19 август
датум
19 август — 231-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (232-и во престапна година). Остануваат 134 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2025

Настани:
1692 | Во Салем, Масачусетс, пет жени и еден свештеник се погубени поради практикување на вештерство. |
1960 | СССР го лансира во вселената Спутник 5; на него се наоѓаат кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, 2 стаорци и многу различни видови на растенија. |
1990 | Леонард Бернштајн го диригира својот последен концерт; го заклучува со изведбата на Седмата симфонија на Лудвиг ван Бетовен. |
1999 | Во Белград, десетици илјади Срби се собираат на протести, барајќи оставка од претседателот Слободан Милошевиќ. |
Родени:
Починале:
14 | Октавијан Август — римски цар. |
1158 | Џефри II — гроф на Бретања. |
1284 | Алфонсо — Ерл од Честер. |
1580 | Андреја Паладио — италијански архитект, основоположник на паладијанскиот стил. |
1662 | Блез Паскал — француски математичар, физичар и филозоф. |
1753 | Балтазар Нојман — истакнат германски барокен архитект. |
1929 | Сергеј Дјагилев — руски балетски импресарио. |
1936 | Федерико Гарсија Лорка — шпански поет и драматург, убиен од франковистите на почетокот на Шпанската граѓанска војна. |
1977 | Граучо Маркс — американски комичар и глумец. |
1994 | Лајнус Полинг — американски хемичар. |
1994 | Роберт Рождественски — руски поет, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |