Белград
Белград (српски: Београд или Beograd) е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров.[7] Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе.[8] Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.
Белград Београд / Beograd | |||
---|---|---|---|
Главен град | |||
Град Белград | |||
From top: Панорама на Белград, Домот на Народното собрание, Нов дворец, Авалска кула, Кула Ушќе, Кула Гардош, Српска академија на науките и уметностите, Црква „Св. Сава“, Белградска тврдина, Споменик на незнајниот јунак | |||
Химна: Химна Београду Himna Beogradu „Химна на Белград“ | |||
Држава | Србија | ||
Округ | Белград | ||
Општини | 17 | ||
Основање | Пред 279 п.н.е. (Сингидунум)[1] | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Александар Шапиќ | ||
Површина | |||
• Главен град | 359,9 км2 (1,390 ми2) | ||
• Градска | 1,035 км2 (0,400 ми2) | ||
• Метро | 3.222,6 км2 (12,443 ми2) | ||
Надм. вис.[4] | 117 м | ||
Население (попис 2011) | |||
• Главен град | 1,166,763[5] | ||
• Густина | 3.241/км2 (8,390/ми2) | ||
• Градскo | 1,344,844[3] | ||
• Градска | 1.192/км2 (3,090/ми2) | ||
• Метро | 1,687,132[2] | ||
• Метро | 514/км2 (1,330/ми2) | ||
Демоним | белграѓанец | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 11000 | ||
Повикувачки број | +381(0)11 | ||
ISO 3166 | RS-00 | ||
Рег. таб. | BG | ||
ИЧР (2019) | 0.834[6] – многу висок | ||
Мреж. место | www.beograd.rs |
Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мизија и бил наречен Сингидунум.[9] Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.
Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.
Историја
уредиВо строгиот центар на Белград, под денешната палата Албанија за време на нејзината изградба во 1938 е пронајден скелет на неандерталец кој загинал во борба со мамут чиј скелет е исто така пронајден во близина.Ова говори дека Белград бил населен уште од праисториската доба.[10] Подоцна на просторот на Балканскиот Полуостров пред 7.000 години се развила Винчанската култура па така нејзините остатоци можат да се пронајдат и во околината на Белград кај истоимената населба. Тој простор е населен уште од 3. век п.н.е. од страна на Келтите и набрзо премунува во рацете на Римјаните и станува населба Сингидунум. За време на прогонот на христијаните кој се случил во текот на владеењето на царот Диоклецијан во Сингидунум се спомнуваат првите христијански маченици. Со поделбата на Римското Царство останува под контрола на Византија.
Среден век
уредиСингидунум го освојувале многу освојувачи како на пример Хуните, Сарматите, Острогите и Аварите- пред доаѓањето на Словените во 630. година од нашата ера. Првите записи за словенското име Белград датираат од 878. година. (словенски облик Бјелград), за време на владеењето на Првото Бугарско Царство упатувајќи на впечатокот за тврдината составена од бел камен гледана од страна на реката и Панонската Низина. Градот останал предмет на несогласување меѓу Византиското царство, Унгарија и Бугарија наредните четири века.[11]
Градот преминува под српска власт како дел од Срем во 1284. година. Првиот српски крал кој владеел со Белград бил Стефан Драгутин (1276—1282), владетел на кралството Долен Срем (Мачва). По големите порази во Косовската битка 1389. година, српското царство започнува да се распаѓа а неговите јужни делови со голема брзина преминуваат во рацете на Турците Османлии.[12] Сепак северот на српското царство долго време одолевал на нападите. Српскиот деспот Стефан Лазаревиќ го добил Белград од угарскиот и римскиот крал Жигмунд Луксембуршки, откако станал негов вазал. Во 1405 година Стефан Лазаревиќ го прогласил Белград за своја престолнина. Во наредниот период Белград доживеал голем подем. Повторно биле утврдени старите ѕидини на градот, заедно со замоците, а црквите и тврдините биле обновени, што му помогнало на градот да одолее на нападите на Турците дури 70 години.
