Алексеј Алексеевич Троицки (руски: Алексе́й Алексе́евич Тро́ицкий; 14 март 1866, Санкт Петербург14 август 1942, Ленинград) — руски шаховски композитор, теоретичар и автор, кој се смета за основоположник на современата уметност на компонирањето на шаховски композиции.[1]

Алексеј Троицки
Целосно имеАлексеј Алексеевич Троицки
ЗемјаРуска Империја Руска Империја
СССР СССР
Роден14 март 1866
Санкт Петербург, Руска Империја
Починал14 август 1942
Санкт Петербург (Ленинград), Советски Сојуз

Троицки се родил во Санкт Петербург, каде што завршил факултет по шумарство. Првата шаховска студија ја објавил уште како студент, во 1893 година. Целиот свој живот го посветил, анализирајќи ги различните завршници и создавајќи композиции со истата содржина, но обавувајќи си ја и професијата како шумар. Особено е значаен по анализата на завршницата со крал и два коња против крал и пешак, при што како плод на неговиот труд, денес теоретска единица од односната анализа, во негова чест, е наречена Троицкиева линија. Починал од ненахранетост во родниот град, за време на Опсадата во текот на Втората светска војна.

Животопис

уреди

Троицки се родил на 14 март 1866 година во Санкт Петербург. Во 1894 година, завршил факултет по шумарство на Шумарскиот институт во Санкт Петербург, стекнувајќи со звањето „дипломиран шумар од втор ред“. Првата негова шаховска композиција била објавена во 1893 година, додека сè уште бил студент, а првата студија во 1895 година.

Во перидоот од 1896 до 1917 година, работел како шумар во Смоленската и Ковенската губернија, а подоцна и во неколку шумски заедници во Пензенската губернија.

Работејќи како шумар, Троицки создавал студии, кои му донеле слава и влијаеле на идниот тек во неговиот живот. Освен тоа, во периодот од 1895 до 1901 година, ги предложил и претставил во уметнички изглед, најдобрите тогашни идеи за завршницата, а во периодот од 1905 до 1917 година, ги разработувал основите на шаховските студии, кои се применуваат и во современото изучување на шаховските композиции. Троицки ја раширил тематиката на шаховските студии, подробно изучувајќи ги отвпрените теми како систеатското движење на фигурите, борба на фигурите со различна бодовна вредност, синтеза на идеи и др. Во тој период, тој објавил бројни трудови, а ги проучувал и основите на одделни елементи од завршницата.

Од 1917 до 1923 година, повремено не бил шаховски активен. Во 1918 година, се преселил во Пенза, каде што започнал да работи како инструктор во Пензенскиот губерниски извршен комитет.

Во 1923 година, Троицки, ја продолжил својата шаховска работа, подобрувајќи ги раноизнесените идеи. Во тоа време, соработувал со локалниот весник, „Трудовая правда“, во коешто започнал да објавува свои студии и информации за шаховски турнири.

За заслугите во областа на шаховските студии, во 1928 година, Троицки станал првиот одликуван со звањето „заслужен уметник“ на СССР.[2] Во 1934 година, бил одликуван и со звањето „мајстор на спортовите“ на СССР за шаховска композиција. Истата година, се вратил во родниот град, каде што живеел до крајот на животот. Починал од ненахранетост, на 14 август 1942 година, за време на Опсадата на градот.[3][4]

Шаховски теоретичар

уреди

Троицкиева линија

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Троицкиевата линија означена со поставеноста на црните пешаци

Уште во своите рани години, Троицки ја проучувал завршницата со крал и два коња против крал и пешак. Првите резултати од анализите биле објавени во 1906 година, во германскиот месечник „Deutsche Schachzeitung“, а подоцна и во неговата книга, „Зборник на шаховски студии“ од 1934 година. Во нив, Троицки објаснил дека на шаховската табла може да се повлече линија, која доколку не е пречекорена од противничкиот пешак овозможува да се матира противничкиот крал. Во негова чест, линијата е наречќена „Троицкиева линија“. Подоцна било утврдено дека со примена на Троицкиевата линија се потребни 115 потези за да се објави мат, што ги надминува дозволените 50 потези, па завршницата била предмет и на дополнителни анализи, по што била утврдена нова линија, која е наречена „Втора Троицкиева линија“.

