Рим
Рим (италијански: Roma [ˈroːma] ( слушнете), латински: Rōma) — главен град на Италија, посебна општина во Италија (позната како Comune di Roma Capitale) и главен град на Лацио. Со 2,877,215 жители на 1,285.3 км2 исто така е и најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. Околу четири милиони жители живеат во римското градско подрачје[2]. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибар во границите на областа Лацио во Италија. Често градот се нарекува единствен град кој е главен на две држави[3][4].
Рим Roma | |||
---|---|---|---|
Прекар(и): Вечниот град, Главен град на светот, Престолот на Свети Петар | |||
Територија на комуната (Roma Capitale, во црвено) во внатрешноста на Метрополскиот град Рим (Città Metropolitana di Roma, во жолто). Белата област во средината е Ватикан. | |||
Зејма | Италија | ||
Регион | Лацио | ||
Управа | |||
• Вид | Посебна комуна ("Roma Capitale") | ||
• Орган | Римски Градски Совет | ||
• Градоначалник | Вирџинија Раџи (Движење „5 ѕвезди“) | ||
Површина | |||
• Вкупно | 12,850 км2 (496,3 ми2) | ||
Надм. вис. | 21 м | ||
Население (2016) | |||
• Ранг | Прв во Италија (Четврт во ЕУ) | ||
• Густина | 2,232/км2 (5,781/ми2) | ||
• Комуна | 2,877,215[1] | ||
• Метрополски град | 4,356,403[2] | ||
Демоним | италијански: Romano (masculine), Romana (feminine) англиски: Roman | ||
Час. појас | CET/CEST (UTCUTC +1/UTC +2) | ||
Поштенски код | 00100; 00118-00199 | ||
Повик. бр. | 06 | ||
Мреж. место | Comune di Roma |
Времетрањето на римската историја се проценува на две и пол илјади години, правејќи го еден од најстарите градови во светот кој сѐ уште егзистира[5]. Овој град бил главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римското Царство, која била доминантна сила во Западна Европа и во земјите кои граничат со Средоземно Море околу седумстотини години[6], од I век п.н.е. сè до VII од н.е. самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Од I век од н.е. Рим бил седиште на Папата, и по завршувањето на византиската доминација, во 8 век станал главен град на државите со кои владеел Папата, период koj траел до 1870 година. Во 1871 година Рим станал главен град на Кралство Италија, а во 1946 година и главен град на Република Италија.
По годините на средниот век, Рим бил под дирекција на Папите, како Александар VI и Лав X, кои го промениле градот во еден од најголемите центри на Италијанската ренесанса[7][8], заедно со градот Фиренца. Денешната градба на базиликата св. Петар како и Систинската капела била насликана од страна на Микеланџело. Познати уметници и архитекти, како што биле Браманте, Бернини и Рафаел престојувале некое време во Рим, придонесувајќи за ренесансата и барокната архитктура на самиот град.
Рим бил рангиран во 2010 година како светски град од страна на „Организацијата за најважните светски градеви“, како и 28-ми по ред најважен глобален град[9][10][11]. Во 2016 година, Рим бил рангиран како 13-ти по ред најпосетуван град во светот, 3-ти најпосетуван град во границите на Европската Унија, и најпопуларна туристичка атракција во Италија[12]. Овој град е еден од најуспешните европски градеви. Неговиот историски центар е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство[13]. Спомениците и музеите како што е Ватиканските музеи и Колосеумот се помеѓу 50-те најпосетувани туристички одредишта (музеите на Ватикан со 4,2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим бил домаќин на Летните олимписки игри во 1960 година.
Потекло на поимот
уредиСпоред митот за основање на градот од самите Римјани[14], долгогодишната традиција на потеклото на името „Рома“ се верува дека дошла од основачот на градот и првиот крал, Ромул[15].
За потеклото на името Рим постојат неколку хипотези[16]. Најважни од сите се следниве:
- Од Ромул, потомок на Асканиус и основач на градот.
- Од Румон или Румен, архаиското име на реката Тибар. Го има истиот корен како грчкиот глагол ῥέω (рео) и латинскиот глагол ruo (руо), и двата глагола значат проток[17].
- Од етурскиот збор ruma (рума) кој значи цица, со можна поврзаност или со легендата за волчицата која ги доела близнаците Ромулус и Ремус, или поврзаност со обликот на Палатин и ридовите Авентин.
- Од грчкиот збор ῤώμη (роми), што значи сила[18].
Римско Кралство околу 753–509 п.н.е.
Римска Република 509–27 п.н.е.
Римско Царство 27 п.н.е.–285 по н.е.
Западно Римско Царство 285–476
Кралсто на Одоакар 476–493
Остроготско Кралство 493–553
Источно Римско Царство 553–754
Папска Држава 754–1870
Кралство Италија 1870–1946
Република Италија 1946–денес
Ватикан 1929-денес
Историја
уредиНајрана историја
уредиПостојат археолошки докази за човечко населување во областа на Рим од пред 14,000 години, но посигурни се оние докази кои датираат од палеолитското и неолитското време[5]. Доказите во вид на камени орудија, керамика и камено оружје датираат од пред 10,000 години и говорат за човековото постоење[19]. Како и да е, моќта на добро познатата приказна за Римското легендарно настанување има поголемо влијание од неговото вистинско или античко настанување[20].
Создавањето на Рим
уредиСоздавањето на самиот град Рим може да се испита преку археологијата, но традиционалните приказни предадени од колено на колено од Старите Римјани ја објаснува најраната историја на нивниот град и тоа преку легенди и митови. Една од најдобро познатите митови, а можеби воедно и најпозната од сите Римски митови е приказната за Ромулус (Ромул) и Ремус (Рем), близнаци кои биле доени од страна на волчица[14]. Тие биле фрлени во реката Тибар по наредба на нивниот вујко кој во тоа време владеел со таа држава. Кога волчицата ги нашла, ги надоила. Кога се оддалечила, еден овчар дошол и ги зел децата и ги израснал како свои синови. Кога подоцна сфатиле дека тие не се синови на овчарот отишле да му се одмаздат на својот вујко за стореното. Градот Рим го добил името по Ромул. Тие потоа одлучиле да изградат град, но по една расправија, Ромул го убил својот брат, а градот го зел неговото име. Според римските аналитичари, ова се случило на 21 април 753 п.н.е.[21] Оваа легенда морала да се соочи со една друга традиција, поставена порано во времето, според која Енеј заедно со Асканиј и Анхиз побегнале во Италија по крајот на Тројанската војна[22].
Монархија, репубика, царство
уредиНајраната римска историја произлегува од легендите. Според римската традиција, овој град бил основан од страна на Ромул на 21 април 753 година п.н.е. Според легендата, настанувањето на градот следува по одлуката на браќата Ромул и Рем да изградат град. По една расправија меѓу нив, Ромул го убил својот брат Рем. Римскиот поет Виргилик се надоврзува на ова кога го опишува Ајнеј како по бегствотк при падот на Троја се населува во Лацио и се спротивставува на првиот крал на Рим, Ромул[23].
Археолошките докази го поддржуваат фактот дека Рим растел од пастирските населби на ридовите Палантин, изградени во областа на идниот Римски форум. Додека некои археолози расправаат дека Рим бил секако основан во средината на VIII век п.н.е, датумот за неговото настанување е предмет на контраверзност. Оригиналната населба се развила во главниот град на Римското Кралство (со кои испрекинато владееле низа од седум кралеви, според традицијата)[21], потоа во Римската Република (од 510 година п.н.е. управувана од страна на Сенат[24]) и на крај во Римкото Царство (од 27 година п.н.е. управувана од цар). Овој успех се должел на војните походи, трговската доминација, како и на селективната асимилација на соседните цивилизации, особено од страна на Етурците и Грците. Од неговото основање, иако губејќи повремени битки, Рим останал непоразен во војните до 386 година п.н.е., кога за кратко бил окупиран од страна на Галите. Според легендата, Галите понудиле да им го вратат градот Рим назад на својот народ за илјадници фунти злато, но Римјаните одбиле, претпочитајќи да го вратат својот град со моќта на оружјето повеќе отколку да признаат пораз, по што си го вратиле својот град истата година.
Републиката била богата, моќна и стабилна пред да биде претворена во царство. Според традицијата, Рим станал Република во 509 година п.н.е.[25] Како и да е, на Рим му биле потребни повеќе векови за да прерасне во моќен и влијателен град, а прераснувањето на Рим во царствосе случило во времето на владеењето на Окставијан Август. До III век п.н.е. Рим станал еден од најважните градови на Апенинскиот Полуостров, освојувајќи и поразувајќи ги Сабините, Етурците и поголемиот дел од грчките колонии во Сицилија, Кампања и Јужна Италија[26]. За време на Пунските војни помеѓу Рим и големото средоземно царство на Картагина[27], Рим прераснал во бојно поле со самото тоа што станал главен град на прекуокеанска царствоза првпат во нејзината историја. Со почетокот на II век п.н.е. во Рим се случило значајно преселување на населението, особено од италијанските фармери, од нивните наследени земји на село почнале масивно да се селат во градевите. Победата на Картагина во Првата Пунска Војна ги донело првите две провинции надвор од Апенинскиот Полуостров, Сицилија и Корзика на Сардинија и делови од Шпанија[28]. По почетокот на II век во римскиот живот се вмешал грчкиот свет. Тогаш хеленистичките кралства и грчките градови-држави биле во опаѓање, изнемоштени од бесконечните граѓански војни, потпирајќи се на платената војска. Така, по Битката кај Коринт (146 п.н.е.) била воспоставена римска контрола врз Грција.
Римкото Царство го направил својот почеток поформален кога царот Август (познат како Октавијан Август пред неговото крунисување, 63 п.н.е. – 14 година од н.е.) го основал Принципатот во 27 година п.н.е. (вид на монрахиско владеење од римската историја). Овој систем бил монархен систем на чие чело стоел царот држејќи ја власта во раце до крајот на својот живот, иако имал шанса да се назначи како диктатор како што тоа го направил Гај Јулиј Цезар[29], а сето тоа резултирало со негов атентат на 15 март 44 година п.н.е. Во градот, царот Август започнал со одлична програма за социјална, политичка и економска реформа и во големи размери реконструкција на градот Рим. Градот се закитил со импресивни и извондредни нови згради, палати и базилики. Октавијан Август станал големиот татко на уметносите, на неговиот суд присуствувале големи поети како што се Вергеј, Хорациј и Секст Проперциј. Во неговиот период истото така бил основан периодот познат под називот „Римскиот Мир“, долг мирен период кој траел околу 200 години. Негово владеење го продолжиле царевите Калигула, Нерон, Трајан и Адријан[30]. Римскиот цар Нерон бил познат по неговата екставагантност, суровост, тиранија и митот дека тој бил царот „што си свиркал додека Рим горел“ во ноќта на 18 спрема 19 јули, 64 година. „Проклетството на Гален“ (период кога владеела чума, болест најчесто преку мала и голема сипаница) — периодот од 165 до 180 година која се верува дека убило повеќе од третина од населението.
Римската доминација се проширила врз поголемиот дел на Западна Европа и на бреговите на Средоземјето. Населението на Рим достигнало 1 милион жители. За околу седумстотини години, Рим станал еден од најважните и најголеми политички центри и еден од најголемите градови во западниот свет. Откако царството започнало да опаѓа и било поделено, царството ги изгубил градевите Милано и Равена, и бил потиснат од престижниот главен град на Источното Римско Царство, Цариград, чии жители продолжиле да се нарекуваат себеси римјани низ вековите што следеле.
