1941
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1941 (MCMXLI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1941 година од новата ера, 941. од вториот милениум, 41. од XX век и втора од 1940-тите.
Грегоријански календар | 1941 MCMXLI |
Ab urbe condita | 2694 |
Ерменски календар | 1390 ԹՎ ՌՅՂ |
Асирски календар | 6691 |
Бахајски календар | 97–98 |
Балиски календар | 1862–1863 |
Бенгалски календар | 1348 |
Берберски календар | 2891 |
Будистички календар | 2485 |
Бурмански календар | 1303 |
Византиски календар | 7449–7450 |
Кинески календар | 庚辰年 (мет. змеј) 4637 или 4577 — до — 辛巳年 (мет. змија) 4638 или 4578 |
Коптски календар | 1657–1658 |
Етиопски календар | 1933–1934 |
Еврејски календар | 5701–5702 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1997–1998 |
- Сачка ера | 1862–1863 |
- Кали-југа | 5041–5042 |
Холоценски календар | 11941 |
Игбоански календар | 941–942 |
Ирански календар | 1319–1320 |
Исламски календар | 1359–1360 |
Јапонски календар | Шова 16 (昭和16年) |
Јавански календар | 1871–1872 |
Џуче-календар | 30 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4274 |
Мингуо-календар | Р. Кина 30 民國30年 |
Нанакшахи | 473 |
Тајландски сончев календар | 2484 |
Тибетски календар | 阳金龙年 (машко железо-змеј) 2067 или 1686 или 914 — до — 阴金蛇年 (женско железо-змија) 2068 или 1687 или 915 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7449 и 7450 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6691 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5701 и 5702 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2694.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1941 година се протега во 4577 и 4578, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4637 и 4638 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2484. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1359 и 1360 исламска година.
Настани
уреди- 23 февруари - Откриен е плутониумот.
- 1 март - Бугарија пристапува кон Тројниот пакт.
- 25 март - Претседателот на владата на Кралството Југославија, Драгиша Цветковиќ, во Виена потпишува договор за пристапување на Југославија кон Тројниот пакт.
- 27 март - Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската.
- 5 април - Новата југословенска влада потпишува Договор за пријателство и ненапаѓање со СССР.
- 6 април - Нацистичка Германија ја нападна Југославија и Грција. Нападот на Југославија започна со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а околу 5.000 луѓе го загубија животот.
- 10 април - По влегувањето на германските војски во Загреб, прогласена е Независна држава Хрватска.
- 13 април - СССР и Јапонија потпишуваат договор за ненапаѓање.
- 17 април - Кралството Југославија потпишува безусловна капитулација.
- 18 април - Бугарските војски навлегуваат во Македонија, со што започнува бугарската окупација на Македонија.
- 21 април - Грција капитулира.
- 11 јуни - Во селото Долни Балван, при агитација за пружање отпор кон бугарскиот окупатор, загинува Диме Поп Атанасов, кој е првата жртва на бугарската окупација на Македонија.
- 22 јуни - Започнува нападот на нацистичка Германија врз СССР (операција Барбароса).
- 1-3 јули - Во Атина се одржува Шестиот пленум на ЦК на Комунистичката партија на Грција на кој е формиран нов централен комитет на чело со Андреја Чипов. Чипов е единствен етнички Македонец кој е избран на чело на некоја политичка партија во Грција и на чело на некоја балканска комунистичка партија.
- 5-31 јули - Еквадор и Перу водат меѓусебна војна.
- 22 август - Во близина на селото Злокуќани формиран е Скопскиот партизански одред, кој е прв македонски партизански одред.
- 22 август - Поголема група затвореници комунисти, меѓу кои се и македонските комунисти Бане Андреев, Орце Николов, Богоја Фотев и Рафаел Батино, бега од затворот во Сремска Митровица.
- 24 август – Од Коминтерната е испратена телеграма со која КП во Македонија се враќа во составот на КПЈ.
- 8 септември - Кај железничкиот тунел на Бабуна, во близина на селото Гостиражни, Лазо Колевски убива еден бугарски стражар.
- 8-9 септември – Во Скопје, при пробивање на обрачот на бугарската војска и полиција, Боро Петрушевски убива еден бугарски војник.
- 12 септември - На Селечка Планина формирана е Прилепската партизанска чета.
- 21 септември – Формиран е нов покраински комитет на КПЈ за Македонија на чело со Бане Андреев.
- 7 октомври - Борци од Скопскиот партизански одред во Скопје извеле акција за ликвидирање на бугарските полициски агенти Мане Мачков и Круме Панков - Кросот.
- 11 октомври - Прилепскиот партизански одред извршува напад на полицискиот участок во Прилеп. Овој напад се смета за почеток на востанието во Македонија.
- 12 октомври - Во Кумановско се формирани два партизански одреди, Козјачкиот и Карадачкиот. Но, многу брзо, и двата се разбиени од страна на бугарската војска и полиција.
- 26-27 ноември - Во Охрид се одржува судски процес против 15 уапсени комунисти. Од нив само 5 се осудени, меѓу кои Лазар Колишевски и Петре Пирузе на смрт со бесење.
- 7 декември - Јапонија ја напаѓа американската флота во Перл Харбур.
- 8 декември - САД, Британија, Кина и Холандија и објавуваат војна на Јапонија.
- 11 декември - Германија и Италија му објавуваат војна на САД, кој возвраќа со иста мерка.
- 12 декември - Унгарија и Романија му објавуваат војна на САД.
Родени
уреди- 14 јануари - Милан Кучан, словенечки претседател
- 21 јануари - Пласидо Доминго, шпански оперски пејач
- 30 јануари - Дик Чејни, американски потпретседател
- 8 февруари - Ник Нолти, американски глумец
- 27 февруари - Педи Ешдаун, британски политичар
- 16 март - Бернардо Бертолучи, италијански режисер
- 24 мај - Боб Дилан, американски поет и музичар
- 24 јуни - Јулија Крстева, француски филозоф
- 20 август - Слободан Милошевиќ, српски претседател
- 23 ноември - Франко Неро, италијански глумец
Починале
уреди- 1 јануари - Петар Поп Арсов, македонски револуционер
- 4 јануари - Анри Бергсон, француски филозоф
- 13 јануари - Џејмс Џојс, ирски писател
- 11 февруари - Рудолф Хилфердинг, германски економист
- 28 март - Вирџинија Вулф, англиска писателка
- 11 јули - Артур Еванс, англиски археолог
- 15 јули - Валтер Рутман, значаен германски експериментален режисер
- 17 јули - Аугуст Цесарец, хрватски писател
- 7 август - Рабиндранат Тагоре, индиски писател
- 31 август - Марина Цветаева, руска писателка
- 2 септември - Коле Неделковски, македонски поет
- 11 септември - Кристијан Раковски, бугарски и советски револуционер и политичар
- 19 септември - Аце Дорев, македонски револуционер
- 7 октомври - Благоја Деспотовски - Шовељ, македонски комунист
- 14 октомври - Боро Менков, македонски комунист, народен херој
- 14 октомври - Перо Георгиевски - Чичо, македонски комунист, народен херој
- 14 октомври - Наце Ивановски - Буѓони, македонски комунист