Људевит Гај (хрватски: Ljudevit Gaj; 8 август 1809 - 20 април 1872) — хрватски лингвист,[1] политичар, новинар и писател. Бил една од главните личности на хрватската национална преродба позната како „Илирско движење“.

Људевит Гај
Роден(а)Лудвиг Гај
8 август 1809(1809-08-08)
Крапина, Кралство Хрватска, Австриско Царство
Починал(а)20 април 1872(1872-04-20) (возр. 62)
Загреб, Кралство Хрватска и Славонија, Австроунгарија
ПочивалиштеМирогој, Загреб, Хрватска
ЗанимањеЛингвист, политичар, новинар, писател
Познат(а) поГајица
ДвижењеИлирско движење
СопружникПаулина Кризманиќ (в. 1842)
Деца5

Животопис

уреди
 
Насловна страна на Гаевото дело Kratka osnova horvatsko-slavenskoga pravopisana (1830)

Људевит Гај е роден во Крапина во тогашна Австроунгарија. Неговото родено име било Лудвиг Гај или на германски Ludwig Gay[1] и ова име го користел само во неговото радо детство.[2] Неговото семејство било со германско-словачко потекло и живеело во Хрватска со генерации[3]

Гај започнал да овјавува дела уште на рана младост, кога во 1826 година објавил книшка на германски јазик со име „Замоците во Крапина“ или на германски Die Schlösser bei Krapina.[4][5]

Во Буда во 1830 година била објавена латиницата на Гај[6] во книшка именувана како „Кратка основа на хрватско-словенскиот правопис“. Оваа книга била објавена на два јазика, на хрватски и германски јазик. Со оваа книшка се основала стандардната хрватска азбука, но и латинската верзија на српската, босанската, црногорската, словенечката и српскохрватската азбука.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 According to Djuro Šurmin: Hrvatski preporod, vol I-II, Zagreb, 1903)[1], [2] Архивирано на 21 јули 2011 г.
  2. „Koha Online Catalog MARC Details for Record No. 27429“. Koha.ffzg.hr. 2008-10-17. Посетено на 2010-05-02.
  3. Discourses of collective identity in Central and Southeast Europe (1770-1945), Vol. 2, by Balázs Trencsényi and Michal Kopeček
  4. „Koha Online Catalog: ISBD View“. Koha.ffzg.hr. Посетено на 2010-05-02.
  5. Hrvatski Preporod - Google Књиге. Books.google.com. Посетено на 2010-05-02.
  6. Kratka osnova horvatsko-slavenskog pravopisanja

Поврзано

уреди