Среден век
уредиРимскиот епископ бил еднакво важен од најраните денови на христијанството, поради мачеништвото на двајцата апостоли Петар и Павле. Епископите на Рим биле доживувани како следбеници на Петар, бидејќи тој бил првиот Епископ на Рим. Градот на овој начин станал од големо значење за Римокатоличката црква. По ограбувањето на Рим во 410 година од Аларик I и по паѓањето на Западното Римско Царство во 476 година, Рим балансирал меѓу Византија и германската контрола. Популацијата опаднала од милион жители во 210[31] до минимални 35,000 за времетраењето на раниот среден век[32], робразовајќи ги големите градови до мали групи на граѓани кои живееле во полунапуштените згради распрснати насекаде меѓу урнатините и растителноста на градот Рим[33]. Рим останал под византиска власт до 751 година кога Ломбардите конечно ја згаснале Егзархијата на Равена, кој била последниот несогласувач на Византијците во Северна Италија. Во 756 година, владетелот Пипин Малиот (нарчен бидејќи бил доста низок) му дал на Папата привремена надлежност над Рим и областите кои се околу Рим, подоцна ова резултирало со создавање на државите на Папата[34]. Во 846 година Арапите го нападнале Рим и ја огрбиле Базиликата на св. Петар[35].
Рим останал главен град на државите на Папата до неговата анексија од Кралство Италија во 1870 година. Градот бил растргнат во борбите помеѓу државите на Папата и Светото Римско Царство, почнувајќи со Карло Велики, кој бил крунисан цар во Рим во 800 година од страната на Папа Лав III. И покрај кратките периоди кога Рим се одвоил како независен град за времето на средниот век, сепак градот го задржил својот статус како главен град на Папата и како „свет град“ во вековите што следеле, дури и тогаш кога Папството се преселило во Авињон (1309–1377).
Ран модернизам
уредиВо втората половина на XV век седиштето на Италијанската ренесанса се префрлил од Рим во Фиренца. Папството сакало да ги изедначи во величественоста и другите италијански градови со самото тоа што почнале да градат екстравагантни цркви, мостови, градски плоштади, јавни простори, во овој период била изградена и нова базилика Св. Петар, Систинската капeла, Понте Систо (првиот мост што бил изграден на реката Тибар) и познатиот и ден денес плоштадот Пјаца Навона. Папите исто така се сметале за големи татковци на уметностите, ангажирајќи ги уметниците како Микеланџело, Рафаел, Лука Сињорели, Ботичели и Козимо Росели.
Овој период бил познат по корупцијата на Папите, со нивни контраверзни деца и ширење непотизам и симонија. Корупцијата на Папите и екстраваганцијата на нивните проекти за градењето на згради донеле во еден поглед реформи, а од друг поглед и Контра-Реформи. Папа Александар VI бил добро познат по декаденција, лудите забави, екстравагантноста и неморалниот живот[36]. Сепак, за времето на овие екстравагантни и богати папи, Рим прераснал во центар на уметноста, поезијата, музиката, литературата, образованието и културата. Рим конечно бил компетентен да се натпреварува со другите Европски градови со богатството, раскошот, уметноста, учењето и архитектурата.
Ренесансниот период го променило лицето на градот Рим, со дела како што е „Оплакување“ на Микеланџело. Рим ја достигнал највисоката точка на сјај под водството на папата Јулиј II (1503–1513) како и неговите следбеници Папа Лав X и Папа Климент VII, двајцата членови на семејството Медичи. Во овој 20-годишен период Рим станал еден од најголемите уметнички центри во светот. Старата базилика на св.Петар изградена од царот Константин Велики (која дотогаш била во катастрофална состојба) била урната и изградена нова[37]. Градот бил домаќин на многу уметници како Гирландео, Перугино, Ботичели и Браманте, кој го изградил храмот Сан Пјетро во Мотарио и планирал голем проект за реновирање на самиот Ватикан. Рафаел, кој во Рим станал еден од најпознатите сликари во Италија сликал фрески како што се познатата “Соба на Рафаел” во Вила Фарнесија. Микелаџело ја отпочнал декорацијата на таванот на Систинската капела и ја создал познатата „Статуа на Мојсеј“ намената за гробот на Папа Јулиј. Рим донекаде и го изгубил својот религиски карактер, со самиот факт што станал прав ренесансен град, со огромен број на популарни празнувања, трки на коњи, забави и интриги. Неговата економија била богата, поради присуството на неколку банкари, меѓу кои и Агустино Киги, кој бил пријател на Рафаел и покровител на уметностите. Пред неговата прерана смрт, Рафаел го промовирал и начинот (кој дотогаш бил непознат) за зачувување на античките урнатини. Борбата меѓу Франција и Шпанија во Европа го донела и првиот грабеж на градот, кој по повеќе од илјадници години не бил виден. Во 1527 силите на царот Карло V го ограбил градот, со кое ставил крај на златната ренесансна доба во Рим[38].
Од започнувањето на работата на Советот во 1545 година, Црквата започнала со Контрареформација како одговор на реформацијата, каде што на големо се испитувала власта на црквата во врска со духовните работи и владините афери (губењето на довербата довело до големи промени и оделување на власта од црквата). Во периодот од владеењето на Папа Пиј IV до Папа Сикст V, Рим станал центар на реформираниот католицизам и доживеал градење на нови споменици со кои се прославувало враќањето на папството на голема врата[39]. Папите и кардиналите од XVII и раниот XVIII век го продолжиле планот за градење на богати барокни згради. За време на периодот наречен „период на просветлувањето“, нови идеи пристигнале во „Вечниот град“, кога папството одлучило да ги потикне археолошките студии и да ја подобри благосостојбата на граѓаните. Но сепак не одело се толку добро и во полза на Црквата во времето на контрареформацијата. Имало успеси и во обидите да се прошири политиката против црквата, потикната од Европските сили во тоа време. Најзначаен успех во овие успеси бил во 1773 година кога Папата Климент XIV бил принуден да ја потисне Интригантната наредба.
Доцниот модернизам и современизам
уредиПериодот на владеењето на Папите бил накратко прекинат од краткотрајната Римска Република (1798), која била основана под влијание на Француската револуција. За време на владеењето на Наполеон Бонапарт, Рим бил присоединет на Француското Царство. По падот на Наполеон, во 1849 година друга Римска Република пораснала во рамките на револуциите од 1848 година. Две од највлијателните фигури на Италијанското единство, Џузепе Мацини и Џузепе Гарибалди, се бореле за републиката со краток век на траење.
Рим станал центар на надежите за таканареченето Италијанско единство кога остатокот од Италија бил обединет со привременот главен град Фиренца. Во 1861 година, Рим бил прогласен за главен град на Италија иако самиот град спаѓал под контролата на Папата. За време на 1860-тите, последните траги од државите на Папата биле под француска заштита благодарејќи на надворешната политика која ја имал Наполеон III. Подоцна Папа Пиј IX се прогласил самиот себеси како затвореник во Ватикан, а во 1871 година главниот град на Италија се преселил од Фиренца во Рим[40].
Набргу по Првата светска војна, Рим сведочел за растот на моќта на италијанскиот фашизам предводен од Бенито Мусолини, кој на крајот на маршот низ градот во 1922 година прогласил можност за создавање на ново царство соединувајќи ја Италија со Нацистичка Германија. Меѓувоениот период резултирал со брзо растење на популацијата во градот, така што надминал 1 000 000 жители. Во Втората светска војна, заради неговиот статус како отворен град, Рим иако наголемо ја избегнал трагичната судбина на другите европски градови, сепак бил окупиран од страна на Германците сè до неговото осободување на 4 јуни 1944 година. Нна 19 јуни 1943 Рим бил бомбардиран од страна на Англо-американските сили, а една од најпогодените области била областа Сан Лоренцо, каде имало 3 000 смртни случаи и 11 000 повредени лица.
Рим после војната моментално прерасно во една од движечките сили на „Италијанското економско чудо“ во пост-воената реконструкција и модернизација. Станал модерен град во 1950-те и раните 1960-те со многу популарни класични филмови како што се Бен Хур, Празник во Рим, Кво вадис и Сладок живот. До средните 1980-те години постоел нов тренд на растење на популацијата, и градот достигнал над 2.800.000 жители, со што по ова бројот на населението почнало да опаѓа со самото селење на жителите од градот во блиските предградија.
Управување
уредиЛокална самоуправа
уредиРим претставува општина ("Roma Capitale",[41]) со локална управа и е најголемата во однос на површина и во население помеѓу останатите 8.101 општини во Италија. Таа е предводена од страна на градоначалник и од Градски Совет. Седиштето на општината е Сенатот кој се наоѓа на ридот Капитол кој е еден од седумите ридови во Рим, и претставува историско седиште на градските власти. Локалната самоуправа во Рим многу често е нарекувана „Campidoglio“ како што е наречен и ридот на којшто се наоѓа.
Административни и историски поделби
уредиУште од 1972 година градот бил поделен на 19 (по правило 20) административни подрачја, наречени муниципии („municipio“)[42]. Тие биле создадени за административни причини за да се зголеми децентрализациајта во градот. Секоја од општините претставува Влада со Претседател и Конзул од четири члена кои се избрани на избори на секои пет години. Општините често ги преминувале традиционалните граници на административна поделба на градот.
Рим исто така е поделен на различни типови на неадминистративни единици. Историскиот центар е поделен на 22 реони, така што сите се сместени во Аврелијанските ѕидини освен Прати и Борго.
Ова потекнува од регионите на Стариот Рим, кој еволуриал во средниот век во средновековни реони[43]. Во ренесансата, под водство на Папа Сикст V, тие повторно ја достигнале бројката од 14, и нивните граници конечно биле дефинирани под водство на Папа Бенедикт XIV во 1743 година.
Нова краткотрајна поделба на градот била направена од страна на Наполеон Бонапарт, и истата немала некои значителни промени во организациајта на градот до 1870 година кога Рим станал третиот главен град во Италија. Потребите за нов главен град довеле до експлозија како во урбанизациајта така и во зголемувањата на популацијата надвор од Аврелијанските ѕидини. Во 1874 петтнаесетата област, Есквилино, била создадена во новата урбанизирана област наречена Монти. Во почетокот на XX век други области биле создадени. После тоа, новите адиминистративни подединици на градот биле наречени „соседства“. Денеска сите области, освен „Борго“ и „Прати“, се дел од првата „Маниципио“, кој затоа се совпаѓаат целосно во историскиот град.
Провинциска и регионална влада
уредиРим е главен град на Метрополската област Рим, провинција која се протега северно до Чивитавечија. Провинцијата на Рим е деветта област по големина во Италија. На 5,353 квадратни километри, неговите димензии се споредливи со регионот на Лигурија. Покрај тоа, градот е исто така главен град на регионот Лацио.
Државна власт
уредиРим е главен град на Италија и во него се наоѓа седиштето на Владата на Италија. Официјалната резиденција на Претседателот на Италија и Претседателот на Собранието на Италија, а воедно и седиштето на Парламентот на Италија и Градежниот суд на Италија се сместени во историскиот центар. Државните министерства се наоѓаат насекаде низ градот. Овде се вклучени и министерството за надворешни работи, кое се наоѓа на Palazzo della Fernesina, во близина на Олимпискиот стадион.
Географија
уредиМестоположба
уредиРим се наоѓа во регионот на Лацио во Централна Италија на реката Тибар. Старата населба се развила на ридовите кои имале поглед кон потокот покрај островот Тибар, единствен природен поток на реката во таа област. Рим бил изграден на седум рида: Авентин (Aventinus), Виминал (Viminalis), Есквилин (Esquilinus), Капитол (Capitolinus), Квиринал (Quirinalis), Палатин (Palatinus) и Целијан (Caelius). Низ модерниот Рим минува уште една река Аниене која се влева во реката Тибар северно од историскиот центар.
Исто така градскиот центар се простира на 24 километри (15 милји), на копното од Тиренско Море. Градот се простира до брегот, каде е сместена јужно-западната област Остија. Надморската височина на центарот на Рим се движи од 13 метри (43 стапки) надморската височина (кај што се наоѓа Пантенонот) до 139 метри (456 стапки) надморска височина (врвот на Монте Марио)[44]. Општината Рим зафаќа целокупна површина од околу 1285 квадратни километри (496 квадартни милји), вклучувајќи и многу зелени површини.
Топографија
уредиНиз историјата границите на Рим се сметале дека се наоѓаат во територијата на градските ѕидини. Првобитно, овие ѕидиови се состоеле од ѕидот на Сервиј, кој бил граден дванесет години после пустошот на Галите во 390 година п.н.е. Рим се проширил и надвор од ѕидовите на Сервиј, но повеќе ѕидини биле изградени после скоро 700 години, кога во 270 година, царот Аврелијан започнал со изградбата на Авелијанските ѕидини. Тие биле скоро 19 километри (12 милји) долги, и биле истите ѕидини кои војниците на Кралство Италија требало да ги освојат за да влезат во градот во 1870 година. Денешните Римјани настојуваат градската урбана област да биде разделена со заобиколен пат, „Grande Raccordo Anulare“, кој го заобиколува градскиот центар на растојание од околу 10 километри. Општината Рим сепак опфаќа значително повеќе територија и се протега до морето во Остија, најголемиот град во Италија. Комуната покрива површина која е трипати поголема од областа на Рикардо, и е скоро иста по површина со целокупната површина на провинциите на Милано и Неапол, и шест пати поголема од територијата на овие градови. Исто така се вклучени и области кои се напуштени мочуришта кои не се погодни ниту за земјоделство ниту за урбан развој. Како последица на тоа, густината на општината не е толку висока. Нејзината територија е поделена помеѓу високоурбанизирани области, паркови, природни резервати и површини за земјоделска употреба.
Клима
уредиРим ужива во средоземна клима, со благи и влажни зими, и топли и суви лета[45]. Неговата просечна годишна температура е над 20 степни во текот на денот и 10 степени во текот на ноќта.
Во најстудениот месец – јануари, просечната температура е 12 степени во текот на денот, а 3 степени во текот на ноќта. Во најтоплите месеци – јули и август, просечната температура е 30 степени во текот на денот и 18 степени во текот на ноќта. Традиционално, вработените се навикнати да одат на одмор во текот на месец август и заминуваат во одморалиштата ширум Италија или во странство. Во последниве неколку години, сепак, на одговор на зголемените туристички и работни навики, градот останува отворен во текот на целото лето. Декември, јануари и февруари се најстудените месеци, со просечни температури од околу 12,5 степени во текот на денот и 3,6 степени во текот на ноќта. Температурите вообичаено се разликуваат меѓу 10 и 15 степени во текот на денот и помеѓу 3 и 5 степени во текот на ноќта, со поладни или потопли промени. Снежните врнежи се многу ретки, но не е реткост да проснежи секоја зима. Генерално без акомулација, како и големите снежни врнежи се случуваат еднаш на секои 20 или 25 години (последен пат во 2012 година)[46].
Климатски податоци за Римски аеродром (altitude: 105 m sl, 13 kм (42,651 ст) south-east from Colosseum satellite view) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 11.9 (53.4) |
13.0 (55.4) |
15.2 (59.4) |
17.7 (63.9) |
22.8 (73) |
26.9 (80.4) |
30.3 (86.5) |
30.6 (87.1) |
26.5 (79.7) |
21.4 (70.5) |
15.9 (60.6) |
12.6 (54.7) |
20.4 (68.7) |
Сред. дневна °C (°F) | 7.5 (45.5) |
8.2 (46.8) |
10.2 (50.4) |
12.6 (54.7) |
17.2 (63) |
21.1 (70) |
24.1 (75.4) |
24.5 (76.1) |
20.8 (69.4) |
16.4 (61.5) |
11.4 (52.5) |
8.4 (47.1) |
15.2 (59.4) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.1 (37.6) |
3.5 (38.3) |
5.2 (41.4) |
7.5 (45.5) |
11.6 (52.9) |
15.3 (59.5) |
18.0 (64.4) |
18.3 (64.9) |
15.2 (59.4) |
11.3 (52.3) |
6.9 (44.4) |
4.2 (39.6) |
10.0 (50) |
Прос. врнежи мм (ин) | 66.9 (2.634) |
73.3 (2.886) |
57.8 (2.276) |
80.5 (3.169) |
52.8 (2.079) |
34.0 (1.339) |
19.2 (0.756) |
36.8 (1.449) |
73.3 (2.886) |
113.3 (4.461) |
115.4 (4.543) |
81.0 (3.189) |
804.3 (31.665) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 mm) | 7.0 | 7.6 | 7.6 | 9.2 | 6.2 | 4.3 | 2.1 | 3.3 | 6.2 | 8.2 | 9.7 | 8.0 | 79.4 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 120.9 | 132.8 | 167.4 | 201.0 | 263.5 | 285.0 | 331.7 | 297.6 | 237.0 | 195.3 | 129.0 | 111.6 | 2.472,8 |
Извор: Servizio Meteorologico,[47] data of sunshine hours[48] (1971–2000) |
Демографија
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1861 | 194.500 | — |
1871 | 212.432 | +9.2% |
1881 | 273.952 | +29.0% |
1901 | 422.411 | +54.2% |
1911 | 518.917 | +22.8% |
1921 | 660.235 | +27.2% |
1931 | 930.926 | +41.0% |
1936 | 1.150.589 | +23.6% |
1951 | 1.651.754 | +43.6% |
1961 | 2.188.160 | +32.5% |
1971 | 2.781.993 | +27.1% |
1981 | 2.840.259 | +2.1% |
1991 | 2.775.250 | −2.3% |
2001 | 2.663.182 | −4.0% |
2011 | 2.617.175 | −1.7% |
Извор: ISTAT, 2001 |
Во периодот од 600 п.н.е. – 500 п.н.е., населението на градот се движел околу 100,000 жители[49][50], додека во околу 150 п.н.е. оваа бројка била 300,000 жители[51][52][53][54][55].
Во времето на царот Октавијан Август, Рим бил најголемиот град во светот со население од еден до два милиони луѓе[56][57][58][59]. По падот на Западното Римско Царство, населението во градот драматнично се намалило на помалку од 50.000 луѓе и продолжило да стагнира или да се намалува до почетокот на ренесансата[60]. Кога Кралството на Италија го приложило Рим, градот имал население од околу 200.000 жители, кое брзо се зголемило на 600.000 до предвечерито на Првата светска војна. Фашистичкиот режим на Мусолини пробал да го блокира преголемиот демографски подем на градот, но не успеал да го спречи да достигне до еден милион луѓе до почетокот на 1930-тите. По завршувањето на Втората светска војна, растењето продолжило со помош на пост-воениот економски бум.
Градежен бум исто така настанал со големиот број на населби кој настанале во текот на 1950-тите и 1960-тите. Во средината на 2010 година, градот имал 2.754.440 жители, додека 4,2 милиони жители живееле во околината на Рим. Бројот на малолетни лица (деца на возраст под 18 години и помлади) изнесувал 17,00% од населението во споредба со бројот на пензионери кој изнесувал 20,76%. Ова се споредува со италијанскиот просек од 18,06 % за малолетници, 19,94 % за пензионери. Просечната возраст на жителите на Рим изнесува 43 години во споредба со италијанскиот просек кој изнесува 42 години. Во последните пет години меѓу 2002 и 2007 година, населението на Рим се зголемило за 6,54%, додека во Италија како целина, бројот на населението се зголемил за 3,56 проценти[61]. Сегашната стапка на раѓање во Рим изнесува 9,10 раѓања на 1.000 жители во однос на Италијанскиот просек кој изнесува 9,45 раѓања на 1.000 жители.
Денеска во Рим и околината живеат околу 3,9 милиони луѓе[62]. Помеѓу 3,2–4,2 милиони живеат во Римската метрополска област[63][64][65][66][67].
Етнички групи
уредиСпоред последните статистички податоци спроведени од страна на ISTAT[68], околу 9,5 % се состои од неиталијанско население. Околу половина од имигрантското население се состои од народи кои имаат европско потекло (главно Романци, Полјаци, Украинци и Албанци) чии број изнесува 131,118 односно 4,7% од целокупното население. Останатите 4,8% се со неевропско потекло, главно Филипнци (26.933), Перуанци (10.530), Кинези (10.283) и доселеници од Бангладеш (12.154). Во областа Есквило, надвор од железничката станица, се развило во голема мера имигрантско соседство и тоа е наречено Кинески Рим, но всуштност имгранти од повеќе од сто различни земји секојдневно ги преплавуваат римските улици и плоштадот. Областа Есквило може да се пофали со десетици ресторани во кои се служат традиционални јадења. Постојат голем број на продавници за облека од кои од 1,300 регистрирани 800 се кинески. Околу 300 се водени од имигранти од други земји ширум светот, а околу 200 се во сопственост на Италијанците. Стотици Римски Роми живаат во нелегални кампови (приколки) на периферијата на градот. Популацијата на бездомници е во пораст и се проценува на околу 7000[69].
Религија
уредиКако во поголемиот дел на Италија, така и во Рим живаат претежно католици, а воедно градот претставува важен центар на религијата со векови, на основа на античката римска религија со „Понтифекс максимус“ а подоцна и седиште на Ватикан и на Папа.та Пред пристигнувањето на христијанството во Рим, античката римска религија била главна во класичната антика. Првите Богови во кои верувале Римајните биле Јупитер како главен бог, Марс како бог на војната и таткото на римските близнаци и основачи на градот Ромул и Рем. Други богови и божици кои ги празнувале биле Веста и Минерва. Рим исто така бил центар на многу мистериозни култови, како што биле Митаристите. Подоцна по пристигнувањето и погувувањето на Св. Петар и Св. Павле во градот, започнале да пристигнуваат првите христијани и Рим прераснал во христијански град, а воедно и првата базилика Свети Петар била изградена во 313 година. И покрај некои прекини (како на пример Авињонско Папство), Рим со векови бил дом на Римокатоличката црква и Епископот на Рим, познат како Папа.
