Вилхелм Штајниц (германски: Wilhelm Steinitz и подоцна во САД: William Steinitz, 17 мај 1836 во Прага12 август 1900 во Њујорк) — австриски шахист и првиот кои официјално бил прогласен светски првак во 1886 г. по неговата победа во Њу Орлеанс. Познат е по оригиналните идеи во врска со позиција кои ги има воведено во играта. Штајниц го претворил шахот во вид на наука и бил најпродуктивниот шаховски писател во 19 век. Со неговото учество во шахот тој длабоко успеал да го убеди светот за важноста на позициската игра како што се потрудил да докаже Франсоа-Андре Филидор еден век пред него.

Вилхелм Штајниц

Штајниц ја задржал титулата на шаховски првак до 1894 г. кога бил поразен од страна на Емануел Ласкер.

Наводи

уреди

Берџес, Нан и Емс, 2004, Светските најзначителни шаховски игри, Робинсон Паблишинг, Лондон. ISBN 1-84119-905-2

Надворешни врски

уреди