Махатма Ганди

индиски општественик

Мохандас Карамчанд Ганди (2 октомври 186930 јануари 1948) — истакнат водач на индискиот национализам во Британска Индија. Применувајќи ненасилна граѓанска непослушност, Ганди ја довел Индија до независност и поттикнал движења за граѓански права и слободи низ светот. Почесниот Махатма (на санскрит, со значење: „великодушен“, „достоинственˮ - за првпат е применет во 1914 година во Јужна Африка, - а сега се користи во целиот свет. Исто така него го нарекуваат Бапу (на гуџаратски јазик со значење: љубов кон „таткотоˮ, „татко“ во Индија.)

Махатма Ганди

Ганди е роден и израснат во Хинду, во семејство кое потекнува од крајбрежјето на Гуджарт, Западна Индија и бил школуван во здружението „Инер Темплˮ (ˮInner Temple“), во Лондон. Тој бил првиот кој применил ненасилна граѓанска непослушност како иселен адвокат во Јужна Африка, во тамошната Индиска заедница за борба на човековите права.

Во 1915 година, по неговото враќање во Индија, Ганди се поставил за организирање на селаните, земјоделците и урбаните работници да протестираат против данокот за прекумерното земјиште и дискриминацијата. Во 1921 година, преземајќи раководство над Индискиот национален конгрес, Ганди водел национални кампањи за олеснување на сиромаштијата, зголемувајќи ги правата на жените, градејќи верско и етничко пријателство, стопирајќи го понижувањето на најниската каста во Индија но пред се, за постигнување на „Свараџˮ (ˮSwaraj“) или принцип на самоуправување.

Ганди одлично ги водел индијците во предизвикувањето на британското наметнување на данокот за солта со 400 км одење, наречен „Денди Салт Марч“ („Dandi Salt March“) во 1930 година, а подоцна во повикувањето на Британците да се откажат од Индија под кампањата „Августовското движење“ („Quit India“) во 1942 година. Во многу прилики, тој бил повеќепати затворен со години и во Јужна Африка и во Индија.

Ганди се обидел да применува ненасилство и вистина во сите околности и се залагал и другите да го прават истото. Тој живеел скромно во самостојно станбено заедништво и носел традиционално „дотиˮ и шамија, проткаена со рачно предиво на чекрек. Ганди јадел едноставна вегетаријанска храна, а исто така постел, како начин за самопречистување и за општествен протест. Сепак, визијата на Ганди која се темели врз религиозниот плурализам, била оспорена во почетокот на 1940-тите години, со новиот муслимански национализам кој барал посебна муслиманска татковина создадена во Индија.

Најпосле, во август 1947 година, Индија добила независност, но Британско-индиското Царство било поделено во две територии, помалата со хиндуско мнозинство, Индија и муслимански Пакистан. Уште толку преселените хиндуси, муслимани, и сики ги заземале своите места на нивните нови територии, и со тоа избувнало верското насилство, особено во Пенџаб и Бенгал.

Избегнувајќи ја официјалната прослава на независноста на Њу Делхи, Ганди ги посетил погодените области каде што се обидел да даде утеха. Во следните месеци, тој отпочнал неколку пости, за да ја потикне религиозната хармонија. Последниот од тие пости, отпочнат на 12 јануари 1948 година, на возраст од 78 години, исто така имало индиректна цел во притискањето на Индија да плати некој паричен капитал што се должел на Пакистан. Некои индијци помислиле дека Ганди бил премногу попустлив.

Помеѓу нив, бил Натурам Годсе, хиндуски националист, кој го убил Ганди на 30 јануари 1948 година со пукање на три куршуми во неговите гради. Махатма Ганди често, иако неофицијално, се смета за Татко на нацијата. Неговиот роденден, на 2 октомври, во Индија се празнува како, раѓањето на Ганди (ˮGandhi Jayantiˮ), кој е национален празник и во целиот свет, како Меѓународен ден на насилството.

