Тони Морисон чие вистинско име е Клои Ентони Вофорд, (родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД - 2019) — американска писателка и универзитетска професорка, добитничка на Нобелова награда за литература во 1993 година за романите што се одликуваат со поетски талент и ја опишуваат суштествената страна на американската стварност.

Тони Морисон
Toni Morrison
Морисон во 1998
Роден/аКлое Арделиа Вофорд
18 февруари 1931(1931-02-18)
Лорин, Охајо,САД
Починат/а5 август 2019(2019-08-05) (возр. 88)
Бронкс, Љу Јорк, САД
Занимањероманописец, есеист, писател за деца, професор
Апсолвент наХавард Универзитет (БА)
Универзитетот Корнел (MA)
ЖанрАмериканска литература
Значајни делаНајсилното око (1970), Сула (1973), Песната на Соломон (1977), Нејзиното бебе (1981), Љубена (1987)
Значајни наградиПретседателски медал за слобода, Национален медал за хуманитарни науки, Нобелова награда за литература, Пулицерова награда
Сопруг/аХаролд Морисон (1958-1964)
Деца2
Потпис

Животопис уреди

Потекнува од работничко семејство на Афроамериканци. Во 1953 година го завршила универзитетот „Хауард“, а во 1965 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк. Од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Принстонскиот универзитет, Њу Џерси. „Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за ликот на афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Исто така, таа била членка на Американската академија за уметност и литература.

Творештво уреди

Како писателка Морисон дебитирала со романот „Најсиното око“ (1970), а потоа ги објавила и романите: „Песната на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), „Џез“ (1992), „Дом“, Милост“ итн. Во 1988 година, за романот „Љубена“ ја добила Пулицеровата награда, а во 1993 година и Нобеловата награда за целокупното творештво.[1]

Во своите дела, Морисон претежно пишува за клучните елементи на афроамериканската култура: историјата, политичко-социјалните прашања и раскажувачкото наследство.[2]

Наводи уреди

  1. „O autoru“, во: Toni Morison, Voljena. Beograd: Laguna, 2013, стр. 345.
  2. „O autoru“, во: Toni Morison, Voljena. Beograd: Laguna, 2013, стр. 345.