Давид Бергелсон
Давид (или Довид) Бергелсон (12 август 1884 - 12 август 1952) — советски писател со еврејско потекло. Роден во Украина, кратко време живее во Берлин, Германија. Се враќа во Советскиот Сојуз кога Адолф Хитлер доаѓа на власт во Нацистичка Германија. Погубен е во текот на антисемистичката борба на Јосиф Сталин против "безродните космополити".
Животопис
уредиРоден е во штетлот (мала еврејска населба) Окримово и за првпат се прославува како писател во текот на неуспешната Руска револуција од 1905. Голем дел од неговото рано творештво потсетува на Антон Чехов: приказни за "вечно исфрустрирани млади луѓе... неефективни интелектуалци...", [1] кои не можат да го поднесат провинцискиот штетл живот. Најпрво пишува на хебрејски и руски, но успехот доаѓа кога се навраќа на својот роден еврејски јазик; неговата прва успешна книга е Arum Vokzal (На складиштето), новела, издадена на негов личен трошок во 1909 година во Варшава.
Во 1917 година ја основа авантгардната Jidishe Kultur Lige (Еврејска културна лига) во Киев. Во пролетта 1921 година се доселува во Берлин, каде и најчесто го поминува времето во текот на постоењето на Вајмарската Република, иако често патува низ останатите земји во Европа и САД. Според Хоберман, тој е "најпознатиот (и секако најплатениот) руски еврејски писател во текот на 1920тите"[2].
Во 1926 година го издава есејот "Трите центри" во кој ја разработува идејата дека Советскиот Сојуз (каде еврејскиот јазик и литература имаат финансиска поддршка од државата) веќе го надминал асимилационистот САД, како и Полска, и станал нов центар на еврејската култура. Пишува за комунистичкиот печат во Њујорк (Morgn Frayhayt) и Москва (Emes), а се населува во СССР во 1933 година, кога Националсоцијалистичка германска работничка партија доаѓа на власт во Германија.
Восхитен е од создавањето на Еврејската автономна област (главен град Биробиџан) и активно учествува во Еврејскиот антифашистички комитет во текот на Втората светска војна. Сепак, како и многу еврејски писатели, Бергелсон ќе биде цел на Сталинистичката антисемитистичка кампања против "безродните космополити". Уапсен во јануари 1949 година, тајно е осуден и стрелан на Ноќта на убиените поети на 12 август 1952 г. По смртта на Сталин, посмртно е рехабилитиран а неговите собрани дела се издадени во 1961 година.
Дела
уредиОва е само делумна список на делата на Бергелсон:
Белешки
уреди