Анализите на Троицки, подоцна биле прегледани од страна на познатиот англиски шахист, Џон Нан, кој со примена на Налимовите таблици за анализа на завршницата констатирал,

„анализите на Троицки се... неверојатно точни.“[5]

Како инспирација на проучувањата на Троицки, бил создадена шаховска варијанта, наречена „Троицкиев шах“, која се игра на видоизменета шаховска табла и овозможува мат со крал и два коња против крал.[6][7][8]

Троицкиев мат

уреди

Во своите анализи, Троицки ја испитувал и можноста да се матира противничкиот крал, само со еден ловец. Иако, технички ова е невозможно, во 1895 година во списанието „Новое время“, била објавена шаховска композиција од Троицки, во која послабата страна има неколку пешаци, кои овозможуваат принудни потези на противникот и содржат начин на којшто е можно да се објави мат, само со помош на кралот и ловецот, кога противничкиот крал е ограничен од еден од своите пешаци.

Оставнина и значење

уреди

Оставнината на Троицки се состои од околу 800 објавени шаховски композиции, од кои околу 750 се шаховски студии, а останатите педесетина задачи и ретроанализи. Како што самиот Троицки напишал, многу негови збирки со студии изгореле во пожар. За потребите на неговата книга, „500 студии на завршницата“, издадена во 1924 година, многу од овие биле обновени по пат на сеќавање, но забележливи биле одредени несогласувања.

Преку своите изучувања, Троицки ја зацврстил врската меѓу шаховските студии со практичната игра. Оваа врска е забележлива преку естетските одлики и живоста на почетната позиција(этюд должен быть как бы эпизодом из партии), острината, целосната емоционална содржина на борбата со неочекуваните ефекти на жртвите, различните маневри, како и потезите со основна идеја за надмудрување и запамтливите завршници.

Троицки не дал само завршно теоретско и творечко утврдување на принциповите на шаховските композиции, туку и стручно ги прикажал преку примери од своето творештво. Главната заслуга на Троицки се состои во тоа што, тој во проучувањето на студиите својствени за практичните партии ја внел борбата во сите облици во коишто може да се појави и ја искажал истата во уметнички, економски и извонреден облик.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Yasser Seirawan: Winning Chess Endings, 2003, Everyman Chess, стр. 91 ISBN 1-85744-348-9.
  2. Die Schwalbe, Heft 12, декември 1928, стр. 150.
  3. Bernd Rosen: Praktische Schachgeschichte, In: JugendSchach 03/2003, стр. 22
  4. Rainer Knaak und Burkhard Starke: Ein langes Schach-Jahrhundert. Beyer Verlag, 2002.
  5. John Nunn: Secrets of Minor-Piece Endings, Batsford, 1995, стр. 265, ISBN 0-8050-4228-8.
  6. Troitzky Chess[мртва врска], Paul Byway
  7. „RESHAPING THE CHESSBOARD“. Архивирано од изворникот на 2011-12-27. Посетено на 2010-11-11.
  8. Game Courier Preset: Troitzky Chess, Chessvariants

Користена литература

уреди
  • Yasser Seirawan: Winning Chess Endings, 2003, Everyman Chess, стр. 91 ISBN 1-85744-348-9;
  • John Nunn: Secrets of Minor-Piece Endings, Batsford, 1995, стр. 265, ISBN 0-8050-4228-8.

Литература

уреди
  • А. Е. Карпов (гл. ред.): „Шахматы энциклопедический словарь“, Советская энциклопедия, Москва, 1990, ISBN 5-85270-005-3;
  • Гербстман А. О.: „Современный шахматный этюд“, Физкультура и туризм, Ленинград, 1937, стр. 11-25;
  • Годин В., Кузнецов С.: „Новое о Троицком“, Шахматы в СССР, 1962, № 6;
  • Святов Г., Сорокин В. А.: „Троицкий в Пензе“, Комсомолская правда, 1995, 6, 20 јануари, 3, 17 февруари, 3, 17, 31 март 28 април 26 мај;
  • Умнов Е.: „В поисках этюдов Троицкого“, Наука и жизнь, 1984, № 2;
  • Шахматы. Энциклопедический словарь, Москва: „Советская энциклопедия“, 1990, ISBN 5-85270-005-3.

Надворешни врски

уреди