Пол Макартни

(Пренасочено од Пол Мекартни)

Сер Џејмс Пол Макартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година) — англиски пејач и текстописец, еден од основачите и членовите на легендарните „Битлси (Beatles)“. Макартни, заедно со Џон Ленон го формирал едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Макартни започнал успешна кариера како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда Макартни - „Вингс (Wings)“, што значи крилја.

сер Пол Мекартни
Пол Мекартни на сцена во Прага, 6 јуни 2004.
Пол Мекартни на сцена во Прага, 6 јуни 2004.
Основни податоци
Родено имеЏејмс Пол Мекартни
Роден(а)18 јуни 1942

Англија Ливерпул, Англија
Жанр(ови)Рок
Рокенрол
Поп-музика
Амбиентална музика
Класична музика
Занимање/њапејач, текстописец, музичар, уметник, активист
Инструментибас гитара, пијано, оргули, гитара, тапани, укелеле, ситар, мандолина
Години на активност1957 – денес
Продукциска куќа/ќиHear Music
Parlophone Records
Capitol Records
Apple Records
CBS Records
EMI Music Group
Мрежно местоPaulMccartney.com

Макартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и со продадени повеќе од 100 милиони албуми и синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу обработки (ја препеале над 2.200 пејачи) и песна која е пуштена повеќе од 7.000.000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на „Вингс“ од 1977 година "Mull of Kintyre" станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван сè до 1984, кога песната "Do They Know It's Christmas?", на Band Aid избива на првото место. Пол Макартни е еден од членовите на оваа група.

Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Макартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Макартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.

Детство

уреди

Мекартни е роден на 18 јуни 1942 година, во болницата Валтон во Ливерпул, Англија, каде неговата мајка Мери заврши училиште за медицинска сестра. Неговиот татко Џејмс Мекартни бил отсутен за време на раѓањето на својот син, поради неговата волонтерска работа како пожарникар за време на Втората светска војна. Пол има еден помлад брат,Мајкал (роден 7 јануари 1944).

Основниот носител на приходот во фамилијата била Мери, која работејќи како акушерка им овозможи да се преселат на улицата Фортхлин 20 во Алертон,каде живеат до 1964. Таа возеше велосипед до нејзините пациенти. Макартни опишал ран спомен од нејзиното заминување, ”околу 3 часот наутро улиците...покриени со снег”. На 31 октомври 1956, кога Мекартни беше четиринаест,неговата мајка почина од емболија. Загубата на Мекартни подоцна беше причина за поврзувањето со Џон Ленон, чија мајка Џулија, починала кога тој бил седумнаесет.

Музичка кариера

уреди

1957–1960: Кверимен

уреди

На 6 јули 1995 година, на 15 годишна возраст, Мекартни го запознава Ленон и неговиот бенд Кверимен, во црквата Св.Петар во Волтон. Бендот Кверимен свиреа комбинација на рокенрол и скифл, еден вид на забавна музика со влијанија на џез, блуз и фолк. Бендот го поканил Мекартни да им се придружи како гитарист за ритам и тој воспоставил близок работен однос со Ленон. Харисон се придружил во 1958 година како прв гитарист, а во 1960 година по него следел Стјуарт Сатклиф на бас, школскиот друг по уметност на Ленон. До мај 1960 година, бендот пробал неколку имиња, вклучувајќи ги и Битлси, Џони и Мундогс и Силвер Битлси. Тие го усвоиле името Битлси во август 1960 година и кратко пред 5-годишниот договор за престој во Хамбур го примиле тапанарот Пит Бест.

1960–1970: Битлси

уреди

Неформално застапувани од страна на Ален Вилијамс, во 1960 година, во Хамбург, првото настапување на Битлсите беше серија на изведби. Во 1961, Сатклиф го напушти бендот и Мекартни против сопствената желба, стана нивен басист. Битлсите за првпат снимаат професионално додека престојуваат во Хамбург, во чест на Бит Браќата, тие настапуваat како придружен состав на англискот пејач Тони Шеридан, за песната My Bonnie. Со овој настан тие го привлекуваат вниманието на Брајан Епштејн, клучна фигура во нивниот подоцнежен развој и успех. Тој станува нивен менаџер во јануари 1962 година. Ринго Стар го замени Бест во август и бендот во октомври го има нивниот прв хит "Love Me Do", станувајќи популарен во Велика Британија во 1963 и една година подоцна во САД. Хистеријата на нивните обожаватели стана позната како "Битлманија", а новинарите често го именувале како “слаткиот Битл”.

Во 1965 година Битлсите ја издаваат композицијата на Мекартни "Yesterday", која вклучува гудачки квартет. Вклучена на лонгплеј плочата Help!, ова беше првата песна на групата, која беше снимена со употреба на класични елементи и нивен прв запис кој вклучува само еден член од бендот. Песната "Yesterday", е најобработуваната песна во историјата на забавната музика. Подоцна истата година, за време на студиските снимања на албумот Rubber Soul, Мекартни почна да го заменува Ленон како доминанта музичка сила во бендот. Музиколот Ијан Мекдоналд напиша “од [1965]... Мекартни ќе биде доминантен не само како тескстописец, но и како инструменталист, аранжер, продуцент и де факто музички директор. Критичарите го опишаа албумот Rubber Soul како значаен напредок во префинетоста и длабочината на музиката и текстовите на бендот. Она што се смета за највисока точка во каталогот на Битлсите е тоа што, Ленон и Мекартни и двајцата тврдеа дека се главните автори на оваа песна. Мекартни за албумот изјави “имавме добар период и сега дојде време да го прошириме. ”Техничарот за снимање, Норман Смит изјави дека средбите за Rubber Soul откриле знаци на зголемено недоразбирање внатре во бендот: “Конфликтот помеѓу Џон и Пол стануваше се поочигледен…(и) што се однесува до Пол, Џорџ Харисон не можеше да стори ништо, Пол беше премногу пребирлив.”

Првата од трите последователни А-страни на Мекартни, синглот "Paperback Writer" претходеше на издавањето на лонгплеј плочата. Битлсите направиле краток промотивен филм за оваа песна, и друг за неговата Бонус трака, „Rain“. Филмовите,опишани од страна на Харисон како, ”предвесници на видеа” се емитуваа на „The Ed Sullivan Show“ и „Top of the Pops“, во јуни 1966 година. Албумот „Revolver (албум)“ исто така ја вклучуваше песната „Eleanor Rigby“, чие обележје е жичениот октет. Според Гоулд,песната е неокласичен „tour de force“...вистински хибрид којшто не може да се поврзи со кој било препознатлив стил или жанр на песна. Со исклучок на некои придружни вокали, песната го вклучува само вокалот на Мекартни и жиците аранжирани од продуцентот Џорџ Мартин.

Последниот комерцијален концерт на Битлсите беше на крајот од нивната турнија во САД, во 1966 година. Подоцна, истата година Мекартни го заврши својот прв музички проект, без групата- којшто резултираше со британска продукција на филмот The Family Way. Резултатот беше соработка со Мартин, кој употреби две теми на Мекартни, за да напише тринаесет варијации. Саундтракот не успее да стигне до топ листата, но му ја донесе на Макартни наградата Ivor Novello Award за Најдобра Инструментална Тема.

На крајот на изведувачката кариера на бендот, Мекартни почувствува неспокој во бендот и сакаше тиа да ја задржат креативната продуктивност. Тој инсистирал да започнат нов проект, „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“, којшто нашироко бил прифатен како првиот рок концертски албум. Инспириран да создаде уште еден личност за групата, да служи како возило за експериментирање и да им покаже на нивните обожаватели дека тие музички созреале, Мекартни го измисли фиктивниот бенд на насловната песна на албумот.