Живот и образование

уреди

Мохандас Карамчанд Ганди е роден на 2 октомври 1869 година во Порбандар, крајбрежен град на полуостровот Катијавар, а потоа дел од малите кнежевска држава на Порбандар, во Катијаварската служба на Британско-индиската империја. Неговиот татко, Карамчанд Ганди (1822 – 1885 година), служел како „диван“ („diwanˮ,(министер-претседател) на државата Порбанер. Неговата мајка, Путали Баи, која потекнувала од Пранамско-ваишнавско семејство, му била четврта жена на Карамчанд, а првите три жени веројатно починале при породување.

Индиските класичари, посебно приказните на Шравана и царот Харишчандра, имале големо влијание во детството на Ганди. Тој пишува: „Ме прогонуваше и јас морав самиот да дејствувам на Харишчандра, да си пати безброј пати.ˮ Раното самораспознавање на Ганди со вистината и љубовта како врховни вредности може да се докаже со овие епски ликови.

Во мај 1883 година, 13-годишниот Мохандас бил во брак со 14-годишната Кастурбаи Макањи ( нејзиното име обично се скратувало на „Кастурбаˮ и изгледало нежно со наставката „Баˮ) со договорени детски бракови, според обичајот на тој крај. Со таквата постапка, тој изгубил една година во училиште. Потсетувајќи се на денот на нивниот брак, Ганди еднаш рекол: „Како што не знаевме многу за бракот, за нас тоа значеше само носење на нови алишта, јадење на слатки и играње со роднинитеˮ.

Сепак, како што била тогашната традицијата, малолетната невеста поминувала повеќе време во куќата на нејзините родители, а далеку од нејзиниот сопруг. Во 1885 година, кога Ганди бил 15 години, на двојката им се родило првото дете, но преживеало само неколку дена.Таткото на Ганди, Карамчанд Ганди, починал исто така таа година,. Религиознато потекло било избрано. Таткото на Ганди бил од Хиндуската заедница на Мод Банија, а неговата мајка била од Пранамско-ваишнавско семејство. Религиозните личности биле чести посетители на нивниот дом.

Мохандас и Кастурба имале уште четири деца и сите биле машки: Харилал, роден во 1888година, Манилал, роден во 1892 година, Рамдас, роден во 1897 година и Девдас, роден во 1900 година. Во своето средно училиште во Порбандар и средното училиште во Рајкот, Ганди останал како просечен ученик. Ганди не бил посветен ниту во училницата, ниту на игралиштето.

Во еден од последните извештаи тој бил оценет како „добар во Англискиот јазик, справедлив во Аритметиката и слаб по Географија“ ; кој поминал со многу добар просек, но со лош ракопис. Со малку потешкотија тој го поминал испитот за упис на колеџот Самалдас, во Бавнагар. Фамилијата на Ганди посакувале тој да биде адвокат, со тоа што ќе се зголемат шансите да успее во патоказот на својот татко.

Англискиот адвокат

уреди

Во 1888 година, Ганди многу патувал во Лондон, Англија, за да студира Право на Лондонскиот универзитетски колеџ, каде што студирал Индиско право и правни науки, а се обучувал како адвокат во храмот „Инер Темплˮ (ˮInner Templeˮ).

Неговиот живот во Лондон бил под заклетва на неговата мајка, пред да ја напушти Индија, во присуство на еден џаиниски монах за да ги набљудува прописите на самоодрекување од месо и алкохол, како и на сексуалната слобода. Ганди се обидел да ги прифати „англиските обичаи“, вклучувајќи и одење на часови по танц. Меѓутоа, тој не ја прифаќал незачинетата вегетаријанска храна, која ја служела неговата газдарица и често бил гладен, додека да најде еден од ретките вегетаријански ресторани во Лондон.

Под влијание на текстовите од Хенри Солт, Ганди се приклучил на Вегетаријанското друштво, каде што бил избран на извршниот комитет и започнал поглавје за областа „Бејсватер“ (ˮBayswaterˮ). Некои од вегетаријанците што ги запознал биле членови на Теозофското друштво, кој бил основан во 1875 година, за да се постигне универзално здружение, а било поделено во проучување на будистучка и хиндуистичка литература. Тие го охрабриле Ганди да им се придружи во читањето на Багавад Гита, како во преводот така и во оригиналот. Непокажувајќи интерес кон религијата пред тоа, Ганди станал заинтересиран за религиозната мисла.