И покрај фактот што Рим е дом на Ватикан и на базиликата на базиликата Свети Јован Латерански претставува главна епископска катедрала која се наоѓа југоисточно од центарот на градот. Постојат вкупно околу 900 цркви во Рим, а меѓу најпознатите се: базиликата Голема Богородица, базиликата Свети Павле надвор од ѕидините, Свети Климент, Сан Карло але Кватро Фонтане и Џезу. Тука се и античките катакомби кои се наоѓаат под самиот град. Во градот се наоѓаат и многу важни религиозни образовни институции: Папски Латерански универзитет, Папски библиски институт, Папски географски универзитет и Папски институт. Територијата на Ватикан е дел од “Mons Vaticanus” како и поранешните Ватикански простори, каде се наоѓа базиликата на Св. Петар, Апостолскиот дворец, Систинската капела и музејот каде биле изградени заедно со разни други градби. Областа била дел од Римскиот регион до 1929 година. Кога се подготвувал Латеранскиот договор од 1929 година, голем дел од границите на предложената територија биле заградени. За некои области границите немале ѕид, мал дел биле ограничени од страна на некои објекти, а преостанатите подоцна биле оградени со ѕидини. Територијата на која се наоѓа плоштадот на Св. Петар е разделен од територијата на Италија само со бела линија која се простира по должината на плоштадот. Плоштадот Св. Петар се простира преку „Via della Conciliazione“, која се простира од реката Тибар до Св. Петар. Овој голем пристап бил изграден од страна на Бенито Мусолини по склучување на Латеранскиот договор. Според Латеранскиот договор, одреден имот на Светата Столица, кои се наоѓаат на територијата на Италија, особено „Castel Gandolfo“ и голем број базилики, да имаат екстериторијален статус слични на странски амбасади.
Во последните неколку години, има значителен раст на муслиманската заедница во Рим која главно се должи на миграции од Северна Африка и Блискиот Исток. Како последица на ова зголемување локалните заедници на исламистичката вера, општината ја промовирала изградбата на најголемата џамија во Европа која е дизајнирана од архитектот Паоло Протогенеси и отворена на 21 јуни 1995 година. Од крајот на Римската Република, Рим воедно е и важен центар на еверјската заедница која на почетокот имала седиште во Трастевер, а подоцна во римското гето.
Поклонение
уредиРим бил еден од главните христијански градови за поклонение во средниот век. Луѓе од целиот христијански свет го посетуваат Ватикан, во рамките на градот Рим, седиштето на папството. Папата бил од највлијателните фигури за време на средниот век. Градот станал место за поклонение во текот на средниот век во фокусот на борбите помеѓу папството на Светото Римско Царство започнувајќи со Карло Велики, кој бил крунисан за првиот цар во Рим во 800 од пата Лав III. За разлика од кратките периоди како независен град за време на средниот век, Рим го зачувал својот статус како паоски главен град и „свет град“ со векови, дури и кога папството накратко се преселило во Авињон (1309-1377). Католиците веруваат дека Ватикан е последното почивалиште на Свети Петар. До ден денес, илјадници верници се собираат во градот во Рим. Едно од местата за поклонение се Светите скали, скали на којшто застанал Исус Христос пред тој да биде осуден на смрт преку распнување на крст од страна на Понтиј Пилат во Ерусалим. Средновековни легенди тврдат дека Светите скали биле донесени од Ерусалим до Рим во 326 година од страна на Света Елена, мајката на Константин I Велики[70]. Во средниот век, тие биле познати како Скала Пилати (скалите на Понтиј Пилат).
Поклонението во Рим може да вклучи посети на голем број на градови, како во рамките на Ватикан и во територијата на Италија во градот Рим. Некои од овие се катакомбите на антиката во која христијаните се молеле, ја закопувале својата смрт и вршеле богослужба за време на периоди на прогонот, и различни национални цркви, најпознатата Црква на Сент Луис на Французите, или цркви поврзани со поединечни религиозни нарачки, исто како што е црквата на Исус. Традиционално имало седум цркви познати како Pilgrim цркви, посетени, заради светец поединец кој го почитуваат таму, или во средниот век за да се добие, или за национални причини, бидејќи постојат национални цркви во Рим за повеќето католички земји. Базиликата Свети Петар е главното одредиште за поклонение, поради присуството на папата и погребот на многу поранешни папи, вклучително и Свети Петар, признат од страна на католиците како прв папа. Свети Петар и три други големи цркви, сите заедно на територијата на Италија а со тоа и надвор од Ватикан ги формираат четирите главни базилики: Базилика Свети Јован Латерански, Базилика Свети Павле надвор од ѕидините, базилика Свети Петар и базиликата „Голема Богородица“.
Градски пејзаж
уредиАрхитектура
уредиРимската архитектура низ вековите се развила во голема мера, особено од класичниот и царскиот римски стил до модерната фаштичка архитектура. Рим за краток период бил епицентар на светската калсична архитектура, која развивала различни нови форми како што се куполата и сводот. Римскиот стил во XI, XII и XIII век исто така многу се користел, а воедно градот подоцна станал еден од главните центри на ренесансата и барокната архитектура[71].
Стар Рим
уредиЕден од симболите на Рим е Колусеумот (изграден во 70-80 година), и претставува најголемиот амфитеатар некогаш направен во Римското Царство. Тој имал услови за сместување на 60.000 гледачи и истиот бил користен за Гладијатор|гладиаторски борби. Други позначајни објекти од времето на Стариот Рим се Римски Форум, Домус Ауреа, Пантенон, Римски катакомби, столбот на Трајан, Трајанов пазар, Циркус Максимус, Каракални терми, Замок Сант Анжело, Августов маузолеј, арка на Константин, Пирамида на Цестиј и. т. н.
Среден Век
уредиЧесто се занемарува средновековното наследство на Рим. Во базиликите кои датираат од Палеохристијанската ера вклучувајќи ги базиликата „Голема Богородица“ и базиликата Свети Павле надвор од ѕидините (кој подоцна биле реновирани во XIX век) се наоѓаат скапоцени мозаици од IV век. Други средновековни мозаици и фрески може да се најдат во црквите Св. Марија во Травестре, Санти Кватро Коронати, Санта Праседе. Овие објеки вклучуваат голем број на кули, а најголемата е „Torre delle Milizie“ и „Torre dei Conti“, кои се наоѓаат веднаш до Римскиот форум, и огромни скалила кои водат до базиликата „Пресв. Богородица на Небесниот жртвеник“.
Ренесанса и барок
уредиРим претставува еден од главните светски центри на ренесансното движење, втор после Фиренца и бил длабоко погоден од страна на ренесанстното движење. Меѓу другото, ремек-дело на ренесансната архитектруа во Рим е „Piazza del Compidogilio“ од Микеланџело. Во текот на овој период, голем број на аристократски фамилии од Рим изградиле раскошни живеалишта како што се: Квириналски дворец (денес седиште на Претседателот на Италијанската Република), Палацо Венеција, Палацо Фарнезе, Палацо Барберини, Палацо Чиги (денес седиште на италијанскиот премиер), Палацо дела канцеларија и Вила Фарнезина.
Голем дел од познатите градски плоштади, некои огромни, широки, украсени со столбови, ја добиле нивната сегашна форма во текот на ренесансата и барокот. Главните од нив се Пјаца Навона, Шпански скали, Кампо деи Фјори, Пјаца Венеција, Пјаца Фарнезе и. т. н. Еден од најсимболичните примероци на барокната уметност е фонтаната Треви од Никола Салви. Други значајни барокни палати се Палацо Мадама (денес преседништво на италијанскиот сенат) и Палацо Монтечиторио (денес седиште на домот на делегати во Италија).
Неокласицизам
уредиВо 1870 година, Рим станал главен град на новото Кралство Италија. Во ова време неоклсицизмот, градежен стил кој бил под влијание на античката архитектура, станал доминантно влијателен во римската архитектура. Во текот на тој период, голем број на сјани палати во неокласичен стил биле изградени да бидат седишта на министерства, амбасади и други владини агенции. Еден од најпознатите симболи на римскиот неокласицизам е Споменикот на Виктор Емануел II или Олтарот на татковината, каде што се наоѓа гробот на 650.000 италијански непознати херои кој загинале во Првата светска војна.
Фашистичка архитектура
уредиФашистичкиот режим што владеел во Италија помеѓу 1922 и 1943 година развил архитектонски стил кој се одликувал со античката римска архитектура. Најважниот фашистички предел во Рим е E. U. R. областа, дизајнирана од страна на Марџело Пиацентини во 1938 година. Таа била првично замислена за Светска изложба која требало да се одржи во 1942 година. Сепак светската изложба никогаш не се одржала бидејќи Италија во 1940 година влегла во Втората светска војна. Најпретставителна градба со фашистички стил на E.U.R. плацот е Палацо дела Цивилта Италијана (1938–1948), иконски дизајн, кој бил означен на плочките на плоштадскиот Колосеум. По Втората светска војна, римските власти отркиле дека тие потекнувале од други бизнис области на други градови кои сѐ уште биле во план. Исто така Палацо дела Фарнесина, денешното седиште на Минстерството за надворешни работи било дизјаниран во 1935 година во чист фашистички стил.
Паркови и градини
уредиЈавните паркови и природните резервати покриваат голем дел од Рим и градот има една од најголемите подрачја на зелен простор меѓу европските метрополи[72]. Најзначајниот дел од овој зелен простор е претставен со голем број на вили и убави градини создадени од италијанската аристократија. Голем број вили биле уништени за време на големиот бум од крајот на XIX век, но голем број останале. Најзначајни од нив се Вила Боргезе, Вила Ада и Вила Дориа Памфили. Вила Дорија Памфили е западно од ридот Гијаниколо кој има некои 1,8 км2. Исто така, на овој рид се наоѓа и Вила Скијара, со игралишта за деца и засените патеки за пешачење. Соседната област Трастевере на Орто Ботанико (ботаничка градина) — прекрасна и засенета зелена област. На стариот римски хиподром (Циркус Максимус) — уште еден голема зелена област но главната атракција е античката страна на трките со коли. Во близина е бујната Вила Целимонтана блиску до бањите на Каракала и Роуз Гарден. Вилата Боргезе е најпознатата зелена област во Рим, со познати уметнички галерии меѓу своите засенети патеки за пешачење. Таа е блиску до Шпанските скали кои водат од плоштадот Trinita dei Monti до плоштадот Di Spagna и плоштадот Дел Попото со својата црква на Августинијан изградена во XIII век. Рим, исто така, има голем број на регионални паркови од поново време, вклучувајќи го регионалниот парк Пинето. Исто така, постојат и природни резервати во Марциглиана и во Тенута Кастелпорзиано.
Фонтани и водопади
уредиРим е град познат по своите многубројни фонтани, изградени во сите различни стилови, од античкиот и средовековниот период до барокот и неокласицизмот. Градот има фонтани повеќе од две илјади години и тие се предвидени за пиење вода и украсени на плоштадите во Рим. За време на Римското Царство, во 98 година Секст Јулиј Фронтин, римски конзул кој бил именуван како чувар на водата во градот, Рим имал девет водопади кои полнеле 39 фонтани и 591 јавни базени, не сметајќи на водата доставена до кралското семејство, до бањите и до сопствениците на приватните вили. Секоја од главните фонтани е поврзана со две различни водопади, во случај едниот да биде исклучен[73].
Во текот на XVII и XVIII век римските епископи реконструирале други уништени римски водопади и вградиле нови фонтани за да го обележат својот терминизам со отворањето на златната доба на фонтаната Роман. Фонтаните на Рим, како и сликите на Петер Паул Рубенс, биле израз на новиот стил на барокната уметност. Тие биле преполни со алегориски фигури и исполнети со емоции и движење. Во овие фонтани склуптурите станале главен елемент, а водата ја користат едноставно за да се анимираат и да се украсат склуптурите. Тие, како и барок градините биле „визуелно претставување на доверба и моќ“[74].
