Елефтериос Венизелос
Елефтериос Кирјаку Венизелос (грчки: Ελευθέριος Κυριάκου Βενιζέλος) (23 август 1864 во Мурњес, Крит, Отоманско Царство – 18 март 1936 во Париз, Франција) бил виден грчки револуционор, истакнат и знаменит државник и харизматичен водач во почетокот на XX век. Бил министер за надворешни работи и претседател на владата во неколку наврати од 1910 до 1933 година. Потписник на Балканскиот сојуз против Турција 1912 година. За време на Балканските и Првата светска војна водел агресивна надворешна политика во интерес на Грција, наложувајќи се на Балканот со неа. Во 1916 година формирал национална влада во Солун, а во 1917 се вратил во Атина. Бил против обнова на монархијата и враќањето на кралот Константин, но не успеал во тоа. Венизелос имал големо влијание врз внатрешната и надворешна политика на Грција, и поради тоа му се припишува епитетот „создавач на модерна Грција“. Венизелос имал голема фамилија и 14 деца кој биле пријавени во Грција. тој има две сопруги Маријаи Елизабета. Венизелос исто така војувал и во првата светска војна.
Елефтериос Венизелос Ελευθέριος Βενιζέλος | ||
Роден | 23 август 1864 Мурњес, Хања, Крит, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 18 март 1936 Париз, Франција |
Оваа статија личност од Грција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |