1291
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1291 (MCCXCI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1291. година од новата ера, 291. од вториот милениум, 91. од 13 век и втора од 1290-тите.
Грегоријански календар | 1291 MCCXCI |
Ab urbe condita | 2044 |
Асирски календар | 6041 |
Бахајски календар | -553–-552 |
Бенгалски календар | 698 |
Берберски календар | 2241 |
Будистички календар | 1835 |
Бурмански календар | 653 |
Византиски календар | 6799–6800 |
Еврејски календар | 5051–5052 |
Ерменски календар | 740 ԹՎ ՉԽ |
Етиопски календар | 1283-1284 |
Игбоански календар | 291–292 |
Ирански календар | 669–670 |
Исламски календар | 689–691 |
Јулијански календар | 1291 MCCXCI |
Кинески календар | 庚寅年月日 (3927/3987) — до — 辛卯年月日(3928/3988) |
Коптски календар | 1007–1008 |
Корејски календар | 3624 |
Календар Мингуо | 621 пред РК 民前621年 |
Селевкидски календар | 1602–1603 |
Тајландски сончев календар | 1834 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 1347–1348 |
- Шака самват | 1213–1214 |
- Кали југа | 4392–4393 |
Холоценски календар | 11291 |
Џуче-календар | нема (пред 1912) |
Други календариУреди
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6799 и 6800 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6041 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5051 и 5052 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2044.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1291. година се протега во 3927 и 3928, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3987 и 3988 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1834. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 689 и 691 исламска година.
НастаниУреди
По местоУреди
ЕвропаУреди
- Пролет - Вандино и Уголино Вивалди отпловуваат од Џенова со цел да стигнат до Индија. Тие никогаш не се враќаат.
- 10 мај - Шкотските благородници го признаваат авторитетот на кралот Едвард I, посредувајќи во решавањето на кризата за наследство, создадена со смртта на кралот Александар III, пет години претходно.
- Август - Основана е Швајцарската Конфедерација од Швиц, Ури и Унтервалд.
- Саншу IV Кастилски го освојува градот Тарифа од Маврите.
- Хабсбуршката династија го стекнува швајцарскиот град Луцерн.
- Папа Никола IV ја потврдува независноста на Сан Марино, преку папска була.
- Сите производители на стакло во Венеција се принудени да се преселат на островот Мурано, со цел да намалат ризикот од пожар, со што се создава стаклената индустрија на островот.
- Изграден е замокот Кленова во јужниот дел Бохемија, како дел од пограничниот одбранбен систем.
- Кралот Андреј III Унгарски дава привилегии на кралскиот град на Братислава, денешен главен град на Словачка.
АзијаУреди
- 18 мај - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
РодениУреди
- 8 февруари - Крал Афонсо IV Португалски (п. 1357)
- 31 октомври - Филип де Витри, француски композитор (п. 1361)
- Папа Климент VI (п. 1352)
- Теодор I Монфератски (п. 1338)
- Ајмон Савојски (п. 1343)
- Маргарета Ебнер, германска калуѓерка (п. 1351)