Статуи
уредиРим е добро познат по статуите, особено по зборувачките статуи (живописните статуи кои кога ќе ги погледнеш како да ти прозбореле). Тие се обични антички статуи кои станале популарни како импровизирани говорници за политички и социјални дискусии и места каде луѓето можат да го искажат своето мислење. Постојат две главни зборувачки статуи: Пасквино и Марфорио но постојат и други значајни како: Ил Бабуино, Мадам Лукреција, Ил Фачино и Абот Лујџи. Повеќето од овие статуи се римски или класични и повеќето од нив ги отсликуваат митските богови, антички луѓе или легендарни личности. Ил Пасквино го претставува Манелај, Абот Лујџи е непознат римски судија, Ил Бабуино би требало да биде Силен, Марфорио претставува Океан, Мадам Лукреција е биста на Изида и Ил Фачино е единствената неримска статуа, изградена е во 1580 година, и не претставува никого особено. Тие се често, поради нивниот статус, покриени со плакати или графити преку кои се изразува политички идеи и точки на гледање и размислување. Други статуи во градот, кои не се поврзани со зборувачките статуи се Понте Сант’Ангело или неколку споменици низ целиот град како на пример Џордано Бруно во Кампо де’Фиори.
Облисци и столбови
уредиГрадот има осум египетски и пет римски обелисци заедно со голем број на помодерни обелисци[75] . Некои од обелисците се на плоштадот Свети Петар, некои на Пјаца Навона, Монтесциторио а другите во вили, паркови, градини. Исто така, во центарот на Рим се сместени столбовите на Трајан и Марко Аврелиј, два римски столбови со спирално олеснување[76].
Мостови
уредиГрадот Рим има бројни познати мостови кои се изгради на реката Тибар. Познати мостови се Мост на Цестиј, Мост на Светиот Ангел, Милвијски мост, Мост на Виктор Емануел II, Мост Номентано. Во моментов постојат пет римски мостови кои уште останале во градот[77]. Поголем дел од мостовите во градот биле изградени во класичен и ренесансен стил, но и во барок, неокласичен и модерен стил. Според Енциклопедија Британика, најдобриот антички мост во Рим, мостот на Светиот Ангел, бил изграден во 135 година и е одликуван со 10 статуи на ангели, дизајнирани од страната на Бернини во 1688 година[78].
Катакомби
уредиРим има голем број на антички катакомби или подземни гробници, под или во близина на градот, кои постојат најмалку четириесет децении. Иако повеќето се познати за христијанските погреби има и пагански и еврејски погреби. Првите големи катакомби се ископани од II век па натаму. Првично тие биле врежени на туф (мека вулканска карпа) надвор од границите на градот бидејќи римското право им забранувало да има гробови во границите на градот. Во моментов одржувањето на катакомбите е во рацете на папството кое има инвестирано во Саленсианс на Дон Баско.
Економија
уредиДа се биде главен град на Италија, треба да се биде домаќин на сите главни институции на нацијата, како и на Претседателството на Републиката, Владата (и нејзините министери), Собранието, главните правни Судови, како и дипломатските претставници на сите земји за државата на Италија и на Ватикан (Рим исто така е домаќин во италијанскиот дел од нејзината територија, Амбасадата на Италија за Ватикан). Многу меѓународни институции се наоѓаат во Рим особено културно-научните, оние како што се Американскиот Институт, Британската Школа, Француската Академија, Скандинавските Институти, Германскиот Археалошки Институт – за чест на стипендијата во Вечниот град и специјализираните агенции на Обединетите нации како што е ФАО. Рим исто така е домаќин на големите меѓународни и светски политички и културни организации, како што е Меѓународниот фонд за земјоделски развој, Светската програма за храна, Колеџот за одбрана на НАТО, Меѓународниот центар за проучување на зачувувањето и обновувањето на културното наследство. Рим во моментов е бета+ светски град, спаѓа со својот алфа-статус во 2008 година, заедно со Берлин, Букурешт, Атина, Лисабон, Монтреал, Будимпешта и други[9].
Рим е рангиран во 2014 како 32-ри глобален град, што е и највисокиот негов ранг во Италија[11]. Со 2005 БДП на 94,376 милјарди евра[79], градот произведува 6,7% од националниот БДП (повеќе од било кој град во Италија) и стапката на невработеност е намалена од 11,1% на 6,5% во периодот од 2001 и 2005 год, сега е еден со најниските стапки на сите главни градови во Европската Унија[79]. Рим расте 4,4% годишно и продолжува да расте со повисока стапка во споредба со било кој друг град во остатокот до земјата.[79]. Ова значи дека ако Рим претставува земја, таа би била 52-та најбогата земја во светот од страна на БДП, блиску до големината на онаа на Египет. Рим исто така, има 2003 БДП по глава на жител од 29.153 евра со што е втор во Италија (по Милано) и е повеќе од 134,1% од просекот на ЕУ бруто-домашниот производ по глава на жител[80]. Рим, во целина, има најголема заработувачка во Италија, достигнувајќи 47,076,890,463 евра во 2008 година[81], но сепак во однос на просечниот приход на работниците градот се става како 9-ти во Италија со 24,509 евра[81]. На глобално ниво, работниците во Рим, ја примаат 30-та по ред највисока плата во 2009 година[82].
Иако економијата на Рим се одликува со отсуство на тешката индустрија и тоа во голема мера доминираат услугите, високотехнолошките компании, истражување, изградба и комерцијални активности, а огромиот развој на туризмот е многу динамичен и исклучително важен за неговата економија. Римскиот меѓународен аеродром е најголем во Италија, и е град домаќин на огромното мнозинство од главните италијански компании, како и седиште на три од 100 светски најголеми компании: Enel, Eni и Telecom Italia[83].
Универзитетите, Националното радио и телевизија и филмската индустрија во Рим се исто така важни делови од економијата. Рим е центар на Италијанската филмска индустрија, благодарение на Чинечита студио, кое работи од 1930-тите години. Градот е центар за банкарството и осигурувањете, како и електрониката, енергетиката, транспортот и воздушната индустрија. Бројните меѓународни компании и агенции, владини министерства, конференциски центри, спортски сали, музеи се наоѓаат во главните деловни единици на Рим: Esposizione Universale Roma, Torrino, Magliana.
Образование
уредиРим на национално ниво е голем меѓународен центар за високото образование, има голем број на академии, колеџи и универзитети. Според City Brands Index, Рим се смета за втор во светот најголем историски, образовен, културен и убав град. Може да се пофали со голем број на академии и колеџи и отсекогаш бил голем интелектуален и образовен центар, особено за време на Стариот Рим и ренесансата заедно со Фиренца[84][85].
Првиот универзитет во Рим е Универзитет Сапиенца, кој бил основан во 1303 година и е еден од најголемите во Европа а е втор во светот по големина. Во него се образоваат повеќе од 140.000 ученици. Во 2005 е рангиран 33-ти во Европа најдобар универзитет[86], 62-ро според World University Rankings[87], а исто така е вброен и во првите 50 во Европа и првите 150 во светот[88]. Рим исто така е домаќин на LUISS школото на Владата, најважна италијанска школа во областа на меѓународните односи и европските студии.
Во Рим се наоѓаат и седиштата на голем број папски универзитети и други институции, вклучувајќи ја Британското училиште во Рим, Француско училиште, Папски грегоријански универзитет (основан во 1551 година), Европски универзитет за дизајн, Универзитет Свети Јован, Американски Универзитет[89], Школата Лоренцо де Медичи, Фон Феличе и. т. н. Римските универзитети имаат неколку семинари за студентите од другите земји кои студираат свештенството во Папските универзитети[90], како на пример: Папскиот Северноамерикански колеџ, Шкотскиот колеџ и Папскиот хрваткси колеџ на Свети Јероним.
Главни римски библиотеки се: Библиотека Ангелика, основана во 1604 година и е првата италијанска јавна библиотека, Библиотека Касанатенсе, основана во 1701 година, Институт за историја на уметноста, Германските библиотеки кои служат за усовршување во уметноста и науката, Националната Централна Библиотека која содржи 4.126.002 тома, а библиотеката “del Ministero degli Affari Esteri” е специјализирана за дипломатија, надворешни работи и модерна историја, библиотеката “dell'Enciclopedia Italiana” и библиотеката “Don Bisqo” се едни од најголемите и најмодерните од сите библиотеки, Mузеј библиотеката е специјализирана за историја на драма и театар, Библиотеката “Della Società Geografica Italiana” е заснована во вилата Целимонтана и е најважна географрска библиотека во Италија[91], како и во Европа, Ватиканска библиотека е една од најстарите и најважните библиотеки во светот, која е официјално основана во 1475 година иако е всушност е постара и има околу 75.000 кодекси во текот на цела историја.
Култура
уредиЗабава и сценски уметности
уредиРим е важен центар за музиката и има интезивна музичка сцена вклучувајќи и неколку престижни музички театри. Домаќин е на Национална академија Света Сесилија (“Accademia Nazionale di Santa Cecilia”) која била основана во 1585 година, Паркот на музиката („Parko della Musica“), концертна сала како една од најголемите музички сцени во светот. Во Рим исто така се наоѓа и Римскиот оперски театар како и неколку помали музички институции. Во Рим во 1991 година се одржала Евровизија и МТВ Европските музички награди во 2004 година.
Рим има големо значење во музичката историја. На Римскиот Факултет имало група на композитори на претежно црковна музика, која била активна во градот во текот на XVI и XVII век, што го опфаќа крајот на ренесансата и почетокот на барокните епохи. Многу од композиторите имале директна врска со Ватикан и со папските капели, иако тие работеле на неколку цркви, стилски тие често се во контраст со Венецијанската школа на композитори кои во исто време нивната музика е доста прогресивна. Несомнено најпознат композитор кои произлегол од римската школа е Џовани Пјерлуиџи де Палестрина, чие име е поврзано со четиристотини години јасни, полифонички изведби. Сепак имало и други композитори кои работеле во Рим, во најразлични стилови и форми.
Туризам
уредисветско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Cultural: i, ii, iii, iv, vi |
Навод | 91 |
Запис | 1980 (IV заседание) |
Дополнувања | 1990 |
Рим е еден од најважните туристички одредишта во светот, сето тоа се должи на непроценливо бескрајно големо археолошко и уметничко богатство како и за шармот на својата единствена традиција, убавината на панорамските погледи и на големина на величествените вили и паркови. Меѓу повеќето значајни ресурси се и музеите (Музејот Капитолини, Музеите во Ватикан, Галеријата Боргезе, вклучувајќи ги и оние посветени на модерната и современата уметност и големиот број – водопади, фонтани, цркви, палати, историски згради, споменици и урнатини на римскиот форум и катакомбите). Рим е трет по ред најпосетуван град во Европската Унија, по Лондон и Париз, и се здобива во просек од 7 до 10 милиони туристи годишно што понекогаш се дуплира таа бројка во светите години. Колосеумот (4 милиони туристи) и Музеите во Ватикан (4,2 милиони туристи) се на 39-то и 37-то место за најпосетувани места во светот, според една неодамнешна студија[92].
