Моторните трки или авто трки (исто така познати и како трки со автомобили, автоспорт или моторспорт[1]) се спорт што вклучува трка на автомобили. Моторни трки исто така може да означува трки со мотоцикли, трки со моторни чамци и воздушни трки. Тоа е еден од најпопуларните спортови во светот и веројатно спорт кој е најмногу комерцијализран.

Загревање пред трка во Дејтони, САД

Најпознати авто трки се оние од циркусот на F1 или Формула 1. Тоа се најбрзите тркачки автомобили на планетава! Спецификациите на нивните мотори постојано се менуваат (поради регулативите на FIA), така што во 2006 година тие имаат работна зафатнина од 2,4 литри (2400 кубни сантиметри), во V8 изведба (8 цилиндри во V распоред) со околу 700 КС и постигнуваат феноменални 19 000 вртежи во минута. Поради ваквата големата моќност, на моторите им е потребно огромно количество на воздух за да одржуваат што пониска температура како не би дошло до некој несакан дефект или во бројки: 600 литри воздух секоја секунда. Потрошувачката на F1 болидите изнесува и до 80 литри гориво на 100 изминати километри. Најголема брзина во трка со F1 болид е постигната на патеката во Италија (Монца), каде што возачот на McLaren Mercedes, Кими Раиконен, постигна рекордни 370 километри на час.

Наводи

уреди
  1. „motor racing (noun) definition and synonyms Macmillan Dictionary“. www.macmillandictionary.com. Посетено на 2019-09-02.