Ганди во јуни 1891 година бил повикан на адвокатура, а потоа го напуштил Лондон за да се врати во Индија, каде што дознава дека неговата мајка починала, додека тој бил во Лондон и дека неговото семејство ја криеле таквата вест од него. Неговите обиди за вооспоставување на законската практика во Бомбај не успела, бидејќи тој бил премногу срамежлив да зборува пред судот.

Ганди потоа се вратил во Рајкот за правење на мали петиции, наменети за странки во судскиот процес, но бил принуден да ги затвори заради прекршрок на еден британски службеник. Во 1893 година, Ганди прифатил едногодишен контакт од индиската фирма „Дада Абдула и Копродукцијаˮ (Dada Abdulla & Co), на едно место во колонијата на Натал, јужна Африка, а потоа дел од Британската Империја.

Движењето за граѓанските права во Јужна Африка

уреди

Кога имал 24 години, Ганди пристигнал во Јужна Африка за да работи како правен застапник за муслиманско-индиските трговци со седиште во градот Преторија. Поминал 21 година во Јужна Африка, каде што ги развил своите политички ставови, етиката и политичките водачки вештини. Историчарот Гуа тврди дека, кога Ганди се вратил во Индија во 1914 година, тој бил умешен во јавното говорење, во собирањето на финанскиски средства, во преговори, во односи со медиумите и во самозалагањето.

Индијците во Јужна Африка биле водени од богатите муслимани, кој го вработиле Ганди како адвокат и во согласност со хиндиските договорени работници со многу ограничени права. Махатма Ганди ги почитувал сите нив како индијци, со вечен став дека „индијцитеˮ ја надминале религијата и општествениот слој. Верувал дека тој би можел да ги помести историските разлики, особено во однос на религијата и со тоа верување кога се вратил во Индија, се обидел да го спроведе тоа.

Со неговото искуство од Јужна Африка, Ганди бил изложен на препреки, без да биде свесен за тоа. Забележал дека немал допир со огромните сложености на верскиот и културниот живот во Индија и верувал дека тој ја има разбрано Индија со запознавањето и со главните водачи на Јужна Африка.

Во Јужна Африка, Ганди се соочил со дискриминацијата насочена кон сите луѓе од другите раси. Во градот Питермарицбург тој бил фрлен од воз по одбивањето да се потргне заради луѓето од првата класа. Ганди за тоа протестирал и следниот ден му било дозволено од првата класа. Патувајќи подалеку со кочијата, возачот го претепал Ганди бидејќи одбил да се помрдне и да направи место за еден европски патник. Тој на патувањето трпел и други неволји исто така, вклучувајќи и забрана за опстојување во некои хотели. Во друг инцидент, судијата на Дурбанскиот суд наредил Ганди да го отстрани својот турбан од главата, а тој одбил да го стори тоа.

Овие настани биле пресвртна точка во животот на Ганди, а го оформиле неговиот социјален активизам и го освестиле од социјалната неправда. По докажувањето на расизмот, предрасудите и неправдата против индијците во Јужна Африка, Ганди почнал да го преиспитува неговото место во општеството и неговите луѓе што стојат во Британската Империја.Махатма Ганди го продолжил својот креативен период во Јужна Африка, за да им помогне на индијците во спротивставувањето на предлог-законот да ги елиминираат нив од правото за гласање. Во однос на овој предлог-закон, Ганди пратил меморандум до Џосеф Чемберлен, Секретар на Британската колонија, барајќи од него да ја преиспита неговата позиција за овој предлог-закон. Иако не можело да се запре донесувањето на законот, неговата кампања била успешна, обрнувајќи го вниманието врз жалбите на Индијците, во Јужна Африка.

Во 1894 година, Ганди помогнал во основањето на Индискиот Конгрес во Натал, и преку оваа организација, тој ја направил Индиската заедница во Јужна Африка, во обединета политичка сила. Во јануари 1897 година, кога Ганди слетал во Дурбан, го нападнале толпа од белите доселеници, а тој само избегал преку напори, со помош на сопругата на началникот. Меѓутоа, тој одбил да ги притисне обвниненијата против било кој член од толпата, наведувајќи дека тоа било еден од принципите да не се бара надомест за лична грешка во Законот на судот.

Во 1906 година, владата на Трансвал изгласала нов Закон за задолжителна регистрација за популацијата на Индиската колонија. На масовните протести, состанокот одржан во Јаханесбург на 11 септември истата година, Ганди за првпат ја донел неговата развиена методологија за Сатјаграха (ˮSatyagrahaˮ), (преданост кон вистината), или со други зборови, ненасилен отпор. Власта успешно ги потиснала индиските демонстранти, но јавното протестирање врз суровата постапка на мирните индиски демонстранти од страна на Владата на Јужна Африка го присилил јужноафриканскиот водач Јан Кристијан Смутс, да преговара за компромис со Махатма Ганди. Идеите на Ганди се оформиле, а концептот за „Сатјаграха“ се развил за време на оваа борба.

Ганди и Африканците

уреди

Додека престојувал во Јужна Африка, Махатма Ганди своето внимание го насочил кон Индијците и се спротивставил на идејата дека Индијците треба да се третираат на исто ниво како и домородните Африканци. Тој исто така, истакнал и верувал дека „белата раса во Јужна Африка треба да доминираˮ. После неколку постапки што ги добил од белците во Јужна Африка, Ганди започнал да го менува своето мислење и неговиот интерес во политиката очигледно се зголемил. Правото на белците се засилило со строга сегрегација меѓу сите раси и предизвикало конфликт помеѓу тие заедници.

Бана и Вајд тврдат дека Ганди, најпрво, делел расни идеи од тоа време, а неговите искуства во затворот го направиле чувствителен за маките на домородните народи на Јужна Африка. Во 1900 година, за време на Бурската војна, Ганди доброволно оформил група возачи за брза помош. Сакал да ја негира британската идеја дека хиндусите не биле погодни за „јуначкиˮ активности кои вклучуваат ризик и напор. Ганди со тоа покренал илјада и сто индиски доброволци. Тие биле обучени и медицински потврдени дека можат да служат во првите редови.

На битката Спион-Коп, Ганди и неговите носители морале да ги носат ранетите војници со километри до болницата, бидејќи теренот бил многу груб за амбулантни возила. Само што се израдувал Ганди, некој кажал дека европската Брза помош не можат да патува без храна и вода. Генералот Редверс Балер во неговото испраќање ја спомнал храброста на индијците. Ганди и триесет и седум други индијци со ова добиле Воен медал.

Во 1906 година, кога Британија објавила војна против Кралството Зулу во Натала, Ганди ги охрабрил британците да ги регрутира и индијците. Тој тврдел дека индијците треба да ги поддржат воените напори за да ги оправда своите права на целосно државјанство. Британија ја прифатила понудата на Ганди и дозволила издвојување на 20 индијанци доброволно да служат во службата за носачи на носилки, за лекување на повредените британски војници.Со оваа служба управувал Ганди и работела помалку од два месеци. Ганди од искуството научил дека ова било безнадежно, директно да предизвика огромна воена моќ на британската армија. Сфатил дека отпор на ненасилен начин ќе може да се пружи само со чисто срце.Откако црнците дошле на власт во Јужна Африка, Ганди бил прогласен за национален херој со многубројни споменици.

Борба за индиска независност (1915 – 1947 година)

уреди

Во 1915 година, Ганди засекогаш се вратил во Индија, понесувајќи со себе репутација на водечки индиски националист, теоретичар и организатор. Тој се приклучил кон Индискиот национален конгрес, а Гопал Кришна Гокал, воглавно го запознал со проблемите во Индија, политиката и индијците.Гокал бил главен водач на Конгресната партија, препознатлив по неговата воздржаност и умереност, и во неговата непопустливост во работењето внатре во системот. Ганди го презел либералниот пристап на Гокал, заснован на традициите на британската политичка партија „Виги“ и ги трансформирал целосно, да изгледаат како индиски.