Рим е еден од најголемите археолошки центри и еден од главните центри во светот на археолошките истражувања. Постојат бројни културни и истражувачки институти кои се наоѓаат во градот како што се Американската академија[93], Шведскиот институт[94] и други. Исто така има и голем број на древни наоѓалишта, како што се Римски форум, Пазар на Трајан, Форум на Трајан[95], Колосеум, Пантеон и други. Колосеумот најверојатно е една од најпознатите иконски археолошки наоѓалишта во Рим и се смета за светско чудо[96][97].
Рим содржи голема и импресивна колекција на склуптури, фонтани, мозаици, фрески и слики од сите различни временски периоди. Овој град е прв што станал главен уметнички центар за време на Стариот Рим, со форми на важни римски уметности како што се архитектура, сликарство, вајарство, мозаикот како уметност[98]. Металната работа, ковани монети, гравирањето на дијамантот, резбање на слонова коска, стаклото фигурина, керамиката и многу други работи се сметаат за мали форми на римските уметнички дела. Подоцна овој град станал главен центар на ренесансната уметност, бидејќи папите доделувале огромни суми на пари за изградба на палати, плоштади, јавни објекти. Рим станал еден од главните центри во Европа за ренесансните уметнички дела, втор само после Фиренца која му дава можност да се споредуваат со други големи и културни центри како Париз, Венеција. Градот бил погоден во голема мера од барокот, и така Рим станал дом на бројни уметници и архитекти како Џан Лоренцо Бернини, Караваџо, Анибале Карачи, Франческо Боромини и. т. н.[99] Во доцните година на XVIII век и почетокот на XIX век бил дел од градовите кои биле посетувана од т. н. Голема обиколка[100] (богати, млади англиски и други европски аристократи кои патувале насекаде) со цел да дознаат повеќе за римската култура, уметност, филозофија и архитектура. Голем број на неокласични и рококо уметници живееле во Рим како што се Панини, Бернардо Белото.
Овој град има зголемен фонд на современа уметност и архитектура[101]. Националната галерија на современи дела поседува дела од Бала, Моранди, Пирандело, Кара, Де Чириро, Де Пасис, Гутузо, Фонтана, Бури, Мастројани, Туркано, Кандиски. Во 2010 година се отвори најновата “Фондацијата за современа уметност и архитектура” во Рим, галерија дизајнирана од страна на реномираниот ирачки архитект Заха Адид. Познат како Националниот музеј Макси на XXI век на уметноста и архитектурата[102] во него постои кампус посветен на културата, експериментални истражувачки лаборатории, за меѓународна размена и проучување и истражување. Тој е еден од најамбициозните модерни архитектонски проекти во Рим заедно со Аудиториумот Пенсо Пијано на најголемата концертна сала погоре спомената “Parco della musica”[103] и “Масимилијано Фуксас” – Римскиот конгресен центар. Овој цетнар претставува огромен проѕирен сад кој содржи простории за состаноци и аудиториум со два плоштади кој е отворен од двете страни.
Мода
уредиРим исто така е претпознатлив како светски модерен град. Иако не е толку важен како Милано, Рим е четврти центар за модата во светот, според глобалниот јазичен мониторинг во 2009 година откако Милано, Њујорк и Париз го надминаа Лондон[104]. Големите луксузни модни куќи и синџирите за накит како што се Valentino, Bulgari, Fendi[105], Laura Biagiotti и Brioniсе, се основани токму во градот Рим. Исто така големи компании како Шанел, Прада, Долче и Габана, Армани и Версаче имаат луксузни бутици во Рим.
Кујна
уредиКујната во Рим се развила низ вековите и периодите на социјални, културни и политички промени. Рим станал главен центар за гастрономија за време на Стариот Рим. Античката римска кујна била значајно под влијание и на античката грчка култура, но и подоцна, империската огромна експанзија ги изложила Римјаните на многу нови, провинциски кулинарски навики и готвечки техники. Во почетокот, разликите помеѓу општествените класи не биле многу големи, но диспаритетите се развиле со растот на царството. Подоцна, за време на ренесансата, Рим станал познат како центар на високата кујна, бидејќи некои од најдобрите готвачи од тоа време работеле за Папите. Еден пример на ова би можело да биде Бартоломео Скапи, кој бил готвач и кој работел за Папа Пиј IV во кујната на Ватикан, и се стекнал со слава во 1570 година, кога неговата готварска опера “Opera dell'arte del cucinare” („Уметноста на готвењето“) била објавена. Во книгата тој наведува околу 1000 рецепти на ренесансната кујна и ги опишува готварските техники техники и алатки, давајќи ja првата позната слика на виљушка[106].
Денес, градот е дом на бројни големи и традиционални италијански јадења. Еврејското влијание може да се види, поради тоа што Евреите живееле во Рим од I век пред нашата ера. Зеленчук, особено свет артишок, се вообичаени. Примери за овие вклучуваат „Saltimbocca alla Romana“ – со телешка шницла, во римски стил, покриено со остра шунка и жалфија придружено со бело вино и путер, "Carciofi alla giudia" – артишок пржен во маслиново масло, е типичен за римското еврејско готвење; "Carciofi alla Romana" - артишок римски стил; надворешните лисја се отстранети, полнети со ментол, лук, презла и се вари, "Spaghetti alla carbonara" – шпагети со сланина, јајца и pecorino, и "Gnocchi di semolino alla Romana" – гриз кнедла, во римски стил[107].
Кино
уредиРим е домаќин на студио Чинечита[108], најголемиот објект на филмска и телевизиска продукција во континентална Европа и во центарот на италијанската кинематографија, каде што голем број од најголемите денешни кино благајни хитови се снимени. На 99-акр (40 ха) студио комплекс е 5,6 милји (9,0 км) од центарот на Рим и е дел од еден од најголемите продукциски заедници во светот, само втор во Холивуд, со и над 5.000 професионалци – во периодот на творците на костими па сè до специјалистите за визуелни ефекти Повеќе од 3.000 продукции се направени на неговото подрачје, од последните функции, како на „Страдањата на Христос“, „Бандите на Њујорк“, „Рим“, Декамерон, а и кино класици како „Бен Хур“, “Клеопатра” и филмовите на Федерико Фелини.
Основано во 1937 година од страна на Бенито Мусолини, студиото било бомбардирано од страна на западните сојузници за време на Втората светска војна. Во 1950 година, Чинечита била локација за снимање за неколку големи американски филмски продукции, а потоа станало студио кое е најтесно поврзано со Федерико Фелини. Денес Чинечита е единствено студио во светот со пред-продукција, продукција, како и целосен пост-производствен погон на едно подрачје, дозволувајќи им на режисерите и продуцентите со своите сценарија и „да излезат“ со завршен филм.
Јазик
уредиИако Стариот Рим денеска се поврзува со латински јазик, во него се зборувало на голем број јазици. Во старо време, Сабињаните ја споделувале областа на она што денеска е познато како градот Рим, зборувајќи латински. Јазикот бил еден од италската група на антички италијански јазик, заедно со јазикот на Етрурците, кој би бил главен јазик на еден од кралевите на Рим кој владеел до нивното соборување во 509 п.н.е. и основањето на Републиката. Плауција Ургуланила, сопруга на царот Клавдиј, се смета дека зборувала на етрурски јазик, во согласност со влезот на Suetonius. Сепак латинскиот, во разни варирачки форми, бил главен јазик на класичниот Рим, но во градот живееле имигранти, робови, жители, амбасадори од многу делови на светот кои зборувале на различни јазици. Многу образовани Римјани исто така зборувале старогрчки јазик бидејќи во градот имало голем број на старогрчко, сириско и еврејско население, многу порано пред основање на царството. Латинскиот јазик еволуирал во текот на средниот век во италијански.
Второспоменатиот се појавил како вкрстување на различните регионални дијалекти, меѓу кои доминираат и тоскански дијалект, но населението на Рим исто така развило свој дијалект, познат како Романеско. Тој јазик се користел за време на средниот век, и бил дел од јужниот италијански дијалект, многу блиску до Неаполскиот. Влијанието на фирентинската култура во текот на ренесансата за имиграција во Рим на многу Фиренци, меѓу нив и двајца папи од фамилија Медичи (Лав X и Климент VII) и нивната придружба, предизвикало голема промена во дијалектот, кој започнал да личи повеќе на тоскански вид. Ова во голема мера останало ограничено во Рим до XIX век, но потоа се проширило во другите зони на Лацио, од почетокот на XX век, благодарение на зголемувањето на населението на Рим и подобрувањето на транспортниот систем. Како последица на тоа, Romanesco се откажал од традиционалните форми да мутира во дијалект што го зборуваат во рамките на градот, што е повеќе како италијански стандард, но и понатаму останува различен од другите Romanesco, под влијание на локални дијалекти на Лацио. Дијалектна литература во традиционална форма Romanesco вклучува дела на такви автори како Џузепе Бели, Трилуса и Чезаре Паскарела. Современиците главно се претставени од страна на популарни глумци како што се Алдо Фабрици, Алберто Сорди, Нино Мангани, Ана Магнани, Џиџи Пријети, Енрико Монтесано, Карло Вердоне.
Историски придонес на Рим кон јазикот во светска смисла сепак е многу посеопфатна. Преку процесот на романизација, народите на Галија, на Пиринејскиот Полуостров, Италија и Дачија ги развивале јазиците кои произлегуваат директно од латинскиот и биле ставени во употреба во големи области на светот преку колонизација и културно влијание. Покрај тоа современиот англиски јазик позајмил голем процент од својот речник од латинскиот јазик[109]. Римската или латинската азбука е најкористено писмо во светот од страна на најголемиот број на јазици. Рим веќе долго време бил домаќин на уметнички заедници, странски жителски заедници и голем број на странски верски студенти или верници и така отсекогаш бил повеќејазичен простор. Денес поради масовниот туризам многу јазици се користат за служење на туризмот, а особено англиски јазик, кој е нашироко познат во туристичките области, и градот е домаќин на голем број на имигранти и така има многу повеќејазични имигрантски области.
Спорт
уредиФудбалот е најпопуларниот спорт во Рим, како и во останатиот дел од земјата. Градот бил домаќин на финалето од Светското првенство во фудбал во 1934 и во 1990 година. Последното се одвило на Стадион Олимпико, кој исто така е домашен стадион за локалните Серија А клубови ФК Рома и ФК Лацио, чие соперништво се главен додаток на римската спортска култура[111]. Фудбалерите кои играат за овие тимови и исто така се родени во градот имаат тенденција да станат особено популарни, како што е случајот со играчи како Франческо Тоти, Даниеле Де Роси (и двајцата за Рома) или Алесандро Неста (од Лацио). Атлетико Рома е мал тим кој игра во Прва дивизија. Неговиот матичен стадион е стадионот Фламинио.
Рим бил домаќин на Летните олимписки игри 1960, со голем успех, со користење на многу древни наоѓалишта, како што се вилата Боргезе и термите на Каракала како собиралишта. За Олимписките игри биле создадени многу нови објекти, како новиот голем Олимписки стадион (што исто така бил проширен и обновен за да биде домаќин на квалификациите и на финалниот натпревар од Светското првенство од 1990), Villaggio Olimpico (Олимписко село, создадено за да биде домаќин на спортистите како станбена област). Рим направил обид да биде домаќин на Летните олимписки игри 2020, но тоа било повлечено пред крајниот рок[112][113].
