Отава
Отава е главен град на Канада и четврта по големина градска општина во земјата.Градот се наоѓа во Рамнината Отава по којашто и го добил името. Градот се наоѓа во источниот дел на канадската провинција Онтарио.Низ градот тече Реката Отава којашто ги дели провинциите Онтарио и Квебек. Во Отава живеат околу 850.000 жители,а со поблиската околина во Отава живеат околу 1.170.000 жители.Градот зафаќа површина од 2,778.64 км2.
Отава | ||
---|---|---|
Прекар(и): Бејтаун | ||
Гесло: Напредна Отава | ||
Отава на карта на провинцијата Онтарио | ||
Координати: 45°25′15″N 75°41′24″W / 45.42083° СГШ; 75.69000° ЗГД | ||
Држава | Канада | |
Провинција | Онтарио | |
OОснован | 1850 како Бајтаун | |
Обединет | 1855 како Отава | |
Проширен | 1 јануари 2001 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Лари О'Брајан | |
• Градски совет | Градски совет на Отава | |
• Членови на парламентот(Канада) | Список на членовите
| |
• Членови на провинцискиот парламент(Онтарио) | Список на членови
| |
Површина[1][2] | ||
• Градска | 2.778,64 км2 (107,284 ми2) | |
• Метро | 5.318,36 км2 (205,343 ми2) | |
Надм. вис. | 70 м | |
Население (2007)[1][2] | ||
• Градско | 848,720 | |
• Густина | 305,4/км2 (7,910/ми2) | |
• Метро | 1,168,788 [1][2] | |
• Метро | 313,6/км2 (8,120/ми2) | |
Мреж. место | http://www.ottawa.ca |
Во Отава времето се смета 5 часа порано според Гринич.
Градоначалник на Отава е Лари О'Брајан, кој го наследи Боб Киарели на 1 декември 2006.
Историја
уредиПртвите населби на европските иселеници на територијата на денешниот град Отава се населиле предводени од Филемон Рајт околу 1800.Рајт видел дека преку реката можно е да се врши пренос на стоката до Монтреал.Па тој сметал дека е добро таму да се простира градска населба.
Во развиената населба масовно населување предизвикале Ирците,а во градот се населиле и француски Канаѓани.
Населението во градот најмногу пораснало кога бил заврешен Каналот Ридо од страна на Колонел Џон Бај во 1832 година.
Западната страна на градот уште се нарекува и горен дел на градот каде што е сместеана зградата на парламентот,а источниот дел од градот уште се нарекува и долен дел на градот којшто никогаш не бил развиен како западниот и кој е обиколен од Каналот Ридо и Реката Ридо.Во 1832 година во овој дел од градот бил зафатен со болеста колера,а во 1847 година со болеста тифус.
Градот официјално е основан во 1850 година под името Бајтаун,а во Отава е преименуван во 1855 година.
За главен град на Канада градот е назначен на 31 декември 1857 година кога британската кралица Викторија сакала британската провинција Канада да добие главен град,а потоа таа самата го избрала градот Отава кој брзо се развивал.
Денес Отава е значаен културен центар на Канада со високоразвиена дрвна индустрија.
Клима
уредиВо Отава климата е студена континентална со топли лета и студени зими. Највисоката температура е измерена лете во 1986 и 2001 г. изнесува 37,8 °C,а најниската на 29 декември 1933, со -38,9 °C со што Отава е град со трета најниска температура измерена во светот по Улан Батор во Монголија и Москва во Русија.
Зимите во Отава се одликуваат со снежни врнежи кои изнесуваат 235 см годишно,а највисока снежна покривка е регистрирана по врнежите од 3 и 4 март 1947 година кога снежната обвивка изнесувала 73 см.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Population and dwelling counts, for Canada and census subdivisions (municipalities), 2006 and 2001 censuses - 100% data“. 2006 Canadian Census. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2007-07-20.
- ↑ 2,0 2,1 „Community Highlights for Ottawa (CMA)“. 2001 Canadian Census. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2007-01-26.
Оваа статија место во Канада е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |