Книжевност

уметност на пишаниот збор
(Пренасочено од Литература)

Книжевност или литература (латински: lit(t)era — буква) — уметноста на пишани дела. Иако двата поими се синонимни, книжевност го опфаќа уметничкиот дел од творештвото, додека поимот литература се користи за означување на каков било вид пишано творештво. Како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, како и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки, така и во рамките на една издвоена култура.

Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Јохан Волфганг Гете, еден од најплодните германски писатели

Во антиката и подоцнежното време, денешното значење на поимот поезија тогаш го носел значењето литература, бидејќи уметноста да се твори, односно пишува во стихови се сметала за литература. Прозата, од друга страна дури подоцна почнала да се оформува како посебна уметност, за да сега и прозата и поезијата претставуваат само начин на кој се пишува, односно твори или создава едно книжевно дело.

Одлики на литературата

уреди

Литературата се разгледува во однос на еден народ, најчесто вклучувајќи збир од текстови што претставуваат еден народ. И покрај тоа што литературата може да закружува најразлични ентитети, како што се здруженија, филозофски школи, историски периоди и др., сепак најчесто, употребата на зборот литература паѓа под оваа определба.

Поопшто гледано, литературата може да претставува збир разкази, песни и драми што се однесуваат на некоја одредена тема.

Клацифицирајќи некаков елемент како дел од литература (на пр. македонска книжевност, научна литература, итн.), може да се наиде на неколку потешкотии. Во одредени контексти, поимот„литература“ означува каков било симболички запис кој може да содржи слики и скулптури, а нормално и букви. За други, литературата мора да содржи само примери на тексуално сложени букви, или некакви други примери на симболично пишани јазици (на пр. хиероглифи). Уште поконзервативна интерпретација ќе бара текстот да има физичка форма, вообичаено напишана на хартија или друга форма кој овозможува печатење.

Различни историски периоди истакнувале различни одлики на литературата. Најраните дела, најчесто се осврнувале на религиозни и советувачки пораки. Морализирањето или согледувањето на литературата се спречува од ваквите извори. средниот век ја носи романсата, додека „времињата на причината“ ги произведуваат националистичките епови и филозофската мисла. Романтизмот ја истакнува популарната народна книжевност и емотивните ставови, но сепак му даваат отворен пат на Западот, кој во XIX-иот век ја започнува фазата на реализам и натурализам, трагајќи во реалното. XX-иот век го донесува симболизмот и психолошките гледишта, менувајќи го притоа тогашниот вообичаен тек.

Теорија на книжевноста

уреди

Според Џакомо Леопарди, вредноста на книжевноста зависи во прв ред од стилот, и тоа во толкав обем што ако на едно дело му се одземе стилот, тоа ќе се сведе на нешто без никаква вредност. Стилот, пак, е нераскинливо поврзан со јазикот. Исто така, тој смета дека за некој да може да ја оцени вредноста на книжевното дело, тој самиот мора да знае совршено да пишува, толку колку што е умешноста на писателот кој се оценува. Бидејќи малку луѓе ја поседуваат способноста за правилно оценување на книжевните дела, Леопарди тврди дека славата на најдобрите писатели повеќе зависи од случајноста отколку од нивната вистинска вредност. Имено, книжевните дела не се оценуваат според нивната вредност сама по себе, туку според впечатокот што го оставаат кај читателот, кој ги набљудува книжевните дела во самиот себеси, а не во самите нив. Поради тоа, многу луѓе, кои се одликуваат со здрав разум и голема остроумност, не се способни да ги оценуваат книжевните дела, зашто не можат својата душа да ја изедначат со душата на писателот. Исто така, оценувањето на книжевното дело зависи и од моментното расположение на читателот, т.е. едно исто дело може во еден период да го возбуди читателот, а другпат да не остави никаков впечаток врз него. Во продолжение, судот за некое дело се носи и под влијание на претходно искажаните оцени за него, т.е. за некое славно дело носиме висок суд знаејќи дека е славно, т.е. врз основа на искуството за неговата вредност, црпено од минатото. Оттука, оценувањето на новите дела, за кои нема претходно утврдени судови, често се врши според моментниот впечаток.[1] На пример, доколку некој современ автор би напишал дело со еднаква или повисока вредност од „Илијада“, тоа дело би било помалку ценето, зашто зад него не стои вековната слава на „Илијада“. Слично на тоа, кога некој би ги читал „Ослободениот Ерусалим“ или „Бесниот Роландо“, без да ја познава славата на овие дела, тој би ги оценил пониско од некоја друга книга.[2] Според тоа, Леопарди смета дека постои голема несигурност во оценувањето и донесувањето суд за вредноста на книжевните дела.

Литературни видови

уреди

Поезија

уреди

Песна е композиција обично напишана во стих. Песните се потпираат на сликовитост, прецизен избор на зборови, и метафора. Формата се мери во нагласоци или во ритам на слогови со различна должина, и тие може но не мора да користат рима.

Драма

уреди

Една претстава нуди уште една класична литературна форма што еволуирала низ годините. Општо земено, таа се состои од дијалог меѓу ликовите, и обично цели кон театарска изведба) отколку кон читање на пишан збор. Во текот на XVIII-иот и XIX-иот век, формата опера се има развиено со комбинација на поезија, драма и музика.

Есеи

уреди

Есејот е кратка пишана форма што содржи расправа на одредена тема од гледна точка на авторот.

Прозна фикција

уреди

Прозата се состои од запис што не и се покорува на ниедна специфична формална структура (освен најосновна граматика). Прозниот запис често е сув запис, иако не значи дека не може да биде и елегантен, убав (но без да ги користи формалните својства на зборовите, како рима и метрика).

Други видови на прозна литература

уреди

Филозофија, историја, новинарство, како и легалните и научни трудови традиционално се сметаат за литература. Во нив спаѓаат некои од најстарите прозни записи во постоење; романите и прозните приказни се наречени „фикција“ со цел да се прави разлика меѓу нив и фактичкиот запис, кој писателите историски го сметаат за проза.

Извори на литература

уреди

Најстарите извори на литературата се митот и фолклорот.

Најстари извори на литературата се митовите. Митот е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Тоа се народни приказни во кои луѓето во недостаток на научни сознанија создавале фантастични објаснувања. Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.; тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните појави како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.; тие се прв учебник за моралот и доброто однесување на човекот.

Митовите се поделени на: 1. митови за создавање на космосот (редот) - космогониски митови; 2. митови за настанокот на живиот свет; 3. митови за настанокот на астрономските тела; 4. митови за крајот на светот - есхатолошки митови.

Митовите се сакрални (свети) творби, а не литературни, но им служат на литературните творби како богат извор на мотиви употребувани до ден-денес. Разни народи со текот на времето создавале бројни митски приказни оформувајќи збир од митови наречен митологија. Сите делови на светот имаат своја митологија, но најпознати се: египетската, сумерската, индиската, кинеската, древномакедонската (балканска, старогрчка), римската и др.

Фолклор

уреди

Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.

Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна книжевност.

Поделби на литературата

уреди

1. Во минатото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат. Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:

2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:

Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.

3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:

4. Според внатрешните својства на книжевните дела, литературата се дели на родови:

Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени. Родовите, пак, се делат на литературни видови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 77-82.
  2. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 87.