Стадионот Фламинио е домаќин за Италијанскиот национален рагби тим, кој се натпреварува во Лигата на шестте нации од 2000 година, иако со помалку од задоволителни настапи, како што тие никогаш не го освоиле првенството. Рим е домаќин на локалните рагби тимови, како што се Unione Rugby Capitolina, Rugby Roma и SS Lacio.
Секој мај, Рим е домаќин на АТП Мастерс серијата тениски турнир на игралиштата од глина на Форо Италико. Велосипедизмот бил популарен во периодот по Втората светска војна, иако неговата популарност е избледна. Рим бил домаќин на финалниот дел Џиро д’Италија двапати, во 1989 година и 2000 година. Рим е исто така дом на други спортски тимови, вклучувајќи кошарка (Virtus Roma) одбојка (М. Roma одбојка), ракомет или ватерполо.
Сообраќај
уредиРим е во центарот на радијалната мрежа на патишта, кои грубо ги следат линиите на римски патишта кои почнувале од Капитолот и го поврзуваат Рим со неговото царство. Денес Рим е опкружен, на растојание од околу 10 километри (6 милји), од страна на кружниот пат (Grande Raccordo Anulare или GRA).
Поради својата местоположба во центарот на италијанскиот полуостров, Рим е главен железнички јазол за Централна Италија. Главната железничка станица во Рим, Термини, е една од најголемите железнички станици во Европа и најмногу користена во Италија, со околу 400 илјади патници што минуваат секој ден. Втората по големина станица во градот, Рома Тибуртина, претставува високо брзински железнички терминал.[114].
Рим поседува три аеродроми: Аеродром Рим Фјумичино. Меѓународниот аеродром е главен аеродром во Италија и се наоѓа во рамките на општината во близина на Фјумичино, југозападно од Рим. Постариот аеродром се нарекува Аеродром Чампино поради тоа што се наоѓа покрај Чампино , југоисточно од Рим. Аеродромот е заеднички цивилен и воен аеродром. Третиот аеродромот, Рома Урбе, е со мал сообраќај и се наоѓа на околу 6 километри северно од центарот на градот, кој се справува со повеќето хеликоптери и приватни летови.
Градот страда од проблеми во сообраќајот во голема мера кое се должи на оваа радијална улична шема, отежнувајќи им на Римјаните од околината да се движат лесно од едни на други радијални патишта без да навлегуваат во историскиот центар или со користење на кружниот пат. Овие проблеми не се потпомогнати од ограничената големина на метро системот на Рим во споредба со другите градови со слична големина. Покрај тоа, Рим има само 21 такси возила за секои 10.000 жители, далеку под другите големи европски градови[115]. Хроничниот метеж предизвикан од автомобили во текот на 1970-тите и 1980-тите години довело до рестрикции кои се поставени на возилото и имаат пристап до внатрешниот дел во центарот на градот за време на часовите на дневна светлина. Области каде што овие ограничувања се применуваат се познати како ограничени сообраќајни зони (зона на Traffico Limitato (ZTL) на италијански). Во поново време, тешкиот ноќен сообраќај во Trastevereand San Lorenzo довел до создавање на ноќни ограничени сообраќајни зони во овие области, а исто така има и планови да се создаде уште една зона на ограничен сообраќај во Testaccio.
А 2-линијата, метро систем наречен Metropolitana функционира во Рим. Изградбата на првата филијала започнала во 1930-тите. Линијата била планирана брзо да се поврзе со главната железничка станица со нов план E42 област во јужниот дел на предградието на градот, каде што требало да се одржи Светски саем. Настанот никогаш не се одржал поради војната. Областа подоцна била делумно редизајнирана и преименувана во EUR (Esposizione Universale di Roma: Rome Universal Exhibition) во 1950-тите за да служи како модерена бизнис-област. Линијата била конечно отворена во 1955 година, и сега е дел од линијата Б. А линијата отворена во 1980 година од Ottaviano до Anagnina станици подоцна проширена во фази (1999-2000) до Battistini. Во 1990-тите, продолжувањето на линијата Б била отворена од Termini до Rebibbia. Оваа подземна мрежа генерално е сигурна (иако може да настане многу голем метеж повеќепати и во текот на некои настани, а особено на А линијата), како што тоа е релативно кратко. Почнувајќи од 2005 година, нејзината вкупна должина изнесува 38 километри (24 милји).
Двете постоечки линии, А и Б, се сечат во Термини. Нова гранка на линијата Б (Б1) — под изградба со проценети трошоци за 500.000.000 €. Тоа е предвидено да се отвори во 2012 година. Б1 ќе се поврзе со линијата Б во Piazza Bologna и ќе има четири станици на растојание од 3,9 км (2 милји). А третата линија, линија Ц, е под изградба со проценети трошоци за € 3000000000 и ќе има 30 станици на растојание од 25,5 км (16 mi). Тоа делумно ќе ја замени постоечката железничка линија, Termini-Pantano. Таа ќе биде целосно автоматизирана, ќе биде без машиновозачи. Првиот дел треба да се отвори во 2011 година и крајните делови во 2015 година, но археолошките наоди често ги одложуваат подземните градежни работи. А четвртата линијата, Д линијата, исто така е планирана. Таа ќе има 22 станици на растојание од 20 километри (12 милји). Првиот дел е проектиран да се отвори во 2015 година и крајните делови пред 2035.
Надземно јавниот транспорт во Рим е составена од автобуси, трамваи и урбана воз мрежа (СР линии). Автобуската и трамвајската мрежа е раководена од страна на Trambus SpA под покровителство на Atac SpA (кој порано стоел за Општинскиот Бизнис и Трамвајските линии, Azienda Tramvie е Autobus del Comune во Италија). Автобуската мрежа има повеќе од 350 автобуски линии и над 8000 автобуски станици, додека повеќе ограничените трамвајски системи имаат 39 километарска пруга и 192 станици. Исто така, постои една тролејбус линија, отворена во 2005 година, а исто така и дополнителни тролејбус линии се планирани.
Меѓународни објекти, организации и нивна вмешаност
уредиРим е уникатен бидејќи во неговите рамки постои независна држава, Ватикан. Ватикан е енклава на Рим и во неа се наоѓа “Светата Столица”, којашто претставува врховна влада на Римокатоличка црква . Градот е домаќин за странски амбасади за Италија и Светата Столица, иако многу често истиот амбасадор е акредитиран за двете.
Во Рим се наоѓа седиштето на Малтешкиот ред од 1834 година, а тоа се должи на освојувањето на Малта од страна на Наполеон во 1798 година. Ова тело има суверенитет но не бара никаква посебна територија во Рим или на било кое друго место, па од тука доаѓа и спорот за неговиот вистински суверенитет.
Рим е исто така седиште на многу меѓународни агенции на Обединетите Нации, како што се Светската Програма за Храна (СПХ), Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД).
Овој град традиционално е вмешуван во процесот на Европската политичка интеграција. Во 1957, градот бил домаќин на потпишувањето на Договорот од Рим, со кој ставила основата на Европската Економска Заедница (претходник на денешната Европска Унија) и исто така бил домаќин на официјалното потпишување на предложениот Европски Устав во јули 2004 година.
Рим е седиште на Универзитетот за безбедност на НАТО и е место каде што бил формулиран Статутот на Меѓународниот Криминален Суд.
Рим како тема во уметноста и во популарната култура
уредиРим како тема во книжевноста
уреди- „Римски елегии“ - дело на Јохан Волфганг Гете.[116]
- „Крик кон Рим“ (Grito hacia Roma) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[117]
- „Римски приказни“ (Racconti Romani) – збирка раскази на италијанскиот писател Алберто Моравија од 1954 година.[118]
Во својот расказ „Стаклениот лиценцијат“, Сервантес го нарекува Рим „крал на сите градови и господар на светот“, велејќи дека самите имиња на неговите улици имаат поголема важност од сите улици на другите градови во светот.[119]
Рим како тема во филмот
уреди- „Рим, отворен град“ (Roma, città aperta) – италијански филм од 1945 година во режија на Роберто Роселини.
- „Празник во Рим“ (Roman Holiday) – американски филм од 1953 година во режија на Вилијам Вајлер.[120]
- „Мама Рома“ (Mamma Roma) - филм на италијанскиот режисер Пјер Паоло Пазолини од 1962 година.[121]
- „На Рим, со љубов“ (To Rome with Love) – американски филм на режисерот Вуди Ален од 2012 година.[122]
- „Големата убавина“ (италијански: La grande bellezza) - италијански филм од 2013 година, во режија на Паоло Сорентино.[123]
Наводи
уреди- ↑ „Istat official population estimates“. Посетено на 16 April 2017.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 Bilancio demografico Anno 2014 (dati provvisori). Provincia: Roma Архивирано на 5 февруари 2015 г. – Demo.istat.it
- ↑ „Discorsi del Presidente Ciampi“. Presidenza della Repubblica. Архивирано од изворникот на 21 September 2013. Посетено на 17 May 2013.
- ↑ „Le istituzioni salutano Benedetto XVI“. La Repubblica. Посетено на 17 May 2013.
- ↑ 5,0 5,1 Heiken, G., Funiciello, R. and De Rita, D. (2005), The Seven Hills of Rome: A Geological Tour of the Eternal City. Princeton University Press.
- ↑ „Old Age in Ancient Rome – History Today“.
- ↑ „Rome, city, Italy“. Columbia Encyclopedia (6. изд.). 2009. Архивирано од изворникот на 24 March 2010.
- ↑ Giovannoni, Gustavo (1958). Topografia e urbanistica di Roma (италијански). Rome: Istituto di Studi Romani. стр. 346–47.
- ↑ 9,0 9,1 „GaWC – The World According to GaWC 2012“. Lboro.ac.uk. 13 January 2014. Посетено на 2 August 2014.
- ↑ „The Global City Competitiveness Index“ (PDF). The Economist. 12 March 2012. Посетено на 9 May 2017.
- ↑ 11,0 11,1 „2014 Global Cities Index and Emerging Cities Outlook“. Архивирано од изворникот на 17 April 2014. Посетено на 2 August 2014.
- ↑ „World's most visited cities“.
- ↑ „Historic Centre of Rome, the Properties of the Holy See in that City Enjoying Extraterritorial Rights and San Paolo Fuori le Mura“. UNESCO World Heritage Center. Посетено на 8 June 2008.
- ↑ 14,0 14,1 Livy (1797). The history of Rome. George Baker (trans.). Printed for A.Strahan.
- ↑ „Romulus and Remus“. Brittanica.com. 25 November 2014. Посетено на 9 March 2015.
- ↑ Claudio Rendina, Roma Ieri, Oggi, Domani, Newton Compton, Roma, 2007, pg. 17
- ↑ This hypothesis originates from the Roman Grammarian Maurus Servius Honoratus.
- ↑ This hypothesis originates from Plutarch
- ↑ Coarelli (1984) p. 9
- ↑ Wilford, John Nobel (12 June 2007). „More Clues in the Legend (or Is It Fact?) of Romulus“. New York Times. Посетено на 11 August 2008.
- ↑ 21,0 21,1 Hermann & Hilgemann(1964), p.73
- ↑ Livy (26 May 2005). The Early History of Rome. Penguin Books Ltd. ISBN 978-0-14-196307-5.