Во ова време Белград станал прибежиште на многу балкански народи кои бегале од осмалиската власт. Се верува дека бројот на жители во овој период достигнал и до 40.000-50.000. Турците сакале да го покорат Белград затоа што тој им претставувал главна препрека во нивните понатамошни походи кон Средна Европа. Турците го нападнале градот во 1456. година кога се одиграла познатата Опсада на Белград каде христијанската војска под водство на Сибињанин Јанко успешно го одбраниле градот од турските напади.[13]
Географија
уредиБелград се наоѓа на 116,75 метри надморска височина. Историското јадро на Белград ( денешна Белградска тврдина) се наоѓа на десниот брег на реката Сава. Во состав на Белград се и Нов Белгад и Земун кои се наоѓаат на левиот брег на реката Сава, а со тоа и во Средна Европа. Градот лежи на устието на реките Дунав и Сава. Урбаната површина на градот изнесува 359,92 км2. Белград се наоѓа на раскрсницата на западната и источната европска култура.[14]
Клима
уредиБелград има умерено континентална клима. Просечната годишна температура е 12,3 °C. Најтоплиот месец е јули,со просечна температура од 21,8 °C,додека пак најладен месец е јануари со просечна температура од 0,6 °C. Белград во просек има околу 25 дена во годината со темепература преку 30 °C. Просечната годишна количина на врнежи е 680 милиметри. Годишно Белград има околу 2.025 сончеви часа, со јули и август како најсончеви, а декември и јануари како најмрачни месеци со само 2—2,3 сончеви часа дневно.
Општини
уредиГрадот е поделен на 17 општини.[15]
Општина | Површина (km2) | Население (2011) | Густина на население (на km2) |
---|---|---|---|
Бараево | 213 | 27,110 | 127 |
Чукарица | 156 | 181,231 | 1,162 |
Гроцка | 289 | 83,907 | 290 |
Лазаревац | 384 | 58,622 | 153 |
Младеновац | 339 | 53,096 | 157 |
Нов Белград | 41 | 214,506 | 5,232 |
Обреновац | 411 | 72,524 | 176 |
Палиула | 451 | 173,521 | 385 |
Раковица | 31 | 108,641 | 3,505 |
Савски Венец | 14 | 39,122 | 2,794 |
Сопот | 271 | 20,367 | 75 |
Стари Град | 5 | 48,450 | 9,690 |
Сурчин | 285 | 43,819 | 154 |
Вождовац | 148 | 158,213 | 1,069 |
Врачар | 3 | 56,333 | 18,778 |
Земун | 154 | 168,170 | 1,092 |
Звездара | 32 | 151,808 | 4,744 |
Вкупно | 3,227 | 1,659,440 | 514 |
Демографија
уредиСпоред пописот од 2011 година, во градот Белград живееле 1.166.763 жители. На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[16]
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Срби | 1.050.213 | 90 % |
Роми | 16.846 | 1,4 % |
Црногорци | 8.454 | 0,7 % |
Југословени | 7.312 | 0,6 % |
Хрвати | 6.619 | 0,6 % |
Македонци | 5.545 | 0,5 % |
Горанци | 3.394 | 0,3 % |
Муслимани | 3.084 | 0,3 % |
неизјаснети | 32.346 | 2,8 % |
Вкупно | 1.166.763 | 100 % |
Во територијалната единица Град Белград која се состои од 17 општини живеат 1.659.440 жители (2011 г.)[16]
Знаменитости
уредиХрамот Свети Сава во Белград е најголем српски православен храм, и воедно најголем православен храм на Балканот. Тој се наоѓа во источниот дел на Светосавскиот плоштад, во општината Врачар, во Белград. Подигнат е на местото за кое се сметало дека Коџа Синан-паша во 1594 година ги запалил моштите на Свети Сава, основачот на Српската православна црква. Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохијскиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја.
Архитектура
уредиХрамот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 -{m}-. Висината на врвот на куполата изнесува 70 -{m}-, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 -{m}-, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 -{m}-, а надморска висина од 134 -{m}- (64 -{m}- над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква зазема истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот.
Култура
уредиБелград како тема во уметноста и популарната култура
уредиБелград како тема во книжевноста
уреди- „Дорќол“ (српски: Дорћол) — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.[17]
- „Врачар“ — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1994 година.[17]
- „Маѓепсани очила: раскази за Белград“ (српски: Очаране наочаре: приче о Београду) - збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 2006 година.[17]
- „Портата на Балканот: брз водич низ минатото на Белград“ (српски: Капија Балкана: брзи водич кроз прошлост Београда) — монографија на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.[18]
- „Калемегдан“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[19]
- „Белградски приказни“ (српски: Београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Симо Матавуљ.