Како што Мекартни објасни „Навистина ни беше преку глава да бидеме Битлсите.Навистина го мразевме тој пристап со четирите мали „mop-top“.Не бевме деца,ние бевме мажи...и ние себеси се гледаме повеќе како уметници,отколку како само изведувачи.

Почнувајќи во ноември 1966 година, бендот усвои експериментален пристап за време на средбите за снимање на албумот. Според техничарот Геоф Емерик, Битлсите го прифатија ризикот, како музички така и соничен... ние употребувавме многу снимки со различна брзина и други манипулативни техники... ограничувачи и... ефекти како фленгинг и автоматско дупло снимање. Нивното снимање на „A Day in the Life“ наложуваше оркестар составен од четириесет души,со којшто диригираа Мартин и Макартни. Во февруари,на средбите ја создадоа двојната А-страна на песната „Strawberry Fields Forever"/Penny Lane“, додека лонгплеј плочата следуваше во јуни.Песната на Макартни, „She's Leaving Home„ е оркестрална поп песна. Мекдоналд ја опиша песната како најдоброто дело од Sgt. Pepper –трајна,популарна уметност на неговото време. Врз основа на цртежот со мастило од Макартни,лонгплеј плочата вклучуваше и колаж создаден од поп артистите Питер Блејк и Јен Хаворт, вклучувајќи ги Битлсите во костуми,како стојат со познати личности, пред Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band.

Во август 1967 година,смртта на Епштајн, остави празнина,којашто ги остави Битлсите збунети и загрижени за нивната иднина. Макартни,истапувајќи да го пополни празното место, стана де факто водач и бизнис менаџер на групата, која некогаш ја водеше Ленон.Неговиот прв креативен предлог,после промената на раководството,беше предлогот бендот да продолжи понатаму со своите планови за продуцирање на филм за телевизија,кој требаше да стане Magical Mystery Tour. Според историчаот на, Битлсите, Марк Левисон, проектот беше "од почеток до крај административен кошмар".

Главно Макартни го режираше филмот, којшто и ја донесе на групата првата неповолна критичка реакција. Сепак,саундтракот за филмот беше поуспешен. Двојно проширениот компакт диск, со шест музички нумери, надополнет со пет од последните синглови на бендот беше издаден во Велика Британија и со идентичен наслов во САД.Единствената Capitol компилација, која подоцна беше вклучена во официјалните студиски албуми на групата, лонгплеј плочата Magical Mystery Tour оствари заработка од 8 милиони американски долари, во рок од три недели од објавувањето,повисока почетна продажба од која било друга Capitol лонгплеј плоча.

Во јануари 1968 година, продукциската куќа EMI ги снимаше Битлсите за промотивни рекламни инсерти, кои беа наменети за рекламирање на анимираниот филм Yellow Submarine, главно засновани на имагинарниот свет, кои се темелат на композицијата на Мекартни од 1966 година. Иако критичарите му се восхитуваа на филмот за неговиот визуелен стил, хумор и музика и саундтрак, албумот, издаден седум месеци подоцна, доби помала ентузијастичка реакција. До крајот на 1968 година односите во групата се влошуваа. Тензијата растеше,за време на снимањето на The Beatles, попознат како White Album. Работите се влошија следната година, за време на the Let It Be сесиите, кога снимателите го снимаа Мекартни како им држи предавање на групата: „Многу сме негативни откако почина Епштајн...секогаш се боревме против неговата дисциплина,но смешно е да се бориме против таа дисциплина,ако таа е лично наша“

Во март 1969 година, Мекартни се ожени со Линда Истман и во август двојката го доби своето прво дете, Мери, крстено по неговата покојна мајка. За послендниот снимен албум на групата Abbey Road, Мартин упати на „парче музика кое постојано се движи“, наговарајќи ја групата да размислува симфониски. Мекартни се согласи, но Ленон не. На крајот тие се согласија, согласувајќи се за предлогот на Мекартни, лонгплеј плоча, која содржи одделни песни на една страна и долг сплет на втората страна.

Во 1970 година во екот на бизнис несогласувањата со членовите на групата, на 10 април, Мекартни го најави своето заминување од групата. На 31 декември 1970 година, тој поднесе барање за формално распаѓање на групата. Следеа повеќе правни спорови, кога неговите адвокати, неговите сватови Џон и Ли Истман, го тужеа менаџерот на Ленон, Харисон и Стар, Ален Клајн за авторски права и креативна контрола. На 9 јануари 1975 година англискиот суд законски ги расформира Битлсите, иако сè до 1989 година постоеја споредни судски спорови против нивната издавачка куќа EMI, Клајн и меѓу нив.

По распадот на Битлсите, во 1970 година, Мекартни ја продолжи својата музичка кариера со своето прво соло издание, „McCartney“, американскиот број еден албум. Освен некои вокални придонеси од Линда, албумот „McCartney“ е самостоен албум на Пол, самиот е одговорен за композициите, музичките инструменти и вокалите. Во 1971 година, за вториот албум „Ram (албум)“ тој соработуваше со Линда и тапанарот Дени Сејвел, број еден албум во Велика Британија и американски топ 5, „Ram“ го вклучуваше американскиот број еден хит сингл „Uncle Albert/Admiral Halsey“. Подоцна истата година, поранешниот Moody Blues гитарист Дени Лејн, му се придружи на Мекартни и Сејвел во формирањето на музичката група „Вингс“. Мекартни го кажа ова на формирањето на групата: „Вингс“ отсекогаш беше тешка идеја...секоја група којашто го следела успехот на Битлсите би имала тешка работа....Јас самиот се најдов во таа позиција. Сепак, беше избор помеѓу продолжување или повлекување, а јас премногу ја сакав музиката за да помислам да престанам да се занимавам со неа. Во септември 1971 година, се роди Стела, ќерката на Мекартни,крстена во чест на бабата на Линда, по која беа крстени и двете Стела.

По додавањето на гитаристот Хенри Меклаф, првата концертна турнеја на групата „Вингс“ започна во 1972 година,со деби настапот пред пубилика од седумстотитини души на Универзитетот во Нотингам.Следеа уште десет датуми, како тие патуваа низ Велика Британија во комбе за време на ненајавената турнеја на универзитетите, при што бендот престојуваше во скромни сместувања и добиваше плата во железни пари, собрани од студентите, а за време на своите настапи не ги пееја песните на Битлсите. Низ Европа следуваше дваесет и пет неделна турнеја од дваесет и пет настапи, на која бендот настапуваше со материјал на „Вингс“, и соло материјал на Мекартни, со исклучок на неколку обратботки, вклучувајќи го хитот на Литл Ричард, „Long Tall Sally“, единствената песна претходно снимена од Битлси, која Мекартни ја изведуваше за време на турнејата. Мекартни сакаша турнејата да ги избегне големите места за настапи, поголем дел од малите сали каде што настапуваа имаа капацитет не повеќе од 3000 души. На првите две турнеи по распаѓањето на Битлси, Мекартни рече „Главната работа која не ја сакав беше да дојдам на сцена, соочен со целото измачување предизвикано од првите пет реда со новинарите со малите бележници, сите гледајќи во мене и зборувајќи, „Па,и не е толку добар колку што беше“.Па решивме да одиме на таа универзитетска турнеја,која ме направи помалку нервозен...на крајот на таа турнеја се почувствував подготвен за нешто друго,па отидовме во Европа.