Ганди го презел управувањето со конгресот во 1920 година и започнал со сериозно проширување на барањата (со наизменични договори или одложувања), сè до 26 јануари 1930 година, кога Индискиот национален конгрес ја прогласил независноста на Индија. Британците не го признале тоа и преговарањата сè повеќе се стеснувале, со преземање на улогата во провинциската област, кон крајот на 1930 година. Ганди и Конгресот ја повлекле својата поддршка во “Британска Индија” (ˮBritish Raj“) кога гувернерот и објавил војна на Германија во септември, 1939 година, без претходно консултирање.

Тензиите ескалирале сè додека Ганди не побарал итна независност во 1942 година, а британците возвратиле преку затворање на гувернерот, како и на десетина од илјадници водачи на Конгресот за нивното времетраење. Во меѓувреме, партијата, ˮМуслиманска Лига“ кооперирала со Британија и застанала против силната отпорност на Ганди, во барањето за целосно одделување на Пакистан, како муслиманска држава. Во август, 1947 година, Британците ја поделиле земјата, на Индија и Пакистан, секоја достигнувајќи независност, под услови кои Ганди не ги одобрувал.

Улогата на Ганди во Првата светска војна

уреди

Во април 1918 година, во вториот дел на Првата светска војна, Гувернерот го поканил Ганди на Воената конференција во Њу Делхи. Веројатно, за да ја покаже својата поддршка за империјата и да помогне во неговиот случај за независноста на Индија, Ганди се согласил Индијците активно да ги регрутираат во воената сила. За разлика од Војната Зулу во 1906 година и почетокот на Првата светска војна во 1914 година, кога Ганди ги регрутирал доброволците за Службата на Брза помош, овој пат тој се обидел да регрутира војници. Во јуни 1918 година, Ганди во брошурата под наслов „Апел за воен рокˮ, напишал: „За да ги донесеме во таква состојба работите, треба да имаме способност да се браниме, што значи, способност да се носи оружје и да се искористи... Ако сакаме да научиме како се употребува оружјето со најголема можна експедиција, наша должност е самите ние да си пријавиме во војска.ˮ Сепак, тој тоа го направил, наведено во писмото до приватниот секретар на Гувернерот, дека тој „лично нема да убие или повреди некого, било да е пријател или непријател.ˮ Во кампањата на Ганди за регрутација во војната се покренало прашањето за неговата доследност и мирољубивост. Приватниот секретар на Ганди, забележал дека „Прашањето за доследноста помеѓу неговата вера во ахимса (мирољубивост) и неговата кампања за регрутирање била покрената не само тогаш, туку се дискутирала за неа од тогаш наваму.ˮ

Движењето Килафат

уреди

Ганди во 1919 година, со неговата слаба позиција во Конгресот,одлучил да ја прошири својата база со зголемување на неговото барање до муслиманите. Таква можност се отворила со движењето Килафат, светски протест од страна на муслиманите, против уривањето на духовниот муслиман Калиф, поглаварот на нивната религија. Отоманското Царство била поразена во првата светска војна и била поделена, додека пак, муслиманите се плашеле за безбедноста на светите места и угледот на нивната религија.

Иако Ганди не ја започнал Конференцијата на муслиманите во Индија која го насочило движењето во Индија, тој брзо потоа станал најзначаен претставник и привлекол силна база од муслиманска поддршка со локални членови во сите муслимански центри во Индија. Неговиот успех ја направила Индија првиот национален водач со мултикултурна база и го олеснила неговото издигнување на власт во Конгресот, што пред тоа било невозможно да опфати толку многу муслимани. Ганди во 1920 година станал главен водач во Конгресот. До крајот на 1922 година, движењето пропаднало.

Ганди секогаш се борел против „комунизмотˮ, кој ги задлабочил муслиманите против хиндусите во политиката, но не можел да го анулира брзото развивање на комунизмот по 1922 година. Смртоносни религиозни немири избувнале во многу градови, вклучувајќи деведесет и еден немир само во државата У.П. ( Утар Прадеш). Со состојбатата на раководењето, бројот на муслиманите помеѓу делегатите на Конгресот нагло опаднало, од 11% во 1921 година, на помалку од 4% во 1923 година.

