ утврдените канали на книжарството.
Пред тоа, неговото прво дело се состоело од набрзина сковани илустрирани коментари за рушевините во Рим, „собрани за неколку дена“ (според воведот на книгата), а гравурите биле преземени од веќе постоечки гравури на лагер. Над половината биле копии на Хиеронимус Кок, објавени во 1550-тите.
Неговото најгажно дело изглегло предоцна за повлијае врз неговиот сопствен успех; Скамоци починал следната година. Неговите дела се подеднакво важен извор на неопаладијанската архитектура на англискиот архитект Иниго Џонс, колку и самиот Андреја Паладио. Историчарот на уметност Рудолф Витковер го нарекол „интелектуален татко на неокласицизмот“.[3]
Хронологија на дела
уредиСите дела освен едно се наоѓаат во Италија:
- 1568-1575: Вила на Џироламо Ферамоска, Барбано ди Гризињано ди Ѕоко (покраина Виченца) (со Џан Доменико Скамоци)
- 1569: Палацо Годи, Виченца (проект, изменет во текот на подоцнежната изведба)
- 1572-1593: Палацо Тиене-Бонин, Виченца
- 1574-1615: Вила на Леонардо Верлато, Вилаверла (Виченца)
- 1575: Палацо Калдоњо, Виченца
- 1575-1578: Рока Пизана (Вила Ветор Пизани), Лониго (Виченца)
- 1576-1579: Трисино-Тренто (Дворец Пјерфранческо Трисино), Виченца (со Џан Доменико Скамоци)
- 1580: Вила на Франческо Приули, Тревиле ди Кастелфранко Венето (покраина Тревизо) (северно крило)
- 1580-1584: Вила Нани Мочениго, Канда (покраина Ровиго)
- 1580-1592: Вила Капра „Ла Ротонда“, близу Виченца (ја довршил изградбата на вила на Андреја Паладио за Марио Капра, и додал коњушници, недовршени сѐ до 1620)
- 1581-1586: Црква Сан Гаетано Тиене, Падова
- 1581-1599: Нови Прокурации, плоштад Сан Марко, Венеција (продолжено со различно внатрешно уредување од Франческо Смералди и довршено во 1663 од Лонгена)
- 1582: Палацо Чивидале, Виченца [припишано]
- 1582-1591: Библиотека при Сан Марко, Венеција (довршено дело на Јакопо Сансовино)
- 1584-1585: Театар Олимпико, Виченца (ремоделирање на конструкцијата на Андреја Паладио, дрвена бина)
- 1587-1596: Библиотека при Сан Марко, Венеција (вестибил, Антисала)
- 1588: Вила Корнаро, Појсоло, Тревиле ди Кастелфранко Венето (Тревизо) (реконструкција)
- 1588-1590: Театар за Војводата Веспазијано Гонзага, Сабјонета (покраина Мантова)
- 1590: Вила на Џироламо Контарини, Лореџа (Падова) (преработено при изградба)
- 1590-1595: Црква Сан Николо да Толентино, Венеција
- 1591-1593: Скулптури на Венецијанската Република (музеј), Венеција
- 1591-1594: Манастер Сан Гаетано Тиене, Падова
- 1591-1595: Вила на Џироламо Корнаро, Пјомбино Дезе (покраина Падова) (завршил) [припишано]
- 1591-1597: Вила Дуодо и капела Сан Џорџо, Монселиче (Падова)
- 1592-1616: Дворец на Галеацо Трисино ал Корзо, Виченца
- 1594-1600: Вила на Валерио Барделини, Монфумо
- 1596: Вила на Џироламо Ферети на реката Брента, Самбрусон дел Доло (Венеција)
- 1596-1597: Вила на Џироламо Корнаро, Пјомбино Дезе (Падова) (коњушница)
- 1597: Вила Молин, Мандрија, (Падова)
- 1597: Вила Приули, Карара (Падова)
- 1597-1598: Вила Годи, Сармего ди Грумоло деле Абадесе (Виченца)
- 1601: Палацо дел Бо, Падова (универзитетска фасада)
- 1601-1606: Сан Џакомо ди Ријалто, Венеција (олтар на Скуола дељи Орефичи; со Џироламо Кампања)
- 1601-1636: Црква и болница Сан Лаѕаро деи Мендиканти, Венеција
- 1604-1612: Катедрала Св. Руперт и Вергилиј, Салцбург, Австрија (завршено во 1614-28 од Сантино Солари)
- 1605: Санти Џовани е Паоло, Венеција (сакристиска врата; со Алесандро Виторија)
- 1605-1616: Вила Дуодо, Монселиче (Падова) (шест капели за Вија Романа)
- 1607-1611: Сан Џорџо Маџоре (црква), Венеција (довршување на Паладиевата фасада)
- 1607-1616: Вила Корнаро ал Парадизо, Венеција (пар павилјони)
- 1609: Вила на Доменико Тревизо, Сан Дона ди Пјаве
- 1609-1616: Палацо Контарини дељи Скрињи, Сан Тровазо на Големиот канал, Венеција
- 1614: Палацо Лоредан Вендрамин Калерги, Венеција (источнокрило; урнато во 1659 и обновено во 1660)
Белешки
уреди- ↑ Franco Barbieri, уредн. Taccuino di Viaggio da Parigi a Venezia (Венеција/Рим:Istituto per la Collaborazione Culturale).
- ↑ Иниго Џонс во својата библиотека го имал Паладио, Скамоци и Барбаро за Витрувиј.
- ↑ Витковер, рецензија на Франко Барбиери, „Винченцо Скамоци“ (Верона/Виченца:Каса ди Риспармио) во The Burlington Magazine 95 Бр. 602 (мај, 1953), стр. 171.
Библиографија
уреди„Винченцо Скамоци“ на Ризницата ? |
- Чарлс Дејвис, „Архитектура и светлина: Скулптурната инсталација во Кјезетата на Војводската палата во Венеција“ во Annali di architettura n° 14, Виченца 2002
- Бранко Митровиќ и Виторија Сенес, „Анотациите на Винченцо Скамоци на коментарите за Витрувиевото дело „За архитектурата“ на Даниеле Барбаро“ во Annali di architettura n° 14, Виченца 2002
- Конрад Отенхејм, „Птичја перспектива на распространувањето на Скамоциевиот трактат во Северна Европа“ во Annali di architettura, n° 18-19, 2007
- Гвидо Белтрамини, „Волјите и неволјите на Скамоциевата „Идејата за универзална архитектура“ на паладијанска територија“ во Annali di architettura, n° 18-19, 2007
- Хавард Бернс, „Иниго Џонс и Винченцо Скамоци“ во Annali di architettura, n° 18-19, 2007
- Гајлс Ворсли, „Влијанието на Скамоци врз англиската архитектура од XVII век“ во Annali di architettura, n° 18-19, 2007