Во март 1973 „Вингс“ го остварија својот прв американски број еден хит, „My Love“, кој беше вклучен на нивната втора лонгплеј плоча Red Rose Speedway, која во САД беше број еден, а во Англија во првите пет. Соработката на Пол со Линда и поранешниот продуцент на Битлси, Мартин, резултираше со песната „Live and Let Die“, која беше главна музичка тема за филмот за Џејмс Бонд,со исто име.Номинирана за Оскар,песната го достигна второто место во САД и број девет во Велика Британија.Исто така со оваа песна Мартин заработи Греми награда за неговиот оркестарски аранжман. Музичкиот професор и автор Винсент Бенитез, музичкиот запис го опиша како „најдобриот симфониски рок“.

Во 1873 година, по заминувањето на и Меклаф и Сејвил, Мекартни и Лејн го снимија албумот „Band on the Run“. Албумот беше првиот од седумте платински лонгплеј плочи на бендот „Вингс“. Албумот беше број еден во САД и Велика Британија, првиот број еден албумот на бендот и во двете земји и првиот којшто во три наврати, стигна до топ листите на списанието „Billboard“.Еден од најдобро продаваните изданија на оваа деценија, албумот остана на топ листите во Велика Британија 124 недели. „Rolling Stones“ го нарекоа албумот Албум на годината за 1974 и во 1975 година тој доби Греми награди за Најдобар Современ/Поп Вокал и Најдобро Осмислен Албум. Во 1974 година, „Вингс“, го оствариле својот втор американски број еден сингл со насловната нумера. Албумот исто така ги вклучуваше топ тен хитовите „Jet“ и „Helen Wheels“ и го достигна 413 место на Rolling Stones списокот на 500 Најдобри Албуми на Сите Времиња.

Она што следеше по Band on the Run беа албумите „Venus and Mars“ (1975) и „Wings at the Speed of Sound“ (1976), албуми кои го достигнаа врвот на топ листата. Во 1975 година,групата ја започна четиринаесет-месечната „Wings Over the World“ турнеја, која вклучуваше посети на Велика Британија, Австралија, Европа и САД. Турнејата го одбележа првото настапување на Мекартни со песни од Битлси, во живо со „Вингс“, пет песни за време на двочасовната листа: „I've Just Seen a Face“, „Yesterday“, „Blackbird“, „Lady Madonna“ и „The Long and Winding Road“. По вториот европски дел од турнејата и долгите проби во Лондон, групата започна амбициозна турнеја во арената во САД, којашто ја донесе американската трикратна број еден лонгплеј плоча во живо, „Wings over America“.

Во септември 1977 година,Мекартни го доби третото дете,син кој го крстиле Џејмс.Во ноември,песната на групата „Вингс“, „Mull of Kintyre“, заедно напишана со Лејн, за кратко време стана еден од најдобро продаваните синглови во историјата на англиската топ листа. Најуспешниот сингл од соло кариерата на Мекартни „She Loves You“, заработи двојна продажба од претходниот рекордер и продолжи продава 2.5 милиони копии и го задржа рекордот на продажба во Велика Британија сè до добротворниот сингл во 1984 година „Do They Know It's Christmas?

Синглот „With a Little Luck“, од албумот „London Town“ (1978), стана број еден американски сингл и најпродаваната лонглплеј плоча на групата „Вингс“, по албумот Band on the Run, достигнувајќи меѓу првите пет и во САД и во Велика Британија.Критичката реакција беше неповолна, и Мекартни изрази разочарување за албумот. Албумот „Back to the Egg“ (1979) ja вклучуваше соработката на Мекартни со супер рок групата „the Rockestra“. Успехот на „Вингс“ беше заслуга на Пит ТауншендДејвид ГлиморГери БрукерЏон Пол Џоунс и Џон Бохам. И покрај потврдената платина, критичарите го критикуваа „Back to the Egg“. „Вингс“ ја завршија својата последна концертна турнеја во 1979 година, со дваесет настапи во Велика Британија, кои ги вклучуваа деби изведбите на песните од Битлси „Got to Get You into My Life“, „The Fool on the Hill“ и „Let it Be“ во живо. Во 1980 година Мекартни ја издаде својот втора соло лонгплеј плоча, сопствена продукција Мекартни II, која го достигна првото место во Велија Британија и третото во САД. Како и со својот прв албум, тој го создаде и изведе сам. Албумот ја содржеше песната "Coming Up", верзијата во живо од бендот „Вингс“, снимена во Глазгов,Шкотска во 1979 година, која стана последниот број еден хит на групата. До 1981 година, Мекартни сметаше дека целата негова креативна работа со бендот „Вингс“ ја има постигнато и реши дека му е потребна промена. Бендот се распушти во април 1981 година,по што следеа несогласувања околу авторските прави и плати.

1982–1990

уреди

Во 1982 Мекартни соработува со Стиви Вондер на број еден хитот „Ebony and Ivory“ продуциран од Мартин, кој е вклучен на плочата Tug of War на Мекартни, и со Мајкл Џексон на „The Girl Is Mine“ од Thriller. Следната година, тој и Џексон работеа на „Say Say Say“, последниот американски број еден на Мекартни до 2012. Мекартни го добива својот последен британски број еден до 2012 година со насловната тема од издадениот албум истата година „Pipes of Peace“. Во 1984 година, Мекартни учествува во музичкиот игран филм Give My Regards to Broad Street, којшто самиот го напишал и продуцирал вклучувајќи го и Стар како глумец.

Обезвреднет од критиките, Variety го опишува филмот како „без карактерен, блед и бесмислен“. Роџер Еберт го наградува само со една звезда и напишал, „можете слободно па го пропуштите филмот и да преминете на музиката од него“. Албумот поминува многу подобро, станувајќи број еден во Британија и го донесува „No More Lonely Nights“ во топ-десет во Америка, заедно со Дејвид Глимор на водечката гитара. Во 1985 Warner Brothers го овластуваат Мекартни да напише песна за игран филм- комедија Spies Like Us. Тој ја компонирал и снимил песната за четири дена, заедно со Фил Рејмој како копродуцент. Мекартни учествува на Live Aid концертот, изведувајќи ја „Let it Be“,но првите два стиха поради технички потешкотии, неговиот вокал и пијано едвај се слушаат, испрекинати од повратно ехо. Техничарите за опремата ги решаваат проблемите и Дејвид Боуви, Алисон Мојет, Пит Тауншед и Боб Гледоф му се придружуваат на Мекартни, добивајќи ентузијастичка реакција од публиката. Мекартни соработува со Ерик Стјуарт на Press to Play (1986), заедно пишувајќи ги повеќе од пола песни на албумот. Во 1988, Мекартни го издава Снова во СССР, издаден само во Советскиот Сојуз, кој содржи осумнаесет препеви, снимени само за два дена. Во 1989, тој се здружува заедно со Merseysiders Gerry Marsden и Холи Џонсон да сними дополнета верзија на „Ferry Cross the Mersey“, добротворениот фонд катастрофата во Хилсбороу. Истата година, тој ја издава Flowers in the Dirt; соработка со Елвис Костело вклучувајќи и музички придонеси од Глимор и Ники Хопкинс. Мекартни потоа формира бенд кој се состои од него и Линда, заедно со Хемиш Стјуарт и Роби Мекинтош на гитари, Пол Викс Викенс на клавијатури и Кријс Вајтен на тапани. Во септември 1989, ја започнуваат „the Paul McCartney World Tour“, неговата прва светска турнеjа во последните 10 години. Следната година тој го издава тројниот албум, „Tripping the Live Fantastic“, кој содржи одбрани изведби од претходната свестка турнеjа. Во 1990, американскиот Amusement Business го наградува Мекартни со награда за шоу со најголема заработувачка во годината ;Неговите две изведби во стадионот Биркли заработуваат преку 3.5 милиони американски долари. Тој настапува пред најголемата публика на стадионот со платена влезница во историјата на 21 април во 1990 кога 184,000 луѓе го слушаат неговиот концерт на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, Бразил.

