Данска
Данска (дански: Danmark) — држава која се наоѓа во Северна Европа. Главен град на Данска е Копенхаген. Кралството Данска е најмала држава на Скандинавскиот Полуостров. Таа е член на Европската унија. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море а се состои од 13 општини (amter), една самостојна градска општина и два автономни региона — Гренланд и Фарските Острови.
Кралство Данска Kongeriget Danmark (дански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Der er et yndigt land (државна) Кралска химна: Kong Kristian stod ved højen mast (кралска и државна) |
||||||
Местоположбата на Данска (темнозелено) – на Европскиот континент (зелено и темносиво) |
||||||
Главен град (и најголем) | Копенхаген 55°43′N 12°34′E / 55.717° СГШ; 12.567° ИГД | |||||
Службен јазик | дански | |||||
Народности (2010) | 90,1% Данци, 9,9% останати[1] |
|||||
Демоним | Данци
(Данец/Данкинка) |
|||||
Уредување | Унитарна парламентарна демократија и уставна монархија | |||||
• | Крал | Федерик X | ||||
• | Премиер | Мете Фредериксен | ||||
Законодавство | Фолкетинг | |||||
Обединување | VIII век | |||||
пристапила во ЕУ | 1 јануари 1973 (VII) | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 43,075 км2 (132ро) | ||||
• | Вода (%) | 1,64 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2011 г. | 5.564.219[2] (110та) | ||||
• | Густина | 129 жит/км2 (88то) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $201,739 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $36.449[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $310,760 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $56.147[3] | ||||
Џиниев коеф. (2012) | 28.1[4] низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.900[5] многу висок · 10та |
|||||
Валута | Данска круна (DKK ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .dk | |||||
Повик. бр. | 45 |
Потекло на поимот
уредиИсторија
уредиПред населувањето на скандинавците, Данска била населена со Келтите. Најстарото данско писмо потекнува од околу 7 век кога настанала и нова рунска азбука. Најстариот град Рибе, датира од 810 година. Сè до 11 век, Данците биле познати како Викинзи заедно со Норвежаните и Швеѓаните, кои во тоа време колонизирале, напаѓале и тргувале со многу делови од Европа. Многу иследувачи тврдат дека токму Викинзите се оние кои за првпат пристигнале до Америка и дека всушност тие први ја откриле, патувајќи преку Скандинавија до Исланд преку Гренланд до Америка. Во различно време, Данска владееле со големи делови на Англија и Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, Исланд и Франција, делови од Нормандија и Девствените Острови, делови од Балтичкото Море, на пример Естонија и Латвија, и денешна Германија. Сојузот со норвешка бил раскинат во 1814 година кога Норвешка влегла во сојуз со Шведска, кој траел до 1905 година.
Уставна монархија (1849–денес)
уредиНа 5 јуни 1849 година Данска станала уставна монархија. По Втората Шлесвишка војна од 1864 година, каде била принудена да и ја отстапи покраините Холштајн и Шлезвиг на Прусија, во Данска била прогласена политичка неутралност поради кое во текот на Првата светска војна не учествувала. По војната и поразот на Германија, на Данска и било понудено враќање на Шлезвиг-Холштајн, но таа тоа го одбила. Во 1920 година северната третина на Шлезвиг и била вратена на Данска. Во текот на Втората светска војна, и покрај неутралноста таа била нападната од Германија во 1940 година и окупирана. По војната таа била една од основачите на НАТО а во 1973 година се приклучила кон Еврпската економска заедница подоцна наречена Европска унија.
Географија и клима
уредиДанска се состои од полуостровот Јиланд (Jylland) и 405 помали острови. Од нив, 323 се населени а најголеми се Селанд (Sjælland) и Фин (Fyn). Многу од островите се поврзани со мостови. Климата во Данска е умерена морска. Најважен фактор за климата во Данска игра Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 43.094 км2, и според тоа се наоѓа на 131 место по големина во светот. Данска се наоѓа северно од Германија и Полска, југозападно од Шведска и јужно од Норвешка. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море.
Население, јазик и религија
уредиНаселение
уредиНаселението на Данска според пописот од јули 2005 година изнсува 5 432 335 од кои 91% се данци. Службен јазик е данскиот.
- Старосна структура
- 0-14 години- 18.8% (524 250 мажи и 497 683 жени)
- 15-64 години- 66.1% (1 811 787 мажи и 1 780 907 жени)
- над 65 години- 15.1% (349 458 мажи и 468 250 жени)
- Полова структура
- 0-14 години: 1,05 машки на 1 женски
- 15-64 години: 1,02 машки на 1 женски
- над 65 години: 0,75 машки на 1 женски
- Општ показател: 0,98 мажи на 1 жена
- Наталитет
- Коефициент на раѓање: 11,36 на 1 000 души
- Коефициент на смртност: 10,43 на 1 000 души
Религија
уредиОд поголемиот број на религиозни заедници во Данска, една од најголемите е Лутеранската Црква на Данска, која е официјална државна религија. Втората најголема религиозна организација е исламот, поради масовните имиграции кон крајот на XX век.
