Цар
Цар' (бугарски: цар, руски: царь, украински: цар, хрватски: car, српски: цар/car, во научната транслитерација car) и повремено спелуван како csar или Tzar на англиски е термин со потекло од латинскиот термин Cæsar (цезар или кајзер) значи Император во европската средновековна смисла на зборот, т.е., владетел кој тврди дека го има истиот ранг како Римскиот цар, со одобрение на друг император или врховен еклезијастички претставник (Папата или Екуменскиот Патријарх).
Пред да ја прифатат римските цареви титулата Цезар или Кајзер, зборот “Кајзер/Kaisar", бил името што му е дадено на третиот крал од Медејците (денешните Курди), Кијаксар, 625-585 п.н.е. Од древни времиња, во курдскиот јазик, името Кијаксар имало различни значења и изговори, вклучувајќи го името Кеј-Касро, кое се користи од Курдите како име за личност. Тоа буквално значи „крал“, кој е автократ.
Наспроти соодветниот латински збор "imperator", византискиот грчки термин basileus беше користен различно во зависност од тековниот политички контекст или од историскиот или библискиот контекст. Во историјата на грчкиот јазик, зборот басилеус/василевс оригинално значеше нешто како „моќник“ (potentate = суверен, монарх) и постепено се доближи до значењето на зборот „крал“ во Хеленистичкиот период, па се користеше за да означи „император“ во почетокот на Римското Царство. Како последица на тоа, византиските извори продолжија да ги нарекуваат древните кралеви со "basileus", дури и во случаите кога тој збор почна да значи „император“, зашто се однесуваше на современите монарси (додека не беше применет на западните европски кралеви, чија титула беше транслитерирана од латинското "rex" како ῥήξ, или на другите монарси чии именувања беа како архонт/ ἄρχων "водач", "главешина").
Повремено зборот се користи за да означи други, нехристијански, врховни владетели. Во Русија и Бугарија, империјалните придружни значења (т.е. конотации) во 19 век добил значење еквивалентно на зборот крал.
Оваа титула на врховен владетел се користела во следните европски земји:
- Бугарија во 913–1018, во 1185–1422 и во периодот 1908–1946
- Србија во 1346–1371
- Русија во 1547-1721 (заменета во 1721 со император, но остана во општа употреба сè до 1917).
Симеон Сакскобурготски, последниот Цар на Бугарија, е единствениот жив човек кој ја има словенската титула Цар.
Значење во словенските јазици
уредиБидејќи грчкото "basileus/василевс" постојано беше давано како „цар“ во словенските преводи на грчките текстови, двојното значење се префрли во црковниот словенски јазик. Оттаму, „цар“ не беше користен само како еквивалент на латинското "imperator" (во однос на владетелите на Византија, Светото Римско Царство и другите тамошни владетели), туку исто така беше користен за означување на библиски владетели и древни кралеви.
Од оваа нејаснотија, развојот тргнал во различни насоки кај различни словенски јазици. Така во бугарскиот и рускиот јазик зборот цар повеќе не се користи како еквивалент за зборот emperor/imperator, кој постои во западноевропската (латинска) традиција. Моментално, терминот цар се однесува на оние кои по потекло се суверени, древни и библиски владетели, како и монарси во бајките и слично. Титулата крал (руското korol', бугарското kral) се смета како туѓа и е резервирана за (западните) европски кралски семејства (и се проширува на оние модерни монарси надвор од Европа, чии титули се преведени како king на англиски, roi на француски итн.). Надворешните монарси со империјален статус, во и надвор од Европа, древни и модерни, генерално повеќе се нарекуваат императори отколку цареви.
Наспроти ова, во српскиот јазик (заедно со блиску поврзаните хрватски и босански јазици) зборот "emperor" (Latinimperator) го предаваат како (car, цар), а не како император, при што еквивалентот king (kralj, краљ) се користи за да означи монарси со неимперијален статус, српски како и туѓи, вклучувајќи ги библиските и другите древни владетели – исто како латинското "rex".
Во западнословенските јазици и словенечкиот јазик, употребата на термините е идентична со англиската и германската: кралот е означен со еден термин (чешки král, словачки král', полски król, словенечки kralj), императорот е означен со друг, а пак егзотичниот термин „цар“ е резервиран за руските владетели.
Царот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиЦарот како тема во народното творештво
уреди- „Старче, коњче и цар“ — македонска народна приказна.[1]
- „Од реченото не се бега“ — македонска народна приказна.[2]
- „Слепиот цар и син му“ — македонска народна приказна.[3]
- „Царот и градинарот“ — турска народна приказна.[4]
- „Вредноста на царствата“ - суфиска приказна.[5]
- Царо што бараше разумна девојка да земит“ - македонска народна приказна.[6]
- „Праведниот чоек што го обесил царо на трипати и се скина ортомата“ - македонска народна приказна.[7]
- „Трите момчиња, царот и к'сметот“ - македонска народна приказна.[8]
- „К'сметлијата што се сторил цар“ - македонска народна приказна.[9]
- „Ламјата и царевиот син“ (српски: Аждаја и царев син) - српска народна приказна.[10][11]
- „Царот сакал да ја земе ќерката“ (српски: Цар хтио кћер да узме) - српска народна приказна.[12]
- „Царевиот зет и крилатата баба“ (српски: Царев зет и крилата баба) - српска народна приказна.[13]
- „Царот Тројан има козји уши“ (српски: У цара Тројана козје уши) - српска народна приказна.[14][15]
- „Царот Дукљан“ (српски: Цар Дукљан) - српска народна приказна.[16]
- „Царевата ќерка овца“ (српски: Царева кћи овца) - српска народна приказна.[17]
- „Царичината снаа овца“ (Царичина снаха овца) - српска народна приказна.[18]
- „Царевата ќерка и свињарчето“ (српски: Царева кћи и свињарче) - српска народна приказна.[19]
- „Девојката го надмудрила царот“ (српски: Дјевојка цара надмудрила) - српска народна приказна.[20][21]
- „Последното царство“ - расказ на македонскиот писател Горан Петревски од 2014 година.[22]
Царот како тема во книжевноста
уреди- „Името на царевата птица“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[23]
- „Си бил еднаш еден цар“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[24]
- „Цар“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[25]
- „Крајот на династијата“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[26]
Царот како тема во музиката
уреди- „Цар“ (англиски: Czar) - песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1993 година.[27]
- „Царевата нова облека“ (англиски: The Emperor's New Clothes) - песна на ирската поп-рок-музичарка Шинед О'Конор (Sinéad O'Connor) од 1989 година.[28]
Наводи
уреди- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 10-15.
- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 55-61.
- ↑ Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 16-21.
- ↑ Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 80-81.
- ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 14.
- ↑ Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 13-16.
- ↑ Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 85-87.
- ↑ Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 63-74.
- ↑ Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 75-83.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 54-58.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 92-99.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 304-308.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 72-77.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 109-110.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 216-218.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 219-220.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 174-176.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 295-297.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 342-345.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 104-106.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 164-167.
- ↑ Горан Петревски, Одбрани трудови. Скопје: Темплум, 2014.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 50-53.
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 68-70.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 45.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 48.
- ↑ YouTube, Czar - Frank Black (пристапено на 15.5.2017)
- ↑ YouTube, Sinéad O’Connor - I Do Not Want What I Haven't Got (1989) (пристапено на 29.9.2019)