1991–2000

уреди

Мекартни се вклучува во музиката на оркестрите во 1991, кога Royal Liverpool Philharmonic Societyго овластува да напише музичка творба за да ја прослави сопствената сескуицентиалност.Тој соработува со композиторот Карл Дејви, продуцирајќи го ораториото Ливерпул. Во изведбата учествуваат оперските пејачи Кири Те Канава, Сели Бургес,Џери Хедло и Вилард Вајт, заедно со Кралскиот Филхармониски Оркестр на Ливерпул и хорот од ливерпулската катедрала.Коментарите биле негативни. Весникот „The Guardian“ бил посебно критичен, опишувајќи ја музиката како „да се исплашиш од пристапот на брзо темпо“, додавајќи дека делото има „малку од свесноста за повторливи идеи кои ќе го поврзат делото во целина“. Весникот објавува и писма со одговор од Мекартни во кои тој изјавува "за среќа, историјата покажува дека многу успешни музички остварувања не биле одобрени од критиките во на време, јас сум задоволен..... нека луѓето пресудат сами за оправданоста на работата. The New York Times бил малку подарежлив, објавувајќи, „Има моменти на убавина и задоволство во овој драматичен зборник,... невината искреност на музиката не дозволува лесно да се изостави амбицијата на делото“. Изведувана ширум светот после премиерата во Лондон, ораториото Ливерпул станува број еден на класичната неделна топ листа во Велика Британија Во 1991, Мекартни изведува серија од акустични песни на MTV Unplugged и издава албум во живо од настпаот насловен Unplugged (The Official Bootleg). Низ 1990-те, Мекартни двапати соработува со Youth од Killing Joke како музичко дуо „the Fireman“. Во 1993 година,двајцата го издаваат нивниот прв заеднички електронски албум Strawberries Oceans Ships Forest. Истата година, Мекартни го издава рок албумот, Off the Ground, по што следи нова светска турнеја, која подоцна го донесува издавањето на албумот Paul Is Live. Почнувајчи од 1994, Мекартни прави четиригодишна пауза од својата соло кариера за да работи на Apple's Beatles Anthology проект соХарисон, Стар и Мартин. Снима радио серијал наречен Oobu Joobu во 1995 за американската мрежа Westwood One, која самиот ја нарекува „радио со широк екран“. Исто така во 1995, принцот Чарлс го наградува со стипендија на Кралскиот музички колеџ — „неверојатно љубезно од некој кој не знае да чита музички ноти“, коментираше Мекартни. Во март 1997, англиската кралица го наградува со титула за заслугите во областа на музиката. Во 1997 година, Мекартни го издава рок-албумот Flaming Pie. Стар се појавува како следечки вокал и свири на тапани во „Beautiful Night“. Подоцна истата година, тој ја издава класичната творба Standing Stone, која се качува на врвот на класичните топ листи во Британија и Америка. Во 1998 година, го издава Rushes, вториот електронски албул од the Fireman. Во 1999 година, Мекартни го издава Run Devil Run. Снимен за една недела, заедно со Ијан Пејс и Дејвид Глимор, главо се содржи од препеви на три оригинали од Мекартни. Тој го планирал овој албум со години, претходно охрабруван од Линка, која умира од рак во април 1998 година. Во 1999 година, тој продолжува со експериментирање со класиците во оркестарската музика. Во 2000 година, го издава електронскиот албум Liverpool Sound Collage со Super Furry Animals и Youth, користејќи го звучниот колаж и музичките техники кои го фасцинирале во средните 1960-ти. Ја создава песната „Nova“ за албум со класична и хорска музика наречен A Garland for Linda (2000), посветен на неговата сопруга.

2000-2010

уреди

Тоа што бил сведок на нападите од 11 септември 2001 година, од асфалтираната авионска писта на аеродромот ЏФК, го инспирирале Мекартни го земе водечка улога во организирањето на Концертот за Њујорк.Неговиот студиски албум „Driving Rain“, објавен во ноември,истата година,ја вклучуваше песната „"Freedom"“,напишана поради нападите. Наредната година, Мекартни оформи бенд со гитаристот Расти Андерсон и Брајан Реј, придружувани од Викенс на клавијатури и Еби Лабориел Џуниор на тапани. Подоцна истата година тие ја зпочнаа „Driving World“ турнејата, која вклучуваше настапи во САД, Мексико и Јапонија. Турнејата резултираше со двојниот албум во живо „Back in the U.S“, кој беше меѓународно издаден во 2003 година под името „Back in the World“. Турнејата заработи 126.2 милиона американски долари, просечно по преку 2 милиона американски долари за една вечер, а „Billboard“ ја именуваше турнејата како најдобра турнеја на годината.

Во јули 2002 година,Мекартни се ожени со Хедер Милс. Во ноември, на годишнината од смртта на Харисон,Мекартни имаше настап за концертот одржан во чест на Џорџ. Во 2002 година, тој учествуваше на Националната Фудбласка Лига за Супер Купот, изведувајќи ја „Freedom“, за време на шоуто пред започнување на играта за Супер Куглањето XXXVI и го водеше шоуто за време на полвремето на Супер Купот XXXIX во 2005 година. Во 2002 година, англискиот Колеџ за државен грб му оддаде почит на Мекартни со доделувањето на државен грб. Неговиот грб, влучувајќи ја птицата Ливер (Liver Bird), која држи акустична гитара во својата канџа, ја отсликува позадината на Ливерпул и неговата музичка кариера. Штитот вклучува четири извиткали амблеми,кои ги наликуваат на грбовите на битлсите.Мотото на грбот е „Ecce Cor Meum“, латински за „внимавај на моето срце“. Во 2003 година, на Мекартни му се роде дете, Беатрис Мили.

Во јули 2005 година, Мекартни настапил на концертот „Live 8“,во „Hyde Park“, Лондонд,отворајќи го шоуто со „"Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band"“ и затворајќи го со „The Long and Winding Road“. Во септември, тој го издаде рок албуот „Chaos and Creation in the Backyard“, албум за чиј најголем дел од инструментација тој самиот беше одговорен. Во 2006 година,Мекартни ја издаде калсичната работа „Ecce Cor Meum“. Во 2007 година,следуваше рок албумот „Memory Almost Full“. Во 2008 година тој го издаде неговиот трет „Fireman“ албум Electric Arguments. Исто така во 2008 година Мекартни настапуваше на концертот во Ливерпул, за прославувањето на градот како Европски Град на Културата. Во 2009 година, по четиригодишно пазуирање, тој се врати на турнеите и оттогаш има настапено на преку 80 шоуа. Повеќе од 45 години откакако Битлси за првпат се појавија на американската телевизија,за време на „The Ed Sullivan Show“, тој се врати во истиот театар во Њујорк, за да настапи на „Late Show with David Letterman“. На 9 септември 2009 година, продуцентската куќа „EMI“, повторно го издаде каталогот на Битлси,по што следеше четири-годишен напор за дигитално подобрување,следниот ден издавајќи, музичка видео игра, наречена Билтси-Рок Бенд.

Долготрајната слава на Мекартни го направи популарен избор за отворање на нови места. Во 2009 година тој одржа 3 распродадени концерти на ново изградениот Citi Field - место конструирано за да го замени Shea Stadium во Квинс, Њујорк. Подоцна истата година, овие настапи го произведоа двојниот албум во живо „Good Evening New York City“. Во јули 2011 година, Мекартни одржа два целосно распродадени концерти на новиот Јенки Стадион. Според весникот „New York Times“, Мекартни „не се збогувал со сцената,туку правел турнеи на стадионите и изведувал маратонски концерти“.

2011- денес

уреди

Во септември 2011 година, по барање од New York City Ballet, Мекартни во соработка со Петар Мартин, ја издаде својата прва музика за танцување наречена Ocean's Kingdom. Исто така во 2011 година Мекартни се ожени со Ненси Шевел. Во февруари 2012 година, тој ја објави Kisses on the Bottom, колекција на стандардна музика;истиот месец National Academy of Recording Arts and Sciences му оддаде почит за најдобар музичар на годината, два дена пред неговиот настап на 54-тото издание на Греми наградите.

Исто така и во 2012 година, Мекартни остана еден од светските најголеми атракции. Тој свиреше пред повеќе од 100.000 луѓе за време на двата настапи во Мексико Сити во мај, настапите заработија близу 6 милиони американски долари. Во јуни 2012 година, Мекартни го затвори конертот одржан во чест на дијамнтскиот јубилеј на Кралицата Елизабета, кој се одржа во Бакингамската Палата, изведувајќи ги песните Let It Be и Live and Let Die. Тој на 27 јули, ја затвори церемонијата за отворањето на Летните олимписки игри 2012 година во Лондон, пеејќи ги The End и Hey Jude и поканувајќи ја публиката да се придружи на кода. Од организаторите на Олимпијадата,за неговиот настап тој заработи 1 милион американски долари.

Музичка кариера

уреди

Бас Гитара

уреди

Вештината на Мекартни, како бас гитарист, беше призната од други басисти, вклучувајќи ги Стинг, Др Дре, басистот Мајк Елизондо и Колин Маулдинг од XTC. Знаејќи да свири исклучително, употребувајќи перце Мекартни само повремено свиреше со прсти. Тој не употребуваше техники на удирање или придушување. Под сериозно влијание на Мотовн, а особено од Џејмс Џејмерсон, Мекарнтни го нарекуваше херој на неговиот молодичен стил. Исто така под влијане на Брајан Вилсон, Мекартни коментираше: „поради тоа што тој одеше на многу необични места“. Друг омилен басист е Стенли Кларк.

Во текот на раните години со Битлси, тој првично употребувал Hцfner 500/1 бас гитара, иако во 1965 година, повремено за снимање употребувал и Rickenbacker 4001S. Иако обично употребувал Vox засилувачи, до 1967 година тој исто така започнал да употребува и Fender Bassman за засилување. За време на доцните 1980-ти и 1990-ти, тој употребувал Wal 5-String, за која тој рекол дека може да свири подлабоки звуци, за разлика од полесната Hцfner, која го инспирирала да свири почувствително, нешто што тој го сметал за основно за неговиот стил за свирење. Во 1990 година, поради таа причина тој повторно се вратил на Hцfner. Додека настапува во живо, Мекартни употребува Mesa Boogie бас засилувачи.

Мекдоналд ја идентификува песната „She's a Woman“ како точка кога бас свирењето на Мекартни почнува да се развива драматично, а биографот на Битлси, Крис Ингман, ја извдојува Rubber Soul, како моментот кога свирењето на Мекартни манифестира значителен напредок, особено во песната „The Word“. Бејкон и Морганс се согласиле нарекувајќи го Мекартни „groove on the track“ висока точка во поп бас свирењето и... прв доказ за снимање на неговиот сериозен талент за свирење на инструментот. Мекдоланд го заклучил влијанието на „Papa's Got a Brand New Bag“ од Џејмс Браун и „In the Midnight Hour“, од Пикетс, американси соул песни песни од кој Мекартни попримил елементи и му послужиле како инспирација за тој да „го создаде најспонтаниот бас дел до денес“.

Акустична гитара

уреди

Додека свири на акустична гитара, Мекартни главно употребува перца, иако исто така ги употребува и прстите. Примери на песни од Битлси каде тој свири на неговата акустична гитара има во include „Yesterday“, „I'm Looking Through You“, „Michelle“, „Blackbird“, „I Will“, „Mother Nature's Son“ и „Rocky Raccoon“. Мекартни ја издвојува песната „Blackbird“ како свој лични фаворит и ја опишува својата техника во делот на свирењето на гитарата, на следниот начин: Јас имам мој личен мал начин на мамење[употреба на прсти]...Јас всушност можам да повлечам две жици истовремено...Се обидував да ги имитирам оние фолк свирачи.Мекартни употребуваше слична техника за „Jenny Wren“. Тој свиреше Epiphone Texan, на многу од неговите акустични снимки,но исто така употребуваше и Martin D-28.

Електрична гитара

уреди

Мекартни свирел прва електрична гитара на неколку записи на Битлси,вклучувајќи го и опишувањто на Мекдоналд како „бестрашно соло на гитара“ на песната „Drive My Car“, каде Мекартни свири на Epiphone Casino. За инструментот Мекартни рече: „Долку треба да бирам електрична гитара, тоа би била оваа“. Тој придонесе за она што Мекдоналд го опиша како „сензационално соло на гитара“ на композицијата на Харисон, „Taxman“ и „врискачка“ гитара на „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“ и „Helter Skelter“. Мекдоналд исто така го пофали „сјајното псевдо-индиско“ соло на песната „Good Morning Good Morning“. За неговото соло на песната „Taxman“, Мекартни рече „бев многу инспириран од Џими Хендрикс“. Тоа беше навистина моето прво патување во минатото. Кога во 1990 година го прашаа кои му се омилени гитаристи, тој ги вклучи Еди Ван Хален, Ерик Клептон и Дејвид Глимор, образложувајќи „но најмногу ми се допаѓа Хендрикс“. Тој главно ја употребуваше Gibson Les Paul за електрична работа,особено за настапи во живо.

Вокал

уреди

Вокалот на Мекартни преминува неколку музички жанрови. Според Бенитез, во песната „Call Me Back Again“, „Мекартни звучи како блуз,соло вокалист“, додека Мекдоналд смета дека „I'm Down“ е „рокенрол класика“, која „го покажува вокалот на Мекартни и стилската разновидност“. Мекдоналд ja опишува „Helter Skelter“ како ран обид за хеви метал, а песната „Hey Jude“ како „поп-рок хибрид“, истакнувајќи ја употребата на црковен стил и мелизмас во песната и псевдо-соул врескањето во постепеното губење на тонот. Бенитес ги посочува песните „Hope of Deliverance“ и „Put It There“ како примери на внесување на фолк елементи во музиката на Мекартни, додека музикологот Валтер Еверет смета дека песните „When I'm Sixty-Four“ и „Honey Pie“, се обиди за водвиљ. Мекдоналд оддава признание на „свинг ритамот“ на дваесет и четири часовната блуз песна на Битлси, „She's a Woman“, како „најекстремниот звук којшто го создале досега“, со гласот на Мекартни на работ, притиснат до најгорната граница на неговиот граден кош, претставувајќи закана дека неговиот глас ќе мутира во секој момент.Вокалот на Мекартни во песната Ive Got a Feeling, Мекдоналд го опишува како”жежок,рокер со средно темпо”,со вокална изведба која е енергична и полна со душа, а „Back in the U.S.S.R.“ како „последното од рокерите со високо темпо (Битлси)“.