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.73
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.93
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.79
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.77
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.81-83
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.81-85
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.91
- ↑ Hermann & Hilgemann (1964), p.97
- ↑ Editors, Mandatory (24 January 2013). „travel, history, civilizations, greatest cities, largest cities, Rome“. Mandatory. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 12 March 2013.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Luc-Normand Tellier (2009). "Urban world history: an economic and geographical perspective". PUQ. p.185. ISBN 2-7605-1588-5
- ↑ Norman John Greville Pounds. An Historical Geography of Europe 450 B.C.-A.D. 1330. p. 192.
- ↑ Bertarelli (1925), p.19
- ↑ Italian Peninsula, 500–1000 A.D., The Metropolitan Museum of Art
- ↑ „Pope Alexander VI“. Nndb.com. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ „Basilica of St. Peter“. Catholic Encyclopedia. Newadvent.org. 1 February 1912. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ Bertarelli (1925), p.22
- ↑ Bertarelli (1925), p.23
- ↑ „Pope Pius IX“. Catholic Encyclopedia. Newadvent.org. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ „Roma diventa Capitale“ (италијански). Посетено на 6 March 2012.
- ↑ „Territorio“ (италијански). Comune di Roma. Посетено на 5 October 2009.[мртва врска]
- ↑ „The "Rioni" of Rome“. Romeartlover.it. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ Ravaglioli, Armando (1997). Roma anno 2750 ab Urbe condita (италијански). Rome: Tascabili Economici Newton. ISBN 88-8183-670-X.
- ↑ „World Map of Köppen−Geiger Climate Classification“. Архивирано од изворникот на 6 септември 2010.
- ↑ „Storia della neve a Roma“. Архивирано од изворникот на 27 July 2013. Посетено на 2 October 2014.
- ↑ Tabelle climatiche 1971–2000 della stazione meteorologica di Roma-Ciampino Ponente dall'Atlante Climatico 1971–2000 – Servizio Meteorologico dell'Aeronautica Militare
- ↑ „Visualizzazione tabella CLINO della stazione / CLINO Averages Listed for the station Roma Ciampino“. Посетено на 13 June 2011.
- ↑ Cornell (1995) 204–5
- ↑ Gregory S. Aldrete (30 January 2007). Floods of the Tiber in Ancient Rome. Посетено на 13 July 2014.
- ↑ P. M. G. Harris. The History of Human Populations: Forms of growth and decline. Посетено на 13 July 2014.
- ↑ Herreros, Francisco. „Size and Virtue“. Academia. Посетено на 13 July 2014.
- ↑ Ward, Lorne H. (1 January 1990). „Roman Population, Territory, Tribe, City, and Army Size from the Republic's Founding to the Veientane War, 509 B.C.-400 B.C.“. The American Journal of Philology. 111 (1): 5–39. doi:10.2307/295257. ISSN 0002-9475. JSTOR 295257.
- ↑ [1]
- ↑ Paul Bairoch (18 June 1991). Cities and Economic Development: From the Dawn of History to the Present. Посетено на 13 July 2014.
- ↑ N.Morley, Metropolis and Hinterland (Cambridge, 1996) 33–9
- ↑ Duiker, 2001. page 149.
- ↑ Abstract of The population of ancient Rome. Архивирано на 1 мај 2011 г. by Glenn R. Storey. HighBeam Research. Written 1 December 1997. Retrieved 22 April 2007.
- ↑ The Population of Rome by Whitney J. Oates. Originally published in Classical Philology. Vol. 29, No. 2 (April 1934), pp 101–116. Retrieved 22 April 2007.
- ↑ P. Llewellyn, Rome in the Dark Ages (London 1993), p. 97.
- ↑ „Statistiche demografiche ISTAT“. Demo.istat.it. Архивирано од изворникот на 2009-04-26. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ Demographia: World Urban Areas, January 2015
- ↑ European Spatial Planning Observation Network, Study on Urban Functions (Project 1.4.3) Архивирано на 24 септември 2015 г., Final Report, Chapter 3, (ESPON, 2007)
- ↑ Eurostat, Total population in Urban Audit cities, Larger Urban Zone, accessed on 23 June 2009. Data for 2009 unless otherwise noted.
- ↑ United Nations Department of Economic and Social Affairs, World Urbanization Prospects (2009 revision), (United Nations, 2010), Table A.12. Data for 2007.
- ↑ Organization for Economic Cooperation and Development, Competitive Cities in the Global Economy, OECD Territorial Reviews, (OECD Publishing, 2006), Table 1.1
- ↑ Thomas Brinkoff, Principal Agglomerations of the World, accessed on 12 March 2009. Data for 1 April 2011.
- ↑ „Statistiche demografiche ISTAT“. Demo.istat.it. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 30 January 2011.
- ↑ Rome Post – what's happening in Rome Архивирано на 2 април 2015 г.
- ↑ Nickell, Joe (2007). Relics of the Christ. Other Crucifixion Relics. Lexington: University Press of Kentucky. стр. 96–97. ISBN 0813124255.
- ↑ Eyewitness Travel (2006), pg.36–37.
- ↑ „Green Areas“. RomaPerKyoto.org. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2008. Посетено на 9 ноември 2008.
- ↑ Frontin, Les Aqueducs de la ville de Rome, translation and commentary by Pierre Grimal, Société d'édition Les Belles Lettres, Paris, 1944.
- ↑ Italian Gardens, a Cultural History, Helen Attlee. Francis Lincoln Limited, London 2006.
- ↑ „Chasing Obelisks in Rome“. Initaly.com. Архивирано од изворникот на 2010-02-06. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ „7 Free Things To Do In Rome“. roundtheworldmagazin.com. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ „The Bridges of Ancient Rome“. Citrag.it. Архивирано од изворникот на 13 January 2010. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ „Sant'Angelo Bridge“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ 79,0 79,1 79,2 „Rapporto Censis 2006“. Censis.it. Архивирано од изворникот на 18 април 2008. Посетено на 3 февруари 2010.
- ↑ Observatoribarcelona.org Архивирано на 6 август 2007 г.
- ↑ 81,0 81,1 „La classifica dei redditi nei comuni capoluogo di provincia“. Il Sole 24 ORE. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 14 June 2010.
- ↑ „World's richest cities in 2009“. City Mayors. 22 August 2009. Посетено на 14 June 2010.
- ↑ DeCarlo, Scott (30 март 2006). „The World's 2000 Largest Public Companies“. Forbes. Архивирано од изворникот на 13 јануари 2007. Посетено на 16 јануари 2007.
- ↑ „Roman Academies“. Catholic Encyclopedia. Newadvent.org. 1 March 1907. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ "How the world views its cities" – The Anholt City Brands Index 2006
- ↑ Arwu.org Архивирано на 29 јануари 2009 г.
- ↑ „World University Rankings 2013“. Center for World University Rankings. 2013. Архивирано од изворникот на 17 July 2013. Посетено на 17 July 2013.
- ↑ Arwu.org Архивирано на 21 мај 2009 г.
- ↑ „The American University of Rome“. The American University of Rome. Архивирано од изворникот на 28 јануари 2013. Посетено на 4 февруари 2013.
- ↑ „About the NAC“. Pontifical North American College. Посетено на 1 October 2010.
- ↑ Amedeo Benedetti, La Biblioteca della Società Geografica Italiana, "Biblioteche oggi", n. 3, април 2009, p. 41.
- ↑ ITVnews.tv Архивирано на 2 октомври 2009 г.
- ↑ „AIRC-HC Program in Archaeology, Classics, and Mediterranean Culture“. Romanculture.org. Архивирано од изворникот на 29 March 2010. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ „Isvroma.it“. Isvroma.it. Посетено на 3 февруари 2010.[мртва врска]
- ↑ James E. Packer (January–February 1998). „Trajan's Glorious Forum“. Archaeology. Archaeological Institute of America. 51 (1). Посетено на 2 October 2010.
- ↑ I H Evans (reviser), Brewer's Dictionary of Phrase and Fable (Centenary edition Fourth impression (corrected); London: Cassell, 1975), page 1163
- ↑ Francis Trevelyan Miller, Woodrow Wilson, William Howard Taft, Theodore Roosevelt. America, the Land We Love (1915), page 201 Google Books Search
- ↑ Toynbee, J. M. C. (December 1971). „Roman Art“. The Classical Review. 21 (3): 439–442. doi:10.1017/S0009840X00221331. JSTOR 708631.
- ↑ „Baroque Art of Rome (ROME 211)“. Trincoll.edu. Архивирано од изворникот на 30 May 2008. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ Matt Rosenberg. „Grand Tour of Europe: The Travels of 17th & 18th Century Twenty-Somethings“. About.com. Посетено на 3 February 2010.
- ↑ „The Franca Camiz Memorial Field Seminar in Art History“. Trinity College, Hartford Connecticlt. Архивирано од изворникот на 30 мај 2008. Посетено на 3 февруари 2010.
- ↑ „Maxxi_Museo Nazionale Delle Arti Del Xxi Secolo“. Maxxi.beniculturali.it. Архивирано од изворникот на 11 February 2010. Посетено на 25 March 2010.
- ↑ „Auditorium Parco della Musica“. Auditorium.com. Посетено на 25 March 2010.
- ↑ „The Global Language Monitor » Fashion“. Languagemonitor.com. 20 јули 2009. Архивирано од изворникот на 1 ноември 2009. Посетено на 17 октомври 2009.
- ↑ „Fendi“. fendi.com. Посетено на 17 October 2009.
- ↑ Rolland 2006, стр. 273 .
- ↑ Carnacina, Luigi; Buonassisi, Vincenzo (1975). Roma in Cucina (италијански). Milano: Giunti Martello.
- ↑ „history of Cinecittà Studios in Rome“. Romefile.com. Посетено на 17 October 2009.
- ↑ Ostler, N. (2007), Ad Infinitum: A Biography of Latin. London: HarperCollins
- ↑ „Brief Guide to Olympic Stadium of Rome | SPOSTARE LA FINALE DA ROMA? NO! GRAZIE“. Maspostatevilaregina.com. 23 April 2009. Посетено на 30 January 2011.
- ↑ „Football First 11: Do or die derbies“. CNN. 22 October 2008. Посетено на 5 October 2014.
- ↑ „Media“. Olympic.org. Посетено на 15 September 2011.
- ↑ „Candidate Cities for Future Olympic Games“. Bladesplace.id.au. Посетено на 17 October 2009.
- ↑ – Entry on Roma Tiburtina station on the official website of the Italian high-speed rail service (италијански)
- ↑ Kiefer, Peter (30 November 2007). „Central Rome Streets Blocked by Taxi Drivers“. New York Times. Посетено на 10 February 2008.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 67-84.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 122-125.
- ↑ A. Moravija, Rimske priče. Beograd: Rad, 1964.
- ↑ Miguel Servantes, Uzorne priče. Beograd: Rad, 1963, стр. 111.
- ↑ IMDb, Roman Holiday (1953) (пристапено на 3.11.2016)
- ↑ Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 91.
- ↑ IMDb, To Rome with Love (2012) (пристапено на 14.5.2017)
- ↑ IMDb, The Great Beauty (2013) (пристапено на 13.9.2020)
Надворешни врски
уредиПовеќе за Rome на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за guide во Википатување ? ? |
- Официјални
- Comune of Rome (италијански)
- APT (official Tourist Office) of the City of Rome (англиски)
- Rome Museums – Official site Архивирано на 1 јуни 2017 г. (англиски)
- Capitoline Museums (англиски)