Арета Френклин (англиски: Aretha Franklin; 25 март 1942 - 16 август 2018) — соул пејачка. Ќерка е на баптистички свештеник. Од раната младост во пеење ја подучувале ѕвездите на госпелот, како што се Махалија Џексон и Клара Ворд. Врв на кариерата и бил кон крајот на 60-те години на 20 век. Песните како „-{Respect}-“ и „-{Chain Of Fools}-“брзо станаа класика. И покрај личните проблеми, во 1968 година го снимила албумот „-{Lady Soul}-“ кој се продал во милион примероци. Кон крајот на 70-те нејзината кариера почнала да стагнира, но нејзината улога во филмот „Браќа Блуз“ и ја враќа старата слава. Во 80-те години ги сними хитовите како „-{Freeway Of Love}-“ и „-{Who's Zooming Who}-“, а пееше и во дует со Џорџ Мајкл и групата -{Eurythmics}-.. Прекар и е "Кралица на соулот", а според некои извори, нејзиниот глас има распон од четири октави. Англиската пејачка Џош Стоун многумина ја сметаат за нејзина наследничка.[1].

Арета Луиза Френклин
Основни податоци
Родено имеАрета Луиза Френклин
Роден(а)25 март 1942
ПотеклоМемфис,
Тенеси,
САД
Починал(а)16 август 2018
Жанр(ови)соул, џез, блуз госпел
Занимање/њапејачка, глумица
Инструментиклавир
Години на активност1956 - 2018
Продукциска куќа/ќиJVB/Battle Records (1956)
Columbia (1960–1966)
Atlantic (1967–1979)
Arista (1980–2003)
Aretha (2004–2018)

Албуми

уреди
  • 1956: Songs of Faith
  • 1961: Aretha
  • 1962: The Electrifying Aretha Franklin
  • 1962: The Tender, the Moving, the Swinging Aretha Franklin
  • 1963: Laughing on the Outside
  • 1964: Unforgettable: A Tribute to Dinah Washington
  • 1964: Runnin' Out of Fools
  • 1965: Yeah!!!
  • 1966: Soul Sister
  • 1967: Take It Like You Give It
  • 1967: I Never Loved a Man the Way I Love You
  • 1967: Aretha Arrives
  • 1968: Lady Soul
  • 1968: Aretha Now
  • 1969: Soul '69
  • 1970: This Girl's in Love with You
  • 1970: Spirit in the Dark
  • 1972: Young, Gifted and Black
  • 1973: Hey Now Hey (The Other Side of the Sky)
  • 1974: Let Me in Your Life
  • 1974: With Everything I Feel in Me
  • 1975: You
  • 1976: Sparkle
  • 1977: Sweet Passion
  • 1978: Almighty Fire
  • 1979: La Diva
  • 1980: Aretha
  • 1981: Love All the Hurt Away
  • 1982: Jump to It
  • 1983: Get It Right
  • 1985: Who's Zoomin' Who?
  • 1986: Aretha
  • 1989: Through the Storm
  • 1991: What You See Is What You Sweat
  • 1994: Greatest Hits: 1980–1994
  • 1998: A Rose Is Still a Rose
  • 2003: So Damn Happy
  • 2008: This Christmas, Aretha
  • 2011: Aretha: A Woman Falling Out of Love

Наводи

уреди