Бранденбуршка порта
Бранденбуршката порта (германски: Brandenburger Tor) — поранешна градска порта, повторно изградена кон крајот на 18 век како неокласична триумфална порта и сега е една од најпознатите знаменитости на Германија. Се наоѓа западно од центарот во Берлин на раскрсницата на улиците Унтер ден Линден и Ебертштрасе, веднаш до Парискиот плоштад. На север се наоѓа зградата на Рајхстагот. Портата претставува монументален влез кон Унтер ден Линден, познат булевар со липи, кои порано воделе директно до Градскиот дворец на пруските монарси. Била изградена по наредба на кралот Фридрих Вилхелм II како знак на мир од страна на Карл Готхард Лангханс во периодот помеѓу 1788-1791. Била значително оштетена во Втората светска војна, поради што била целосно обновена од 2000 до 2002 од германското здружение за заштита на спомениците.[1] Во текот на повоената поделба на Германија, портата била изолирана и непристапна и служела како дел од Берлинскиот ѕид, а областа околу портата била најмногу користена од медиумите при падот на Ѕидот во 1989.
Во текот на нејзиното постоење, Бранденбуршката порта често била дел од големи историски настани и денес е сметана како симбол за бурната европска историја, но исто така и пример за европското обединување и мир.
Наводи
уреди- ↑ „Бранденбуршка порта“ (германски). Die Stiftung Denkmalschutz Berlin. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 14 мај 2013.
Надворешни врски
уреди„Бранденбуршка порта“ на Ризницата ? |
- Бранденбуршка порта
- Здружението за заштита на споменици Архивирано на 17 октомври 2011 г.
- Бранденбуршката порта опишана при историските настани Архивирано на 7 април 2004 г.
- Панорама Бранденбуршка порта
- Пренос во живот со поглед на Портата
52°30′58.58″N 13°22′39.80″E / 52.5162722° СГШ; 13.3777222° ИГД