Отвори го главното мени

ЕволуцијаУреди

Подоцна, во текот на доцната антика и во средниот век, кралот прераснал во вистински само-владетел, надлежен за целокупното функционирање на државата. Индивидуалната улога на кралот почнала да опаѓа од 16 век, кога монархиите станале уставни и парламентарни, со што голем дел од функциите на кралот во државата ги презеле други институции. Денес, кралевите во повеќето монархии имаат формално церемонијална улога, а во пракса сѐ уште задржуваат значителен имот и политичко влијание. Сепак, постојат и апсолутни монархии, во кои кралот има целосна власт.

УлогаУреди

Изворно, кралевите во племенските држави имале само неколку улоги:

  • Да бидат судии во текот на народните собири
  • Да служат како свештеници при принесувањето на жртви
  • Да бидат водачи во војните (поради физичките индиспозиции, ова ги исклучувало жените како кралици во раниот развоен период на општествата).

За кралевитеУреди

Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги исмејува кралевите, за кои вели дека немаат ниту половина унца сол во главата. Според него, кралот мора да ги води јавните а не приватните работи, да ги почитува законите и да се грижи за чесноста на службениците, а не да го троши времето на забава, лов и коњи, да продаваат благороднички титули и на поданиците да им наметнуваат давачки.[1] Исто така, тој вели дека кралевите не се надарени со никакви добри духовни својства, тие им робуваат на пороците и на страстите и никогаш не се задоволни со она што го имаат.[2]

Во делото „Богатството на царот Радован“ (во есејот „За кралевите“), српскиот поет Јован Дучиќ пишува дека ретко кој крал бил среќен, зашто околу него се собираат многу луѓе кои му прават сплетки и сакаат да ги остварат своите интереси, а народот секогаш очекува премногу од него. Исто така, тој смета дека луѓето се најчесто неправедни кон кралевите и често ги сметаат за тирани, поради стравот од нивната сила. Навистина, често се случува владетелите да се гладни за власт и по секоја цена сакаат да ја зачуваат власта при што не се воздржуваат од примена на секакви средства.[3]

Кралот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Кралот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Кралот како тема во книжевностаУреди

Кралот како тема во музикатаУреди

  • „Катја и принцот на Сијам“ - балет на Василиј Медведев според либретото на Јана Темиз.[29]
  • „Кралот Сонце“ (Sun King) - песна на британската група „Битлси“ од 1969 година.[30]
  • „Кралот е бел и во толпата“ (King Is White And In The Crowd) - песна на шкотската рок-група „Симпл мајнд“ (Simple MInds) од 1982 година.[31]
  • „Крал на болката“ (King of Pain) - песна на британската рок-група „Полис“ (Police) од 1983 година.[32]
  • „Крал на Америка“ (King Of America) - албум на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[33]
  • „Кралство“ (The Kingdom) - песна на австралиската рок-група „Ајсхаус“ (Icehouse) од 1987 година.[34]
  • „Крал на дождот“ (Rain king) - песна на американската рок-група „Соник јут“ (Sonic Youth) од 1988 година.[35]
  • „Кралот на цвеќињата на морковите“ (The King of Carrot Flowers Pt. 1) - песна на американска рок-групаЊутрал милк хотел“ (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[36]

Кралот како тема во сликарствотоУреди

  • „Крунисувањето на Ладислав Неаполски“ (Krunjenje Ladislava Napuljskoga) - слика на хрватскиот уметник Целестин Медовиќ од 1893 година.[37]

ПоврзаноУреди



  1. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 80-81.
  2. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 35.
  3. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 350-365.
  4. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 107-114.
  5. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 117-125.
  6. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 82-86.
  7. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 27-31.
  8. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 98-103.
  9. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 76-85.
  10. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 106-108.
  11. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 232-236.
  12. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69.
  13. Bugarštice. Beograd: Rad, 1969, стр. 24-26.
  14. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 12.
  15. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 23.
  16. Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 124-125.
  17. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 34.
  18. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  19. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 45-46.
  20. Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, Tartaren Taraskonac. Beograd: Rad, 1963, стр. 100-101.
  21. Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 121.
  22. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 111-117.
  23. Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, Čovek koji je poznavao Kulidža. Beograd: Rad, 1963, стр. 140.
  24. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 104-105.
  25. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.
  26. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 69-70.
  27. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 100.
  28. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 66.
  29. Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.
  30. DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
  31. DISCOGS, Simple Minds ‎– New Gold Dream (81-82-83-84) (пристапено на 30.8.2019)
  32. YouTube, The Police - King of Pain (Remastered 2003) (пристапено на 17.5.2017)
  33. DISCOGS, The Costello Show Featuring The Attractions And Confederates* ‎– King Of America (пристапено на 26.3.2018)
  34. YouTube, Icehouse - Man Of Colours (1987 full album) (пристапено на 8.10.2017)
  35. YouTube, Sonic Youth - Daydream Nation (1988) Full Album (пристапено на 25.9.2017)
  36. Neutral Milk Hotel - In The Aeroplane Over The Sea (пристапено на 3.5.2017)
  37. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.