Андреана Чекиќ
Андреана Чекиќ (Козарска Дубица, СФРЈ, 23 август 1984) е српска поп-фолк пејачка која станала позната благодарение на учеството во серијалот Ѕвездите на Гранд.
Биографија
уредиРодена е во Козарска Дубица, но пораснала во Виена, Австрија, каде што завршила средно економско училиште. Почнала да пее во 2003 година, а поголема популарност стекнала со учеството во петтата сезона на натпреварот Ѕвездите на Гранд (2010-2011), каде го освоила шестото место.[1] Нејзината песна Кралица во злато била еден од најголемите поп-фолк хитови во 2015 година.
По учеството во финалето на натпреварот Ѕвездите на Гранд, таа го свртела вниманието кон себе со песните Нерасположена и Хендикеп. Следната година ја објави песната Виски, која била помалку забележлива. По двегодишна пауза во дискографијата, која ја помина настапувајќи, го објавила дуетот Невреме со Слободан Васиќ. Потоа, следната година ја објавила песната Кралица во злато и станала еден од најголемите хитови во 2015 година. Истата година ја објавила песната Родена да плачам, која била помалку забележлива, но Андреана останала активна во медиумите.
Во 2016 година ја објавила песната 300 сватови, која набрзо станала летен хит и има околу 15 милиони прегледи на Јутјуб.
2017 година кон средината на летото ја објавила баладата Благи солзи.
Во меѓувреме ги објавила песните Засекогаш ти припаѓам и Кралица на фалшот.
Во 2018 година е прогласена за пејачка која го има најголемиот хит на годината, песната Кондури, која ја снима во соработка со пејачот Емир Ѓуловиќ. Песната има околу 80 милиони прегледи.
По огромниот успех на песната Кондури, во соработка со композиторот Бане Опачиќ ја објавила песната Пресвето и грешно.
Потоа ја снимила песната Туѓа маица која ја посветува на сите жени кои доживеале насилство.
Во февруари 2020 година, таа го објавила дуетот со Среќко Кречар, песна наречена Опасно ме работиш.
Дискографија
уредиПесни
уреди- Ќе заплачат очите мои (2012)
- Хендикеп (2012)
- Нерасположена (2012)
- Виски(2013)
- Невреме (дует со Слободан Васиќ) (2015)
- Кралица во злато (2015)
- Родена да плачам(2015)
- 300 сватови (2016)
- Благи солзи (2017)
- Само гледај ме (2017)
- Кралеви на флаша (дует со Mr. Sharan) (2018)
- Засекогаш му припаѓам(2018)
- Кондури (дует со Емир Ѓуловиќ) (2018)
- Пресвето и грешно (2018)
- Туѓа маица (2019)
- Опасно ме работиш(2020)
- Среќо појави се (2020)
Видеографија
уредиВидеоспот | Година | Режисер |
---|---|---|
Нерасположена | 2012 | Харис Дубица |
Виски | 2013 | Харис Дубица |
Невреме | 2015 | Дејан Марковиќ |
Краљица во злато | 2015 | Дејан Марковиќ |
300 сватови | 2016 | Лиор Бабадост |
Благо сузама | 2017 | Борис Зец |
Само гледај ме | 2017 | Силвер Продукција |
Кралеви на флаша | 2018 | Шаран Концепт |
Засекогаш ти припаѓам | 2018 | Андрија Белоица |
Кондури (дует со Емир Ѓуловиќ ) | 2018 | Горан Матијевиќ |
Пресвето и грешно | 2018 | Уживотека |
Туѓа маица | 2019 | Горан Матијевиќ |
Опасно ме работиш | 2020 | Горан Матијевиќ |
Среќо појави се | 2020 | Марко Арсиќ |
Ти си живот и грешка | 2021 | Љуба Радојевиќ |
Уште сум со тебе | 2021 | Љуба Радојевиќ |
Каде е љубовта | 2022 | Љуба Радојевиќ |
Извори
уреди- ↑ „Andreana Čekić“. 19 февруари 2019.