Августовското движење Сатјаграха

уреди

Ганди се држел настрана од активна политика, и како таков, останал во поголемиот дел на 1920-тите години. Наместо тоа, тој се фокусирал на решавање на клинот помеѓу партијата Сварај и Индискиот национален конгрес и проширување на иницијативи против „недопирливоста“ (луѓето кои припаѓаат на најниската каста во Индија), алкохолизмот, незнаењето и сиромаштијата. Во 1928 година, Ганди се вратил на чело. Една година пред тоа, британскта влада назначи нова Комисија за уставна реформа, под раководство на Џон Симон, којшто не вклучил ниту еден индиец како член во Комисијата. Резултатот бил бојкот на Комисијата, од страна на индиски политички партии.

Ганди дошол до одлука во текот на Конгресот Калкута во 1928 година, повикувајќи ја британската влада, да и додели на Индија статус на власт, или да се соочи со нова кампања на несоработка со целосна независност, како главна цел за својата земја. Ганди не само што ги согледал ставовите на помладите Субас Чандра Босе и Џавахарлал Нехру, кои побарале барање за итна независност, но исто така го намалил своето барање на една година чекање, наместо на две години.

Британците не одговориле на тоа. На 31 декември 1929 година, знамето на Индија било развиорено во Лахоре. На 26 јануари 1930 година, со Индискиот национален конгрес бил прославен денот на независноста на Индија. Во март 1930 година, Ганди лансирал нов „Сатјаграхаˮ поход против данокот на сол. Тоа било истакнато со познатиот „Солен поход“ до Данди, од 12 март до 6 април, каде што тој марширал 388 километри од Ахмедабад до Данди, Гуџарт за да направил сол. Илјадници Индијци му се придружиле на овој марш кон морето. Оваа кампања била една од најуспешните во владеењето на Британија со Индија; Британија на ова реагирала со затворање на преку 60 000 луѓе.

Жените

уреди

Ганди силно се залагал за еманципација на жените и отишол толку далеку кажувајќи дека „жените дошле да гледаат на мене, како самите тие на себе“. Тој се спротивставил за изолација на жените, малолетничкиот брак, „недопирливоста“ и екстремното угнетување на вдовиците, како и на обредот „сати“ (ˮsati“). Тој посебно барал жените да учествуваат во кампањите за данокот на сол и во бојкотот на странските производи. Сарма заклучува дека успехот на Ганди во регрутирањето на жените во неговите кампањи, вклучувајќи ги кампањите за данокот на солта, кампањата на „анти-недопирливоста“ и движењето на селанството, овозможил на многу жени, нова самодоверба и достоинство во главните текови на индискиот јавниот живот.

Ганди како народен херој

уреди

Конгресот во 1920-тите години апелирало до селаните, претставувајќи го Ганди како еден вид на месија, стратегија, која успеала во присоединувањето на радикалните сили, во рамките на селанството во движењето на ненасилен отпор. Во илјадници разори во селата кои биле изведени, го претставувале Ганди како реинкарнација на претходните индиски национални водачи, дури и како полубог. Разорите изградиле поддршка помеѓу неписмените селани навлезени во традиционалната хиндуска култура. Слични месијански слики се појавиле во популарните песни и поеми, и во религиозните церемонии под покровителство на Собранието и во прославите. Резултатот кулминирал со тоа што Ганди станал не само народен херој, туку Конгресот во селата бил виден како негов духовен инструмент.