Клавијатури

уреди

Мекартни свиреше пијано на неколку песни на Битлси, вклучувајќи ги „Every Little Thing“, „She's a Woman“, „For No One“, „A Day in the Life“, „Hello, Goodbye“, „Hey Jude“, „Lady Madonna“, „Let It Be“ и „The Long and Winding Road“. Во песната „Lady Madonna“, Мекдоналд сметаше дека, делот со пијаното,потсетува на Fats Domino, а според него песната „Let It Be“ има црковен ритам. Мекартновиот Мелтрон вовед на песната „Strawberry Fields Forever“, Мекдоналд го смета како целосна одлика за карактерот на песната. На песната од Битсли, „Maxwell's Silver Hammer“, како и на траката на Вингс „Maxwell's Silver Hammer“, Мекартни свири на Moog synthesizer. Песните на групата Вингс, „With a Little Luck“ и „London Town“, Ингам ги опишува како, „полни со најчувствителните поп синтисајзерски достигнувања“.

Тапани

уреди

Мекартни свиреше на тапани на следниве песни на Битлси: „Back in the U.S.S.R.“, „Dear Prudence“, „Martha My Dear“, „Wild Honey Pie“ и „The Ballad of John and Yoko“. Исто така тој самиот ги свирел сите делови на тапани, на неговиот прв и втор соло албум McCartney and McCartney II, на неговата соло лонгплаеј плоча „Chaos и Creation in the Backyard“, како и на албумот „Band on the Runand“ на групата Вингс.

Музички Ленти

уреди

Во средината на 1960-тите, во посета на пријателот, уметник Џон Данбар, во Лондон, Мекартни донесе ленти, коишто тој ги собрал од домот на тогашната девојка Џејн Ашер. Тие вклучувале разни песни, музички дела и коментари дадени од страна на Мекартни, којшто Дик Џејмс ги направил во демо за него. Под силно влијание од американскиот авангарден музичар Џон Кејџ, Мекартни направил магнетофонски ленти со снимање на гласови, гитари и бонго на магнетофонот Brenell и спојување на различни струјни кола. Готовиот производ го опиша како „електронски симфонии“. Тој ги пушти лентите во обратен правец и ги забрза и забави, за да го постигне посакуваниот ефект, нешто што подоцна го употребуваа Битлсите на песните „Tomorrow Never Knows“ и „The Fool on the Hill“.

Рани влијанија

уреди

Најраните музички влијанија на Мекарти ги вклучуваат Литл Ричард, Елвис Присли, Бади Холи, Карл Перкинс и Чак Бери. Кога го прашале зошто Битлсите не го вклучиле Присли на насловната страна на Sgt. Pepper, Мекартни одговори „Елвис беше далеку поважен и далеку над останатите дури и за да го споменеме...па не го ставивме на листата бидејќи тој беше повеќе од само...поп пејач, тој беше кралот Елвис“. Мекартни изјавил дека во бас стиховите за песната „I Saw Her Standing There“, директно ја цитирал „I'm Talking About You“ од Чак Бери. Мекартни го нарекувал Литл Ричард идол, чии фалсет вокализации, го инспирирале Мекартни за негова сопствена вокална техника. Мекартни рекол дека ја напишал „I'm Down“, како средство за неговото имитирање на Литл Ричард. Мекартни ги откупил издавачките права за каталогот на Бади Холи и во 1976 година, на четириесет годишнината од раѓањето на Холи, Мекартни свечено ја најави годишната „Бади Холи Недела“ во Англија. На фестивалот беа вклучени изведбите на познати музичари, натпревари за текстописци,натпревари за цртање и специјални настани, вклучувајќи ги претставите на the Crickets.

Стил на живеење

уреди

Креативен изглед

уреди

Додека бил во училиште,во 1950-ите,Мекартни напредувал во уметничките задачи,често добивајќи врвни признанија за неговата визуелна работа.Сепак,неговиот недостаток на дисциплина,негативно влијаел на неговите академски оценки,спречувајќи го биде примен на колеџот за уметност.За време на 1960-тите,тој ги истражувал визуелните уметности,истражувал во експерименталното кино,редовно гледал филмови и посетувал театарски и класични музички изведби.Неговиот прв контакт со лондоската авангардна сцена беше преку уметникот Џон Дунбар,кој го запознал Мекартни со трговецот на уметнички предмети Роберт Фрејзер.Во станот на Фрејзер тој првпат го видел вреднувањето на уметноста и ги запознал Енди Вархол, Клас Олденбург, Питер Блејк и Ричард Хамилтон.Мекартни подоцна купил дела од Магрите,употребувајќи го сликањето на јаболко за логото на Apple Records.Мекартни се вклучи во реставрирањето и отворањето на галеријата Индика во Mason's Yard,во Лондон,ко-основана од Бери Мајлс,место каде Ленон за првпат ја сретна Јоко Оно. Мајлс исто така го ко-основаше ‘’International Times’’, весник,чиј почеток со директна финансиска поддршка го потпомогна Мекартно,обезбедувајќи интервјуа за привлекување на рекламни приходи.Подоцна Мајлс ја напиша официјалната биографија на Мекартни ‘’Many Years From Now’’(1997). Мекартни стана заинтересиран за сликарството по гледањето на работата на уметникот Вилем де Кониг,во студиото на Кониг во Лонг Ајленд. Мекартни почна да се занимава со сликарството во 1983,а за првпат ја изложил неговата работа во Зиген,Германија,во 1999 година.Шоуто од 70 слики,вклучуваше портрети на Ленон,Енди Ворхол и Дејвид Боуви.Иако првично се колебал дали да ги изложи неговите слики јавно,Мекартни ја одбрал галеријата,бидејќи организаторот на настани,Волфганг Сутнер,покажал голем интерес за уметноста на Мекартни.Во Велика Британија, во септември 2000 година е отворена првата изложба на Мекартни,вклучувајќи 500 платна во галеријата Арнолфини, во Бристол,Англија.Во октомври 2000 година,Мекартни дебитираше во неговиот роден град Ливерпул.Мекартни рече:”Ми беше понудена изложба на моите слики во галеријата Вокер Арт,каде што Џон и јас поминувавме многу пријатни попладниња.Затоа,јас сум многу возбуден за тоа.Не кажав на никого дека сликам 15 години,но сега јавно откривам.”Мекартни е главниот покровител на Liverpool Institute for Performing Arts,училиште во зградата која е главно заземена од Институтот за момчиња во Ливерпул.

Кога Мекартни бил дете,неговата мајка му читала поеми и го охрабрувала да чита книги.Неговиот татко ги викал Пол и неговиот брат Мајкл да решаваат крстозбори со него,за да ја зголемат “моќта на зборот”,како што вели Мекартни.Во 2001 година Мекартни ја објавил ‘’Blackbird Singing’’, том на поеми и текстови на негови песни,коишто ги читал во Ливерпул и Њујорк.Во предговорот на книгата тој објаснува”Кога бев тинејџер...имав неизмерна желба да издадам поема во училишниот весник.Пишував нешто длабоко и полно со значење-кое беше веднаш одбиено- и претпоставувам дека оттогаш се обидував да се вратам повторно.Во 2005 година,Мекартни ја објави книгата High in the Clouds: An Urban Furry Tail.соработка со авторот Филип Ардаг и аниматорот Геоф Данбар,која весникот ‘’The Guardian’’ ја окарактеризира како “анти-капиталистичка книга за деца”.

Во 1981 година,Мекартни побарал од Геоф Данбар да режира краток,анимиран филм,наречен ‘’Rupert and the Frog Song’’ ;Мекартни бил авторот и продуцентот,а исто така тој додал и гласеви за карактерите.Во 1992 година тој работел заедно со Данбар на анимиран филм за работата на францускиот уметник Honorй Daumier,со кој ја освоиле наградата BAFTA.Во 2004 година,тие работеле заедно на анимираниот,краток филм Tropic Island Hum.Придружната песна, "Tropic Island Hum"/"We All Stand Together",го достигана 21-то место на Велика Британија. Во 1995 година,Мекартни исто така,го реализираше и водеше документарецот The Real Buddy Holly Story,кој вклучуваше интервјуа со Кејт Ричардс, Фил и Дон Еверли, фамилијата Холи и други. Во 1995 година, тој беше гостин во Симпсонови, во епизодата "Lisa the Vegetarian" и режираше краток докуметарец за Grateful Dead.

Бизнис

уреди

Мекартни е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, чие богатство во 2010 година е проценето на околу 475 милиони фунти. И покрај акциите во мрежата на компании на Apple Corps и MPL Communications, тој поседува и значаен каталог на музичко издавање, со пристап до преку 25.000 авторски права, вклучувајќи ги правата за издавање на мјузиклите Guys and DollsA Chorus LineAnnie and Grease. Тој во 2003 година заработил 40 милиони фунти, највисокиот остварен приход во медиумските професии во Велика Британија за таа година. Оваа сума се искачи до 48,5 милиони фунти до 2005 година.

Музиката на Мекартни се појавува во неколку музички куќи.Во јануари 1962 година, Polydor Records го објавија првиот комерцијален запис на Битлси,песната "My Bonnie".Благодарение на Тони Шеридан и Beat Brother, Decca Records ја објавија песната во Велика Британија,во април,1962 година.Наредната година во Велика Британија, Parlophone ги издале песните на бендот "Please Please Me"/"Ask Me Why" и "From Me to You"/"Thank You Girl" .Vee-Jay Records ги издадоа овие песни во САД.Истата година, Swan Records го објавија во САД британскиот сингл на Parlophone, She Loves You"/"I'll Get You".Од тогаш,па сè до јули 1968 година музичките куќи EMI'sCapitol (САД) и Parlophone (Велика Британија),ја објавија музиката на бендот.Започнувајќи со објавување на "Hey Jude"/"Revolution",во август,1968 година,нивниот нов материјал ќе се појави со натписи,логоа и корици на Apple,но со сериски броеви на Parlophone или Capitol.По распаѓањето на Битлсите, музиката на Мекартни продолжи да ја издава Apple Records,според договорот за снимање на Битлси со EMI од 1967 година,кој траел сè до 1976 година.По формалното распаѓање на партнерството на Битлси во 1975 година,Мекартни потпиша со Columbia Records во САД и Канада,наводно потпишувајќи го најпрофитабилниот договор за снимање сè до денес,додека EMI ја продолжиле дистрибуцијата низ остаток од светот.Во 1985 година,Мекартни се вратил на Capitol и од 1985 сè до 2006 година, Parlophone ја издалава музиката на Мекартни во Велика Британија,а Capitol во САД.Во 2007 година,Мекартни потпиша со Hear Music,станувајќи првиот заштитен знак на музичката куќа.Тој остнал тамудо 2012 со Kisses on the Bottom.

Во 1963 година, Дик Џејмс ја основа музичката куќа Northern Songs,за да ги објавува песните од Ленон и Мекартни.Првично Мекартни поседувал 20% акции од Northern Songs,,кои во 1956 година по јавното наддавање станале 15%.Во 1969 година,Џејмс го продал контролниот дел од Northern Songs на Lew Grade's Associated Television (ATV),по што и Мекартни и Ленон ги продадоа остатокот од своите акции,иако го задржаа договорот со ATV сè до 1973 година.Во 1972 година,Мекартни потпиша издавачки,здружувачки договор на седум години помеѓу ATV и McCartney Music.Од 1979 година MPL Communications ги објавуваше песните на Мекартни.Во 1981 година,Мекартни и Јоко Оно се обидоа да го купат каталогот на Northern Songs,но Грејд ја одбил нивната понуда и решил ATV целосно да ја продаде на стопанственикот Роберт Холмс а Корт Подоцна во 1985 година,Мајкл Џексон ја купил ATV.Во 1995 година Џексон го соеднил својот каталог со Sony,за јавно соопштени 59.052.000 фунти(95 милиони американски долари),основајќи ја музичката куќа Sony/ATV Music Publishing,во која тој задржал половина од сопственоста.Со текот на годините,Мекартни го критикувал Џексоновото купување и управувње на Northern Songs.По формалното раскинување на партнерството во 1995 година,тој стана дел од каталогот на Sony/ATV.Мекартни ги доби авторските права кои заедно изнесуваат 33⅓ проценти од целосниот комерцијален приход во САД.а коишто на друго место варираат помеѓу 50 и 55 проценти.Две од првите песни на Битлси—"Love Me Do" and "P.S. I Love You"—беа објавени од споредната на EMI, Ardmore & Beechwood,пред потпишувањето со Џејмс.Во средината на 1980-тите Мекартни ги побарал своите издавачки права од Ardmore и тие се двете единствени песни кои ги поседува MPL Communications.

Дрога

уреди

Мекартни за првпат употребил дрога во периодот кога Битлси настапуваа во Хамбург,често употребувале Прелудин,за да ја задржат енергија, додека имале долготрајни настапи. Боб Дилан ги вовлекол на марихуана, во хотелска соба во Њујорк во 1964 година; Мекартни се сеќава на „излегувањето од контрола” и „кикотењето без контрола”. Неговото земање на дрога, за краток период стана навика и според Мајлс, Мекартни го напишал текстот „друга состојба на мозокот „на песната "Got to Get You into My Life", специјално упатувајќи на канабисот. За време на снимањето на Help!, Мекартни на патот до студиото, во автомобилот, повремено пушел џоинт и за време на снимањето го заборавал текстот. Режисерот Ричард Лестер викнал две атрактвини жени, кои се обиделе да го заведат Мекартни да земе хероин, но тој одбил. Вовлечен на хероин, од страна на Роберт Фрејзер, Мекартни редовно ја земал дрогата, за време на снимањето на Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band, продолжил една цела година, но престанал бидејќи не го сакал чувството на меланхолија после тоа.

На почетокот се колебал дали да проба ЛСД, па на крајот Мекартни пробал во доцната 1966 година, а во март 1967 година по сесијата во студиото Sgt. Pepper го започнал неговиот втор "acid trip",заедно со Ленон.Подоцна тој бил првиот член од групата Битлси, кој зборувал за дрогата јавно, изјавуваќи, ”Тоа ми ги отвори очите... [и] ме направи подобар, почесен и потолерантен член на општеството. ”Неговиот став за канабисот тој го кажа јавно во 1967 година, кога тој,заедно со Епштејн другиот член на групата Битлси, го додаде своето име во јулската реклама за весникот The Times, која беше за легализација на канабисот,ослободување на оние кои се затворени поради нејзино поседување и истражување во медицинската употреба на марихуаната.

Во 1972 година, шведскиот суд го казнил Макартни со казна од 1.000 фунти поради поседување канабис. Подоцна, шкотската полиција пронашла сандици на марихуана на неговата фарма, по што тој бил осуден за илегално одгледување и парична казна од 100 фунти. Поради неговите пресуди за поседување дрога, владата на САД многупати го одбивала неговото барање на виза, сè до декември 1973 година. Во 1975 година, во Лос Ангелес, Мекартни бил повторно уапсен за поседување марихуана, но вината ја презела сопругата Линда, по што судот наскоро ги повлекол обвиненијата.[1]

Во јануари 1980 година, кога групата „Вингс“ се упатила на турнеја во Јапонија, на аеродромот во Токио, цариниците пронашле околу 200 грама канабис во неговиот багаж. Макартни бил притворен во локалниот затвор, а по 10 дена, тој бил депортиран без обвинение.[1] Во 1984 година, за време на одморот на Барбадос, Макартни бил уапсен за поседување марихуана и бил казнет парично со 200 фунти. По неговото враќање во Англија, тој изјавил: „канабисот...е помалку штетен од пунч од рум, виски, никотин и лепило, од кои сите се комплетно легални....Јас не мислам...дека му наштетувам некому, воопшто“. Во 1997 година, тој агитирал и давал поддршка на декриминализацијата на дрогата, велејќи: „Луѓето секако пушат марихуана, а да се направат криминалци е погрешно“.

