Ентомологија

(Пренасочено од Ентомолог)

Ентомологија (од старогр. ἔντομον, „инсект“ и -λογία, „наука“)[1] — гранка на зоологија која се занимава со изучување на инсектите, најразновидната група животни со 1,3 милиони опишани видови, или повеќе од две третини од сите познати организми.[2]

Дел од поголема збирка тврдокрилци

Историја

уреди

Научното разгледување на инсектите води потекло од XVI век.[3], а за татко на ентомологијата се смета Вилијам Кирби (1759-1850), кој во соработка со Вилијам Спенс, објавил енциклопедија „Вовед во ентомологијата“ (Introduction to Entomology), и со тоа ги удрил темелите на оваа наука. Во 1833 г. бил еден од основачите на Кралското ентомолошко друштво во Лондон, едно од првите вакви друштва во светот.[4]

Во XIX и XX век, ентомологијата доживеала засилен развој и се здобила со големо присуство во јавноста; ја изучувале голем број луѓе, меѓу кои и Чарс Дарвин, Жан-Андри Фабр, Владимир Набоков, Карл фон Фриш (добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1973 г.),[5] и двократниот добитник на Пулицеровата награда за небелетристика, Едвард Озборн Вилсон.

Распознавање на инсектите

уреди

Повеќето инсекти лесно се распознаваат по тоа дали се ципокрилци (пчели, оси и мравки) и тврдокрилци (бубачки). Меѓутоа, со исклучок на пеперугите и молците, инсектите се препознаваат по родот или видот само со помош на клучеви за распознавање и со монографии. Распознавањето може да биде тешко дури и за стручњаците поради огромниот број видови (на пр. преку 330.000 кај тврдокрилците) и ситните одлики што ги разликуваат, понекогаш видливи само со микроскоп). Овој проблем довел до разработка на системи за автоматско препознавање на видовите, како што се: DAISY, ABIS, SPIDA и Draw-wing.

Таксономски области

уреди

Многу ентомолози се специјалисти за еден ред, па дури и семејство инсекти, па оттука постојат многу области на задршка со свои називи, најчесто добиени по научното име на групата:

Ентомологијата во Македонија

уреди

Ентомолошки организации во Македонија

уреди

Македонски ентомолози

уреди

Странски проучувачи

уреди

Меѓу странските проучувачи на инсектите на Македонија се издвојуваат:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ентомологија“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Chapman, A. D. (2006). Numbers of living species in Australia and the World. Canberra: Australian Biological Resources Study. стр. 60pp. ISBN 978-0-642-56850-2. Архивирано од изворникот на 2012-11-30. Посетено на 2016-10-08.
  3. Antonio Saltini, Storia delle scienze agrarie, 4 vols, Bologna 1984-89, ISBN 88-206-2412-5, ISBN 88-206-2413-3, ISBN 88-206-2414-1, ISBN 88-206-2415-X
  4. Clark, John F.M. (2009). Bugs and the Victorians. Yale University Press. стр. 26–27. ISBN 0300150911.
  5. „Karl von Frisch - Nobel Lecture: Decoding the Language of the Bee“.

Надворешни врски

уреди