Преговори

уреди

Британската влада, претставена од страна на Едвард Ирвин, одлучил да преговара со Ганди. Пактот на Ганди со Ирвин бил потпишан во март 1931 година. Влада се согласила да ги ослободи сите политички затвореници, во замена за прекин на движењето на граѓансата непослушност. Исто така како резултат на овој пакт, Ганди бил поканет да присуствува на Конференцијата „Раунд тејбл“ (“Round Table“) одржана во Лондон, како единствен претставник на индиското државно Собрание. Конференцијата била разочарување за Ганди и националистите, бидејќи вниманието било насочено кон индиските кнезови и индиските малцинства, отколку на пренесување на власта. Наследникот на кралот Ирвин, крал Вилингдон, зазел нова политика против национализмот, кој започнал нова кампања за контролирање и совладување на националистичкото движење. Ганди бил повторно уапсен, а владата се обидела и не успеала да го негира неговото влијание, со потполно изолирање од неговите следбеници.

Припадниците на најниската каста во Индија

уреди

Во 1932 година, преку кампањата на Далит, водачот Б.Р. Амбедкар, владата со новиот Устав доделила недопирливи оделни избирачки тела, познато како Заедничка награда. Ганди протестирал со тоа што, започнал шестдневен пост на 20 септември 1932 година, додека бил затворен во затворот Јервада, во Пуна. Како резултат на јавна осуда, тој успешно ја принудил владата да донесе правичен договор (Поона пакт), преку преговори со посредство на Палванкар Бало.Ова било почеток на нова кампања од страна на Ганди, за да ги подобри животите на припадниците на најниската каста („untouchablesˮ), којшто ги нарекол Харијанци, деца на Бога. На 8 септември 1931 година, Махатма Ганди, кој пловел на бродот „СС Рајпутана“, на втората Конференција „Раунд Тејбл“ во Лондон, се сретнал со Меер Баба во неговата кабина на бродот, каде што разговарале за проблемите на „припадниците на најниската каста“ („Untouchables“), политиката, државната независност и духовност.

На 8 мај 1933 година, Ганди го започнал 21-от ден од постењето за самопрочистување и започнал едногодишна кампања за помош на Харијанското движење. Оваа нова кампања, универзално не била прифатена во заедницата Далит, бидејќи Амдекер го осудил Ганди за употребата на терминот Харијани, со тоа велејќи дека Далитите биле социјално незрели, а дека привилигираната каста на индијци се престставувале со патерналистичка функција. Амдекар и неговите сојузници исто така осетиле дека Ганди ги нарушувал политичките права на Далитите. Ганди, исто така одбил да ја подржи најниската каста („Untouchables“), во периодот од 1924 – 1925 година, кога тие одржале кампања за правото да се молат во храмовите. Поради дејствијата на Ганди, Амдекар го опишал него како „неискрен и неверодостоен“. Иако Ганди е роден во замокот Вајшаја, тврдел дека тој бил способен во име на Далитите, и покрај приуството на далитистичките активисти, како што е Амдекар. Ганди и Амдекар често се судрувале, бидејќи Амдекар се обидел да ги отстрани далитите надвор од хиндустичката заедница, додека Ганди се обидувал да го спаси хидуизмот со истерување на припадниците на најниската каста во Индија. Амдекар се пожалил дека Ганди напреднува многу бавно, додека традиционалните хиндуисти рекле дека Ганди бил опасно радикален кој го отфрлил движењето.

Гуа во 2012 година изјавил дека „Идеолозите ги вршеле овие стари соперништва во сегашноста, со демонизација на Ганди, сега којшто е здружен меѓу политичарите, кој е претпоставен да зборува во име на Амдекар“. Гуа додал дека нивната работа ги надополнила меѓусебно, а Ганди често го фалел Амдекар. Летото, 1934 година,врз животот на Ганди биле направени три атентати.

Втората светска војна и Августовското движење во Индија

уреди

Кога избувнала Втората светска војна во 1939 година, Ганди првично фаворизирал нудејќи „мирољубива морална поддршка“ на британската препрека, но водачите во собранието биле навредени од унилатералното вклучување на Индија во војната без консултација со претставниците. Сите собраниски водачи поднеле оставка од функцијата. По долго размислување, Ганди изјавил дека Индија не може да биде странка која наводно таа се борела за демократска слобода, додека самата слобода е одбиена во Индија. Како што војната се одвивала, Ганди го интензивирал неговото барање за независност, во говорот на Говалја Тенк Мајдан, повикувајќи ја Британија на Августовското движење на Индија.