- „На Калемегдан“ (српски: Na Kalemegdanu) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[20]
- „На Калемегдан“ (српски: На Калемагдану) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[21]
- „Белград“ - песна на српската поетеса Гордана Пешаковиќ од 2010 година.[22]
- „Враќање во Белград“ (српски: Повратак у Београд) — песна на српскиот поет Васко Попа.[23]
- „Горна тврдина“ (српски: Горња тврђава) — песна на Васко Попа.[24]
- „Теразие“ (Теразије) — песна на Васко Попа.[25]
- „Врачар Поле“ (српски: Врачар поље) — песна на Васко Попа.[26]
- „Небојша Кула“ - песна на Васко Попа.[27]
- „Белград“ (српски: Београд) — песна на Васко Попа.[28][29]
- „Нови белградски приказни“ (српски: Нове београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1981 година.[30]
Белград како тема во музиката
уреди- „Лето на Ада“ (српски: Leto na Adi) — албум на српската рок-група Блок аут (Block Out) од 1994 година.[31]
- „Ноќва се пали Белград“ (хрватски: Noćas se Beograd pali) — песна на хрватската рок-група Грч.[32]
- „Белград“ (српски: Beograd) — песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.[33]
Белград како тема во филмот
уреди- „Полицаецот од Петлово Брдо“ (српски: Полицајац са Петловог брда) - српски и југословенски филм од 1992 година, во режија на Михаило Вукобратовиќ.[34]
Наводи
уреди- ↑ „Ancient Period“. City of Belgrade. 5 October 2000. Посетено на 16 November 2010.
- ↑ „Regions in Republic of Serbia, 2018“ (PDF). publikacije.stat.gov.rs. Посетено на 14 November 2018.
- ↑ Comparative overview of the number of population in 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011 – Data by settlements. Statistical Office of the Republic of Serbia, Belgrade. 2014. стр. 28. ISBN 978-86-6161-109-4.
- ↑ „Geographical position“. City of Belgrade. Посетено на 10 July 2007.
- ↑ „Попис на население, домаќинства и станови 2011: Споредбен преглед на бројот на жители во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011, податоци по населени места“ (PDF). Републички завод за статистика на Република Србија, Белград. 2014. ISBN 978-86-6161-109-4. Посетено на 2014-06-27.
- ↑ „Sub-national HDI – Subnational HDI – Global Data Lab“. globaldatalab.org.
- ↑ „Зошто да инвестирате во Белграде?“. Град Белград. Посетено на 11 октомври 2010.
- ↑ „Попис на население, домаќинства и имоти во Република Србија 2011“ (PDF). Статистички завод на Србија, Белград. 2012. стр. 20. ISBN 978-86-6161-023-3. Посетено на 11 септември 2013.
- ↑ „Откриј го Белград“. Град Белград. Архивирано од изворникот 2009-05-18. Посетено на 5 мај 2009.
- ↑ Николиќ, Зоран Љ.; Голубовиќ, Видоје Д. (2004). Београд испод Београда. Белград. ISBN 978-86-355-0632-6.
- ↑ „Град Београд — Историја (Византија)“. Beograd.org.rs. Архивирано од изворникот 30 август 2019. Посетено на 27 јануари 2021.
- ↑ „Balkans (1389):Battle of Kosovo“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 27 јануари 2021.
- ↑ „Ottoman-Hungarian Wars: Siege of Belgrade in 1456“. historynet.com. Архивирано од изворникот на 7 септември 2008. Посетено на 20 септември 2011.
- ↑ „Географска позиција Београда“. beograd.org.rs. Архивирано од изворникот 21 декември 2018. Посетено на 20 септември 2011.
- ↑ „Urban Municipalities“. Official website. Посетено на 10 July 2007.
- ↑ 16,0 16,1 Становништво према националној припадности, по насељима 2011. године. Републички завод за статистику.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 „O piscu“, во: Svetlana Velmar-Janković, Dorćol, Treće izdanje. Beograd: Laguna, 2014, стр. 219.
- ↑ „O piscu“, во: Svetlana Velmar-Janković, Dorćol, Treće izdanje. Beograd: Laguna, 2014, стр. 220.
- ↑ Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 13-14.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 14.
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 83-84.
- ↑ Гордана Пешаковић, Чуварима лепоте. Београд: Логос, 2010.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 125.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 126.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 127.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 128.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 129.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 131.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 120-121.
- ↑ „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
- ↑ YouTube, Block Out - Leto na Adi (пристапено на 30.8.2017)
- ↑ Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)
- ↑ YouTube, FIT - Beograd (пристапено на 8.4.2017)
- ↑ IMBd, The Policeman from the Cock's Hill (1992) (пристапено на 11.12.2017)
Надворешни врски
уреди- Информации за Белград на англиски и српски Архивирано на 22 мај 2008 г.
- Време во Белград Архивирано на 18 март 2008 г.
- Ноќниот живот во Белград Архивирано на 23 март 2007 г.