Иван Георгов
Иван Андреев Георгов (бугарски: Иван Андреев Георгов) — македонски педагог, научник, филозоф и историчар во Бугарија роден во Велес, Македонија.[1]
Животопис
уредиРоден е во Велес на 7 јануари 1860 година. Син е на општествениот деец Андреј Георгов и брат на бугарскиот новинар и политичар Илија Георгов. Студирал во Јена, Германија, и Женева, Швајцарија. Доктор по филозофија на универзитет во Јена. Во 1889 ги завршил студиите со докторат и се вратил во Бугарија, каде бил примен на педагошка работа во Софискиот универзитет. Бил раководител на катедрата за историја на филозофските науки до 1934, декан на Факултетот за историја и филологија во 1901-1902 и 1908-1909, четири пати ректор на универзитетот (1898-1899, 1905-1906, 1916-1917, 1918-1919), а исто така член на Бугарската академија на науките од 1902 година и раководител на одделот за историја и филозофија во академијата од 1928 до 1936. Иван Георгов е еден од основачите и прв претседател на Македонскиот научен институт во периодот 1923-1927. Умира во Софија на 13 август 1936.[1]
Дела
уреди- "Джордано Бруно", "Български преглед", 1900, 6 ("Џордано Бруно", "Бугарски преглед"). (бугарски)
- "Няколко думи върху документите по историята на нашето Възраждане", "Периодическо списание" на Българското книжовно дружество, 1902, 63 ("Неколку зборови во врска со документите по историјата на нашата Преродба", "Периодическо списание" на Бугарското книжевно друштво). (бугарски)
- „Що е съвест?“, 1903 ("Што е совест?"). (бугарски)
- "Материали за речника на Велешкия говор", Сборник за народни умотворения и книжнина (СбНУ), 1904, 20 ("Материјали за речникот на Велешкиот говор", Зборник за народни умотворби и книжнина). (бугарски) во "Библиотека Струмски"
- „Първите начала на езиковия израз за самосъзнанието у децата“, 1905 ("Првите почетоци на јазичниот израз за самосознавање кај децата"). (бугарски)
- „Материали по нашето Възраждане“, СбНУ, 1909, 24 („Материјали за нашата Преродба“). (бугарски) во "Библиотека Струмски"
- „Die bulgarische Nation und der Weltkrieg“, 1918, A. Hofmann & Co („Бугарската нација и Светската војna“). (германски) во "Библиотека Струмски"
- „История на филозофията", Том 1 Древна филозофия, Том 4 Нова филозофия до Канта, Част 1 Нова филозофия до Хобса, 1925-1936 ("Историја на филозофијата", том 1 Древна филозофија, том 4 Нова филозофија до Кант, дел 1 Нова филозофија до Хобс). (бугарски)
- „Днешното положение в Македония под сръбска и гръцка власт и Обществото на народите“, 1925 („Денешната положба во Македонија под српска и грчка власт и Општеството на народите“). (бугарски) в "Библиотека Струмски"
- „La Question macédonienne“, 1926 („Македонското прашање“). (француски)
- "Поглед върху развитието на университета", 1929 ("Поглед кон развоjот на универзитетот"). (бугарски)
Извори
уредиНадворешни врски
уреди- Добрин Тодоров, "Иван Георгов - основоположник на модерното филозофско образование в България", Годишник на Минно-геоложкия университет "Св. Иван Рилски", том 49, св. IV, Хуманитарни и стопански науки, 2006. (бугарски)
Претседатели на Македонскиот научен институт |
професор Иван Георгов | професор Љубомир Милетиќ | професор Никола Стоjанов | професор Димитар Сиљановски | Георги Кулишев | професор Петар Шапкарев | професор Димитар Гоцев | професор Трендафил Митев |