Ова било дело на Ганди, а крајниот револт на партијата во Собранието било во насока на обезбедување на британскиот излез од Индија. Ганди бил критикуван од некои членови на партијата, и други индиски политички групи, и од про-британци и од анти-британци. Некои сметале дека не поддржувањето на Велика Британија повеќе, во борбата против нацистичката Германија, било неетички. На другите им се чинело дека одбивањето на Ганди за Индија да учествува во војната било доволно и дека требало да се преземе поголема директна спротивставеност и додека Велика Британија се борела против нацизмот, со тоа се продолжувало одбивањето на Индија да добие независност. Августовското движење станало најголемо присилно движење во историјата на борбата, проследено со масовни апсења и насилство на невиден размер.

Во 1942 година, иако сè уште се извршувале неговите напори да се „лансира ненасилно движење“, Ганди појаснил дека движењето не би било запрено со поединечни акти на насилство, велејќи дека „уредената анархија“ на „сегашниот систем на администрацијата“ била „полоша од вистинската анархија.“ Тој ги повикал сите конгресмени и индијци да се одржи дисциплина преку етичната основа „ахимса“ (ˮahimsa“) и Каро ја маро (ˮKaro ya maro“),(ˮНаправи или умри“) по повод за крајна слобода.

На 9 август 1942 година, во Бомбај, британците го уапсиле Ганди и целосниот работен Комитет на Конгресот. Ганди две години бил држен во Ага Кан палатата во Пуна. На тоа место, Ганди претрпел два страшни удари во неговиот личен живот. Неговиот 50-годишен секретар Махадев Десаи починал од срцев удар, а по 6 дена, а неговата жена Кастурба починала после 18 месеци затвор, на 22 февруари 1944 година; шест недели подоцна, Ганди боледувал од тежок напад на маларија.На 6 мај 1944 година, тој бил ослободен пред крајот на војната, поради неговото влошено здравје и неопходната операција; Британска Индија не сакала Ганди да почине во затвор и да ја разбесни нацијата. Тој излегол од притвор со изменета политичка сцена – со партијата Муслимански сојуз, која неколку години порано се појавила маргинално, „сега окупирајќи го центарот на политичата сцена“ и темата на кампањата „Џина“, со тоа што Пакистан била главната цел за зборување.

Во септември 1944 година во Бомбај, Ганди го сретнал Џина, но Џина одбил, со образложение дека не успеал за целосна независност на Пакистан, неговиот предлог за правото на муслиманските провинции да се вратат на значителните делови на претстојната политичка унија. Додека водачите на конгресот поминувале време во затвор, другите партии ја поддржале војната и добиле организаторна сила. Подмолните најави удирале на безмилосно потиснување на конгресот, но тоа имало мала контрола над настаните. На крајот на војната, Британија дала јасни најавувања дека моќта би можела да биде префрлена во индиски раце. Во тој момент, Ганди се откажал од борбата, а околу 100.000 политички затвореници биле ослободени, вклучувајќи го и раководењето во Собранието.

Посмртни останки

уреди

Според хиндуската традиција, посмртните останки требало да се фрлат во река. Посмртните останки на Ганди биле истурени во урни, кои биле испратени во Индија за меморијалните служби. Повеќето од нив биле потопени во реката Сангам во Алахабад на 12 февруари 1948 година, но некои биле тајно одземени.

Во 1997 година, Тушар Ганди се сконцентрирал во содржината на една посрмтна останка, најдена во еден трезор и која била вратена назад преку судовите, во Сангам – Алахабад. Некои посрмтни останки на Ганди биле расфрлани на изворот на реката Нил, во близина на Џинџа, Уганда, а спомен плочата го одбележала настанот. На 30 јануари 2008 година, содржината на друга урна била потопена на плажата Чаупати. Другата урна е во палатата на Ага Кан во Пуна (каде што Ганди бил затворен од 1942 година до 1944 година), и уште една урна во езерото Шрајн, во Лос Анџелес.

Ганди како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Филмски прегледи во „Variety“ - 24 ноември, 1982.
  2. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.

Надворешни врски

уреди