1938
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1938 (MCMXXXVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1938 година од новата ера, 938. од вториот милениум, 38. од XX век и деветта од 1930-тите.
Грегоријански календар | 1938 MCMXXXVIII |
Ab urbe condita | 2691 |
Ерменски календар | 1387 ԹՎ ՌՅՁԷ |
Асирски календар | 6688 |
Бахајски календар | 94–95 |
Балиски календар | 1859–1860 |
Бенгалски календар | 1345 |
Берберски календар | 2888 |
Будистички календар | 2482 |
Бурмански календар | 1300 |
Византиски календар | 7446–7447 |
Кинески календар | 丁丑年 (огн. вол) 4634 или 4574 — до — 戊寅年 (зем. тигар) 4635 или 4575 |
Коптски календар | 1654–1655 |
Етиопски календар | 1930–1931 |
Еврејски календар | 5698–5699 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1994–1995 |
- Сачка ера | 1859–1860 |
- Кали-југа | 5038–5039 |
Холоценски календар | 11938 |
Игбоански календар | 938–939 |
Ирански календар | 1316–1317 |
Исламски календар | 1356–1357 |
Јапонски календар | Шова 13 (昭和13年) |
Јавански календар | 1868–1869 |
Џуче-календар | 27 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4271 |
Мингуо-календар | Р. Кина 27 民國27年 |
Нанакшахи | 470 |
Тајландски сончев календар | 2480–2481 |
Тибетски календар | 阴火牛年 (женски оган-вол) 2064 или 1683 или 911 — до — 阳土虎年 (машка земја-тигар) 2065 или 1684 или 912 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7446 и 7447 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6688 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5698 и 5699 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2691.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1938 година се протега во 4574 и 4575, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4634 и 4635 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2481. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1356 и 1357 исламска година.
Настани
уредијануари
уреди- 13 јануари - Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
февруари
уреди- 10 февруари – Романскиот крал Карол II присвојува диктаторски овластувања.
март
уреди- 3 март – Во Саудиска Арабија е откриена нафта.
- 12 март – Нацистичка Германија ја зазема Австрија.
- 18 март – Мексико ја национализира целата сопственост на странските нафтени компании.
април
уредимај
уреди- 5 мај – Ватикан ја признава владата на Франциско Франко во Шпанија.
- 14 мај – Чиле се повлекува од Друштвото на народите.
јуни
уредијули
уредиавгуст
уредисептември
уреди- 7 септември – Режимот на Јоанис Метаксас во Грција донесува закон со кој строго е забранет македонскиот пишан и говорен јазик.
- 29 септември – Германија, Италија, Британија и Франција го потпишуваат Минхенскиот договор со кој е дадена согласност Германија да ја анектира чехословачката Судетска област.
октомври
уреди- 30 октомври – Емитувана е радио адаптацијата на „Војната на световите“ на Орсон Велс, која предизвикува паника во повеќе делови на САД.
ноември
уреди- 9 ноември – Започнува Кристалната ноќ во која во Германија нацистите ги напаѓаат еврејските продавници и синагоги. При тоа се убиени 91 Евреин, а најмалку 25 илјади Евреи се уапсени.
декември
уредиРодени
уреди- 5 јануари – Хуан Карлос I, шпански крал
- 11 февруари – Мануел Нориега, панамски диктатор
- 8 април – Кофи Анан, гански дипломат, генерален секретар на Обединетите Нации
- 15 април – Клаудија Кардинале, италијанска глумица
- 28 јули – Алберто Фуџимори, перуански претседател
- 28 август – Пол Мартин, канадски премиер
- 29 септември – Вим Кок, холандски премиер
- 16 ноември – Роберт Нозик, американски филозоф
- 16 декември - Лив Улман, норвешка глумица
Починале
уреди- 19 јануари - Бранислав Нушиќ, српски драматург
- 1 март – Габриеле Данунцио, италијански поет и политичар
- 13 март – Николај Бухарин, советски политичар
- 2 април - Никола Оровчанец, македонски комунист
- 26 април – Едмунд Хусерл, австриски филозоф
- 4 јули – Ото Бауер, австриски политичар
- 17 октомври – Карл Кауцки, марксистички теоретичар
- 10 ноември – Кемал Ататурк, турски претседател
- 19 ноември - Лав Шестов, руски филозоф
- 25 декември – Карел Чапек, чешки писател