Рајко Жижиќ
Рајко Жижиќ (Милошевиќ, 22 јануари 1955 - Белград, 7 август 2003 ) бил српски и југословенски кошаркар. Играл на позиција центар.
Клупска кариера
уредиДебитирал во дресот на Сутјеска од Никшиќ во сезоната 1970/71, а потоа преминал во ОКК Белград, за кој настапувал од 1971 до 1981 година и во потполност се афирмирал и станал еден од најдобрите играчи во лигата.
Потоа преминал во Црвена Ѕвезда. За белградските црвено-бели играл во два наврати, од 1981 до 1984 година и во сезоната 1986/87 година. Тој постигнал 1.869 поени на 145 натпревари - во просек 12,9 поени по натпревар.
Во странство настапувал во Францускиот Ремс (1984-1986), а краток период во 1987 г. за италијанскиот Римини каде одиграл само два натпревари.[1]
Репрезентација
уредиСо репрезентацијата на Југославија учествувал на три Олимписки турнири (1976, 1980, 1984 ), две светски првенства (1978, 1982) и три европски првенства (1975, 1979, 1983 година).[2]
За репрезентацијата одиграл 188 натпревари и постигнал 981 поен во периодот од 1974 година (Балканско првенство во Солун) до 1984 година (Олимписки игри во Лос Анџелес). Тој во текот на својата репрезентативна кариера со српскиот најдобар тим имал биланс од 140 победи и 38 порази.
Подоцнежен живот
уредиКако тренер го водел клубот ОКК Београд од 1992 до 1994 година и со него го освоил Купот на СР Југославија во 1993 година.
Бил претседател на собранието на КК Црвена Звезда, како и директор на компанијата Евробаскет 2005 година.
Починал на 7 август 2003 година во Белград од последици на срцев удар.[3] Погребан е во Алејата на великаните на белградските Нови гробишта .
Репрезентативни медали
уреди- Златни медали
- Балканско првенство 1974 година (Солун)
- Европско првенство 1975 година (Белград)
- Средоземни игри 1975 година (Алжир)
- Балканско првенство 1976 година (Бургас, Бугарија)
- Светско првенство во 1978 година (Манила)
- Олимписки игри 1980 година (Москва)
- Балканско првенство 1980 година (Клуж, Романија)
- Сребрени медали
- Олимписки игри 1976 година (Монтреал)
- Средоземни игри 1979 година (Сплит)
- Балканско првенство 1979 година (Атина)
- Бронзени медали
- Европско првенство 1979 година (Торино)
- Светско првенство во 1982 година (Кали, Колумбија)
- Олимписки игри 1984 година (Лос Анџелес)
Наводи
уреди- ↑ „Player Profile: Rajko Žižić“. legabasket.it. Посетено на 13 октомври 2013.[мртва врска]
- ↑ „Player Profile: Rajko Žižić“. fiba.com. Архивирано од изворникот на 2016-04-26. Посетено на 13 октомври 2013.
- ↑ „Preminuo Rajko Žižić“. b92.net. 7 август 2003. Посетено на 13 октомври 2013.
Надворешни врски
уреди- Рајко Жижиќ на sports-reference.com
- На денешен ден: Роден е Рајко Жижиќ
- Архивирано семејството Жижиќ Архивирано на 19 април 2016 г.