Во принцип, Данците не се многу религиозни, а како факт се зима премалата посетеност на црквата од страна на населението. Според податоци од 2005 година извршени од страна на Зукермен [1] Архивирано на 22 август 2009 г., Данска е третата земја во Европа со највисок процент на атеисти највисок процент на атеисти, кој процент се движи помеѓу 43% и 80%. Според друго истражување, онаа на Евробарометар од 2005 година,[6] 31% од граѓаните на Данска одговориле дека "тие веруваат во Бог". Иако Божик се смета за дански празник, истиот главно произлегува најверојатно од нејзините културни традиции.
До крајот на 2007 година, 82,1% [7] биле членови на Евангелска Лутеранска црква, чиј процент во 2008 година се намалил на 81,5%[8]. Сепак, овој податок е сличен и кај останатите земји од Скандинавија, северозападна Европа и Британија.
Според Одделението за проучување на религијата на Универзитетот во Орхус, Данска, исто така, постојат околу 20.000 верници на будизмот во Данска.[9], а вкупниот процент на муслимани во Данска е околу 3.7%.
Политички систем
уредиДанска по своето државно уредување претставува уставна монархија од 1849 година. Монархот е формално на чело на државата бидејќи извршната власт е во рацете на министрите. Законодавната власт ја сочинуваат владата и парламентот (познат како Фолкетинг) кои се состојат од 179 членови. Данското судство функционира независно од законодавната власт. Парламентарни избори се одржуваат на секои четири години, но премиерот има право да побара предвремени избори.
Административна поделба
уредиОд 1 јануари 2007 година Кралството Данска е поделено во пет региона во суштинската Данска (јужниот дел на земјата крај Европскиот континент) и два автономни атлантиски региона – Гренланд и Фарски острови. Двата автономни региона имаат пошироко самоуправување и се претставени со по две места во данскиот парламент. Неатлантските региони се следниве:
- Престолнински (со 1.645.825 жители, седиште: Хилеред)
- Зеланд (со 819.427 жители, седиште: Соре)
- Јужна Данска (со 1.194.659 жители, седиште: Вајле)
- Среден Јитланд (со 1.237.041 жител, седиште: Орхус)
- Северна Данска (со 578.839 жители, седиште: Олборг)
Регионите се поделени во 98 општини (kommune комуна), кои се најниското ниво на локална управа.
Од 1 април 1970 година до 31 декември 2006 година Данска важеше поделбата во 13 амти (amter - окрузи), една самостојна градска општина и двата автономни региони – Гренланд и Фарски острови. И тогаш двата атлантски региона имаат пошироко самоуправување и се претставени со по две места во данскиот парламент.
- Орхус
- Борнхолм (општина)
- Вајле
- Виборг
- Западен Шеленд
- Копенхаген
- Риба
- Рингиобинг
- Роскилде
- Северен Јиланд
- Сторстром
- Фредериксборг
- Фун
- Јужен Јиланд
Поделбата била основна — со менливи граници — од 1662 од 2006 година, кога Структурната реформа од 2005 година ги смени со регионите.
Стопанство
уредиДанска е високо развиена како индустриски така и аграрно држава. Во производството преовладуваат мали и средни претпријатија. Најмногу организации постојат во металопреработувачката, хемиската и прехранбената индустрија.
Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Данска (1990-2013)[10]
1990-1998 | 1999-2007 | 2008-2013 | 1990-2013 | |
---|---|---|---|---|
ЕУ | 2,5% | -0,1% | 1,7% | |
Данска | 2,4% | 1,9% | -0,6% | 1,5% |
Култура
уредиНаводи
уреди- ↑ „Доселеници и потомци на странски државјани“. Статистика Данска. Dst.dk. 12 мај 2010. Посетено на 31 јули 2010.
- ↑ „Население по регион и време“. Статистика Данска. 1 април 2011. Посетено на 11 мај 2011. (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „данска“. ММФ. Посетено на 21 април 2011. (англиски)
- ↑ „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 13 август 2013.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на 2009-10-14.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-12. Посетено на 2009-10-14.
- ↑ „Journal of Global Buddhism, Article by Jørn Borup, Department of Study of Religion at University of Aarhus, Denmark. 2008, based on research from 2005“. Архивирано од изворникот на 2012-02-16. Посетено на 2009-10-14.
- ↑ Eurostat (пристапено на 20.9.2017)