Роман
Роман — долго раскажувачко книжевно дело во проза или понекогаш во стихови (на пример, „Евениј Онегин“ од Пушкин), засновано на замислена приказна, односно кое не се потпира целосно на факти. За првпат, романот како литературна форма се појавил во 11 век, но поради широките можности останал во употреба и во современата литература.
Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Романот е литературен вид од епскиот род на литературата. Изразот „роман“ потекнува од 12 и 13 век, кога во западната европска литература се појавиле дела напишани на романските јазици. Романот ги има следниве одлики: во него има многу ликови чии одлики се опишани преку постапките и преку настаните кои опфаќаат обично подолг временски период. Меѓутоа, современата литературна практика покажува дека оваа дефиниција е тешко применлива; на пример, делото на американскиот писател Џон Стајнбек, „Глувци и луѓе“, се смета за роман, иако настаните не се случуваат во подолг временски период, а книгата нема ни 100 страници.
Некои од карактеристичните жанрови во кои се користи романот како форма се:
- Научна фантастика
- Фантастика
- Крими-романи
- Романси
- Шпионски романи
- Социјални романи, итн.
Иако речиси сите писатели во некоја фаза од својот креативен живот пишувале романи, некои попознати романописци се: Венко Андоновски, Петре М. Андреевски, Фјодор Михајлович Достоевски, Чарлс Дикенс, Лав Николаевич Толстој, Оноре де Балзак, Џемс Џојс, Франц Кафка, Џорџ Орвел, Стале Попов, Едгар Алан По, Иво Андриќ, Жан Жак Русо, Агата Кристи, и др.
Теорија на романот
уредиВо едно предавање, одржано на Универзитетот Принстон, германскиот писател Томас Ман изјавил: „Големата социјална поезија во романите на Дикенс, Текери, Толстој, Достоевски, Балзак, Зола, Пруст ја претставува монументалната уметност на 19 век.“ Според критичарот Левин, романот на Џејмс Џојс, „Улис“ претставува крај на сите романи, а Т. С. Елиот го поставил прашањето: дали по Флобер и Џојс, романот не се надживеал себеси? Слично на тоа, Томас Ман го поставил прашањето: не изгледа ли дека денес во областа на романот може да дојде предвид само она што не е роман?[1]
Надворешни врски
уреди- (англиски) Како да напишете роман во 100 дена или помалку Архивирано на 14 октомври 2009 г.
Наводи
уреди- ↑ О. Бихаљи-Мерин, „Натурализам и грађански дух“, во: Томас Ман, Чаробни брег. Београд: Просвета, 1956, стр. XXIX.