Вегетаријанство и активизам

уреди

Пол и Линда се вегетаријанци повеќе речиси целиот нивен 30-годишен брак.Тие решија да престанат со конзумирањето на месо,откако Пол видел јагниња на полето,додека јаделе оброк од јагнешко месо.Наскоро после тоа,двојката стана отворен активист за правата на животните.На неговото прво интервју,по смртта на Линда,тој вети дека ќе продолжи да се бори за правата на животните и во 1999 година тој потроши 3.000.000 фунти,за да се осигура дека Linda McCartney Foods ќе остане без генестки добиени состојки.Во 1995 година,тој го раскажување документарниот филм Devour the Earth,напишан од Тони Вардл.

По стапувањето во брак со Милс,тој и се придружи неа во кампањата против мините,станувајќи покровител на Adopt-A-Minefield.На некои од неговите шоуа за Враќањето на Светската турнеја,Мекартни носеше маичка со натпис против-мини.Во 2006 година,тој патуваше до островот на принц Едвард за да ја подигне меѓународната свест за ловењето на фоките.Во шоуто на Larry King Live, двојката дебатираше со Дени Вилијамс,тогашниот Премиер на Њуфаундлен, изјавувајќи дека ловците трева да престанат со ловењето на фоки и наместо тоа да започнат бизнис со одлгедување на фоки.Мекартни исто така ја поддржуваше кампањата -сиромаштијата да ја направеме историја.

Мекартни учествување на неколку добротвотни снимања настани,вклучувајќи ги и концертите за луѓето од Кампучеа, Ferry AidBand AidLive Aid и снимањето на "Ferry Cross the Mersey".Во 2004 година,тој донираше песна на албумот за помош на американската кампања за Бурма, за поддршка на бурманскиот добитник на Нобелова награда Aung San Suu Kyi.Во 2008 година,тој донираше песна за це-дето Aid Still Required,организирано како напор за да се соберат средства за да се помогне во закрепнувањето од пустошот предизвикан од цунамито во Јужна Азија во 2004 година. Во 2009 година Мекартни, му напиша на Тенцин Гиатсо, 14-тиот далај лама,прашувајќи го зошто тој не е вегетаријанец.Како што Мекартни објаснува, „Тој ми врати многу љубезно,велејќи,моите доктори ми кажуваат дека јас морам да јадам месо. И јас му напишав повторно,велејќи,знаете,јас не мислам дека тоа е во ред....Јас мислам дека него сега му беше кажано...дека може да ги прима своите белковини на друг начин... Едноставно не изгледаше во ред од една страна Далај Лама да вели, „Еј луѓе не повредувајте суштества кои чувствуваат... Ох, а да, јас попатно јадам стек.”

Во 2012 година, вечерта пред американските претседателски избори, Мекартни објави видео-реклама за претседателот Барак Обама.

Медитација

уреди

Во август 1967 година, Мекартни го запозна јогинот Махаришу Махеш, во хотелот Хилтон во Лондон, и подоцна замина во Бангор во Северен Велс, за да присуствува на викенд-конференцијата за воведување, каде што и другите членови од групата Битлс, ги научија основите на трансценденталната медитација. Тој објасни, „Целото искуство со медитацијата беше многу добро и јас сè уште ја употребувам мантрата... Ми делува смирувачки”. Во 2009 година, Мекартни и Стар, одржаа добротворен концерт во Radio City Music Hall, собирајќи 3 три милиони долари за фондацијата на Дејвид Линч, да финансира обука за трансценденталната медитација за ризичната младина.

Фудбал

уреди

Мекартни е страстен обожавател на фудбалот и јавно го поддржува Евертон, а исто така навива и за Ливерпул. Во 2008 година, тој ја прекина шпекулацијата за неговата преданост кога изјави, „Еве како е работата: мојот татко е роден во Евертон, мојата фамилија официјално се евертонци, па доколку се одржи дерби меч или куп на Англија помеѓу овие два тима, јас ќе треба да го поддржам Евертно. Но по концертот на арената Вембли, се спријателив со Кени Далгиш, кој беше на концертот и со помислив ‘Знаете што?Ќе ги поддржувам и двата тима бидејќи се од Ливерпул“.

Лични врски

уреди

Девојки

уреди

Дот Рон

уреди

Прва сериозна девојка на Мекартни од Ливерпул беше Дот Рон, која ја сретнал во Казбах клубот во 1959 година. Според весникот Spitz, Рон сметала дека Мекартни бил опседнат со тоа да ја контролира секоја ситуација. Тој често одбирал облека и шминка за неа, охрабрувајќи ја барем еднаш да ја порасне нејзината коса како Брижит Бардо, потоа инсистирајќи да си го врати стилот, поради разочарувачкиот ефект. Кога Мекартни за првпат отиде во Хамбург со бендот Битлси, тој ѝ пишуваше на Рон, редовно и таа ја придружуваше Синтија Ленон во Хамбург, кога тие свиреа повторно во 1962 година. Двојката имаше двеиполгодишна врска и беа спремни да се земат сè до спонтаниот абортус на Рон; според Spitz, Мекартни „ослободен од обврската“ ја раскина свршувачката.

Џејн Ашер

уреди

Мекартни првпат ја сретна британската глумица Џејн Ашер на 18 април 1963 година, кога еден фотограф ги замолил да се сликаат за време на настапот на Битлси во Royal Albert Hall, во Лондон. Двајцата започнале врска и во ноември истата година, тој се пресели во резиденцијата на родителите на Ашер на улицата Вимпол 57, Лондон. Тие живееја таму повеќе од две години сè до март 1966 година, пред да се пресели двојката во домот на Мекартни, на улица Св. „Џонс Вуд“. Тој напиша неколку песни додека живееше кај фамилијата Ашер, вклучувајќи ги „Yesterday“, „And I Love Her“, „You Won't See Me“ и „I'm Looking Through You“, последните три беа инспирирани од нивната романса. Тие имаа петгодишна врска и планираа да стапат во брак, но Ашер ја раскина свршувачката откако се дознало дека тој бил во врска со Френси Шварц.

Сопруги

уреди

Линда Истман

уреди

Линда Истман беше обожавател на музиката, која еднаш коментираше, „моите тинејџерски години беа поминати со увото на радиото”. Понекогаш таа не одеше на училиште за да види уметници како Фабијан, Боби Дарин и Чак Бери. Таа стана популарен фотограф на неколку рок групи, вклучувајќи го искуството со Џими Хендрикс, the Grateful Dead, the Doors и Битлсите, кои првпат ги запозна на стадиумот Шеа во 1966 година. Таа изјави, „на почетокот ме заинтересира Џон. Тој беше мојот херој од Битлсите. Но кога го запознав восхитот избледи набрзо и Пол беше тој кој ми се допадна. Парот за првпат се запозна во 1967 година, на концертот Georgie Fame, во клубот The Bag O'Nails, за време на нејзината задача да фотографира рок-музичари во Лондон, Велика Британија. Парот стапи во брак во 1969 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Волберг бил во улична банда, Дауни провалил во куќата на соседот“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 12-13.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: